Егото - наш пријател или непријател?

Дискусија во 'Психологија' започната од LivingGlam, 21 октомври 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.646
    Допаѓања:
    49.481
    Пол:
    Женски
    Егото е карактеристика на секој човек, но се јавува во различни форми. Тоа е личен печат, нешто по кое секој човек се разликува од другите. Некои луѓе премногу го потенцираат, постојано сакајќи да се докажат и да го наметнат своето его. Други, пак, го потиснуваат.
    Еве еден интересен извадок на оваа тема:

    Што мислите вие на оваа тема? Дали денешните вредности според кои колку поголемо его - толку посилна личност си, се правилни? Дали практикувате т.н. култура на егото, дали го освестувате и се обидувате да го контролирате во некои ситуации?
     
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.504
    НЕПРИЈАТЕЛ- дефинитивно. Егото и суетата се сосема различни поими од -САМОПОЧИТ!
    Јас имам огромен проблем да се изборам со тоа, бидејќи самата струка ми ја наметнува суетата како ``пријател``... :sweat: А од друга страна, како верник, се трудам сцврсто да стојам на нозе и не потклекнувам на истата. Затоа додека студирав кај мене на факултет се случуваа сапуници, (верувам дека кај сите е така, но кај мене посебно), секој, во тие години на студирање си го билда егото до максимум наместо квалитетите Потенцијалот кој го поседуваме не се докажува со зборови туку со дела.
     
    На dzvezdicka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    329
    Фројд открива кај човекот три фактори-Ид, Его и Супер его (лат. Тоа-Нешто, Јас и Над-Јас).

    Ид: себичен, примитивен, детинест, кон задоволство насочен дел од личноста, без способност за одложување на задоволувањето.

    Суперего: интернализирани (прифатени) општествени и родителски стандарди за “добро”, “лошо”, “правилно” и “погрешно” однесување.

    Его: посредник помеѓу ид-от и суперего-то кој тежнее кон компромисно помирување и на обата.

    Е сега,ако ја следиме оваа теорија значи добро е да се поседува его,eм егоистични,а сепак склони кон компромис.Мх,за мерак! :D Само како и во другите работи така и во оваа,многу ретко да се најде средина,па или преовладува ова или она.Секоја чест на исклучоците,се разбира.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.646
    Допаѓања:
    49.481
    Пол:
    Женски
    Јас (еве го сега и моето его - јас :) ) мислам дека егото постои за да биде одбранбен механизам, но дека треба да се активира само кога е потребно, и тоа "нема да реагираме затоа што нашето его е повредено, ќе реагираме затоа што е повредена правичноста".
    Скромноста е еден од најубавите човекови квалитети, и под никаква околност не треба да се докажуваме и да ги наметнуваме нашите ставови и нашето его.
    Со теоријата на Фројд не сум многу запознаена, јас го гледам егото од аспект на духовноста, во која е поголем непријател отколку пријател.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.580
    Допаѓања:
    100.008
    Интересно е што егото се поима на многу погрешни начини,му се дава дефиниција која е поинаква од вистинската само затоа што его звучи големо,а во суштина се работи само за едно обично јас кој никој не си го познава доволно добро за да го окарактеризира како пријател или непријател.Нејсе и над попот има поп,во случајов супер - его кое се однесува како мајка на егото,го кара,таму е и совеста.
    Јас го обивнувам ид за сите лоши чувства и нагони.
    Егото е ок,всушност егото е супер,ако е здраво.Ако има вистински мерки за вреднување,ако го немаме,тогаш сите ќе бидеме понизни.Луѓето кои имаат подлога за големо его,обично се премногу арогантни,но никој не може да им суди затоа што можат.Имаат квалитети кои им даваат дозвола,но сепак,тоа е нездраво.Има и такви кои не можат да достигнат одреден степен,па создаваат лажна слика за себе,на сметка на своите комплекси и креираат лажно огормно его,без покритие што би се рекло и тоа не е нормално.Егото се формира под притисок на околината,супер-егото и Ид...
    Егото нема врска со религијата,иако многу го врзуваат со него.Туторот супер-его супер си ја извршува својата улога која до вчера била улога на мама и тато,мерила за што е добро,а што не.
    Но,его не е застапник на лошо...здравото самопочитување и самовреднување се во ред,по цена да се изборите и бидете безобразни ако околината така ви наложила,но пред оние кои навистина се слаби да си го соберете и да послужите како пример и учител.Тоа е сосема во ред.Кога егото ќе си го воспитате на добар начин,нема да имате порблем со него и неговите хировити желби и настојувања.
    Јас се спријателив со идејата дека его не е владетел со мене,ако јас не сакам,а исто така знам дека его само е искажувач на желби,но тоа над него му вика стоп,рационализирај,му дели воспитни шамари и сите заедно сме супер.Го пуштам да се опушта до каде што сметам дека реално се изградил и вреднувал.Некогаш му допуштам повеќе,но потоа добива прекор,ама од друга страна,си има право,но често е под строг надзор и поминува низ цедилка пред да му се исполнат желбите.

    Edit.Два поста над мене ...Ливинг Глам...во моментот кога ќе кажеш скромност,скромен сум,престануваш да бидеш истото.А его не може да се гледа низ продуховена жичка,затоа што не е спаѓа во таа категорија,а фала богу ни во природата на човекот.Тоа е вештачки наметнато...ама во друга прилика.
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.646
    Допаѓања:
    49.481
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека скромен човек не вели "скромен сум". И сепак мислам дека егото и тоа како спаѓа во категоријата духовност.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :) егото е нешто што неможе човекот да го тргне настрана,нашето второ јас.Невозможно е да се искорени или да го снема,тоа постои или постоело од секогаш,кај некого е поизразено,кај некого не е.Егото е тоа што секогаш знае се, а мисли дека знае, сака да се истакнува, понекогаш изиграва коментатор на се што ќе види или забележи и нонстоп прави некои исти работи, прави еден вид на монолог.Можам да кажам дека е наш непријател во зависност од самата ситуација во која се наоѓа :) Мислам дека се што е направено во светот,дали пример се работи за војни или еден вид на владеење, сето тоа е човечкото его,тој е математичар и сака да ги расчистува сметките,никогаш не остава некои работи недовршени.Подобро е и потребно некогаш човекот,сопственото его да го контролира,доколку не го контролира се добива сосема спротивен, најчесто негативен ефект во околината.Човекот може да го контролира на тој начин што нема да му обрнува внимание,затоа што егото токму тоа го сака, вниманието и доколку го има,добива сила и тогаш не постои можност да се контролира.Ова е моето размислување во однос на оваа тема,еден вид на анализа што ја имав направено :)
     
    На aNy-to и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    имам забележано дека машкото его е непобедливо
     
  9. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    35
    исто како и женското :rofl:
    битно е дека егото, сопственото его, ни е непријател!
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Егото-мојот најдобар пријател ! ;)
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.951
    Пол:
    Женски
    Егото (принципот на задоволството) е: свесноста, несвесноста и потсвест
    Егото е оној наш темел,нашето богатство,нашето најмило,нашиот корен,оноа што никој не смее т.е. не дозволуваме да ни го повредат.Бидејќи тогаш веќе не преовладува свеста-не работиме свесно,не ја прашуваме потсвеста, тука работи несвесноста, работи духот на одбрана(кога се чувствуваме загрозено,кога сме нападнати)
    Егото е всушност,нашиот лик кој го градиме, и никогаш не дозолуваме да биде повреден.
    Значи се што правиме,свесно или несвесно,тоа е наш начин на изразување,говор на телото,со тоа ја градиме својата личност (за другите тоа претставува наша личност, но всушност тоа е нашето его)
    *П.С. многу е лошо ако сопственото его си го потцениме,или пак прецениме.За егото најубава е златната средина.Или пак да знаеме да си се носиме со него какво и да е.

    Според мене-егото ми е пријател
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.951
    Пол:
    Женски
    Се е суета/его.
    Човечкото его има само една цел ВОЛЈА ЗА МОЌ!!!
    За да се стекни со моќ и да ја задржи истата, човечкото его користи МАНИПУЛАЦИЈА!!! Моќта егото ја манифестира преку три најважни карактеристики: ПОСЕДУВАЊЕ, КОНТРОЛА, ДОМИНАЦИЈА.
    Кога некое его ќе стекне одредена позиција/титула, на пример (со) неа и за моќта што истата ја носи тогаш тоа има доживување дека ЈА ПОСЕДУВА (титулата и моќта) и има тенденција да се одржи колку што е можно подолго на таа позиција. МОЌТА Е НАЈОПАСНАТА ДРОГА ЗА ЕГОТО, затоа егото сака да ја прима што е можно подолго. МОЌТА на егото му дава “ПОГОЛЕМА ВРЕДНОСТ“, со којашто егото има доживување дека е подобро од другите, односно ДОМИНИРА над другите. Моќта со себеси носи бенефити, погодности - ЌАР!!! Затоа егото ги користи сите средства (МАНИПУЛАЦИИ) за да остане на позицијата која носи моќ.
    За да ги КОНТОРЛИРА оние кои ги доживува како конкуренти во превземањето на моќта, егото кое е НА ПОЗИЦИЈА користи многу МАНИПУЛАЦИИ, од кои најуспешната манипулација е DIVIDE ET IMPERA (ПОДЕЛИ, ПА/И ВЛАДЕЈ). Тоа е можно со ширење ДЕЗ-ИНФОРМАЦИИ/ЛАГИ. Најмоќното оружје во рацете на егото на валаст/моќ е СТРАВОТ!!!
    Оние кои НЕ СЕ ПЛАШАТ тие почнуваат ДА СЕ БОРАТ за да ја превземат МОЌТА!!!
    Е сега, мудреците велат дека ГОЛЕМАТА МОЌ ОДИ ЗАЕДНО СО ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ!!!
    Обично, егото кое е издрогирано со МОЌТА НЕ Е ОДГОВОРНО!!!, односно СЕ ОДНЕСУВА НЕ-ОДГОВОРНО!!!
    Е сега, прашање е само колку долго може да се однесува НЕ-ОДГОВОРНО!!!
    Тоа ќе го прави до оној момент додека не се јават ДРУГИ ЕГА КОИ НЕ СЕ ПЛАШАТ И СЕ СПРЕМНАИ ДА ЈА ПРЕВЗЕМАТ МОЌТА!!!
    Обично оние кои сакаат да ја превземат моќта имаат доживување дека биле обесправени и дека тие ПРАВИЛНО ЌЕ ЈА КОРИСТАТ МОЌТА.
    ВНИМАВАЈТЕ!!!
    МОЌТА КОРУМПИРА, АПСОЛУТНАТА МОЌ КОРУМПИРА АПСОЛУТНО!!!
    САМО-СВЕСНОСТА ВОДИ КОН ПРОМЕНИ!!!
    Доколку СВЕСНО и со ОДГОВОРНОСТ ја користите МОЌТА, таа може да биде БЛАГОСЛОВ, во спротивност моќта ќе биде ваше ПРОКЛЕТСТВО!!!
    Се надевам дека оние кои имаат намера да ја превземат моќта, истата ќе ја користат свесно и одговорно!
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.951
    Пол:
    Женски
    Зошто моќта е толку силна дрога за егото (его умот)?
    ЗАТОА ШТО МОЌТА Е КОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ЉУБОВТА!!!
    Моќта НЕ Е НИШТО ДРУГО ОСВЕН НЕОСВЕСТЕНА ЉУБОВ!!!

    Егата (его умовите) кои КОПНЕАТ за моќ, всушност КОПНЕАТ ЗА ЉУБОВ!!!
    Затоа вела СВЕСНОСТА е таа која што ја ТРАНС-ФОРМИРА МОЌТА ВО ЉУБОВ!!!
    КОГА ЕГОТО ПОСЕДУВА МОЌ ИМА ДОЖИВУВАЊЕ ДЕКА Е БОГ И СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОГ, ВСУШНОСТ, ТОА Е КОМПЛЕКСОТ НА БОГ.
    Но, кога егото работи на ПРОШИРУВАЊЕ (подигање и продлабочување) НА СОПСТВЕНАТА СВЕСНОСТ тогаш тоа моќта ја трансформира во љубов, а ЉУБОВТА го води кон неговата БОЖЕНСТВЕНА ПРИРОДА и тогаш се повеќе и повеќе СТАНУВА БОГ (а се помалку его) и СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОГ.
    Во првиот случај кога ЕГОТО Е НЕ-СВЕСНО И ИЗДРОГИРАНО СО МОЌТА СЕ ОДНЕСУВА КАКО НЕ-ОДГОВОРЕН БОГ, БОГ КОЈ НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ и тогаш егото станува БОГ НА ЗЛОТО!!!
    Во вториот случај кога ЕГОТО Е СВЕСНО ЗА МОЌТА И ИСТАТА ЈА ТРАНСФОРМИРА ВО ЉУБОВ, ТОА ПОЧНУВА ОДГОВОРНО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА МОЌТА/ЉУБОВТА/ЕНЕРГИЈАТА и тогаш станува БОГ НА ДОБРОТО!!!
    Еден мудрец вели дека СЕ` ШТО ПРАВИМЕ СО СВЕСНОСТ Е ДОБРО И ИСПРАВНО, а се` што правиме БЕЗ СВЕСНОСТ ИЛИ НЕ-СВЕСНО ТОА Е ЗЛО И НЕИСПРАВНО.
    Свесноста е PANACEA!!!!
    Љубовта и мудроста се нејзини последици!!!
    За егото и за неговата волја за моќ има многу да се каже, но, проблемот е во тоа што СЕ` Е ПОВРЗАНО и за да го сфатиме егото/его умот, мора по нешто да се каже и за селфот/себството/јаството/душата/Бог и ... ако за сето тоа се напише само по нешто ... мене ќе ми треба ... БЕСКОНЕЧНО многу зборови, време, простор.
    Сепак ... ЗА БЕСКОНЕЧНОСТА НЕ СЕ ЗБОРУВА ... неа треба да ја ОТКРИЕМЕ ... ОСВЕСТИМЕ ... ОСЛОБОДИМЕ ... ЖИВЕЕМЕ
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Егото не може да копнее по љубов, а нити може моќта да ја трансформира во љубов, единствена цел е контрола,моќ, ништо друго.Сосем подобро би било кога барем малку би го немало егото, односно да не биде доминантно, ако е доминантно, тогаш е надвор од контрола.Реков поназад, егото мисли дека се знае, а уствари појма нема.Некогаш и несвесноста придонесува добри работи, не е само свесноста, а друго би било кога и двете би се насочиле кон една иста цел - добрина, потполно совршенство, без никакво присуство на зло.Поврзано е се, само како што реков кога би го немало, егото, но не целосно, тогаш излегуваат на виделина сите тие нешта кои ја истакнуваат љубовта.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    141
    во умерени граници е добро а ако е претерано тоа егоизмот не чини
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.493
    Допаѓања:
    47.348
    Пол:
    Женски
    Его кренато до небо ништо добро не му носи на човек. Дефинитивно непријател.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    46.861
    Егото е себецентричност, чувството да си свртен кон себе, своите интереси, да се одбраниш себеси и тоа на арогантен начин.
    Его е гордоста ама онаа надмена, која те тера да се натпреваруваш, докажуваш, победуваш и тоа во негативен контекст.
    Со кренато его можеш многу битки да добиеш, али дали и војната?

    Наспроти егото, постои достоинство, личен интегритет.
    Е тоа е она што секој човек треба да го има. Да се почитува самиот, реално да си ги согледува вредностите и да не дозволува некој да ги гази.
     
    На buba4e89, anel, cooll и 5 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    104.848
    Ако го земиме ова како пример, од структурата ИД - ЕГО - СУПЕРЕГО, има многу поинакво и поважно значење за разлика од она шо би го користеле секој ден.





    Егото е составен дел од личноста е и нормално да го имаме тука и таму. Секогаш ги судиме оние кои не биле доволно достоинствени и им било истиснато егото во одредени ситуации, но исто ги осудуваме и оние кои се егоисти, себецентристи. Искрено и двете се крајности ама тешко е да се има средина во секоја дадена ситуација како би реагирале. Има ситуации на кои сме горди, и истиснување на егото таму не прави фрустрирани, а тоа не значи дека претходно сме биле егоисти на темата и обратно, често се поврзва достоинството со гордоста, а гордоста со егото. Доколку сме истиснати во дадена ситуација се вели имај малку гордост, каде ти е егото.
    Што сакам да кажам е дека егото е важно, за сите. Во нормални дози како и се останато. Доколку не би го имале, многу работи би биле поинакви, прво за нас, а после и за другите зошто тоа е начин на кој се перцепираме себе и си даваме малку важност зошто за џабе не се вели прво да се сакаме себеси за да можиме да сакаме некој друг, ама ете пак ќе речам, да не бидиме заљубени во себе зошто тоа е веќе претерано.
     
    На blueeparadise и referentka им се допаѓа ова.
  19. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека егоизмот е добар до одреден степен, се што е превише е штетно. Не сум злобна личност и не знам да го користам за манипулација, нит сакам да доминирам, нит сакам да ме доминираат. Но, имам самопочит и ги ценам моите вредности, имам свои принципи и се водам кон нив.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.057
    Пол:
    Женски
    Моето его е, фала богу, гоооолемооо и здраво :D
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.