јас имав најдобра другарка за која мислев дека е така а таа и сега ме повредува како што ке стигне... кога бев помала секогаш се расправав за се и сешто зошто бев мала а таа сега се ми пика в нос и секогаш таа измислува кавга и после кажува дека јас сум крива и дека ако предолжам така нема да ми зборува.. а мене божем ми е гајле ама не за друго туку немам толку блиски другарки... живеам во маало каде нема деца на моја возраст и морам да се влечкам со неа....а многу ме нервира... морам да ја трпам зошто ако и се скарам ке ги сврти сите против мене и незнам што да правам... помогнете ве молам... таа секогаш го користи тоа дека не поднесувам неправда и секогаш се бунам за непради и нон стоп кажува дека јас ги започнувам сите расправии и дека таа никогаш не започнала ни една расправија зошто таа е "искулиран човек".. секогаш мене ме криви за се и за секоја моја шега вели дека сум претерувала за се и нема да ми зборувала више..јас само кратко и одговарам дека не мора ако не сака и дека не ми е единствена другарка... таа ми е единствена во маалото ама во училиште имам многу другарки со кои се дружам... помогнете кажете дали да ја откачам зошто стварно претерува...мисам дека ке ја потрпам додека не одам во гимназија а потоа ке види
единствена но лоша другарка... што да правам? повеќе дружи се со тие од училиште, млада си ќе се движиш се повеќе и ќе запознаваш подобри луѓе, немој да дозволиш кон една личност да се приврзеш, незнам каква корист гледаш од таа другарка, ако ти е жал да ја откачиш тогаш трпи ја, но повеќе гледај да излегуваш и дружиш со дргарките кои повеќе ти одговараат и прифаќаат. луѓе кои не ни одговараат неможеме долго да ги трпиме, кога тогаш тоа другарство ќе се прекине, освен ако си личност која сака да трпи.
единствена но лоша другарка... што да правам? Малку си ми нејасна...ќе ја потрпиш додека одиш во гимназија , а на профилот ти ти дека имаш 19 год. , потоа велиш дека во маало нема други деца, само таа е..а ако и се скараш или спротиставиш ќе ги сврти другите против тебе Како и да...ако некој те нервира, ако те понижува, ако ти се прави важен, ги крева сопствените акции на твоја сметка, постојано за нешто те обвинува па дури и велиш се влечкаш со неа...запрашај се зошто се дружиш со неа...дали навистина сакаш таква другарка Имаш другарки на училиште, откачи ја ако не можеш да ја поднесеш и најди си некоја друга со која ќе се зближиш, а зошто и би ја трпела...па и не ти е некоја другарка.
единствена но лоша другарка... што да правам? Ти си знаеш најубаво...Што ако е единствена во маало? Таква другарка на никој не му треба,неможе тебе некој постојано да те омаловажува,батали ја си имаш другарки од школо дружи си се со нив.Нема потреба да ја трпиш,фала богу не е единствена
единствена но лоша другарка... што да правам? баталија не ти треба ке си најдеш друго друштво ......или разговарај со неа
Сигруна сум дека годините не ти се точни сепак се иам најдено во слична ситуација и верувај откако го прекинав другарството со таквата лично многу ми е полесно ,секако на крај краева секој човек има свои размилувања и неможе секој да сака секој
ne mi se tocni godinite imam 16 ama si zgolemiv za 3 hahahhaha inace pogore sakav da kazam deka ke ja potrpam dodeka odam gUmnazija (jas sum vo gimnazija ama od septemvri ke se prefrluvam vo drug klas i toj klas go narekuvaat gUmnazija bidejki edno dete od toj klas nammesto gimnazija vika gUmnzija ) vi blagodaramm
Been there, done that. Да ти помогнеме како да ја откачиш? Фино лепо ќе отвориш уста и ќе си го кажеш тоа што го имаш. Штом во маало сте само вие две на таа возраст, во тој случај ако останеш ти сама, ќе остане и таа. Во меѓувреме гледај да оствариш одличен однос со соученичките и концентрирај се на градење на тоа пријателство.
Штом е таква тебе не би требало воопшто да ти биде тешко да ја откачиш....другарки лесно можеш да си најдеш, немора да е од твое маало...во училиштето твое можеш да најдеш девојки кои сигурно можат да се дружат со тебе. Не мораш да се дружиш со некого само заради тоа што мислис дека нема да можеш да најдеш други другарки!
и јас имав другарка која цело време мене ме обвинуваше за се,а ми беше единствена другарка.почнав да се лутам на секој нејзин збор,и цело време се каравме но секогаш завршувавме заедно и секогаш беше исто.Не знаев како да ја откачам. Еднаш шетајки се видов големо куче во каналот и ја натерав да се симне да го земе ако не ке и се налутам (всушност ја имитирам неа ) , и не ми се верува дека го извади,со моја мала помош и и реков да го чува кај неа додека да му најдеме дом а таа ме одби и го земав кучето и се скарав со неа а кучето уште си го чувам . Некое време останав без друштво но потоа се здружив повеке со другарките од училиште. Сега таа пак ми е другарка, али како да не е она,знае до дека е границата
Таква другарка не ти треба и без размислување откачи ја,можеш да си најдеш многу подобри другарки,никогаш не се знае!!
Самиот наслов кажува дека ми е единствена другарка. Неможам да се здружам со други, бидејќи порано бев во едно лошо друштво и сите ме знаат како таква. Иако сега сум променета .. Секогаш гледа само да искористи од мене. Кога јас ја барам да излегуваме таа секогаш неможе, зафатена била, и илјада други изговори. А кога таа ме бара мене да излегуваме, јас одам бидејќи тогаш ми се укажува шанса да не седам дома. Што да правам? Сум и го кажувала ова, но не се променува. Сега и распуст е, и нема со кого да излегувам. А кога и велам да пробаме да се здружиме со некој, за неа сите нечинат.
Епа ако никој не чини за неа, тогаш откачи ја неа и најди си некои кои ќе чинат само за тебе. Simple as that. Знам дека не е лесно да се стекнат нови пријателства, сум била во таа ситуација, знам како е. Верувај, потребно ти е само да се набилдаш со огромна доза на самодоверба, and you're good to go. Уживај во летото, имаш многу прилики да стекнеш пријатели, а таа откачи ја, не ти е потребна таква другарка, што те бара само од корист.
Си најдов и други другарки, нормално со нив си се дружам но едноставно не се мој тип. (Несакаат да излегуваат во кафичи, не се дотеруваат) Јас сум таква личност што сакам да излегувам по дискотеки, кафулиња, сакам да се шминкам, да се облекувам во фустани и слично, целосно спротивна од нив и затоа се спречкавме. Имам и една што во врска со тоа е целосно иста како мене, ама се разликуваме во други работи (успех на училиште, таа никогаш 'нема време' да напише домашно бидејќи е 24/7 на фејсбук и секогаш бара од мене, на тестови, испрашувања јас и кажувам.), потоа сака на некој начин да команда (таа кај сака и што сака јас да прифатам) и ред други работи. Финтата е што незнам како и неможам да ја откачам бидејќи нејзините и моите родители се многу блиски, и се дружиме веќе 4 години.. Во последно време гледам да се оддалечувам од неа, да се противам и да ја доведувам на карање некако за да таа сама се откаже, ама не се откажува. И како да постапам спрема неа да не и давам веќе домашни и да не и кажувам? (На пр. да ми побара домашно, да не и кажам само Неможе, туку на друг начин) Во сите каши сум влезена заради неа, бидејќи и кажувам а да ја испрашат на табла - незнае. И таа наместо да научи, пак си оди по нејзино и мене ми се жали цела недела заради оценките какви и биле. Незнам што да правам.