Еднодневна диета со млеко и зелен чај - 2кг

Discussion in 'Диети' started by TheEkaterina, Dec 17, 2013.

  1. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Joined:
    Jan 16, 2013
    Messages:
    345
    Likes Received:
    337
    Сигурно веќе сте чуле за благодетите и позитивните влијанија на зелениот чај врз организмот, но можеби не сте чуле за диетата со зелен чај и млеко, таканаречена чајна диета.

    Оваа диета е најпопуларна меѓу они луѓе што сакаат набрзина да се ослободат од вишокот килограми и потоа да ја одржуваат тежината.

    Пијалакот од млеко и чај е вкусен пијалак кој не создава чувство на глад и помага да се прочисти организмот од отрови и штетни материи. За еден ден диета со зелен чај и млеко можете да загубите околу 2 килограми, односно да го исфрлите вишокот на течности од организмот. Диетата не се препорачува да се држи повеќе од два пати месечно. Оваа диета не е за вас доколку имате алергија на млеко, болести на бубрезите и жолчната кеса или низок притисок. Ако имате некое хронично заболување, консултирајте се со вашиот доктор.

    За диетата со зелен чај и млеко ви е потребно 1,5 литар млеко со ниска масленост и 2 лажици квалитетен зелен чај. Најдобро е зелениот чај да го набавите од специјализирана продавница или од продавница за здрава храна. Не користете чај во филтер кесички бидејќи нема да имате никаков ефект.

    Сварете го млекото и оставете го да се олади до околу 70 степени (значи треба да биде врело, не топло) и додајте ги двете лажици зелен чај. Поклопете и оставете да отстои дваесетина минути, потоа процедете и пијте во текот на денот по една шолја на секои два часа. Во меѓувреме пијте негазирана вода. Треба да испиете најмалку 2 литри вода во текот на денот, задолжително, бидејќи пијалакот од млеко и зелен чај е силен диуретик, а водата ја контролира рамнотежата во организмот. Можеби ви изгледа премногу ригорозно но нема да почувствувате глад, бидејќи пијалакот од млеко и чај го ослободува организмот од чувство на глад.
     
  2. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Joined:
    Aug 27, 2013
    Messages:
    462
    Likes Received:
    143
    воопшто ништо да не внесуваш во организмот - пак не е логично и возможно да ослабиш 2кг за еден ден.
     
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Joined:
    Dec 14, 2011
    Messages:
    4,052
    Likes Received:
    52,532
    Gender:
    Female
    Океј, вака.
    За да ослабеш 2 кила, треба да потрошиш околу 15 000 калории во денот. Со самото твое постоење, без да правиш ништо, трошиш околу 1400 (зависи од организмот, процент на масти и сл., може и помалку и повеќе). Ако не јадеш ништо, тешко дека ќе успееш да вежбаш нешто ефективно, ама да кажеме дека си потрошил 1000 калории плус. И каде се сите останати калории?
    Не се глупирајте со нејадење и вакви работи, џабе е.