Едукативни интернет портали

Дискусија во 'Слободно време' започната од Hipster, 13 февруари 2014.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    22.419
    Пол:
    Женски
    Преплавени сме со секакви интернет портали, што домашни, што странски, но навистина се малкубројни оние кои објавуваат содржина од едукативен карактер без разлика на што се однесуваат.
    Кои ги преферирате, домашните или странските?
    За што најмногу сакате да читате?
    Дали тоа што го читате е строго по вашата професија/работно место или се интересирате и за работи кои не се дел од вашата струка и се тотално надвор од вашите знаења?
    Да развиеме една мини дискусија за нашите v.s странските едукативни поратали и страници, разлики, сличности, итн.
    Што би сакале да читате на македонски јазик, а го нема кај нас или ретко се пишува на веќе постоечките портали ?
    И секако препораки од вас кои најмногу ги посетувате и зашто.
     
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    10.138
    Добра тема.

    Инаку зависи за што ми треба, така и пребарувам. Оние страници на коишто повеќе пати сум налетала додека сум барала нешто на google си ги зачувувам. Најчесто се едуцирам за работи од мојата струка или за некои сродни науки.
    Повеќе читам странски магазини и веб страни, затоа што најчесто тоа што ми е корисно на македонски го нема.
    Имам неколку електорнски изданија од списанија за технологија на храна што ми се испраќаат на мејл, многу пати ми се нашле за некоја работа или па ме инспирирале за што наредно да читам.

    Најпосетувана општа страна ми е http://www.fao.org/home/en/
    За разни проекти и истражувања кога ми стребала некоја статистика најмногу сум ги користела faostat.fao.org/
    stat.gov.mk/
    zpis.gov.mk
    (Вака се напишани страните затоа што дозволени се максимум 5 во едно мислење)

    Ако ми треба било каков закон доста ми се има најдено http://www.pravo.org.mk/index.php

    Скоро почнав повеќе да посетувам некои страници каде што онлајн посетуваш разни курсеви и каде што можеш и сертификат да добиеш откако ќе ги завршиш успешно.
    Најдобра страна за такви работи со најмногу курсеви од повеќе области е https://www.coursera.org/
    а деновиве ја разгледав поубаво и https://iversity.org/courses ми фати око еден од понудените курсеви.

    Па тоа би било тоа. Овие ми се зачувани одма над табовите во пребарувачот и доста често ги отварам. Инаку зависи за што ми треба секогаш различно пребарувам и селектирам што ми е вредно во моментот за читање. Имам симнато и доста електронски книги, дел од нив и ми се испечатени. Порано многу ја користев страната scribd за тие работи, ама веќе не е бесплатна, па сега ги наоѓам каде стигнам.

    Инаку на македонски јазик ми фалат повеќе работи. Прво тие страниците за статистички податоци што ги наведов погоре не се секогаш дополнети со податоци за последните години, па може многу лесно да се заглави. Не сум начекала многу корисни истражувања или електронски книги, од време на време се наоѓа некоја студија којашто најчесто била превидена за изработка во некој национален или меѓународен проект поради донација на средства за истиот.

    Но како не е за жалење. Денес стварно можеш да стигнеш до секаква информација и би било греота да не се искористи тоа. Не ми пречи што читам на англиски, но сепак би било добро да имаме и поголем фонд на литература, напишана на наш јазик.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Браво за темава, Хипстер.
    Може да ни послужи многу. :)

    Инаку и јас исто, отворам тоа што ми треба во моментот. Најчесто пребарувам нешта околу науката и технологијата, но често и за здравјето и превенција.
    Од македонскиве портали најчесто ги посетувам IT Клуб и КафеПауза, кога објавуваат за некои нови пронајдоци. Ако ми треба речник или лексикон гледам на Македонски.Инфо, а за на училиште читам на блогот Македонски јазик и литература. Нема многу македонски веб-страници на кои што можеш да го најдеш тоа што ти треба, за жал.

    Од странскиве, прва ми е Википедија. Што и да ми треба прво таму барам. Ако ме интересира околу здравјето нешто - World Health Organisation и HIV/AIDS Basics. Ако ми треба нешто за географија - National Geographic e тука, се разбира.
    За науката читам повеќе на fb страната на I f*cking love science, имаат доста интересни содржини.
    Од сајтовите за онлајн курсеви, најпосетени ми се edX, Coursera и OpenCulture. Порано некое време изучував италијански на Livemocha - не беше лошо ама ептен бавно ми одеа предавањата и се откажав.

    Инаку гледам да спуштам повеќе од е-книги и да учам од нив, иако веќе почнав еден курс на edX. Само таму најдов некој што сакам да го изучувам и се` уште на почеток сум но ептен сум задоволна.
    Долго траат курсевите но може да се научи многу. Плус ако успешно го завршиш курсот, ти следува сертификат (има повеќе видови).
    Ви го препорачувам порталот. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Едукативни портали и наши некако не ми одат во една реченица. Овие нашиве се нешто преведуваат, коригираат... Не знам, одбивни ми се кога ќе видам нелекторирани текстови, а тоа ми се случило во повеќе наврати и затоа сега немам навика да барам нешто од нашите портали. Само http://www.makedonski.info/ си ја поштовам и редовно посетувам. Зависи што барам. Немам некоја страна која си ја претпочитам. Ако нешто ми треба го барам конкретното па го читам изворот кој ми делува најверодостоен. До сега не сум нашла некоја толку сеопфатна и воедно богата со информации за да речам дека ми е "home page".
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    На домашни квалитетни портали немам налетано.Како студент си ја читам Факултети има солидни информации.
    За едуцирање стриктно странски
    http://www.who.int/en/ -Ова си е основната на СЗО,си има се што треба да знам,кодекси и прописи,
    http://www.fda.com/ -Во последно време читам овде,има интересни факти за кои не сум се едуцирала сеуште
    http://www.sciencedaily.com/ -Е оваа ми е во хоум пејџ,секој ден мора да се отвори.Секогаш полна со новости,интересни истражувања и факти.Ја препорачувам на оние што ги интересира науката.
    Nаtional Geographic,Discovery и тие знам да ги чепнам понекогаш.
    Coursera.org- Кога ја пронајдов страничкава,мислам дека се преродив :D Одличен начин да се збогатиш со екстра знаење,не само за својата професија туку и се што те интересира.
    Учев за модерна психологија,ама многу недели беа,не ги довршив предавањата.
    Одамна не сум отишла на порталот,пак ќе се запишам,интересно ми е :D