Ке е вашето мислење дали има потреба од деукативни центри каде ке се образуваат децата, ке учат курсеви и ке пишуваат домашни или е подобро да се пуштат во целодневните програми на самите училишта.
Мое мислење е-Не. Убава работа се едукативните центри,се развиваат работни навики кај децата,учат и нови вештини,се поттикнуваат самстојно да работат,се работи во групи од помалку деца. Но,сето тоа чини и многу повеќе.Кој има средства,а нема доволно време да му посвети на детето околу училшните обврски,зошто да не.Но во училиштата,посебно во целодневна настава се завршуваат сите обврски околу домашните.Таму децата се од 8 до 15 часот,па мислам дека и после со дополнителна активност во овие центри,е премногу за нив.Обично во пониските одделенија немаат многу обврски околу домашни,освен за викенд,ама па тие два дена им се слободни и треба да си го посветат на игра. Јас сум повеќе за спортски активности пред едукативни центри.Курсеви за странски јазици исто,но после 3-то или 4-то одделение.Треба прво да се описменат на мајчин јазик,потоа да учат странски. Програмата и така е преобемна и пренапорна за децата,така да мислам дека дополнително оптоварување не им е потребно. На децата најпотребно им е да бидат деца.
Moeto do sega ima otideno dvapati vo montesori . Zadovolna sum od toa kako se raboti, nacinot i principot na rabota so deca. Ama bas poradi toa sto deteto treba da e dete iako tamu si igraat i se e preku slobodna igra neznam dali ke prodolzam da go nosam. Ali jas sum zadovolna i mislam deka edukativnite centri i te kako se potrebni za decata
Може би било најдобро во одредени денови од неделата да се носат, а во одредени не.Пр: 2 дена во неделата. Така детето би имало и време за игра и време за едукација.
@karak го праќаш ли уште малиот во Монтесори и како си задоволна? Се мислам и јас дали да ја праќам во попладневната програма, 2 часа - еднаш неделно. Беше на еден пробен час, најверојатно ќе продолжиме бар уште еден месец да добиеме целосна слика па за понатаму ќе одлучиме.
Колку што знам нема некоја дискудија на оваа тема. Ајде женички кажете што мислите за Едукативен центар за деца? Дали вашето дете посетува? Дали има разлика од седење дома и одење во центарот? Дали детето сака да оди? Дали има позитивно влијание?
Моето оди пред и по школо, прваче е. од повеќе причини, нема кој да ја чува, ако е дома времето лета на тв, таблет и сл пошто за жал нема кој толку време да и посвети. Скоро почна ама одушевена е и мн сака да оди. плус таму си ги завршува домашните па јас имам време вечерта на друго да си го поминам времето со неа. Имаат и англ, разни физички активности. Се на се, јас за почеток сум задоволна
Мојот оди од летоска. Два месеци одеше во Нумикон групата, ама беше напреден за таа група, па мораше да прилагодуваат за него. Добро дојде како тренинг за концентрација зошто сесиите им се по неколку часа и траат по 2-2,5часа. Од септември оди на ментална аритметика и сосма е друго. Си имаат соодветна програма на работа, а не е досадно за 5 годишно дете. Бар на мојов му е интересно и со трчање оди. Сега не ми се допаѓа што на сред година му се смени наставничката, ама се надевам дека ќе продолжат добро и со новата. Ако ве интересира нешто конкретно прашајте.
Да препорачате едукативен центар за деветгодишно дете? Некаде каде што може да се поработи на концентрација и фокус. Како почна училишнава година, се поголем проблем имаме со концентрација. Претходните години немаше проблем, меѓутоа оваа година да. Разговарано е со наставничката, работиме со неа дома, меѓутоа би сакале да пробаме и со дополнителна помош. Секој предлог е добредојден
Имам син од 5.5 години кој е многу интелегентен и навистина многу двои од негови врсници дури и од малце поголеми деца ама е многу темпераментен, буквално е како торнадо.Веќе една година оди на карате, и сака да оди, му се допаѓа, не се откажува, има тренинзи 3 пати неделно и не пропушта за жива глава, ама градинката ич не ја сака зашто ги тераат да спијат на пладне а он неможе да издржи да седи мирен а не спие на пладне уште од 2 години, и во градинка седи до 12 само и сака да си оди дома, плус не јаде таму ништо што е дополнителен проблем. Сега размислувам да го запишам во некој центар за детски развој каде што можеби ке му се доразвие и насочи правилно интелектот.Ги гледав тие stem academy учат со помош на лего коцки или пак малац генијалац,и размислувам да го отпишам од градинка, пошто реално ми е повеќе малтретирање да го терам со сила да оди некаде, во овие центри можеби работат по други програми и ке му биде интересно. Он нема проблем со социјализација, одлично се вклопува со други деца, се снаоѓа во непозната средина, комуникативен е, нема проблем со фокусирање, ако седне да бои или да составува лего коцки задржува внимание одредено време ама после е турбо, ке бои на пример 20 минути па ке трча и скока 2 саати и слично.Лего коцки составува без шема, брои до 1000 па му иде логиката и за понатаму,знае да брои по 5 од типот 5-10-15 итн, или по 10, 10-20-30 или по 100, 100-200-300, раскажува приказни,знае месеци, годишни времиња, помало поголемо, да дополнува низа со броеви или букви, ги знае буквите и латиница и кирилица , пишува кратки зборови,не знае да чита, препознава по нешто да прочита на пример пикабу да го најде на тв или некој др канал што го гледаме, или песни што му се свиѓаат во кола ги препознава сам да ги пушти од листа, ама не и пишан текст,интернет укинав уште од зимоска и playstation i телефон не гледа, и многу е подобро од тогаш.Сега гледа пикабу, и чат пат некој филм на нетфликс или детски јутуб ама ептен кратко. Не ми е намерата да го форсирам, сето ова 90 % го имам научено на негова иницијатива, сам прашува,и се интересира, мислам дека одлично ке се снајде во некоја креативна програма, доколку имате слично искуство дајте ми совет каде да го насочам.Кога веќе има потенцијал детето мислам дека е подобро да го насочиме правилно.Малац генијалац има во Куманово, ама мене оваа стем академи во скопје некако повеќе ми фаќа око. Што мислите дали вредат за парите, ги учат ли нешто децата, не ми треба за помодарство да се каже само дека оди некаде.Се мислам да го одпишам од регуларната градинка и да инвестирам во некоја таква програма, бидејки реално за двете немам финансиска можност.Ве молам за искуства и совет.Благодарам.
малац генијалац, стем и сл ти се кратки курсеви еднаш или два пати неделно по саат, два. Тоа не е ни слично како градинка, која и те како е важна, да не речам задолжителна за предучилишна возраст. Не е се во букви и бројки, градинката е местото каде што се спремаат за училиште на пример концентрација, фокус, внимание. Па поминува низ разни емоции, емпати и другарство, процес на таа возраст кој треба да трае подолго, и како да научи да седи и да има трпение за часовите кои следат во школо. Тој ред, правила и сл нема да може да ги совлада на курс. Моето мислење е тоа, секако одлуката е на вас. Можеби приватна градинка да размислиш, ама да биде дел од таа институција.