1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Едуцирање на децата за сексуална злоупотреба

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2019.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Еве една тема од која на сите родители ни се крева и најкраткото влакно на главата, но е неопходна за дискутирање. Сметам дека порано воопшто не се обрнувало внимание на ова, ниту пак се учеле децата нешто посебно.

    Дали вие сте дискутирале за ова со децата? Од кога сте почнале, на кој начин?

    Ќерка ми е уште мала, но знае како и се викаат интимните делови од телото и знае дека апсолутно никој не смее да ја допира. Не ја терам да се гушка со сите, ако не сака не мора, нејзино тело, нејзин избор.

    Како вие се справувате со оваа деликатна тема?
     
    На Bozica1980, Роберт 7, Animali и 14 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.702
    Пол:
    Женски
    Децата ни се врсници, малку се разлика, па исто како тебе и јас постапувам. Сметам дека од почеток треба да се зборува за тоа и да им се објасни и интимноста на спротивниот пол, особено кај машките, за да не одгледаме bullies кои ќе напаѓаат девојчиња на секој чекор. Ние се шетаме по долна облека пред детето и знае што е што и не му е чудно па да буља во други деца, да коментира. Некни имавме девојче на гости и мајка и ја пресоблакаше скриена со три реда перници за да не видел синко, овој не ни рецна, кога јас го пресоблакав девојчето се извади од памет кога го виде синко гол. Муабетот ми е дека треба да ги запознаеме децата од мали со своите интимни делови како и на спротивниот пол за да не им биде ништо чудно, да не ги тера на погрешен начин да осознаат. Ова особено е важно кај машки. Јас како дете сум патела од вакви машки манијаци и многу ми било тешко цел тој период на основно.
    Што се однесува до возрасните тоа како да се постави внимавам многу, ама и самиот карактер на детето. Мене ме вадат од такт сељачките муабети Сега ќе ти го земам ку**то! И џапање демек ќе му го земе, глупост невидена. Моето се поздравува со раче ама не трча да се гушка, не го ни терам, а карактерот му е малце интровертен на татко му и не ни морам многу да се трудам. Сепак кај женските мислам дека е од особена важност ова, мене кога почнаа да ми растат ци**ња еден пријател на моите ме гушна демек да ме поздрави и убаво ме заџапа, па си доби од мене клоца во меѓуножје и не го кажав на моите од страв ама недајбоже да му се деси на мое дете ќе сакам да ми каже за да го сместам во брза помош манијакот(манијачката) Воспоставувам отворен однос со детето за да нема никакви стравови да ми каже што и да се случи.
     
    На Mari*, azelea, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Уф, колку такви одвратни коментари имало. :worried:
    Јас искрено не се сеќавам никогаш моите отворено да збореле на таа тема, за било што. Зафркавање со ку*риња, ци*иња колку сакаш, од сите страни.

    И мајките на момчиња имаат главна улога во тоа како нивните синови ќе се однесуваат со жените, треба уште од мали да ги учат на согласност, граница и почит.
     
    На Bozica1980, Someday, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.702
    Пол:
    Женски
    Не е тесно поврзано ама поврзано е до некаде со темата. Дали ги бацувате децата во уста? Моево не бацува само во уста, дали дека не гледа со татко му, абе ти му вртиш образ он ти врти глава. Гледам секогаш да избегнам ама не сакам па и лошо да ме разбере па устата ја стискам затворена, кога го бацувам исклучиво на обравче и челце, ама он само во уста не бацува. Ова само нас, друг досега не бацил.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Мојата е многу мала и далеку од ова.
    Но, исто така и јас не ја терам со сила ниту да се поздрави со некој ако не сака.
    Едноставно сакам да ја научам да има свое јас и точно да знае да каже што сака а што не.
    За сексуална едукација сум со големо ЗА...
    Мојата мајка, ме научи, ќе ја научам и јас неа.
    Знаев се уште со првата менструација. И за секс, и за бебе, и за породување, и за силување.. и кога треба да се каже не... до каде смее да се оди..
    Ама, родителите многу малце, скоро ич не зборат на таа тема со децата.
     
    На azelea, dunika, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Дааа :D Од бебе си го бакнував и еве го 25мес и 1000 пати во денот ќе дојде да се гушка и бакнува. Љубовџија е мојот :D Па на девојчињата од другаркиве иде да ги гушка и бакнува. Нормално доколку самата дада дозволи. Сум го научила дека ако некоја дада му каже НЕ и се тргне значи е НЕ.
    Кога станува сабајле ( спиеме со нас на спална од прв ден ) и имаме ритуал со гушкање и бакнување пред да станеме од кревет ( прво идам мијам заби па тераме ритуал ). Навечер на ист принцип и заспивањето му е. Го учам дека други луѓе во уста не се бакнуваат, па еве последни месеци кога некој ќе му каже : ај да се бакнеме/да те бакнам ... си наведнува глава да го бакнат за глава :)
    Со сестра ми и внуците од милост се бакнува во уста ( нормално затворени усти ) , но со други не дозволувам.
    За ова со бакнувањето на мама и синко имаше брзо една статија од психолози која ја читав. Верувам на гугле ќе ја најдеш. Имаше убаво објаснето дека е препорачливо да се имаат такви моменти ( гушкања, бакнувања ) како еден процес во растот на машко дете. Со самото тоа детето ја учи љубовта према една жена. Зашто прва жена во животот на едено бебе/дете/маж е неговата мајка. Нормално тука се неспорни и другите процеси на понатамошно воспитување, но ова беше дадено како еден позитивен научен доказ кој го спровеле на некој машки дечиња и мајки.
    Да не идам многу оф топик има на самата статија зашто и како и што за ова ( ако ја најдам ќе ја споделам ).
     
    На mal.ecka, Girl-Rabbit, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.679
    Пол:
    Женски
    Треба општо да се зголеми сексуалната едукација кај децата.
    Јас за жал со мајка ми не сум блиска до толку, па едукацијата ми е од интернет и лично искуство.
    Ама општо треба поголема едукација и кај машките и кај женските и тоа уште од 13-14 години.
    Реално денешниве млади сè порано стапуваме во с.о многу од нас не прочитале ништо, не знаат за типовите заштита, за плодни/неплодни денови, а Норлева се клукаат како витамин Ц.
    С.е ДОМА, да не се учат на лошите искуства или на улица.
    Лично имам другарки кои појма немаат кога имаат плодни денови, што е овулација, кога може да се случи бременост и како се случува бременоста, што се кон.апчиња што е Норлево на пример.
    Учиме сега систем за репродукција биологија и само јас влагам во дискусија со професорката.
    На другиве се знае каде им оди паметот.На пола и повеќе чинот им е само како физичка активност, без ,,хемии” , без свесност за последиците.
    Дури и ми се смеат кога разговарам со проф. што мене лично не ми смета бидејќи сметам дека сум доволно едуцирана бар за мои години и како сексуално активна личност.
    Сум им рекла на другарките (тие што се сеуште невини) пред да стапат во однос ако ги интересира нешто слободно да ме прашаат, отворена сум по тоа прашање.
    Бидејќи поради мал измак (ни моја ни негова грешка) се напив норлево, не сакам и некој друг поради друга грешка да треба да пие, или да има неубаво чувство за време на односот итн.
    Се на сè- треба и МОРА да има секусална едукација.И не само кај децата.Бар овде на форумов читаме мислења од типот на: Свршо во мене во плодни денови, дали сум бремена?
    Сврши надвор, но без да уринира продолживме, дали сум бремена?
    Сврши надвор од мене, но ме допре со половиот орган, дали сум бремена? <- карикирам..
     
    На Alisa22, Роберт 7, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Убава тема, потребна и обавезителна, но на жалост по се изгледа дека кога станува моабет за сексуална едукација на децата од мала возраст, никако да заживее и да опстане, да вроди со плод, резултати.....мислам дека сите некако скришум или што е можно побрзо гледаат да ја пикнат под тепих:^)

    Така е во кругот на семејството, така е и во образованието, значи со децении наназад, јас не приметувам дека нешто е напреднато во таа област.

    Зошто??

    Јас кога бев мала, за сексот, за полови органи, учев од постарите и тоа нешто ако поднаслушневме, немавме интернет, ниту списанија од кои би прочитале нешто, табу тема значи...едино во некоја гаража кај некој автомеханичар ќе видевме закачена слика на зидот од гола жена ( но не скроз)....родителите не ни објаснуваа ништо а ако прашавме, само ќе ни рекоа дека то не се збори и толку, двојка моментално....и ние сите знаевме дека таа тема не е за пред возрасни.
    Единствено што ни велеа е да не правиме моабет со непознати, да не зимаме бомбонче или чоколадце..и толку...закон ти беше тоа, нема што да распрашуваме.

    Кога беа моите деца мали, исто не правев отворен моабет за интимни осноси и др. се гледав некако да избегнам, ќе им кажев има време, мали сте..и така они израснаа и си научиа од Јанко, Петко, Станко....

    Гледам и внучето дома кога ќе праша некое такво шкакливо прашање, родителите се како посрамени, нелагодно им е од прашањето и туц-муц нешто ќе објаснаат ама не е тоа ТОА.

    ЗОШТО, зарем во денешно време не се изнајдоа психолози, педагози, па да напишат едно упатство за сексуална едукација на децата, за сексуална опасност, значи за СЕ..и тоа да биде убаво напишано, за секое прашање каков одговор да им дадеме, од колку години за што да почнеме да ги учиме, кои слики....а не јас да му кажам да се пази надвор на улица од разни манијаци кои демнат мали деца и да направам беља детето уплав да добие и навечер хорор да сања.

    Постојат ли воопшто прачници некои на кои би им се олеснило на родителите и би имале спремни одговори на секое прашање!?
     
    На Роберт 7 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали.постојат,но јас имав предмет на факултет Полово образование. Професорот беше уролог и толку убаво ни објаснуваше се, на неговите предавања немаше слободно столче. Значи не дека не знаевме,сите сме биле околу 20 години. Туку начинот на кој објаснуваше и на кој ни објаснуваше како ние да објасниме на децата беше прекрасен. Се залагаше човекот за предмет во основно, но мислам дека сеуште нема. А и те како има потреба. Инаку,децата околу 2 3 ете и 4 години се во фаза на истражување на телото, можат да се допираат сами да истражуваат. И не треба тоа да им се брани. И јас од мал сум му кажувала на големиов дека машките имаат еден а девојчињата друг орган. Бил со мене и во купатило, се што прашал сум му кажала како што е. Без лаги,без штркови за носење бебиња. Е мислам дека сега допрва ме чека еден таков период кога ги заинтересирува прва симпатија, па понатака бакнеж и се по ред. Баш мајката е таа која треба да го научи синот да не е груб со девојчињата, да не ги допира и се по ред. На ќерка ми исто ќе биде, се ќе и објаснам за менструација и се по ред. Памтам кога прв пат добив дојдов од екскурзија,мала бев и се преплашив. Ми стави влошка мајка ми.и ми рече така треба. Ништо не ми објасни, ни за секс,само велеше да не ме засрамите. Сега сфаќам што и било тоа. Не е проста жена, но ете такви сфаќања имаат, сега има скроз поинакви сфаќања ама на грешките се учат. А и се смени времето. Сепак мислам дека уште не се зборува отворено за ова и е табу тема.
     
    На Someonespecial, gjoker4e, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ќерка ми има 12 години.
    Знае се' што е поврзано со сексот.
    Како и' доаѓаа прашањата, така добиваше одговори..
    Не памтам кога праша прв пат.. мислам дека брзо откако почна на школо.. 6-7 години...
     
    На Someonespecial, gjoker4e, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ова треба да е задолжителен муабет по дома, без разлика дали се работи за машки или женски деца. Моите родители беа многу отворени со нас по ова прашање. Секогаш бев советувана да си носам мои кондоми во ташна, до таму бевме слободни да речам. Воопшто не испаничив кога добив мензис, а добив многу мала. Знаев се' што треба да знам за секс пред да почнам да го практикувам. Син ми е мал, ама знае што смее а што не смее да зборува, гледа и прави. Ќерка ми е поголема и убав муабет си правиме за сите работи. Знаат што се машки а што се женски делови од телото, знаат дека освен најблиската фамилија при бањање и физиолошки потреби никој не смее да ги пипка. Исто така, знаат дека не смеат да пипкаат никого. Премногу важна тема, за која треба многу да се разговара и објаснува, не смее да е таму тема. Да не ја повториме грешката на некои родители па да се полнат темите дали сум бремена со тешки глупости!
     
    На Bozica1980, Роберт 7, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Еве статија во која е споделено искуството на една мајка чиј син бил сексуално злоупотребен од бебиситер.
    Има и совети како да се учат децата за да знаат што е безбедно, а што не, кои допири не се безбедни, кои делови од телото се интимни...
    • Teaching kids the real names for body parts
    • Talking about the difference between private and public parts of the body
    • Creating a safety network of three to five trusting adults children can talk to
    • Discussing feelings openly, including the feeling of being 'unsafe'
    • Empowering them to tell you when they do feel unsafe
    Информативна е статијата, прочитајте ја. Ми се допаѓа делот со немање тајни во семејството бидејќи злоупотребувачот најчесто ги тера да го чуваат тоа како тајна. Мора да се има отворена комуникација со детето секогаш.
     
    На cresa-jagoda, referentka, Tan4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ме сфатите погрешно ама не можам да го разберам тоа бакнување во уста помеѓу родител и дете.
    Се имам запрепастено од една слика на фб кај што таткото е бакнат во уста со две годишниот син, луѓе што ги познавам.

    На ниедна возраст не би бакнала дете во уста ама не ги осудувам тие што ги прават тоа, тие си знаат зошто. Мене лично ми е несфатливо и ептен чудно, можеби едноставно ете не ми доаѓа ни природно ни вештачки да бакнам дете во уста.

    Кога го прочитав насловот на темава се шлогирав. Првите месеци криев дека имам добиено земав влошки од мајка ми па еднаш ме праша дали ми дошло ја реков да и на тоа остана. Секс? Што е тоа секс? Само еднаш баба ми ми има речено дека тоа било најубавото нешто на светот ама притоа без да нагласи како се вика тоа нели туку меѓу редови. За бременоста им кажав после 3-4 месеци затоа што ми беше срам да знаат дека сум имала секс!!!

    Да, ќе зборувам со моето дете. Сакам да е отворено и со мене и со мм.

    Обично имам слушнато/ прочитано дека за тоа се зборува дури во средно школо кога ќе се нели. Ретко кој родител му зборува за тоа на детето на 2-3 годишна возраст. Освен ние на фемина нели. Дури и јас си го имав како така зацртано во мозокот дека за тоа ќе зборуваме после 14 години, но после се што видов во овој свет, да, треба да се зборува од најмала возраст со соодветни зборови за возраста.

    А што е со оние родители што ги учат машките деца од најмала возраст дека треба да бакнува девојчиња, да ги допира по интимни делови, да ги гушка, па и обид за секс од мали нозе? Всушност од така воспитаните ние треба да ги заштитиме нашите деца. Но дали има казна за такви родители? Каде може да се обрати човек? Би ги нарекла родители кои ги лечат своите комплекси преку своите деца.

    Обично на машки деца имам слушнато како родителите им велат "ќе ги вртел сите женски", "ќе ги лажел сите женски", (можеби не се соодветни примериве ама сакам да кажам дека ги учат машките деца како тие се над женските) као демек на шала, но сепак е сериозно, создаваат основа за нешто, сеат лошо семе во тоа мало мозоче. Треба да ги учиме децата на еднаквост, а не како машките се главни, во возрасен речник "ебачи".
     
    На irrelevant, forumce, Animali и 9 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Мора да се зборува и да се свесни дека тие делови не смее никој да им ги пипка. А не да не знаат што им се случува и од срам да ќутат. Ние кога растевме сѐ беше срамота, сега веќе не можам да разберам, што е толку срамота? Срамота ли е да си го научиш детето да си го знае деловите од телото да знае кога нешто не е безбедно и кога греба да каже на родителите? Не е ли подобро детето да знае дека секогаш може да се обрати и дека нема да биде замолчено со срамота е?
    За менструација дознав од врсничките, не од мајка ми. Ми даде само влошка и толку, ни како, ни што, ни зашто и повеќе никогаш не се спомна ништо.
    Не па не дај боже нешто како помала да ми се има случено, би си трпела и би живеела во срам и страв без да имам на кој да му кажам.
    Мора свесност за ова прашање да се покрене и ние да не го правиме истото.
     
    На Bozica1980, Animali, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.702
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми ми објасни само дека сега секој месец ќе крварам, толку. Искрено за тоа како се останува бремена мислам имаше во биологијата и од таму научив. Никогаш не ме праша дали сум имала секс, дали треба да одам на гинеколог и слично. Прво одење на гинеколот ми беше на 16г, не вагинален преглед нормално, сеуште немав секс, имав болки од еширихија. Следно на 19 кога веќе имав односи, докторот се ми објасни ама ја искара прво мајка ми и ја избрка надвор, рече дека не си ја завршила домашната задача и нема што да присуствува, сега сум возрасна и ќе ми објасни, рака на срце тоа е најдобриот доктор (патем е колега на мајка ми и затоа е толку слободен со неа) и ми објасни стварно прекрасно. После во обидите да забременам научив многу, до тогаш знаев само дека се забременува само и само со однос без кондом, да немам верба во тоа ќе се тргнам на страна и слично. Среќа или несреќа :D се омажив за единствениот мој сексуален партнер и не ми требаше да се тресам секој месец и така ми олесна, ама на детето ќе му објаснам се како што треба зошто маж ми е многу срамежлив по тоа прашање. Засега знае само дека дадички не смее да пипка кај што не треба, дека со деца смее само да се поздрави со рака и толку, со возрасни ако нејќе и не мора. Мал е за да му се сеќирам уште ама некаде за две три години ќе почнеме да учиме и за другите работи. За да се заштити и себеси и да ги заштитам и останатите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Не мора да ги едуцирате децата. Доволно е што му ги давате смартфоните и сами се ќе си научат дури и повеќе. :clap:
    Денешниве деца знаат више и од родителите за тие работи само родителиве се праат мутави. А се и сешто му дозволуваат.
     
    На Tekkyi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Како не знаеле.. Знат, колку беља да направат.
    Ако не им објасниш за некои работи, нема да им текне да изгуглаат ( на пример).
    Порнич ќе гледаат, да, ама не е тоа едукација.
     
    На Bozica1980, NarCis@, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Сексот кај нас,сеуште е табу тема,а за жал треба што почесто да се спроведуваат презентации,и предавања кај тинејџерите.Кога бев средно се сеќавам имавме едно такво предавање за секс и сексуално преносливи болести,кадешто на крај од тоа предавање ни делеа кондоми.Пола школо се заебаваа и ги полнеа со вода,на предавањето се смееја,кога дојдоа слајдовите со половите органи. Сакам да кажам уште сме примитивен народ,не ја разбираме тежината на проблемот и последиците доколку се почне со практување на секс пред 18 години,или уште потрагично пренесување на спб,што денес ги има мал милион,исто како и абортуси.
    Мојата мајка со мене уште од мала разговараше и ме упатуваше кон се,и за прва менструација,и за секс. Отворена сум била секогаш со неа,за се.И мислам дека девојчињата сепак треба да воспостават со мајките искрен однос,зошто кој би те разбрал и подржал 100% ако не е мајката? :)
     
    На cresa-jagoda и Tekkyi им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Нема да бидат искрени со мајка која е конзервативна и цело време им зборува за 'вредноста на невиноста' и 'да се чуваат до брак' и такви глупости.
    Има онаму по темите млади девојки кои пишуваат за навреди од стилот: 'курва' 'распуштеница' - добиени, баш од мајките.

    За децата да бидат искрени, родителите треба да се ко мајка ти.
     
    На sofi2107, gjoker4e, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Тоа што го велиш е вистина,и уште посериозен проблем е што децата се соочуваат со осудување кон нив од страна на родителот.Така се губи довербата (која многу значи) и се создава одбивност и непослушност кон истиот.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.