По желба на наш член. А и ја самата ко економист, ми иде у прилог да има и ваква тема. Да не ја цепкам на Микро и Макро. 1. колку од вас имаат познавање прво шо е економија, и дали праите разлика меѓу економија и финансии 2. Како мислите дека може да се подобри нашата економија? Може да има и прашања како на @Realist1. Пример: кој е најдобар начин за инвестирање пари, или за пасивни приходи. Како шо има тема Прашај гинеколог, или Правни Совети, мислам дека треба да имаме и за економија. а башка шо ни фали ко народ и економска и финансиска писменост
Ја сум шо велиме ние самоук немам многу познавање и далеку сум од економист меѓутоа ме интересирало, и сум учел по нешто. Кога веќе ја отвори темава како економија,ја повеќе пратам на светско ниво на државно не ме фатил интерес до сега, еве може ли на пример некој да ни објасни каква е монетарната политика кај нас, со што е врзан денарот, на кој начин најверојатно народна банка го држи стабилен и сето останато поврзано со нашата валута, дали принтаат пари како регулираат инфлација кај нас, тоа би било стварно добра работа да се научи
Моментално дечки можеме слободно да кажеме дека живееме во многу интересен период, ова што се случува моментално на глобалната светска сцена се случува еднаш на секои 200-300 години. Пред се сакам да ви кажам дека не навивам за никој и дека се што ќе биде произнесено од моја страна не е од навивање и ќе гледам сите линкови и обезбедени податоци да бидат од прозападни медиуми се со цел да не излезе дека сум тука да ширам пропаганда. Значи до пред прва светска војна главно средство за тргување помеѓу државите претставува златото, заради комплицираноста количината транспортот и чувањето наместо злато, после втора светска војна Черчил заедно со британците и централната банка решаваат парите кои ги имаат да ги врзат со златото кое го чуваат и така врз основа на тоа колку злато има државата може да исштампа толку пари за одговорни на ова се поставени International Monetary Fund (IMF) and the Bank for Construction and Development (IBRD). Со текот на времето 1974 година муриканците прават договор со Саудиска Арабија за размена на трговија на нафта во долар и ги обврзуваат на светско ниво нафтата да се продава за долар па за возврат да добијат заштита и оружје од нив. На тој начин вредноста на доларот се зголемува и задржува, и моментално доларот не е врзан со златото туку доларот во светот е врзан најмногу со нафта (петродолар) и со тоа што истиот преставува средство за тргување на различни добра помеѓу земјите во светот. Со добивањето на оваа сила Мурика станува многу влијателна и почнува да ја води политиката на светски полицаец, но за да бидеш светски полицаец тоа кошта и така тие секоја година поради тоа што ја контролираат светската економија можат да си штампаат колку што им треба доларчиња за да си ги завршуваат своите потреби. Со ова се создава инфлација, па така ако еден сендвич во мкдоналдс во 70 ти коштал 20 центи сега истиот сенвич кошта 15 долари. Моментално тие државиот долг на мурика изнесува некаде околу 36 трилиони долари, е сега ова претставува веќе многу голем проблем за ниив. Со почетокот на руско украинската војна за да влијаат врз одлуката на русија што влезе во украина американците заедно со г7 почнаа со мерки со кои ќе се ослаби русија економски со цел да се откаже од војувањето со украина. Најголема катастрофална грешка на г7 и америка беше замрзнувањето на руските долари кои се наоѓаат во америка и европските земји. Поради ова повеќето земји во светот престанаа да осекаат сигурност во доларот поради тоа што ако утре тие одлучат да направат нешто со што нема да им одговара на америка или г7 ќе им бидат одземени или замрзнати финансискиот имот кои го имаат во овој случај парите. Сето ова предизвика желба за отфрлање на доларот како сретсво за трговија на нафта нафтени деривати и останати добра и создавање на ново кое се очекува да излезе и почне да се употребува после 22 октомври годинава. На овој начин се извршува дедоларизација на светот, а доларите кои не се употребуваат би требало да се вратат во државата од која потекнуваат па поради тоа се очекува паѓање на вредноста на доларот односно инфлација а доколку на глобално ниво се случи масовна дедоларизација и целосно пропаѓање и хиперинфлација на доларот. Ќе бидеме живи и ќе бидеме сведоци со промена на цел финансиски систем во текот на наредните 5-10 години. Ние како Македонци одсекогаш сме биле никаде на тркалото, ова сето можеме да го искористиме во наша корист и на тоа што ја согледуваме реалноста да добиеме и да ја зголемиме вредноста на нашиот капитал. Економијата како економија е променлива наука и се менува и треба да се прати секојдневно за да се биде во тек со ситуацијата и промените и да се донесат одлуки кои би биле позитивни за нас. @DS10 доста ме караш еве за почеток малку општо запознавање (пробав да бидам најкраток шо можам)
Дали напиша: како што има тема прашај гинеколог?! Царица си! Ц А Р И Ц А!!! Кај нас економијата и финансиите не можат да се подобрат поради лошо проектирани даноци. Малите фирми кои се најголеми полначи на буџет не можат да ги следат побарувањата на државата. Политика на рамни даноци креираат луѓе кои никогаш не отвориле сопствен бизнис и не знаат како се печали и исплаќа плата. Вработените платата ја гледаат како нето, брутото е хоророт. Политиката на НБРМ исто е малку чудна низ годиниве, иако знаеја дека е нереално го поставија денар евро 61,5 и свесно оставија луфта за инфлација, па дојде и до дефлација на денарот. Велам свесно зашто знаеја дека големите фирми кои можат да направат извоз се затворени и со тоа знаеја дека ќе нема доволно пари. Свесно ја тераа купи ден продај. Кај нас министри за финансии и економија се најлошите економисти во државата. Да не бидам офтопик ептен: најдобар начин за пасивен приход се недвижнини пошто месечно ќе капка нешто плус колку да се подзакрпат дупки. Немаме куповна моќ за злато.
Вака, нашата држава односно Влада користи два вида политики кои се дел од МАКРОЕКОНОМИЈАТА, Макроекономија- дел од економијата кој се занимава со економијата на една држава во целина. Сега, кај нас во делот на макроекономија, користиме две политики: монетарна и фискална. Фискална политика подразбира како државата располага/ги добива своите приходи и расходи. Овде влагаат и даноците, преку даноците државата добива дел од приходите. Монетарната политика пак, е за остварување на целите на макроекономската политика, овде спаѓаат парите, паричните инструменти, кредитите. Целта на монетарната политика е да ја држи економијата у колосек. Во услови на инфлација, рецесија Некои основни цели на монетарната се одржување одредено ниво на цени, стапка на раст, стабилност на домашната валута. Нашиот денар пример е врзан само со еврото, ко шо знам. Не се менуваат. Најчесто тргуваме со евра, па затоа и е врзан денарот со еврото. Имаме доста голема релација со странските бизниси. Ако е флексибилен курсот, тоа за нас не е поволно пошо и се задолжуваме. И денес може да е 1е=62 ден утре да е 72 ден. Тоа за бизнисот, иако се вака 10 ден разлика, на 100,000,000 евра, разликата е огромна. Затоа, пошо сме уште у развој, задужени, зиаме помош, нашата Банка го врзала денарот со еврото, за да нема големи ослилации. Секако, има разлика пример, денес нарачувам од Франција 1тон колачи со цена од 10е/парче. Ама јас го нарачувам денес. Ќе го платам за месец дена на фактура, кога по новиот курс, нема да е 10е/парче, него може ќе е 11, 12е. Шо е мала промена. Ако не го врземе денарот со еврото, а тоа расте рипа, ко доларот на пример. Може колачињата да ги преплатам, а овде ќе ги продавам за глупа цена од 0.5е, и ја сум со тоа у минус. Извадок од НБРСМ: Досегашните искуства потврдуваат дека фиксниот курс на денарот во однос на еврото е соодветен за македонската економија. Со одржување на стабилен девизен курс на денарот, економијата се штити од преголеми ценовни флуктуации и раст на долгот во странска валута, се обезбедуваат стабилни пазарни очекувања, а сето тоа е во прилог на обезбедување најповолен амбиент за економски раст.
Не би рекла дека малите фирми се НАЈголеми полначи на буџетот. Баш напротив, големите фирми се најголеми играчи. Основата за данок кај мала фирма, пример Силбо, може месецов да е 200,000 ден основа за оданочување, Макпетрол, Реплек, Алкаоид, може да имаат основа од 1,000,000 денари месецов. Епа удри пример 10% на 200,000 и на 1,000,000 денари. Затоа у државава им одговара на богаташите да остане рамен данокот од 10%. Пошо на добивка од 10,000 ден или 1,000,000 стапката е 10%. Ама да им стаат 20% на 1,000,000 нема да им е сеедно. ова е нешо најново шо ми дава. Од 2022, според ова, мислиш дека Силбо поише ќе го напуни буџетот од Џонсон Мети или Окта? За 2023 немаат уште сите издадено финансиски извештаи, ваљда затоа нема податоци. Иако до 30.06.2024 сите шо тргуваат на Берза требаше да ги издадат. АМАА.... https://it.mk/kam-i-stokomak-so-isti-prihodi-kako-100-te-najprihodni-it-firmi-vo-zemjava/
@Feminka22 ова се 20% од буџетот и се пари кои поминуваат низ Македонија, а не се задржуваат овде. Парите кои ги вртат се во други банки/држави. Пример: грчките фирми дневно ги повлекуваат парите од Македонија. Не е оваа математика како на хартија. Мермерен комбинат не ги чува парите во Македонија/ македонски банки, следствено државата има помалку пари за обрт на подолг рок. ОКТА и ВЕРО исто. Парите на кои Македонија може да смета се од малите и средни бизниси. Малку фирми се како Микросам кои произведуваат овде, извезуваат во странство и парите се повторно овде. Алкалоид парите ги има овде, а почнува производство и во странство. Јас ти зборувам за реален обрт на пари, да се произведе овде, да се продаде во странство и да се чуваат парите во македонски банки. Македонкси пари се тие кои остануваат во Македонија. Ако немаш пари кои се задржуваат овде, тогаш мора да поставуваш повисоки даноци за да можеш да поднаполниш и реализираш буџет. *Кога се отвара фирма си има сметка во банка преку која работи и на таа сметка се плаќаат побарувањата. Треба да гледаш која фрима каде има матична сметка и ќе видиш во која држава се парите.
У мојата работа, иам пристап до сѐ. Сегде кај шо праам ревизија, глеам на која сметка колку пари имаат, за шо се трошат итн. Вработени колку пати зимаат. Доста од нашите фирми имаат сметки овде. Тие шо се дел у групации, и издаваат коносилидации ко Окта, Витаминка, не знам, шо се поседувани од странски фирми, имаат секако и сметки кај шо е фирмата мајка. Ама кај нас стапките се поповолни Плус, на Стопанска пример, ѝ одговара Макпетрол да има сметка таму. МОРА да имаш сметка у државава, ако работиш овде, не може сите да ти се надвор. Пошо коа купуваш нешо у евра пример, прво идат на девизна преодна, па у денари. Не се конвертираат одма у денари. Тие шо се државни ко ЈП водовод, ТИРЗ, школите, си имаат т.н буџетски сметки. Кај шо легнуваат пари од државата, со кои после они располагаат како знаат и умеат. Конкретно на Мермерен, имаат сметка у државава Ти не смееш да регистрираш фирма у државава, а да немаш сметка овде и да не си у ЦР регистриран. Затоа тие шо работат фриленс, немаат ни здравствено, ни пензиско. Нивните пари не влагаат у буџетот на државата. Ја за Мермерен еве, со глава ти гарантирам дека имаат сметка у државава. Трансакции во странска валута Функционална и презентациска валута Друштвото ја води својата сметководствена евиденција и ги составува своите законски извештаи во локална валута, односно во Македонски Денар (МКД), што претставува функционална и презентациска валута на Друштвото. Трансакции и салда Трансакциите деноминирани во странска валута се искажани во Македонски денари со примена на официјалниот среден курс на денот на трансакцијата. Средствата и обврските деноминирани во странска валута се искажани во Македонски денари (“денари”) по средниот курс на Народната Банка на Република Северна Македонија на последниот ден од пресметковниот период. Сите добивки и загуби кои произлегуваат од курсните разлики прикажани се во Извештајот за сеопфатната добивка како приходи или расходи од финансирање во периодот на нивното настанување. Средните девизни курсеви кои беа применети за прикажување на позициите на Извештајот за финансиска состојба деноминирани во странска валута, се следните: фала Богу дека имаат сметки и во странство. Ама ти плаќаш данок кај шо работиш. Затоа ако работиш на ХХ регистриран у Атланта, ти нема да плаќаш данок у државава, нема да имаш ни пензиско ни нишо. А ако работиш од Германија, за Македонски Телеком, ти од Германија немаш ништо, пошо работиш и носиш пари у Македонија. Македонски телеком е регистриран у Македонија еве за Витаминка: ова шо постирам се КОНСОЛИДИРАНИ фин. извештаи, значи со се фирмата мајка шо ги поседува. Витаминка под себе има други фирми со 100% учество, значи Витаминка е мајката. дел од ПОЕДИНЕЧНИТЕ ИЗВЕШТАИ НА ВИТАМИНКА
Убава тема. Дај советувај не за пасивни приходи, ама реално треба човек добро да се испоти од работа, потоа од мислење во што да вложи за пасивни приходи. Нема ништо без труд и без мозок и пресметки.
Моментално најисплатливо е американски обврзници на 3 месеци со по пет посто се само треба добар капитал 2-300 мил евра и си спиеш на брашното
По мене, најпаметно врзување пари е во земјиште, недвижности и злато. Банка е океј, ама не ги дигаат толку каматните стапки за орочени пари, колку шо рипа цената на м2 или кг злато Цената на златото на светските берзи денеска се зголеми на ново историски највисоко ниво од 2.365,39 долари за унца, што значи дека неговата цена од почетокот на годината порасна за 14 отсто, пренесува МИА. 14% за 9 месеци. да си имала плочка купено у јануари за 1000е. сега моеш за 2,365 да ја продадеш. еве ја кај шо живеам, 2018 станов го земавме за 1200 или 1300 евра/м2 денес, мои комшии и по огласи глеам продаваат за 2000, 2150 стан од 86кв сме го земале пр еве по 1250 ( ќе зеам средина) за 107.500, гаражата башка да сакам да го продадам празен, 86*2150= 184.900 184,900-107.500= 77,400 ќар. а со мебел и гаражата, можам до 2500 слободно да терам пошо само двоседот и троседот се 2000е ако им ги остаам е сега, треба и да доеш до купување стан, шо кај нас е претешко. Стан испод 200,000 е у Скопје нема да зеам кредит од 200,000 и да го исплаќам 30 год, со рата од 875, треба више минимум 1300-1400е да зиам плата еве и под кирија да си, по 500е се кириите 500е*360 месеци= се 180,000 евра исто ко стан да си купил, малтене ја у моментов зиам 400е, со нив неам ни за кирија, ни за рата за кредит. Да почнам да собирам пари и да имам уште еден, поише ми се исплати рата за кредит да плаќам, шо ќе знам дека е мој, него на друг да му го пунам џебот
Не знам дали ова смее вака. А осеќа дека им паѓа доларот. Ја можам да тргувам со шо сакам. За нас е најповолно еврото. Ама глеа дека светот им врти грб, само Европа им остана. На ОАЕ мислиш им е гајле?
Од вакви работи почнаа да ги дичнуваат или да биде по нивно или уцени и замрзнување, ако не седнат политички компромис да направат муриканците со останатиот 80 посто од светот многу дебело ќе го јадат
Незнам зошто неспособни се поставуваат да водат нешто од шо цел свет зависи. Незнам дали си го видела ова
Зборам за сеа Иначе знам колку се Не знам шо е ова сеа ќе чујам. А тоа не знам на Трамп колку му е паметно да се заканува. Пошто може да му свртат грб, и онака сѐ, се повеќе се ориентира кон Кина.