Значи стварно е тешко кога некој не знае што сака... Машински или економски? Сите ме гледаат чудно кога ќе спомнам машински, ме прават будала, а не знам зошто, сепак мислам дека машинскиот е полесен од економскиот хехе и повеќе натаму ме влече... Ств не знам што би било подобро и мн ми е страв да не не се пронајдам во тоа што ќе го одберам, тоа ми е повеќе страв одколку учењето Што би рекле вие?
Сосема различни типови на факултет... зависи какви предмети сакаш да учиш. Економски ти е претежно бубање, книги од 500 страни... А машински ти е математика и физика, многу задачи, цртежи... имам другарка на машински и кога ја гледам што и како учи ми се ежи кожата. Сепак ако во суштина прашуваш кој е подобар, според мене машински... А и те како зависи во кој град ќе учиш факултет.
Ем4е и самата кажуваш дека повеќе те влече машинскиот тоа и нека биде твојот избор,оти според мене земјава е презаситена од правници,економисти ,информатичари....
можеби некој ќе се најде навреден,ама барем сум во право за тоа што ќе го кажам. како може да се двоуми некој помеѓу економски и машински(и тоа претпоставувам машински спаѓа во опција заради насоката инд.инженерство и менаџмент),кога тоа се два сосема различни факултета.самото име кажува кој факултет за што е.јас сум на машински и не знам како некој вака се лета и за вакви работи се двоуми.значи,штом се двоумиш оди си на економски,зашто имам да ти раскажам милион приказни за такви што се двоумеле и одбрале машински на крај,како паѓаат како крушки на испити.без здраво знаење и интерес за математика и физика,не ни помислувај,освен ако си расположена за презапишување предмети и учење во лето
Фемина90, не го плаши девојчето сега, не е до толку. Знам јас еден куп луѓе што завршија машински, знам и колку и како учеа. Тежина да споредуваш нема поента. На секој му е полесно тоа што му лежи. За некој може да е потешко да буба. Само има еден друг момент - наоѓање работа. Жените со технички факултети многу потешко наоѓаат работа по струка. Знам еден куп такви. Не дека не ги бива, туку не добиваат шанса.
тој што учи не му е тешко ,прво запиши си се па после мисли му ја за работа ,којзнае до тогаш милион работи ќе се сменат во земјава
Економски или машински Машинскиот повеќе вреди и повеќе се цени... А тоа дека е олеснет е многу точно, и самите видоа дека дипломирааат двајца годишно па сега е олеснато, јас зборам за мене ма немав врска од математика, а сеа сум експерт
Економски или машински Така е,машински не е до толку знам доста луге отидоа без никаква основа еве ги тераат без да заглават критериумот е толку спуштен, запрепастувачки а машински едно време беше баш поим ен беше за секој..
Економски или машински Плавуша, стварно зборуваш напамет, не се расправај кога не си ни студент уште. Јас сум на машински. Да, полесно е од порано има и помалку испити и помалку материјал, ама вистинската причина поради која што добар дел не заглавуваат се асистентите и професорите. Втора година сум и до сега овие 4 семестри сите професори, а особени асистенти ми биле прекрасни.Часот не завршувал додека не им се разјасни на сите (заинтересирани), толку детално, полека и убаво објаснувале што мислам ни во прво одделение учителката не ме учела така.Ако не ти е јасно, ако треба од собирање и одземање ќе почнат да ти објаснуваат се додека не сфатиш.Во приемен термин секогаш ти биле на располагање, дополнителни часови ни држеле и број дури некои ни давале ако треба нешто да им се јавиме. Не знам какви биле порано, ама новиве млади асистенти се за секоја пофалба и секој денар од платата го заслужуваат.Тоа што на други факултети работата е само да се истакнат професорите колку знаат и им е гајле кој колку разбрал, не го прави факултетот тежок во вистинска смисла, туку нив ги прави идиоти.
Економски или машински Машински ако те влече секако.економисти има премногу иако не сум против оваа професија...башка сега машинскиот е многу полесен ,дечко ми кога го студираше по стара програма многу учење имаше...остануваше до сабајле да прави проекти,немаше колоквиуми по се,прашањата им беа баш логички-тој што има кажувано,имало и да раскажуваш ама имало и кликер да употребиш,плус и задачи-ако напишеш све а немаш решено задачи-не пуштаа,или обратно,или ќе те врати само на задачи,или само на теорија... И искрено-ми се допаѓа звањето-дипломиран машински инженер
Економски или машински Па не само на машински па веќе сите факултети се направени многу полесно од тоа што биле некогаш. Па и нормално е со оглед на тоа што веќе во секој град има факултет и се ствара конкуренција помеѓу факултетите. Браво за плавуша сеуште нема осетено што е тоа колоквиум а за сите факултети знае што како е еј па немора да се запишеш на факултет дирекно на работа во студентски прашања.
Економски или машински Јас само реков дека критериумот е спуштен и многу гураат без основа што ја да сум на твое место би ми пречело тоа 1 а 2 и ти самата потврдуваш дека е тоа така..Знам девојче што одлично знае математика но не можеше да заврши 1 година електро ја зезнаа 1-2испити.. поминуваше едвај со 6 на електро и сега е на машински бидејки на електро падна година сеа е пак 1 и со 9 и 10 поминува и сама ја кажува разликата.Јас барем слушам разлики а ги има многу не за џабе се се зголемува бројката на машински инженери економски,правен и машински се пунат ненормално затоа и го почитувам електро јас,затоа што иако е спуштен критериумот не е до толку како на другите факултети а јас еве искрено планирам за економски.Значи не го бранам електро само викам дека е за почит,стварно ептен
Економски или машински Плавуша, да се разбереме, го почитуваш електро зашто татко ти таму бил на постдипломски или како и да беше. А ако сакаш да ти кажам зашто на машински послесно поминуваат, со задоволство ќе го направам тоа. Наспроти професорите што ти ги објаснив погоре на машински, на електро баш им е гајле кој колку знае и им е мерак да бутнат што повеќе студенти.Втора многу битна причина е што машински има помалку студенти и една група на машински има околу 20 души, а на електро во прва година беа 120.Па сега ти спореди си. Не ме убедувај што си слушнала, зашто 80% од мојата генерација се запиша таму и ги гледам како им е.Тие што си ги биваше за компјутери, за програмирање и што им работеше кликерот ама ич немаат проблем со ниеден предмет.А една другарка, што сето тоа го учеше со сила, на истиот смер е, секоја недела, ама буквално секоја оди по секој предмет на приватни часови, па нема повисока оценка од 7ца.
Економски или машински Јас пак имам мислење дека машински е тежок. И знам дека да сум се запишала на факултет машински ќе ми е било ептен тешко. Како бе нема да ми е па немам нитуедна додирна точка со машинскиот. За да се запишеш на нешто тоа треба да те влечи. Јас завршив средно економски и сега сум на посдипломски економски и ми е лесно. Тоа ме интересира тоа ме влечи. Имам другарка која од средно медицина се запиша на економски факилтет и и беше ептен тешко.
Економски или машински Вака,татко ми не бил на овој електро тука туку во Белград на факултет има дипломирано на српско-хрватски јазик па тоа е дупло потешко отколку тука,а потоа постдипломски тука.За професорите дека се такви точно е, но ако ти знаеш и те бива никој ништо не ти вика ти викаат само Повели, покажи си го знаењето нема проблем.А тоа дека не се толку фини ко на машински точно е ама барем знаат да разликуваат некој што вистински знае и некој што пробува да го заврши факултетот без многу мачење како што има случаи на машински барем на електро нема циле-миле шо се вика утре нема да имаш колега шо појма немал на факс и да се фрустрираш дека ке ти го земе работното место! Барем на електро знаеш, знаел-поминал!
Економски или машински Татко ти предпоставувам дека е дипломирал во Југославија па така да и српско-хрватскиот па и не и е бил тежок. Ај плавуша што продолжуваш па така и така ти се знаеш за секој факултет се
Економски или машински Плавуша, за жал не ми ја сфати поентата.На машински и да немаш основа професорите се такви што и цело средно ќе ти го објаснат за да го сфатиш тоа што треба по предметот, така што никој не ти поклонува и ако знаеш ќе завршиш.Освен тоа, не ги знаеш какви се предметите.Има доста предмети со задачи, ама има и без-па учиш за секој можен материјал, за секоја можна постапка, за работењето на секоја можна машина, проектираш. Мала си, па уште не ти е јасно дека и да докторираш на според тебе најтешкиот факултет-електро, работата може ќе ти ја земе некој со едвај завршено средно.