Здраво колеги, Оваа тема ја наменувам за сите економисти од УГД, за да си помагаме, разменуваме мислења, по некое прашање...итн. Па за почеток сакам да ги прашам постарите колеги дали се сеќаваат на некое прашање што се е паѓало на испит по монетарна економија од проф. Шајноски?
1. Посреднички производ - никулец на паричното стопанство 2. Од каде доаѓа вредноста на парите 3. Квантитативна теорија 4. Теорија на производни трошоци 5. Златно важење? 6. Депрецијација или апрецијација
А се сеќавате на некое прашање од испит,по предметите Банкарство,Финансиски менаџмент или Инвестиции/Инвестиционен менаџмент? Би благодарам однапред!
Еве прашања по инвестиции на завршен што се паѓале. 1. Мониторинг и контрола 2. Концепт па проектен менаџмент 3.Проценка на дисконтна стапка 4.Инвестиционен проект 5.Прединвестициона студија 6.Пресметка на период на враќање на инвестиции 7.Опортунитетен торшок 8.Техники за пресмтка на просечна стапка на рентабилност 9.Рангирање и селекција на проектот 10.Набавка на материјали 11.Техничко-технолошка анализа 12.Стапка на принос 13.Праг на рентабилност 14.Принципи за намалување на ризик 15.Симулациона анализа
Imam prasanje dali ekonomskiot faklutet ovaa god pak ke se prefrli vo Stip ili ke ostane vo Kocani ??
Некои смерови се во Штип, некои во Кочани. Ќе мора да го почекаш конкурсот, тогаш ќе се знае колку студенти, на кои смерови и во кој град ќе се примаат
Студенти што се запишувале оваа учебна година сите биле запишани во Кочани, бидејќи од оваа година сите смерови биле префрлени во Кочани.
da zatoa prasav dali i ovaa godina ke bide taka zatoa sto slusnav deka vo Kocani pak ke bide pravniot faklutet a ekonomskiot vo Stip
http://skp.airports.com.mk/StyleClientP ... an2008.pps Еве еден бизнис план, се надевам дека ќе ти помогне.
А може ли некој да ми каже како оди тоа со префрлањето,ако на пр. оваа година факултетот е во кочани а наредната во штип, тие што се 2 3 4 година се преселуваат од едниот град во другиот или остануваат таму кај што се запишале? Прашав и на темата за универзитетот но сеуште нема одговор.
Види,економскиот кога беше префрлен во Кочани,само тогашната генерација,т.е прва год. што се запишаа во таа тековна година,беа префрлени,другите генерации не. Ама,на пример,правниот пак и постарите генерации беа префрлени.
Благодарам на информацијата :up: И уште нешто, во Кочани освен правниот и економскиот, други факултети има?
Сега за сега не. Само тие се. При упис имаше и еден смер од техничко-технолошкиот факултет, но поради не доволен број на студенти тој си остана во Штип.
Девојки итно ми треба семинарска по електронска трговија или нешто поврзано со тоа ве молам ако има некој нека ме извести во лп.
Еве пробај http://mk.wikipedia.org/wiki/Електронска_трговија имаш од википедија Аhttp://www.mojrad.net/pregled_teksta.php?id=14312LScCNBSwgai6LsE5dgnVLScCNBSwgai6LsE5dgnV имаш вовед. Се надевам дека ти помогнав и дека од ова ќе можеш да си составеш семинарска.
Дечки некое прашање Јавни финансии и Банкарски менаџмент да не ви се наоѓа за колоквиум? Ви благодарам однапред!