1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еко куќи

Дискусија во 'Дом' започната од joelle, 21 јануари 2013.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Ја отварам темата со цел да споделиме милења и искуства во врска со овие еко куќи.

    се работи за куќи кои не се тврда градба (мислам на цигли бетон итн) туку се иградени од дрво со добра изолација. вакви куќи кај нас прават хот и хот, леснина, и уште неколку фирми. квадратот се движи помеѓу 260-320 евра зависи што барате. условите се поставени на нивните веб страни.

    мене искрено многу ми се допаѓаат и сериозно размислуваме да си најдеме плац и да си изградиме таква куќа. малецка околу 100 м2 максимум но убаво стокмена.

    повелете ваши мислења и искуства
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    ЕКО КУЌИ

    И мене многу ми се допаѓаат овие проекти. Но , разбравме дека имаат ограничен период на траење(околу 80години), а имало и посебен начин на кој се одржуваат. Дали за ова некој знае нешто повеќе?
    Треба убаво да се пресмета дали се исплати вакво нешто наспроти тврда градба.
     
  3. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
  4. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    153
    Здраво на сите!

    Сакам да прашам дали некој има искуство со хот-хот (монтажни) куќи? Колку траат, дали во нив преку лето е многу жешко, а зиме е ладно? Читав насекаде по форуми и згледаат како да имаат супер изолација..еколошки се, ефтивни и брзо се градат. ..секоја фирма ќе ти каже различно па затоа барам мислење од луѓе кои имаат искуство со живеење во монтажни куќи..
    Фала ви многу! Поздрав...
     
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Слабо активна темата... Има ли некој искиство со монтажна куќа конкретно за викендица?
     
  6. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Немам искуство, ама пред да се одлучиме за тврда градба разгледувавме, се мислевме едно време, но есапот викаше дека не е ништо поефтино од тврда градба. Барем тој заклучок го донесовме пред некоја година.
     
  7. Bela Vela

    Bela Vela Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Некој од искуство што веќе живее во ваква куќа да каже нешто:D
     
  8. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    ЕКО? Еко куќи? Од дрво се. Стотици дрва исечени за една куќичка чиј квалитет и вечност нема шанси да се спореди со тврда градба.
    Викендичка имаме од дрво. Треба одржување, да се премачкува со лак. Треба да е направена од квалитетно исушено дрво бидејќи може за брзо да пропадне од молци, да ја изгуби формата ако дрвото е сирово и слично. Топлина држи се додека гори оган, после тоа температурата за многу брзо опаѓа, додека во тврда градба се задржува повеќе. Летоска е пекол на поткровјето, и покрај тоа што е правена со изолации со 300 чуда.
     
    На SunnyGirl2 и Bratot им се допаѓа ова.