1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еко пораки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Keti-26, 17 мај 2012.

  1. Keti-26

    Keti-26 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    Ми треба вашата помош..Потребни ми се пораки за екологијата..Затоа и ја создадов оваа тема, побарав низ форумов но не најдов... :yawn: Дали може некој да ми помогне...???
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    имаше порано еден проект ако не се лажам:
    Засади дрво,засади ја својата иднина

    Ако ти треба нешто во тој стил.
     
    На Keti-26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Засади дрво. Засади цвет. Разубави го цел свет.
    Чувај ја природата. Таа ќе ти врати.
    Сакам да живеам во чист град кој изобилува си зеленило.
    Секој како прво, треба да засади барем едно дрво.
    Чистотата и редот раѓаат убави чувства кај човекот.
    Не ја загадувај природата затоа што тоа е наша иднина. Живеј во чиста животна средина.
    Чиста вода, чист воздух и почва ќе ни родат здраво поколение
    Само помисли на незагадена пролет и тогаш ќе сватиш што е екологија.
     
  4. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.587
    Пол:
    Женски
    Водата вреди,
    затоа се штеди! ;)
     
  5. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Што ако пишеме еко порака секо фрла ѓубре не гп интересира па дури и мене не ме интересира!
     
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Колку многу еко пораки и да се упатат до граѓаните, за да се разбуди и подигне свеста, некако тешко допираат до нив, на секаде отпадоци, се уништува природата, се гази по зеленилото, се предизвикуваат пожари итн. Уште многу треба да се работи и интервенира на тој план.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.