Најдов многу слична тема за филмовите кои се направени за книги и обратно но не иста ! Мене темава и прашањево на кое сакам да подискутираме е Која книга ви оставила огромен впечаток и мислите дека заслужува екранизација ? Книгава ја отварам поведена од огромните импресии од Марина-Карлос Руиз Зафон. Книгава освен тоа што ќе ми е омилена до крајот на животот мислам дека би било потполно ако се направи филм ! РЕМЕК-ДЕЛО ! Други книги кои би ги ставила во сличен кош : Седум дена за вечност-Марк Леви, Заедно-Џоди Пико
Скоро повеќето од моите омилени книги имаат екранизација но ме разочарале,сум очекувала многу повеќе од тоа едноставно актерите незнаеа да ја доловат тааа вистинитост што ја имаше во книгата ама океј важно некој се потрудил и го сторил тоа трудот не е за потценување.Инаку сакам што поскоро да видам екранизација на книгата Деветта Симфонија и Рајот може да почека.