Здраво оваа тема ја отварам да си помогнеме сите што пиеме Елецеа и да кажеме наше мислење околу овај лек ако имате ве замолува. напишите
Есциталопрамот од мое искуство и од медицинска препорака е полесен антидепресив меѓутоа мораш да чекаш да се види како ќе ти реагира на симптомите. И да се појави несакан ефект треба да поминат неколку недели за да се види дали ти одговара и за дозите треба да ти каже докторот како ќе се пијат и накачуваат.
Здраво , сакав да ве прашам после пиење на Елецеа значи прв пат и почнува да ме боли желудник , стомак, вртоглавица ,.. нормално е ? и кога престануваат болките после колку дена се навикнува организмот на апчето ако има некој искуство да каже супер
Мораш да почекаш за да видиш ако ти е непријатно може да се нмали дозата или лекот со друг. А позитивни ефекти да минат барем 20 дена од почнување. За тоа време не смее да се престане.
Oк ви благодарам, али ми рекоа со Елецеа да пијам и Хелекс и тоа 3 пати во ден по 0.25мг , јас тоа мислам дека е многу ? што викаш?
Со сите антидепресиви за да се нивелира состојбата се пијат и седативи посебно во првите три недели до месец дена додека да почне да делува антидепресивниот ефект. Хелекс од 0.75 не е голема доза може да ти ја намалат за месец дена зависно од симптомите.
Јас пијам веќе 3 недели, на почеток ми рече др по 1/4 па по 1/2 и ид саботата навака цело апче од 5мг. По потреба за смирување можам и дијазепам од 2мг да земам. Елицеата или Зепира, ми прави на моменти вртоглавици да, и на моменти имам гадење, ама намалени ми се симптомите од почетокот, вчера баш зборев со др и ми кажа уште 7-10 дена ако не ми се смират вртоглавиците скроз ќе ми накачи доза на елицеата. Ова се нус појави од самото апче.
Многу убаво ти има објаснето членот погоре. Никако не ги прекинувај, за 3-4 недели ќе осетиш разлика.