Емисии за слабеење - покревање свест за дебелина или извор за исмевање на луѓе со обезност?

Дискусија во 'Фитнес' започната од theowndemon, 12 октомври 2024 во 18:17.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    159.321
    Пол:
    Женски
    Целосна заслуга за темава ја давам на МЈФ. Конкретната емисија која се спомна таму јас не ја знам ама сакам да спомнам неколку емисии, какви се уствари во контекст и како се одвиваат и да поставиме важни прашања околу нив. Некои емисии се слични на себе, но некои се многу различни и обработуваат различни теми за губење тежина и здрава исхрана па после поставените прашања ќе напишам неколку вакви емисии и на кој начин се одвиваат за да можи да се поткрепат и дискутираат прашањата.

    - Која е целта и намената на ваквите емисии?
    - Дали сметате дека креваат свесност за дебелина и дали следователно придонесуваат повеќе луѓе да се едуцираат и да носат здрави навики?
    - Дали сметате дека ваквите емисии се едукативни? Дали придонесуваат за некое ново, издржливо знаење во поглед здрава храна и движење кои народот можи да ги земи како важни и корисни? Дали можеби сметате дека целта е само забава? Ако да, зошто оваа тема би била извор на забава?
    - Дали сметате дека конкретните емисии се обработени на начин кој промовира здравје или не носи во некој друг екстрем? Односно, дали сметате дека начинот на кој се врши губењето на кила е здрав и одржлив? Колку сметате дека е важно губењето на тежина да е изведено на здрав начин, а колку дека треба да е направено по секоја цена? Ако сметате дека целта мора да е постигната по секоја цена, дали сметате дека слабо = здраво по секоја цена во тој случај?
    - Ваквите емисии беа особено популарни во рани 2000ти, дали сметате дека има поврзаност опаѓањето на нивната популарност со подемот на body positivity?
    - Дали е етички да се обработуваат вакви теми, како и луѓе во ранлива состојба, јавно?
    - Што мислите за екстремни вежби за луѓе со обезност и медицинско пратење за да не се преоптовари телото? Што мислите за емисиите кои го игнорираат ова?
    - Која структура на ваква емисија би била функционална за покревање на свеност за сопствено здравје, и воедно да влијае поволно на учесниците?​

    The biggest loser (2004-2016)
    [​IMG]

    The biggest Loser е можда најдолгото и најпопуларното шоу од овој калибар. Па по некои мерки и најекстремното. Епизодите и сезоните се одвиваат во неколку етапи:
    • Искушение: во првиот ден од неделата учесниците се ставени пред предизвик, за некаква награда или привилегија, а не секогаш таа награда и се знае што е. Пример „изеди благо за да се слушниш со некој близок“ или „не вежбај со тренер денес за да добиеш пари“.
    • Предизвик за награда: натпреварувачите се натпреваруваат прво во тимови, а после и како индивидуи за да добијат награда. Наградите можи да се повик дома, имунитет за да не се елиминирани и сл. Некогаш мора да се учесниците одобрени од доктор за да учествуваат во предизвиците. Тука исто како награда можи да се добие на победничкиот тим да има „предност“ од минус одреден број килограми“.
    • Првична вежба: тука се покажуваат сегменти каде учесниците вежбаат со нивните тренери, но најчесто фокусот е на тие кои не успеваат да постигнат па тренерот тука ги мотивира и зборуваат за нешто што можеби влијае на нивната дебелина како одредена траума, загуба и слично.
    • „Последна шанса“ вежба: тука се прикажува најтешкиот дел од вежбањето и премор, пред да се мерат и споредат тимовите.
    • „Последна шанса“ предизвик: слично како предизвик за награда, некогаш даваат уште еден предизвик во теретана, наградата е победничкиот тим да има „предност“ од минус одреден број килограми.
    • Мерење: емисијата прави да личи како мерењата да се после тренинзите, но се правени на утро и натпреварувачите не знаат колкава тежина имаат се додека не помини целиот ден. Сите натпреварувачи се мерат за да се одреди колку килограми изгубиле во однос на нивната вкупна телесна тежина. За време на тимско натпреварување, тимот што ќе загуби најголем процент победува, а тимот што губи мора да испрати едно лице дома. Кога тимовите ќе се растурат и шоуто ќе стане индивидуално натпреварување, двајцата натпреварувачи кои губат најмал процент на тежина соочени со елиминација. Тука исто иди тој „минус килограми“ за победничкиот тим во предизвиците, или „плус килограми“ за губитничкиот тим во предизвиците.
    • Гласањето: се гласа на начин шо ме мрзи да го објаснувам :D ама се одвива дејството во трпезарија, има фрижидер со храната шо му е искушение на учесниците и треба да кажат зошто треба да останат во игра. Прво стигат во трпезаријата учесниците кои имаат можност да бидат елиминирани, а после и другите со гласање кој треба да биди елиминиран.
    Зошто оваа емисија траеше можеби најдолго од сите следно дискутирани, има многу пофалби, но и критики.

    Според LiveScience.com, „лекарите и нутриционистите се загрижени дека фокусот на шоуто на конкурентно слабеење е, во најдобар случај, контрапродуктивен и, во најлош, опасен“. Други здравствени работници и истражувачи го преземаат тоа уште подалеку, сугерирајќи дека сè, од упатствата за исхрана на шоуто до рутините за вежбање се целосно погрешни. Нутриционистот д-р Бери Сирс го сумира велнес парадоксот: „Прво, јадењето помалку може да предизвика стрес во системот предизвикувајќи повеќе глад. Второ, колку повеќе луѓе вежбаат, толку стануваат погладни“. Д-р Сирс продолжува со тврдењето дека „дури и со најинтензивен тренинг, луѓето веројатно нема да додадат повеќе од пет pounds (сериозно не знам како е ова на нашки) мускул во 12 недели тренинг со тегови. Причината зошто гледачите гледаат како нивните мускули се појавуваат додека трае шоуто е затоа што како слојот маснотиите што ги опкружуваат мускулите се губат, мускулите стануваат повидливи.“

    Во 2016 година, беа објавени резултатите од долгорочното истражување на Националниот институт за здравје на САД (NIH), кое го документира зголемувањето и губењето на тежината на натпреварувачите во 8-та сезона, која се емитуваше во 2009 година. Студијата покажа дека повеќето од 16-те натпреварувачи ја вратиле својата тежина, а во некои случаи се здебелиле и повеќе отколку пред да учествуваат на натпреварот. Нивниот метаболизам беше забавен до тој степен што согоруваа стотици калории дневно помалку од другите луѓе со нивната нова, намалена големина. „Њујорк тајмс“ објави: „Она што ги шокираше истражувачите е што се случи следно: Како што минуваа годините и се зголемуваа бројките на скалата, метаболизмот на натпреварувачите не се опорави“. Написот го цитираше д-р Мајкл Розенбаум кој рече: „Тешкотијата во задржувањето на тежината ја одразува биологијата, а не патолошкиот недостаток на волја“.


    ABC's Extreme Makeover: Extreme Weight Loss (2011-2016)
    [​IMG]

    ABC's Extreme Makeover: Extreme Weight Loss е спин-оф на ABC's Extreme Makeover шоуто кое трансформира изглед на луѓе преку промени во облека, шминка, фризура. Идејата зад ова е да се работи со намалување на дебелина. Идејата на екстремен тренинг и голем дефицит е точен и за ова емисија.


    Revenge Body with Khloé Kardashian (2017-2019)
    [​IMG]
    Во оваа емисија има по две лица во секоја епизода кои добиваат преуредување со помош на лични тренери и стилисти што доведува до „голема трансформација внатре и надвор“. Јас ја доживеав како extreme weight loss meets extreme makeover. И тоа точно од кога првото е преќинато шо отвора можност за нова таква емисија. Знаејќи ја историјата на Клои со губење тежина и слика за себе, према мене оваа емисија is a ... choice. Од ова нормално дека не можам да најдам рандом цела епизода оти сепак се Кардашианс и !E во прашање. :D И пошто ионака не можи многу видеа во мислење, ќе изоставам тука целосно.

    Fat Camp: An MTV Docs Movie Presentation (2006)
    [​IMG]
    Ова е документарен филм од 2006 година за пет тинејџери во т.н. ''Fat Camp''. Наводно има и други, ама јас не најдов други. Имало и кастинзи за нив, ова од искуства шо читав онлајн од пријавени деца кои го опишувале ова како „dream come true за секое дебело дете“.


    Secret Eaters (2012-2014)
    [​IMG]
    Ова ми е серија шо искрено ми се виде така интересна. 8-| Се работи секоја епизода со пар, човек, семејство, кое прави апсолутно се (во нивни зборови) за да се хранат здраво и да слабеат. Секогаш на почеток кажуваат што јадат и колку калории сметаат дека е тоа. Тие се снимани во нивниот дом и надвор од него и пратени од истражувачи. Идејата е да се види кои калории не ги бројат и која храна не сметаат дека додава толку за тие да се дебелат иако пример јадат „салата“ (многу често салатата е со толку многу и толку мрсен дресинг шо самата иди преку 1к калории), а не е ни един оброк во денот. На крајот од неделата им се дава извежтај што јадеа, снимки и бројка на калории. Потоа одат како на советување за како да си го подобрат квалитетот на живот и исхраната.


    Supersize vs Superskinny (2011-2015)
    [​IMG]
    Оваа е можеби единствена серија која обработува повеќе од само дебелина, туку обработува и екстремна слабост (анорексија). Дејството се одвива прво во соба каде и ''supersize'' и ''superskinny'' се во иста просторија да се видат и се ставени во пар. Секој пар има своја епизода. Тие си ја припремаат меѓусебната храна и зборуваат за емотивниот живот. Соочени се со големината и содржината на порцијата на другиот (послабата особа треба да јади многу големи порции, многу ужинки измеѓу, додека подебелата особа најчесто пие само вода и јади екстремно мали количини храна, исто така пие многу напитоци високи со шеќер то е голема шема во слабиот екстрем). Потоа се делат и со водителот зборуваат за својата исхрана и емотивниот живот, во смисла дали имаат некоја траума која придонесува до ваква исхрана, како се чувстуваат со исхраната на другиот во куќата итн. На подебелиот учесник најчесто храната шо му е guilty food или шо ја спремил за другиот учесник - се разградува на тоа колку е нездрава и како влијае на телото. Најчесто има видео монтажа од обезна, неподвижна личност од Америка која се кае дека порано не изгубила килограми и сега е прекасно. Послабиот учесник има средба со личност која била анорексична и успеала да се избори за поздрав живот. Личноста ако не се лажам е иста секоја епизода. Потоа тука се учат здрави навики и им е дадена програма за безбедно губење на килограми како и за качување (зошто нели тука ги имаме двата случаеви). По одредено време идат за мерење и споделуваат искуства за каков им е животот со тие промени. Најчесто промените не се екстремни према тоа што памтам.


    Други вакви емисии не ми текнуваат. Слободно коментирајте и други. Мене барем пред се ме интересираат прашањата низ која призма ваквите емисии можат да бидат обработени.
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    159.321
    Пол:
    Женски
    Моето лично мислење обично сакам да е одделно од воведот пошто неќам моето лично мислење да ја диктира темата. Така да према мене, целта и намената на овие емисии мислам дека е забава. Не мислам дека е покревање на некоја свесност на јавноста против дебелина иако некои стварно се трудат околу тоа (би рекла дека secret eaters и supersize vs superskinny имаат интересен пристап околу тоа одностно британците). Но, секоја емисија од ваков калибар најчесто целта е забава. Рани 2000ти, кога и повеќето емисии се почнати па се до рани 2010 - се годините пред BBL и body positivity и години каде heroin chic беше ин. Па мислам дека иако, нормално, постоеа обезни личности - пак преовладуваше тој менталитет да се прави забава од обезност под закрила дека ни е грижа и дека пробваме да решиме некој подлабок проблем. Од таму, можи да се речи дека, да, креваат свеност со тоа што го прикажуваат, па некој да одбери да се однесува поинаку само за да не биди соодветен кандидат за ваква емисија - но тоа мислам дека е повеќе нуспојава, него намерна цел.

    Ваквите емисии не мислам ни дека се едукативни, пошто ретко кажуваат нешто шо не е јавно знаење иако често форсираат навики кои нели, се лоши, како шо горе спомнав во the biggest loser и (скоро трајно) забавениот метаболизам на претходните учесници. Ама пак е то општопознато пошто на крај на ден брзи и лажни диети (особено периодот кога беа овие емисии) на сите ни се познати и се реалност со која повеќето живееме. Но, некогаш стварно знат и да стават акцент на нешто што не ставаме самите многу акцент, како емотивното јадење, шо е освежително и го има во supersize vs superskinny или како калориите функционираат и на што треба да внимаваме, како што е случајот во secret eaters. Особено во емисиите каде има екстремно вежбање и екстремен калориски дефицит - мислам дека се што прават е одат во некој екстрем колку да покажат ''wow'' резултати за емисијата да можи да продолжи јер нели, дава резултати значи е функционална. Заеби метаболизмот и ефектите кои би ги имал покасно од бавен метаболизам. Према мене, најдобро губење килограми е кога се храниш здраво, се движиш чак и умерено (иако повеќе е подобро) и телото полека се носи во некоја нормалност према новите услови. Пошто диетата не смеј да е краткорочна туку баш треба да е начин на живот. Брзо е најчесто лошо. Бавно е најчесто трајно.

    Тешко е да се кажи дали body positivity е „виновен“ за падот на популарноста на ваквите емисии. Сепак во нејзината срж body positivity почнува мноооогу поодамна и во друга форма од ова што го знаеме денес. Но, со помодерната форма на body positivity можи да се поврзи пошто 2012 беше кога Тес Холидеј ја почна нејзината кампања #effyourbeautystandards. Ова движење покрај сите свои маани, не научи да се сакаме себеси чак и со кило плус. Но сепак е нели, подложно на критика иако не знам дали местото за таа критика е во оваа тема. Сепак и порано сум кажала, некогаш кога се забегува во еден екстрем (heroin chic во случајов), мора да се оди во друг екстрем (delulu body positivity) за да се стигни до некоја нормална средина, каде искрено мислам дека се наоѓаме сега, каде ни едниот ни другиот екстрем доминираат туку баш гледаме „нормални“ и „секојдневни“ тела, а не или модели или обезност. Сакам да кажам покрај сите критики кои ги има ова движење, мислам дека беше неопходен одговор на периодот кој му претходеше. Па со право сега кога целта е балансирана и достигната - губи сила и е ... кринџ.

    Структура на емисија која би била едукативна, мислам дека можи да е само ако е со луѓе кои ја стигнале својата цел и да рефлектираат на што сменале, кој се (како тим) бил инволвиран во нивната цел и што се често работи кои не ги гледаме, а се важни и неопходни. Ова би било ако целта е едукација. Ако целта е забава, имаме ете доста примери како личи.

    Од кога спомнав тим ми притекна. Повеќето емисии, т.е. скоро сите горе наброени, за своите учесници додека се во емисијата обезбедуваат цел тим - тренер, психолог, советник, доктор, приватни тренинзи, слободен пристап до теретана, здрави и балансирани оброци спремени за нив итн. Учесниците само треба да вежбаат и да се држат до исхраната која им е понудена. Но, реалноста е дека прават се сем да ги сменат тие личности да можат да водат здрав живот вон емисијата и затоа има толку несакани ефекти покасно. Пошто во реалноста имаме работа, имаме обврски, сами треба да ја спремиме храната зошто јадење од ресторан често е поскапо, а и има „скриени“ калории за храната да е повкусна. Теретаната, особено па денес - кошта. Вежбање со тренер - уште повеќе кошта. Мислам дека од старт „се осудени на пропаст“ ако прај смисла. Ем забавен метаболизам ради ригорозен тренинг. Ем неможност да се продолжи со слично или исто темпо зошто веќе се нема истиот систем на поддршка. Према мене за нешто вакво да е успешно акцентот мора да е на едукација, снаоѓање и кога се нема ресурси за пример теретана. Учење на meal prep дури, за да се избегни одење во ресторан или да се јади брза храна или храна само шо се става да се затопли во микровална.

    Си мислам кажав се шо мислев. :D
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Машки
    Најверојатно целта е забава, не дека некој учи од нив. Еве од лани Србиве имаат таква емисија, тоест нивна верзија на франшизата Biggest loser, јас епизода не пропуштав еве цели две сезони и уз скоро секоја епизода си имав нешто спремено за јадење дур гледам или ќе нарачам нешто, ако не во најмала рака чипс или смоки ќе земев, знаејќи дека и јас треба да намалам некој килограм. Од годинава еве и нашиве пробаа да направат нешто ама ми личеше неуспешно. Очекував доста и уште во првата епизода ужасно се разочарав. Очекував и дека ќе е гледано, затоа и тема отворив, на крај испадна дека ни јас не го гледав. Најверојатно целта на нашата верзија беше да добијат поголема гледаност исмејувајќи ги натпреварувачите. Ајде може не е баш тоа целта на твојава тема ама ќе кажам, воопшто и начинот на кој работат емисииве не ми се допаѓа, од сите натпреваривачи, некои ќе излезат уште првите три недели и ќе им дадат за дома да вежбаат да не се разочаруваат, џабе, на крајот на финалето кога се прогласува победникот нели им даваат и утешна награда на тие што ослабнале најмногу дома, пола и повеќе од нив се враќаат со иста или незабележително помала килажа од кога излегле. За емисијата да е успешна не треба да испаѓаат, нека ги изседат сите натпреваривачи сите три месеци па тек тогаш прогласувај победници, не така нелогично.
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.944
    Допаѓања:
    86.159
    Пол:
    Женски
    Го следам од време на време “Живот на ваги” американскиве појма немам кои се.
    Иако Фали риалити шоу елементот, нема интерес ко за други шоуа мислам дека основната идеја е да се поистоветат сличните и да тргнат по тој пат и да слабеат.
    Инску не е лош концепт, имаш луѓе кои се гружат за тебе, немаш надворешни дистракции, како победник имаш помалку кг и пари.
    Ги учат за припремање здрава и нискокалорична храна, ги учат да вежбаат, трчаат, возат точак дури.
    https://www.fitness.com.hr/lifestyle/intervjui/Sanja-zuljevic-zivot-na-vagi-intervju.aspx
    натпреварувачите не прават ништо лошо, губат телесна маса и тоа значително што го подобрува нивното здравје и живот.
    Не е исто да имаш 200 кг и да излезеш со 140кг.
    Не ми допаѓа што се навлегува во нивниот приватен живот и трауми, веројатно гледачите да се препознаат во учесниците и да се зголеми гледаноста.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    159.321
    Пол:
    Женски
    Нова емисија е? Баш од лани? Интересно, пошто од ретките нови емисии во поново време ќе е. Шо ме тера да се прашам дали нов круг вртиме па да е резултат на body/fat positivity. :D
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.944
    Допаѓања:
    86.159
    Пол:
    Женски
    Немаат србите таква емисија, хрватска е, што јa спомнав погоре веќе 8 сезона оди.
     
  7. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Машки
    https://nova.rs/zabava/najveci-gubitnik/
    Српска е, Najveci gubitnik се вика, хрватската е Život na vagi.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.