Било да имаат парична вредност или да се нешто сосема безвредно, често знаеме да се поврземе емотивно со некаков предмет. Скоро сите што ги познавам си имаат по некое свое предметче( писменца, пенкало, слика,окапковки од чоколада, карти од концерт...) кое ги врзува за мил или немил настан. Дали Вие имате тааков предмет ? Дали другите занаат за него или си го знаете само Вие ? Дали сметате дека ваквото врзување за предмети е болест или е само начин да се зачува спомен од нешто?
Мислам дека е нормално да се приврзуваме некогаш за предмети. Предмет со кој сум најемотивно врзана е паричка правена по паричка од серија која ја гледам, без вредност во реален свет. Ми ја подари дечко ми без повод и не можам да замислам ден ако не ја провнам низ прсти бар еднаш. Имам далеку повредни работи, ама паричката ја чувам најдобро. А, карти од места каде сум поминала убаво, ги чувам во новчник, при рака да ми се. Некогаш ги разгледувам и се присеќвам.
Имам: шишенце потрошен парфем, абтобуска карта и фискална сметка на која со пенкало е напишано нешто значајно за мене, еден куп лифчиња со љубовни пораки Многу ми значат и СУМ врзана за нив. Одамна ги имам и мислам дека како минуваат годините, така се по приврзана станувам кон нив. Ми будат убави спомени
Многу работи имам што сум емотивно врзана за нив и тешко ми е да ги исфрлам а имам и некои кои ги чував и ветив дека до крајот на животот ќе ги чувам но за жал во момент на нервоза ги фрлив и ден денеска мие криво зошто ги фрлив а сеуште ми е сликата од нив.. .Сега чувам се најмногу работи од детето дури и резултати ко бев бремена не ми се фрлаат
Има предмети кои ми се драги но не сум приврзана за нив до степен да не можам да преболам ако ги изгубам.
Да, имам такви предмети, најчесто подароци од дечко ми (мечиња, украси и сл.) или нешто што јас сум купила што ми се допаднало. Мислам дека се поврзуваме емотивно со предмети бидејќи ги асоцираме со личноста што ни ги подарила и ни е драга или со нешто што ние го сакаме и ни е во интерес или на некаков начин допрело до нас.
Рефка ни е инспирирана за интересни теми денес Имам доста предмети со емоционална вредност – дневник од рани тинејџерски години, сувенири од екскурзијата во средно, подароци од драги луѓе (посебно книги)... Мислам дека е сосема нормална и честа појава кај емотивни личности да им значат предмети кои ги потсетуваат на некој драг, на убави места и времиња.
Јас со предмет можам да се поврзам ако има реална парична вредност. Саат, накит, слика, облека...со емотивнава страна сум скарана. Затоа можеби еднаш и на шега искоментирав дома кај мене нема белези кој живее. Ни фотографии ни украси ни ништо што би сугерирало на мене/нас. Може треба да се подзамислам што човек сум
Божо, мори токму си. Имав еден куп ствари, од страници од весници, до билети од кино, театар, сметки, цвекенца, листови од дрвца...сега само едно имам, и го носам со мене ко новчаниче, а не е хипи парталче е, распаднато цело,али, парите у него ги носам. Од маjка е, уште студент кога бев пред неколку века ми го имаше дадено. Хепи плеjс е.
Читам,мислам ,мислам немам таков предмет,се загрижив за мојата емотивна состојба.И одеднаш ја читам Бошка.Уф ми олесна не сум била сама. А и многу често кога ја читам @Bozica1980 се враќам назад да не јас сум пишала
Во една од темите за бесни деца имам пишано дека детето на гостите што ни беа ми го скрши свеќникот. Уште повеќе ме заболе што мајката рече"ништо..ќе купиме нов". Тој свеќник на пример имаше посебно место во домот и вредеше само 5 евра НО далеку повисока му беше вредноста. И неможам да сфатам луѓе кои цената на нештото е исто што и вредноста на тоа нешто. Тој свеќник за кој бев приврзана беше првото нешто што го купивме за наш иден дом,а пари-едвај собравме 5 евра зашто бевме на одмор и се живо потрошивме.Па кога таму некаде далеку ни јавија дека станот ќе биде наш,решивме да истресеме џебови и да не се вратиме празни т.е. да не купиме нешто за нашето "гнездо". Злато,накит и часовници кои имаат висока цена можат да ми значат само ако имаат семтиментална вредност. П.С..на пример,еден од предметите за кои сум врзана се двете гумени нараквици со бројки од ГАК кои ги носевме со Рефче
Имам еден куп влезници од музеи, театри и слично тоа ми е повеќе како потсетник каде све сум прошетала. Инаку врзана сум за едни стаклени гуштерчиња висеа кај баба ми и дедо ми во спалната ги добив по смртта на дедо ми и ми останаа во мк зошто на маж не му се модерни. @referentka кај мене јас сама го скршив првиот предмет купен за нашиот дом, го купивме кога одевме да закажеме во матично. Рековме ќе купиме пак кога ќе не води патот натака ама не е исто.
Golema dekorativna kutija-polna so spomeni-prvite cucli na dvajcata i po edno shishence ,po eden pramen kosa od dvajcata,oblekata koja ja nosea na krstevanje,prvite cevlicinja,gumenite alki od bolnica koga se rodi malata,bedzevi od l odd.na dvajcata,cestitki koi gi imaat izraboteno za 8mart i n.godina,avionski karti,vleznici od Boljshojteatar,kniga stihozbirka,,Stereo stihovi",biserite koi gi nosev na svadba....i mnoooogu drugi sitnici koi se ,,povrzani"so nekoj ubav nastan. Pred izvesen period vo kutijata ,,vlegoa" i negovite pasoshi ,vizit karti i penkaloto.
Аиииииии ете темава ко за мене да е. Премногу сум преврзана за предмети. Ама баш глупи предмети. Пред 2 3 години една машина за алишта стара 10 години требаше да се фрли и плачев за да не ја фрлат. Сум чувала цвеќе (значи не цвеќе во саксија, туку буквално едно мало цветче од дрво скинато) од симпатијата во средно. Во новчаник го чував година дена. Малце ко ненормална. Ова шо го пишувам од дамна ми се дешаваше, а сега сум приврзана за исто така стари предмети, пр. неќам да фрлам гардероба, или некои стари шминки. Онака ке ми стојат ама да фрлам нешто нема шанси. Го чекам денот коа ке ми скисне и све ке џитнам.
Не сум со ниеден предмет посебно врзана, ама ептен си чувам разни тракатанци за спомен, почнувајќи од карти за концерти, кино, театар, фискални, некои ливчиња кај што сум запишувала цитати или песни, "тајни договори", ситни пари што ми останале од пат, привезоци имам на клуч сегде од кај што сум била (10тина сигурно) па некои шноли, алки и празна кутија од цигари чував едно време дур не ми ја фрлија, ја сум ти бетер од циганине А вчера си го најдов споменарот од пред 10 год, 2008 ејј (а и тој мислев фрлен е негде) заедно со слики од весник од Тоше (од кога умре) и интервју од Виктор Апостоловски Ама јас стварно уживам кога ќе се распостелам, сечање на старе дане.
Имам кутија со такви работи чувам златен медал од натпревар, писменца, слики, 2 стари пасоши, пасворди, алманахот од основно, влезници за во театар и кино, карти едни што ги обожавам и уште некои тракатанции што ми значат.А вака предмет конкретно да сум ептен приврзана за него немам *од телефонот сум зависна не го рачунам него .
Најголема приврзаност за мене се моите книги Сама ги купувам, со заштедени пари од цела година и ги чувам како очиве. Душа ме боли кога некој ќе ми побара книга за читање и уште повеќе ме боли кога ќе ми ја вратат извиткана, малку поткината или шарана, а предходно било нагласено да се чува и да се врати како нова. Мајка ми вика дека сум била себична што не сум сакала да дадам книги на заем, ама не сфаќа колку сум приврзана за нив. Како дел од мене се Исто така и нашата кола која е на оглас моментално. Со месеци се молам да не се продаде и еве среќа до ден денес кој и да се јави за купување не ја купува И мојата гитара не ја давам за ништо. Иако ја добив пред две недели, се опседнав со неа истата секунда. Гитара ми е љубов од детството и денес си уживам во таа љубов
Една од моите слаби точки е емотивната поврзаност со предмети. Дел од нив се мој избор и претставуваат белег на одреден период од животот, а дел се подарок. Секој има своја приказна, значење и вредност и ме потсетува на убави и исклучителни моменти кои од денешна перспектива се само сеќавања. Кога избирам нешто и купувам со задоволство го користам и грижливо го чувам. Не сум поборник за продавање и избегнувам такви одлуки. Неодамна првпат продадов нешто од ентериер што ми беше многу драго, но поради сплет на околности немав друг избор. Ако не постои таа емотивна вредност на нештата, се би се претворило во материјален износ, а спомените би ја изгубиле смислата на постоење.