Ем Сингл, ем без другарки. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.294
    Пол:
    Женски
    Single сум и се гордеам со тоа...но ми фали друштво.
    Дугарки имам 2 и двете со дечковци немаат време за ниш ...понекогаш кафе кај мене или кај нив..и тоа кога си имаме нешто да ни тежи на душата па да си се изнакажеме....
    Што кога друштвениот живот ми е на НУЛА...пробувам да се вклопам со други девојчиња но сепак сите тие се во свои друштва и не им треба некој друг,некој нов во друштво а не сум таква да се буткам и натурам во друштва не сум неосетна,глупо ми е малку тоа јас се чуствувам така како 13 прасе...И јас повторно сама...
    Не знам за темава можеби има нешто слично но барав не пронајдов...ако има кажете..ако не помагајте...Некој совет..цело лето ми помина по дома .без друштво :fubar: ..мхмм...
     
    На Детето во пижами, gorde1, sj *O* и 13 други им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.948
    Оф леле душиче... :( Па како така на твои 17 год. без другарки? :?: Јас на тие години се дружев со доста, а после тоа куп другарки,другари..што од град од секаде..што од школо од маало итн.Едноставно бев комуникативна,дружељубива сакав да излегувам многу и си наоѓав доста друштво.Имав стандардни другарки ама сепак и си се дружев и со други.Затоа не е добро да се врзуваш само за една две другарки и толку.Ништо, почни сама спонтано да си комуницираш и со други девојчиња и кога ќе видиш ти одговараат дружи се излегувај..а и другари уште подобро.Треба и со машки да се дружиш така ќе научиш ем многу за нив, а и верувај подобри се за муабет за да те сослушаат и да чуваат тајни.Мораш да бидеш опуштена и сама да почнеш да создаваш контакти.А за дечко ..има време за се..ќе биде и тоа.Не е време од сега да се врзуваш со еден.Флертувај...по некоја авантуричка ќе дојде и врска само по себе. :)
     
    На Sarita17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.294
    Пол:
    Женски

    Ах..за дечко не се мн мн оптеретувам знам ако што викаш има време затоа не се брза...Туку учам во училиште каде сме само 5 девојчиња у клас се се мушки,знам дека се подобри другари али тие што ми се поблиски се све папучари све со женски...уффф тешко е...Немој да мислиш дека јас не сакам да се дружам излегувам САКАМ И ТОА МН ...но ете се нема можности..заради тоа ми е мн мака..Ете 21h....Си се спремаат за во град а јас ...со мака и насолзени очи си седам пред компјутер малку на форумот малку си пишувам поезија друго не ми преостанува :( :?:
     
  4. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    Стварно се обидувам да те сватам,сигурно ти е тешко што си сама ама мора да постои начин,во твојот случај не ти останува друго освен да им се "упикуваш" на други девојчиња,барем за почеток,сигурно не е убаво чуството ама мислам дека мора така да почниш додека си најдеш некое друго друштво што мислиш дека повеќе ти одговара.Сигурно ако не од класот тогаш од училиштето познаваш и други девојчиња,преку фб или мсн пробај да се зближиш со нив.Поздрав и со среќа :)
     
    На sdarko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    265
    Пробај да комуницираш со другарки со кои си се дружела како мала,на пример во основно или некои другарки од маало,од зграда,повикај некоја таква познајничка на гости кај тебе па предложи и да појдете некогаш на кафе во кафичи и таа самата ке започне да те вика со неа и со други нејзини другарки,незнам зашто не би сакале уште едно девојче со нив,не би требало да е проблем тоа,не се нервирај започни разговор на фејсбук на пример со некоја стара другарка од поодамна,прашај ја што прави како е...со среќа,сигурно ќе си најдеш друштво не очајувај...
     
  6. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    75
    Се препознав во овој пост Јас пред 3-4 години некаде , го прочитав и добро се присетив на тоа време и на тоа што ти сегурно сега го чуватвуваш.... Бев во потполно иста ситуација како тебе само што јас се скарав со најдобрата другарка и мислев дека е крај свет. Се дружев уште со многу но како што викаш со кој друг и да излезев едноставно чувствував дека не припагам таму . Една година поминав дома .......понекогаш одев кај некои пријателни на кафе тие доагаа но несакав со никој да излезам , дури родителите ме молеа но знаеа каква ми е ситуацијата и секогаш се трудеа нешто да направат за да излезам :) . НО подоцна видов дека всушност дека имам многу пријатели кои што ја не ги гледав , онаму каде што се препознавав како 13то прасе всушност тие ми станаа најдобри пријателки ...Од тогаш па до сеа имам многу другарки но и пријатели . Никогаш не треба да се ограничуваш и да се дружиш само со најдобрите 1-2 другарки , треба да ги имаш и тие да важат како најдобри другарки но треба да имаш и пријатели и со сите да имаш некоја близина ... сигурно имаш неки стари пријатели , комшики , школски другарки и биди сигурна ако си комуникативно и фино девојче во ниедно друштво нема да бидеш одбиена со тек на времето ке станеш дел од нив и јас размислував потполно исто но сега кога јас сум дел од едно големо друштво , и имам многу пријатели знам дека ниедно девојче ако ни се придружи во друштвото нема да биде вишок туку напротив ке ни биде мило што имаме уште еден нов челен во друштвото и преподставувам дека кај повекето е така. И една препорака` Ново запознавај , старо не заборавај` ..... ;) :* поздрав
     
    На L. O. L, Justinna и Iskra им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.294
    Пол:
    Женски


    Моите од дома со душа чекаат да излезам...Кога ме гледаат пред тв,пц или над некоја книга во сред лето татко ми ми вели АЛОО КЕ СЕ ПОШЕКНЕШ ОД ЧИТАЊЕ ЗЕМИ ИЗЛЕЗИ ФАТИ ДЕЧКО, НАЈДИ ДРУГАРКИ...а јас му велам ДА ЕВЕ СЕГА КЕ ИЗЛЕЗАМ ПРЕД ЗГРАДА И НА ЕДЕН КАРТОН КЕ ПИШАМ "БАРАМ ДРУГАРКИ" И СИТЕ ПО МЕНЕ КЕ ТРЧАТ....и само уште толку се ставам во мислење каде е проблемот во мене...помислувам дека сум за на психијатар... :?:
    btw фала за советите....колку ке знам да ве послушам ...нз :( :( :(
     
  8. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Па ако неможеш да наjдеш другарки излези со некоја братучетка или братучет ако имаш на твоја возраст ем ке си ги поправиш роднинските врски ем конечно ке излезеш од дома ;)
     
    На mizerija и Beb4e..23 им се допаѓа ова.
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    657
    Уф, те сваќам, те сваќам и те сваќам.
    Мене ми е слично.

    Тешко ми е да воспоставам нормално пријателство со луѓе од истиот ми пол.
    Незнам како да ви објаснам.
    Имам една другарка која ми е како сестра. Може биографијата да ми ја напише. Само на неа и се доверувам. Таа ми е единствена, верна и најдобра другарка.

    Останатите девојки ми се нешто над познанички.
    Правам муабет, се смееме, убаво ни е, ама ставовите кон животот...
    Она што не интересира...
    Не е тоа тоа.

    Сакам муабети околу нешто посериозни теми, а тие сакаат оговарање.

    Машките се кај -кај подобри другари од женските.

    И немам дечко, не ми треба.
    Свиѓам еден тип, али незнам како, три пати го одбив и дечкото си се повлече (сосема очекувано) и ја дури сеа го свиѓам (ебате иронијата)

    Не е работата да имаш што е можно повеќе другарки.
    И да е една -нека биде таа вистинската, нешто налик сродна душа, со која што ќе можеш да разговараш за се.
     
    На mizerija, marija.mac, Anny.T и 2 други им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.294
    Пол:
    Женски

    имам другарка,сокласничка што секогаш ни се совпаѓаат мислењата и ставовите за било кој разговор или тема да зборуваме но мака ми е не е од мојот град...па се теша ајде иде септември па ке се гледам со неа почесто..али за викенд кога највеке се чувствувам осамено ете баш тогаш нема да биде во мојот град....btw за ВИКЕНДИТЕ МЕНЕ МИ Е НАЈТЕШКО.... :(
     
  11. elenadaceva

    elenadaceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    4
    Немој да очајуваш..ќе биде се во ред..како предложуваат и другиве девојќи напиши на некој на фб или на мсн..со било кој почни муабет да си правиш....на некои поодамнешни другарки присетете се на тоа што сте правеле ко помали(јас исто сум 17..па со другаркиве нонстоп се смееме за тоа што све не сме праеле ко помали..и сл.)..па речи на некој да идете на кафе..или пак ако идат во град што не речеш дека и тебе ти е тапа вечерва ако не сакаат уште еден во друштво :) ;) што ќе те чини..сигурно нема да те одбијат...верувам..Мора сама да се потрудиш..ако седиш пред компјутерот..очајуваш и се сожалуваш...никој нема да познае дека сакаш друштво ако ти сама не изјавиш желба и прашаш и упикуваш ко што се вели..некогаш па и тоа помага верувај :) опушти се и воопшто не се предомислувај за тоа леле се наметнувам или си досадна...воопшто на тоа немисли биди поцврста и не пропаѓај во депресии...верувам и знам како ти е ...но сама мораш да се избориш и да си помогнеш ! :* :* :*
     
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.294
    Пол:
    Женски

    мхммм знам дека не би ме одбиле доколку би им се умешала во друштво...али стрв ми е од тоа што ке мислат...сигурно би ме сожалувале..би си рекле ехх оваа жалче нема со кој ....не ми еможеби и до тоа што ке помислат туку ме е страв тоа нивно мислење да не допре до ушите на оние кои ми мислат лошо а верувај има мн девојчиња кои или не ме позаваат добро па имаат лошо мислење за мене или па некои бивши другарки...токму од тоа се плашам зошто да се гордеат некои небитни фаци од моето минато со тоа што мојот друштвен живот е на 0 :(
    btw благодарам за зборовите..и за посветеното време за да ме советуваш :*
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.237
    Немој да бидеш со таков став, ако си негативно расположена и неинтересна, точно, ќе те сожалуваат.

    Ама верувај, ако си опуштена, кажеш некоја шала и си природна, верувај дека ќе те засакаат и ќе немаат ништо против да си во нивно друштво.
    Секој сака кога има повеќе луѓе околу масата кога сте излезени, а и да се најдобри другарки сакаат да слушнат некој нов муабет од друг бидејќи им е досадено да ги слушаат постојано истите муабети меѓусебе.

    Мораш да имаш позитивен став, бидејќи другарките нема да ти паднат од небо, а ако се грижиш што ќе кажат другите дека си сама тогаш кога ќе се договорите со некоја од старите другарки за на кафе, нека дојде и некоја од 2те твои другарки или двете, сеедно, за да ти дадат поддржка додека го пробиеш мразот.
    Верувај кога еднаш ќе излезеш, ако си со позитивни мисли и комуникативна, потоа ќе ти биде лесно ;)
     
  14. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    657
    Излези со твојата другарка некаде, нека те запознае со луѓето што ги знае.
    Или еве, мене адни ме на фб, можда и ќе испадне некоја дружба, поготово ако си од Скопје и си во Гази Баба и околината.
    Мислам, само предложувам. :D
    Ќе те бафтам по свирки и по паркови, иако сум помала од тебе (17 си, така? Јас сум 15) :D
    Ќе те пометалчам. :D
     
    На ludacaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    39
    Миличка, само немој да очајуваш. И јас сум поминувала низ таков период и верувај ми тоа ти е само ПЕРИОД! Мораш да си поработиш на твојата самодоверба, ако си бараш другарки во никој случај не им се наметнуваш затоа што сите ние сакаме и се стремиме кон тоа да имаме што повеќе пријатели. Можеш и на твоите две другарки да им кажеш што ти лежи на срце и дека ти е тешко. Ако имаш врсници братучеди можеш да си се дружиш и со нив, со некој од твоето маало.. Верувај дека кога се сака се се може :) Полека, опуштено со самодоверба ке си најдеш и друштво а богами и дечко :D :*
     
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.294
    Пол:
    Женски

    Охоо ни јас самата не знам колку пати сум им кажала на другарките едната си живее во свет само таа и дечкото...а другата е во друштво али бидејки дечкото и е постар..во друштвото се се некој возрасни фаци...кои мислам дека не би ми биле добро друштво па и не за друго све се мушки..И јас мислев дека ми е само ПЕРИОД али како минува времето се плашам дека вака ке си продолжам....дека не ми е само период :sweat:
     
  17. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    202
    Значи целосно се пронајдов во постот и многу добро те разбирам.Наеднаш останав без дечко и без друштво и јас цело лето го поминав дома значи мислем дека нема никој кој е поосамен од мене сите секој викенд си одат на журки се забавуваат а јас сум дома :( НО не очајувам се помирив со тоа кога тогаш ќе се најде нешто и за мене барем така си велам.И не се секирај дека им се упикуваш во друштвото што има тоа врска биди посамоуверена подруштвена и со време ќе си стекнеш и ново друштво.Пак ќе ти кажам знам како ти е но не очекувај да ти паднат другарки од небо барај ги еве ти кажаа девојките пробај обнови пријателства од порано покани некоја другарка на кафе и постепено се ќе си дојде на свое место :* :* :*
     
  18. xSunsetx

    xSunsetx Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Ovaa tema kako kroena za mene...sosem se pronajdov vo nea.Od istoto patam i jas..ne znam sto sovet da ti dadam bidejki dokolku bi znaela bi si pomognala i samata..no eve barem tesi se deka ne si edinstvenata.:(((Kaj mene najgolema greska e sto se ograniciv samo na edna-dve drugarki...i toa slepo im veruvav..ednata si ima decko i samo so nego si izlava(so taa seuste sum vo kontakt,no samo ednas do dvapati vo nedelata si odeme na kafe,bidejki celo vreme e so deckoi)..a drugata koja ja smetaav za best friend i na koja se i kazuvav,ja kriev od site za toa sto prave..mi svrte grb koga najmalku ocekuvav i pokraj nea i drugite so koi izleguvavme ne mi zborat.No najzalno e toa sto mi e soucenicka i celo vreme sedevme vo klupa zaedno,a sega od septemvri neznam kako ke ja gledam.Se mislam dali da se premestam vo drug klas:((Kojznae sto im ima iznakazano na site,pa za da izgleda deka jas sum losata i neverna drugarka:(
     
  19. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    31
    ем Сингал,ем без другарки што понатаму

    eve jas ke ti kazam od moj licen primer, toa sto se postari drugarite od deckoto na drugarkata ne treba da ti bide problem bidejki ti izleguvajki so niv ke gi sretnuvas tvoite soucenici skolski od osnovno malski stari drugari i rodnini postepeno ke se zblizuvas se poveke so samoto tvoe prisustvo.....
    jas taka ko se skarav so deckoto drugarkami izleguvase so postari drugarki i jas ne sakav da odam zosto site bea povozrasni pobogati i mi bese sram, i glupa sedev doma pajgav vo depresiii no so tek ne vreme se presramiv i sega i mene mi se bliski i super se slozuvame i pocnav da izleguvam sama so niv zosto drugarkami si fati decko....
    i uste eden drug primer, vo edna situacija posle decko ...pak ostanav sama oti site si imaa deckovci i so edno devojce onaka se znaevme od drugiot klas bese taa i ja fb i pravev i like i slicno, onaka i taa...od nigde nikade ko se skara so deckoto mi pisa aj da izlezime i kazav vazi slobodno koga sakas i onaka jas sum sama site imaat deckovci i taka izlegovme i pak i pak i den denes sme mn dobri drugarki jas ja zapoznav so moite drugarki i srekno si se setame :) ....
    .i tret primer so se sluci sega skoro na mojata drugarka imase edna prijatelka , sekogas ja sretnuvavme v kafic i si vikaa zdravo kako si i tolku, i koga taa se skara so decko i , na drugarkami i rece daj mi broj da izlezam so vas ako ne vi precam i pisa i pocna da izleguva so nas i sega preku drugarkami i so mene i super e:)

    kako zaklucok :) samo zabelezi koi si fini dobri devojcinja i ne se plasi i sama da isomuniciras i prva , zosto ako nekoja ti pravi muabet i se interesira , nema sigurno da i preci i da se zblizite poveke ,
     
  20. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.082
    ем Сингал,ем без другарки што понатаму

    Кенди потполно те сфаќам затоа што сум била во слична ситуација..Но стапив во контакт со некои поранешни другарки од основно,од маало,со некои познаници ја продлабочив врската...Немам братучеди на моја возраст така да немав никој близок..Пробај зближи се..Се нека почне од обично кафе па договор за наредна средба..Преку нив ќе запознаеш и нови лица..И продoлжуваш понатаму..Немој да очајуваш,знам дека ти е тешко,но не е безизлезна ситуација..Гуд лак..па пиши како течат работите.. :*