1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ем Сингл, ем без другарки. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. Seductive

    Seductive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    24
    Имав релативно долга врска, лани раскинавме, и најголема моја грешка беше тоа што си го запоставив моето лично друштво.
    Постојано бев кај него, речиси секој ден, живееше сам и си имавме целосна слобода, собирање друштво по дома, музики, журки, всушност така се здружив со неговото друштво и со тек на време тоа негово друштво воедно стана и мое, заедничко, и за жал се' поретко и поретко излегував и комуницирав со моето друго лично друштво што си го имав од претходно, речиси и да изгубив контакт со сите.
    И тука следува заебаниот дел, раскинавме лани со дечкото, на многу лош начин, ме повреди премногу, и не сакав повеќе да имам никаков контакт ни со него ни со тоа негово друштво (што воедно беше и мое), бидејќи не сакав он да има никакво инфо повеќе за мене, едноставно исчезнав и прекинав контакт со сите со кои што заеднички се дружевме.
    Моето старо лично друштво што ми беше како што реков, ептем ретко контактирав со нив, и речиси да изгубив секаков контакт со сите, не може ме немало толку време, година, две, и да се појавам од нигде никаде - еј ај да се дружиме пак, едноставно не ми беше пријатно после толку време без контакти да ги барам повторно.

    Така да од лани сум во криза со друштво, не е дека немам воопшто пријатели и со никој да не комуницирам, далеку од тоа, но сепак се работи за доста мало друштво, и некако ми фалат нови луѓе во животов, сакам да проширам круг на познанство, а немам каде и како.
     
    На mar023, DraganFem и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Јас не би те примила назад како што не ги примив назад ни 3те мои другарки кои беа како тебе.
    Едноставно си покажала дека можеш без нив и дека со некои нови 'странци ' тебе ти е боље и нема што да бараш да се вратиш назад, си покажала приоритети.
    Ново друштво ќе си најдеш, али истото ќе те задеси чим најдеш друг дечко, пошто карактерот ви е таков.
    Поздрав.
     
    На Anne94, Stressed Out, Natalyy123 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Seductive

    Seductive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    24
    Јас не ни пробав да се вратам назад кај старото друштво, се имавме веќе заборавено што се вели, едноставно со тек на време се помалку и помалку се дружевме, и јас помалце ги барав, и они мене, за на крај да се сведе контактот на минимум, али не беше ова во кус рок, у стилу - „еј јас денес си фатив дечко, ќе си се дружам со него и неговото друштво, вас кој ве врти“, туку контактот се намалуваше постепено, неприметно, сепак 2 и кусур години бев во таа врска што не е баш мал период.
    Не ми е поентата да се правдам или нешто слично, знам дека згрешив и требаше да си одржавам контакт и со нив, али биднало поминало, нема назад, поентата ми беше да објаснам како дојдов до оваа ситуација во која што сум сега.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    Си направила грешка што толку си се оддалечила, требало повремено да одржуваш контакти и барем од време на време да излезеш и да се подружиш со нив. Кога си во врска работите се менуваат и ретко кој може да одржи исто темпо на контакт со старото друштво но сепак понекогаш треба да се видиш и со нив. Тоа е тоа, ситуацијава нека ти биде поука во иднина да не правиш слична грешка. Имај на ум дека врска може многу лесно да заврши а добро пријателство да трае засекогаш. Сега обиди се почесто да контактираш со оние пријатели што ги имаш, организирај средби и дружби, веројатно тие ќе повикаат и некој друг па на тој начин ќе го зголемиш кругот. Ако си била особено блиска со некој од предходното друштво обиди се да обновиш контакт, пиши, направи муабет па види какво е расположението.
     
    На Seductive му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Порано имав друштво од 10 другарки ама немам никаков контакт со ниедна од тие 3 години секој викенд беме заедно на журки на кафиња, после си фатија дечковци некои почнаа и да го менат друштвото ради алкохол дрога што се навлечија на такви работи и сл. Јас си фатил дечко сеа имам 2 другарки само и со нив сум секаде другите се познаници за мене што одам на кафе со нив. Во денешно време е многу тешко да најдеш друштво се иселуваат за факултет , во странство, се навлечуваат на дрога и бараат слично такво друштво, се мажат, си факаат дечковци, треба да си среќен ако имаш барем еден искрен другар.
     
    На Natalyy123, _Catherine_ и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  6. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Исто и ја сакам да запознаам нови луѓе, ама неам како. Не излегувам од дома.
     
    На Deni87 и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  7. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
    Oti?
     
  8. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Зашто неам со кого. Дојдена сум во Ск од друг град, и тие шо ги познавам се мажени/женети немаат време, или се програмери па ич немаат време.
     
    На Deni87, LoneWolfGuy и PogbaPol им се допаѓа ова.
  9. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Сосема те разбирам во иста ситуација сум, особено што мене веке сите возови ми отишле. По однос на професијата, нема оправдување, дали е програмер, што и да е, ако сака да најде време ќе се видите макар на 5 минути.
     
    На Кавалер, Stark и Mr.Lover им се допаѓа ова.
  10. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Како тоа сите возови ти отишле?
     
  11. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Така фино, 40 год сум. Моја генерација праќаат деца на училиште.
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Тоа што имаш 40 г. не значи дека животот завршил. Не се споредувај со никој. Некој школува деца, некој запишува студии, некој патува, некој се посветува на кариерата... Секој поминува низ различни периоди на промени и случувања.
    Свесно треба да ја прифатиме реалноста и да се трудиме да направиме нешто за себе наместо да се вртиме кон минатото. Нема ништо полошо од темни мисли. Повеќе оптимизам и верба во себе не е на одмет. Работите се подредуваат кога најмалку очекуваш, но мораш да се надеваш за твое добро. Верувај дека после облакот доаѓа сонце.
     
    На Animali, Dadusicka, mouse и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Машки

    Излегувај сама.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Многу убав совет и даваш. Ај да не живееш во Мк, ќе те разберам. Кој и да ја види дека се шета сама, ќе ја направи надвор од умот. Само кај нас е срамота да шеташ сама или со родител.
     
    На Crnookata и Dadusicka им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Не е веќе така, многу лица сами ручаат, пијат кафе додека работат на лаптоп, сами пешачат, трчаат, сами одат на плажа, сами одат на теретана/фитнес и ред други места.
     
    На Stressed Out, cresa-jagoda, kavadar4anka и 5 други им се допаѓа ова.
  16. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Машки

    Само тие што се грижат што другите ќе речат го викаат ова.

    Тие што не се грижат и што не се грижеле во минатото што ќе рекле другите си терале по свое.

    Не е до другите туку до самите нас, како индивидуи колку ќе им дозволиме на другите да влијаат на нашите животи.
     
    На cresa-jagoda, kolovoz, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Не е точно. Пред се од безбедносни причини, не би шетала сама покрај кеј или слично. Верувам дека сте во тек, секојдневно исчезнуваат лица, бројката е веќе алармантна. Манијаци демнат на сите страни, неодамна педофил се појавил во Влае, пред две години странска државјанка, џогирапа покрај кеј, манијак ја нападнал, па среќа во близина некоја наша државјанка едвај ја извлекла. А не поради тоа што ќе речат другите. Кој што сака нека рече кога совеста ми е чиста, но не се тие времиња
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ако живееме со толкав страв ништо не правиме. Па и до продавница да појдеш може нешто да ти се случи.
    Не пешачам затоа што некој може да ме киднапира е малку претеран изговор, барем според мене.
     
    На Dadusicka, cresa-jagoda, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.252
    Пол:
    Машки
    Ако имаш милениче излегувај шеткај, спортувај, сигурно ќе запознаеш нови личности и така можеби ќе создадеш пријателство или врска кој би знаел, баш романтично онака рандом. :D


    Разбирливо е за девојче или жена да се плаши на некој начин ете не им се излегува сами ова она бла бла, ама ослободете се и шетајте спортувајте, така се создаваат пријателства и познаници.
     
  20. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ти си апсолутно во право или дека јас сум апсолутно во право. Секој со своите видувања. Сведок си, за колкав краток временски интервал исчезнаа неколкумина Скопјани, кои за жал беа најдени починати. Немам намера да те убедувам. Не реков дека нема да пешачам, ќе пешачам но не сама. Во Маџари се појавил човек кој барал услуга од децата да пуштат сигнал на некаков си број под изговор дека имал работни обврски, а зад него бавно се движело црно возило. Ризик е.