1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ем Сингл, ем без другарки. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    1.243
    Пол:
    Машки

    Така, всушност вака имаме и повеќе време сами за себе, но не е сеедно.
     
    На __thegoodgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. __thegoodgirl

    __thegoodgirl Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Така е. (y)(y):D
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hellooitsme

    Hellooitsme Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2019
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    Ја видов темава и се најдов во истата имам дечко скоро 2години и знаете како е 24/7заедно но исто така имав и 2другарки со кои живеев скоро 2години. Во нашето друштво дојдоа уште 4 и станавме 6 многу беа лицемерни и се караа јас тоа го увидов прва и им кажав на тие 2 дека лошо ми влијае друштвото и дека сакам со нив да излегувам (тие 2) они ми се нафрлија не сум била дружељубива бла бла и јас им реков ќе испаѓам само со вас но тие НИ еднаш не ме побараа и само со дечко ми испаѓав и сега немам другарки и тешко ми е .. Со едната од тие 2учам и се прави против мене и никоја не ме дружи од другите школски.. Ве молам за помош а ако сакате и дружба;(
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Имам другарки 2 3 чат пат излегувам 1 2 пати неделно и дечко имам и со него излегувам. Пред една ипол година кога немав дечко а и другарките тогаш имаа не сум излегувала од дома со денови нема каде да одам.. И сватив дека да треба време да минувате сами со себе ама не се издржува искрено сепак мора да има да комуницираш со некој да седнеш на кафе.
     
    На SnowWhite8, LoneWolfGuy и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  5. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    1.243
    Пол:
    Машки

    Во право си колку и човек да може и сака сам да биде, ни треба и друг човечки допир, разговор.
     
    На Brunebrune му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dani12

    Dani12 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас немам ни другарки ни дечко, не искачам никаде, а имам 2 сестри и они никогаш не се дружат со мене освен кога на нив нешто не им треба. Па ако можете некако да ми помогнете.
     
    На __thegoodgirl и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  7. homer simson

    homer simson Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2019
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Машки
    социјализација мора да има бидејки сам не ја бива
     
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Советов ми иде да го испечатам на лист и да го урамам. (facepalm)
     
    На RockNroLLGirL, Someonespecial, Aschenputtel и 2 други им се допаѓа ова.
  9. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Другарство нема, не се залажувајте. Се согласувам дека треба да имате пријателки со кои ќе излегувате ама без она раскажување на подробности, затоа што луѓѓето колку повеќе знаат за вас толку повеќе ќе искористат против вас-факт.
    Најчесто со пријателките зборувајте за општи теми. При првиот ваш успех, ќе го искористат тоа што го знаат и ќе бидете повредени. Тајно жарче е најдобро.
     
    На srcence1607, Astrum.Obtutus, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Не би се сложила.
    Точно е дека голем број од луѓето се се посебични, завидливи, гледаат само за себе и својата среќа и не се во можност да бидат добри пријатели, но ги има и оние на кои можеш да се довериш, да споделиш и тага и среќа, да добиеш поддршка во тешки моменти. Сум била и разочарана и знам точно за што зборуваш, ама имам и такви кои ден денес се покрај мене и не ме разочарале. Според тоа, не би можела да се сложам дека, како што рече ти, другарство нема.
     
    На Natalyy123, Trxmx, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Рака ти пружам ако си нашла таков, имаш среќа.
     
    На Annora и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  12. Zatanna

    Zatanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Во истата ситуација сум, исто две сестри, слабо искачат, кога ќе излезат без мене се, а и ни самите не ги сакаат тие со кои се дружат затоа не искачат веќе некое време.
    Јас па имам и другари и другарки, но исто како да ги немам. Само се жалат за работи за кои се жалат од средно... Значи ај сфаќам се случило нешто, емотивно те допрело, но сите останаа такви, а да искачат - не сакаат нигде. Јас како само да израснав, сакам да се доведувам, но и да одам на такви места кадешто искачаат јаки фаци, а не само на кафе и ручек после работа, а викендот да мора да се пие и да се седи некаде внатре или во парк. Нај ме нервира што ако јас предложам, не им се иде, ги мрзи, но ако предложи новиот дечко/девојка, местото е одеднаш супер... Јас тоа го предложив пред две години Ме викале машки на стварно добри места, но една другарка не можам да земам со мене, попрво 300 маани ќе му најде отколку да реши да се спреми, а ако најдам друга, одеднаш е љубоморна пример. Би сакала да речам дека е до мене за да можам да се променам, но не е. Знам дека е последица од враќањето во стариот град после студирање, на факултетот ми останаа појаките другарки кои имаат подолгогодишни студии и кои се грижеа да бидат видени не сакајќи даодат било каде, но сега сум повторно во Скопје и би сакала да уживам во поголемата разновидност наместо да морам да искачам со машки зашто моето друштво го прави истото цело време, па ај и јас да имам некој. Не сакам бе статус во врска, млада сум имам време и сакам да си дадам уште повеќе време... Зошто да се заљубувам во текот на врската кога можам обратно? Не знам од каде да почнам стварно... Решив после испитиве да разгледам симпозиуми и презентации на кои би можела да одам сама, но и тоа не може цело време така, а и луѓево како да ги мрзи да живеат, немаат некоја позитива во нив... Или јас налетувам на таквите ? Каде би можела да престанам да налетувам?
     
  13. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    1.243
    Пол:
    Машки

    Можеби не треба да се грижиш толку многу за материјалното во светот, може така повеќе ќе бидеш исполнета и ќе најдеш некои што нема да ти бидат досадни, може на другите ти си досадна да се излегло само да се биде виден со некои јаки фаци па те одбиваат.

    Но како и да е биди си своја и кога тогаш ќе станеш и ти јака фаца и некои што не се јаки фаци како тебе сега ќе сакаат да излегуваат со тебе само за да бидат видени.


    Не знам искрено како инаку би ти помогнал некој.
     
    На RosettaStone, eliesaab и DevilGirl212 им се допаѓа ова.
  14. Zatanna

    Zatanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Изнакажа како да нé знаеш и мене и нив целосно, само што тоа се сосема различни луѓе... Јас со нив трошам 3пати повеќе отколку на други места... А и не знам што е погрешно во тоа на 20+ години да облечеш чевли наместо тренерка и патики и да дојдеш со мене затоа што некој што ми се пуштал и ми се свиѓа ме викнал на нормално место да се собереме... Како што гледам ти машко си, за тебе би било погрешно, затоа тука и пишав совет, не критика, па освен ако не знаеш да дадеш совет како женско, не пишувај ништо зашто ова досега немаше никакво значење твоево.
     
  15. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не ти даде лош совет дечково,ама ако сакаш совет од женско еве вака. По тоа што прочитав сфатив дека твоите другарки ако ти им предложиш локација не сакаат таму ама ако дечко им предложи одат. Тоа значи дека не те ценат доволно како пријателка и те сфаќаат дека вечно ќе ги дружиш додека они со тебе излегуваат во патика/тренерка и на вино во парк.
    Подобро е да пронајдеш бар една пријателка која сака да излегува на места каде ти одговараат тебе каде што излага некој кој ти се свиѓа и да си тераш како ти одговара.
    Убава идеја е и на симпозиуми да одиш сама може ќе налеташ на некои послични на тебе. Движи се таму каде што излегуваат луѓе што тебе ти одговараат, поенергични, поактивни.
     
    На Natalyy123, Водолија, LoneWolfGuy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Zatanna

    Zatanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Фала девојко, знам дека ни неговиот совет не беше лош, ама беше многу поинаков од ситуацијава... Разбирам дека можеби не сме како порано, долги години се дружев со нив, па живеев во друг град и се одвоивме... Тоа и ми е проблемот, запознавам луѓе како мене, но сите се од други градови, имам свој стан со сестрите дома така што испаѓа дека не е проблем, но сестрите не ми дозволуваат воопшто да носам гости дома, а ги знаат моите другари и другарки и ок се со нив, но не сакаат никој да им се врти по дома... Тешка ми беше помислата да престанам да се дружам со сите одеднаш зашто имаат добра душа и биле тука за мене во лоши моменти, но освен ако немам некаков проблем, нив не осеќам дека ги има, ништо не сакаат да прават и баш како што кажа, како веќе да не го ценат моето мислење... Или тоа или откако јас се вратив, они останаа на тие 18 години, а јас продолжив.
    Во секој случај нема да престанам да контактирам со нив, откако почнаа да ми значат, не можат да престанат заради тоа што сме сега различни... Можеби ми требаше ова, да исфрлам од себе, ме нервира фактот што повторно сè правам сама а мислев дека они барем ќе останат покрај мене како порано што беше.
     
    На Natalyy123 и Simonss2 им се допаѓа ова.
  17. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Некои пријателки се менуваат во исто време со нас а некои си остануваат во однесувањето и облекувањето на одредени години и не мрдаат од тоа, немаш кај таквите никаква промена. Затоа и некои пријателства траат а некои згаснуваат и за сметка на нив доаѓаат нови пријателства. Ти дружи се со нив но гледај да создаваш контакти со личности послични на тебе, така нема да си сама и ќе бидеш позадоволна и од себе и од пријателките.
     
    На Водолија и Zatanna им се допаѓа ова.
  18. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Еден предлог до вас, само за женски зошто знам дека има и многу профили машки, зошто фино лепо не се собереме негде на кафе, ама зборам за Скопје, немора профилите да си ги кажуваме ќе си договориме месо и време на чет, ќе се видиме ќе се запознаеме и едноставно еден саат време дружба на никого нема да му биде на одмет. Може некој со некого ќе се совпадне и со годините и со размислувањата па ќе си смениме контакти а со тоа може и ќе се развие понатамошно пријателство. Сепак сам не се излегува никаде. А се надевам дека сите ќе најдеме време за едно кафе.
     
    На Natalyy123, Trxmx, Dani12 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Zatanna

    Zatanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ама да биде некој викенд, многу од останатите сепак работат. А добра ти е идејава, но кој град да го ставиме?
    Јас сум за Скопје, но и други предлози би биле добредојдени сè додека е бесплатен викенд.
     
  20. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Може само секој не се вклучува постојано на фемина да се собереме повеќе и да се договориме за кога и каде. Јас лично сум за Скопје за сега зошто не се иде сам по други градови. Сепак нема штета да шириш познанства.
     
    На 100nogalka и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.