1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ем Сингл, ем без другарки. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    и јас мислам дека ќе дојде нашето време ;)
    и така сме млади и уште неизживеани и имаме доста од животот за да направиме работи кои сме ги пропуштиле во периоди какви што ни се овие сега... :D
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    ве молам помогнете!

    :D Девојче имаш само 15 години, нема зошто уште на тие години да се измачуваш со прашањата што ти фали и зошто немаш дечко. Мада и јас не сум многу постара од тебе ама на 15 немав дечко и не ми ни текнало дека сум фалична ;) . Кога тогаш ќе се појави вистинскиот, за вакви банални работи не си го измачувај главчето :) . Се живее и без дечко.
     
    На girl1985 и sonuvacka им се допаѓа ова.
  3. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    ве молам помогнете!

    Нема потреба од разочарување... па не мора секој период да имаш дечко, нели може и сингле да се живее?? Јас на твои години не сум ни помислила на дечко, се беше зезанција. И сега веќе долго време немам дечко, некогаш чувствувам потреба за такво нешто ама брзо ми поминува, не викам дека вака ми е убаво, ама ако очајувам за тоа кај ќе стигнам.. така да се во свое време.
    Излегувај, забавувај се со друштво..искорисутвај го времето максимално за работи што те интересираат, кога ќе престанеш да мислиш на тоа некој ќе се појави :)
     
  4. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    ве молам помогнете!

    Во целост се сложувам со Штрумфета глупаво е на 15 години да се оптеретуваш со овие работи.
    Веќе долго време немаш момче, а пред само 3 месеци си раскинала со бившиот.
    Значи ти драга моја немаш момче само 3 месеци. Што е релативно краток временски периoд за да почнеш да се загрижиш и да мислиш дека со тебе нешто не е во ред.
    Ај полека малку, нели е најубаво се спонтано да си се одвива?
    Престани да размислуваш на темава и најди си по паметна занимавка. Љубовта си доаѓа самата по себе, тогаш кога не ја очекуваме. Многу ги форсираш работите, а животот е пред тебе!
     
    На dromka, girl1985 и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  5. Nath.Tuck

    Nath.Tuck Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    ве молам помогнете!

    благодарам многу на советите. ептен ми значат. Ја сфаќам смислата на животот. Сето тоа го сфаќам...и дека сум мала за сите тие работи. се што е мое само ќе си дојде. ;) Некогаш самодовербата во мене се губи и сето тоа поради една глупост; Што сум Сингл.
    Се трудам да не се замарам, малку потешко ми оди. Но ќе го искулирам ова. Ви благодарам повторнo. :*
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ве молам помогнете!

    Да си бидеш сингл и ич да не ти е гајле ;)
    Не е тоа најбитна работа на светов, да имаш дечко, уште сте деца на тие години. Сега твоја „обврска“ е да се шеташ, учиш, имаш безброј симпатии, да флертуваш нежно, да се облекуваш тинејџерски, да тресеш глупости како да си уште мала...Ова ако ти одмине, ќе ти биде криво, а љубовните маки проблеми ќе ги имаш ехеееееее :)
     
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    ве молам помогнете!

    Девојче нема зашто да се притресуваш толку многу затоа што немаш дечко.Сега си во најубавите години уживај дур можеш.Ќе си дојде времето кога ќе треба да се замараш со мужи... ;)
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Душиче малечко,велам малечко затоа што скоро сум дупло постара од тебе,пред се ти завидувам на годините што ги имаш, и мене до 20 споро ми одеа годините,ама сега кога сум пред прагот на „ лете ми лете тридесете“, се ми се случува ептен брзо, како блиц.Имаш време кога ќе имаш и дечко и озбилна врска и многу повеќе...Уживај си во тинејџерските моменти-никогаш нема да се вратат, а жена ќе бидеш после цел живот.Нема поубаво чувство од излегувањето со другарки,па те шмека некој, па пуштање, па пеперутки во стомак,па сите турбуленции што ги носи тој период.Дечко не е најпресудното нешто што треба да се има откако ќе ја добиеш првата менструација.Ќе има и дечковци и врски,па дури на 28 можеби ке се појави вистинскиот.Имаш време и постави си други приоритетни цели пред себе и зрачи со својата убавина, секогаш насмејана,а дечковците тогаш ќе се редат во редици пред тебе, па ќе бираш со кого ќе бидеш ;)
     
    На CoverGirl10, srcekrsacka, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Значи без нервоза. Relax! Дечкото ќе си дојде, не грижи се. Можда денес, утре, за еден месец, за една година...Ќе најдеш. ако немаш дечко не значи дека си фалична.
    И друго, ако ти пречи што твоите другарки секогаш се со дечковците, кажи им дека ти е непријатно да ги гледаш како цело време се гушкаат, а ти седиш како 13то прасе (без навреда). Излегувај со нив кога тие се сами или најди си другарка (бар една две) кои се сингл. Така и ти нема да бидеш баш сама!! :)
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бидејки ја нема темата "ем сингл ем без другарки што понатаму" решив со вас феминки да споделам еден проблем што како се вели ми лежи на душа, епа вака:

    бидејки толку пати се обидов во љубовта, ама што да правам некако на патот се наогаа погрешни да не речам кретени, решив малку да паузирам од тоа,што е мое ке си дојде кога-тогаш, и идејата ми беше да почнам повеке да се дружам и да изгегувам со другарки, ама некако не оди. Едната си има момче и почесто е со него, а другата е ептен посветена на факултетот(мора да дипломира до крајот на годинава, освен ако не и го продолжат рокот) и треба ептен сила да ја убедам да излезе од дома. Патем, тоа изглегување со некои од основно или од средно-еднаш на сто години и толку, приметувам дека ме избегнуваат и не сакам да форсирам.
    Веке во Американското Катче станав дел од инвентарот(постојано сум таму) има презентации за се и сешто и Конверзејшн и секако комуникација со луге, но дружбата престанува кога ке заврши настанот.

    Почнав и да учам и Албански јазик (преку Заводот за вработување) од вчера, ама некако дружбата завршува и кога ке заврши часот. Се обидов да комуницирам со некои девојчиња , онака општ разговор, некако се резервирани, чудни.

    Што се однесува на социјалните мрежи Ф.Б, Скајп ке додадеш некој женско машко за пријател, молчи ништо не кажува,или пак се манијаци за секс(машки) а пред два 2 дена, ме додала некоја си на Скајп за пријател ок, и е лезбејка, па почна да ми се пушта

    Инаку, со месеци сум во потрага по работно место(те повикуваат на 1во интервју и толку, а понекогаш ни тоа) па во случај да се вработам некаде , мислев некако што знам да почнам да комуницирам со лугје да се дружиме и да излегувам со нив, штознам. Знам дека ми е потребно дружење, промена, излегување, ама сама некако не бидува, иако на крајот на краиштата мислам да почнам да излегувам сама, ама некако опасно е , секакви луге има по градов, и на светов

    Навистина не знам до каде, мислам дека заглавив, ми треба помош, совет што и да е
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Срцекршачка,постојат различни периоди кај секого,кога повеќе нешта истовремено не штимаат-се нема работа или имаш,а не е баш најпосакувана,понатаму немаш дечко,или пак имаш,ама врската е далеку од сјајна,во меѓувреме и сите познати се со свои проблеми па имаат премалку време.Никому не му се баш сите коцкички подредени сосема.Мислам дека кај тебе дошло до некој спој на сето ова,па се излила чашата,т.е.ти се насобрале повеќе негативни нешта во ист момент.Но,не се обесхрабрувај,период е,секогаш доаѓа до промени.Сега ќе ти звучи како клише ако ти речам и после најголемата бура,изгрева сонце,ама сите знаеме дека е така.Сигурна сум дека ќе го најдеш вистинскиот дечко,дека ќе ти се зголеми блискоста со другарките и ќе стекнеш нови,дека ќе најдеш работа,не знам по кој редослед,ама ќе се случи.Твое е да не престанеш да се надеваш,а нема човек кој не претрпел разочарувања,ама одиме понатаму,а промените сакале-нејќеле доаѓаат.Биди спремна за своите и дотогаш убаво е што ете гледам имаш активности ;) .И за тебе ќе дојдат подобри денови!
     
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ниту си заглавила, ниту се работи за некоја „непозната“ ситуација... Мислам дека сите понекогаш сме се нашле во периоди како твојот, кога не знаеш каде/со кого/како... И мислам дека си во период кога е пред се’ најважно да не форсираш „вештачки“ познанства и да не мислиш дека вината лежи во тебе. И да се здружиш со некој од тие часови или презентации, тоа е најлесната работа, а потоа следува потешкото, да се интензивираат контактите со тие личности и да најдете заеднички работи и/или интереси кои ве поврзуваат. Затоа, мислам дека треба само да си дадеш време, и да не паничиш за ништо... Па ете, и самата кажа дека си решена да паузираш од дечковци, самото тоа е промена за тебе и ќе треба да започнеш со сосема други приоритети. Ете, досега си барала љубов, а сега ќе бараш другарство... Едноставно такво време е, во кое и социјалните мрежи, и медиумите, и испревртените морални вредности придонесуваат кон тоа луѓето да се многу несигурни во себе, а особено во тие околу нив. Само полека, продолжи да сврзуваш 2-3 реченици на местата кајшто си започнала, и не планирај однапред што и како ќе кажеш... Остави моментите сами да се расплетуваат, и од кај знаеш, можеби набргу е на повидок ново и прекрасно пријателство кај тебе. :)
     
  13. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Срцекршачка, јас го имав истиот проблем за жал :( Јас имам дечко (кога се случи се ова бев скарана со дечко ми и не се гледавме месец дена) но сепак ми фали тоа дружење со другарки. Имам неколку другарки со кои бевме супер, излегувавме, одевме постојано на кафиња, муабети за се и сешто, значи супер другарки. Ама што се деси пред месец дена. Беше вторник, се договараме да се видиме, да се собереме кај другарка во некој од наредните денови и јас им викам ок, доагам (не знаејки кој ден). После 3 дена ( во петок ) ми викаат во 9 саат кај таа другарка во сабота се собираме, доагај. Јас сега како да им кажам дека пред они да ме викнат, сум се договорила со братучетка ми да излеземе во сабота (она беше тука тој период инаку живее во Франција). Кого да откачам??? Јас им викам луге јас не мислев дека во сабота ке се видиме, зошто вака и вака се деси имам планирано за во сабота. Мислев дека ке се собереме порано, а не дека од вторник за во сабота се договараме.
    Им се извинив и не отидов, ми се налутија и сега ми прават муабет ама онака резервирани се сите. МНоогу се замарав, мислев дека никогаш нема да си најдам другарка, да излегувам со друштво итн. Значи и јас останав без другарки, братучетка ми си замина, скарана со дечко ми, за мене беше крај на свет ...
    Во тој период си ја најдов фемина, поминувам мн време на форумов и ми е супер, можам се да напишам и се да кажам, без никој да ме осудува.
    Прекинав да се замарам зошто ми се налутиле и како јас сега ке продолжам да функционирам без другарки. Пред 5 дена ми пишува порака во инбокс на фб, едно девојче, со која не сме се виделе може скоро 2 години ( се дружевме многу претходно, само откако почнавме на факултет се оддалечивме). Бевме на кафе си се изнаправивме муабет, и она го имала истиот проблем со другарки и и текнало на мене. Сега се слушаме речиси секој ден, одиме по кафиња, излегуваме заедно итн.
    Сакам да ти кажам дека јас премногу се замарав со тоа зошто ми се налутиле, сега без другарки што ке правам, постојано кукав и се жалев??? Ама ете, помина еден месец и од пред скоро си најдов другарка.
    Така да немој да се замараш за другарки воопшто, секогаш има барем еден кој што ќе сака да се дружите. Така ти се погодил периодов со другарки и работа, па мислиш дека нема излез, ама ке видиш дека наскоро цела оваа ситуација ке се смени на подобро. :)
    Сите некогаш сме се нашле во ситуација како твојата, а другарка ке најдеш на место и во момент кога најмалку ке очекуваш :)
     
  14. Dragana.sweet

    Dragana.sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    17
    Навистина е тешка мојата ситуација...Сингл сум веќе долго време, повеќе од една година и тоа последниот дечко ме откачи на најбрутален начин, но сега ми е срам да зборувам за тоа. Од тогаш чивствувам дека сите машки ме одбегнуваат, дури и ме плукаат. Неможам ни другарки да си најдам, незнам дали е тоа поради мојот изглед или лична хигиена. Дали може да ме одбегнуваат затоа што мирисам лошо или пак мојот изглед?! ;( Не излегувам од дома, гледам само турски серии, изгубив и желба да се средам, да се избањам...помогнете ми ве молам !!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски


    Не можеш да очекуваш дека ќе те сакаат другите , ако не се сакаш самата! Мораш да си ја повратиш самодовербата. Другите те гледаат на начин на кој ти се претставуваш пред нив. И самата велиш дека излгедаш лошо. Како очекуваш другите да не го видат тоа? Турски серии гледам и јас, не излегувам често од дома... Но тоа не значи дека треба да го запоставам моето тело. Помошта што ја бараш од нас, можеш да си ја пружиш и самата. Почни од тоа што ќе се избањаш денес. Оди на фризер, на козметичар среди се. Ако не можеш да си дозволиш, среди се самата. Тоа е лесно. Смени го најпрво надворешниот изглед. Нашминкај се и испадни, одејќи со главата крената горе. Среди го прво надворешниот дел, пред да почнеш со внатрешноста.
     
    На Lolo5 и Tylanni им се допаѓа ова.
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Што се однесува до сингл и без другарки, сум била во ваква ситуација. Врската ми траеше 5 години, за кое време некои од другарките веке беа мажени со деца, други се преселија, студиравме на различни факултети па немавме такви контакти ...
    Се обидував да си најдам занимација, шетав, читав доста. Излегував на дневни кафиња со братучетки а навечер многу ретко, со една комшивка. Сите луѓе си имаат свои животи и ми било непријатно да упаѓам у нечиј филм.
    После една година се запослив и на работа го запознав сопругот. Сум го видувала низ град ама некако не ми се допаѓал, дури не направивме муабет. После :inlove: Така да, среќата може да ви е пред носето, ама треба моментот да дојде за да ја видите. Уживајте дури сте слободни, жени и мајки ке бидете, девојки повторно - потешко.
     
  17. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Во слична ситуација сум,ама не иста :)
    Едноставно во никој случај несакам да дојде до тоа да немам со кого да си ја споделам маката.Таква сум се приврзувам многу,сметам дека има работи со кои се зборува само со другарки,работи кои нормално неможам да ги дискутирам со мајка ми или дечко ми без разлика.Имам потреба,зависност од другарки покрај себе,Се случувало да се испокарам со другарка,случаи кога јас сум била крива и ми било премногу тешко,незнам зошто ама ете.Секогаш сум ги ставала на прво место(пред дечко) за разлика од нив( се случувало често да ме ставаат во втор план).Како и да е...сум се лутела ама тоа е тоа.
     
  18. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Е ТАКА ТЕМАВА МЕ ОПИША, ЈАС ПА СИ ВИКАМ АЈ МАЛКУ ЌЕ ПОДЗАБОРАВАМ ДЕКА СУМ СИНГЛ И БЕЗ ДРУГАРКИ, И КОГА ПРОЧИТАВ BACK TO REALLITY :devil:


    Половина ми се омажија, а сега имаат и деца, половина се со дечковци, и најинтересни ми се кога ми се јавуваат само кога им требам нешто, за во град на купување, за во град навечер, ако има некој битен хепенинг ние сме таму, ако имаат проблеми со свекривата, се знае кај кого вртат - јас секогаш сум на страната на снаата, па кај мене :clap: , ќе си изнакажат ако имаат и проблеми на работа, ауууу за фарбање треба да бидам кај нив кога ќе ми закажат, ако има некоја неостварен каприц во животов, заеднички се трудиме да го оствариме........ЕХХХ, ДА ДА, во право сте, за СЕ ме бидува, јас сум им и другарка по потреба, и добар слушател, и партнерка за по одмори, и шопинг ескорт, поддршка за пцуење на свекрва, музика во живо за бебињата, партнер за танцување навечер, кафе со трачање во дуо, а бе, да ти емилина да ме имаш за другарка...ЕЈЈ, КОЛКУ СУМ ПРОСТА, најинтересно е што они за мене никогаш не се тука кога ќе ми затребаат, ќе си ги изнакажат проблемите и убавините во =ивотов, а мене никоја не ме прашува како сум, дали работам, дали дечко имам......... :devil:

    Освен две другарки, едната е мажена, ама контра од горенаведеново, и уште една без дечко како јас да си се тешиме телефонски меѓусебнооо....


    А за прашањето твое - не дај боже да раскине некоја од нив, па ќе ти кука над глава цел ден, кој ли би ја слушал, па не знам што е полошо што се во врска , а не ги слушаш или ова, не се секирај...натурање во друштво и јас мразам, не сум таква по природа, излези прошетај некој сончев ден низ населба до продавница, јас така сто луѓе ќе сретнам и ќе застанам со нив, зборејќи сигурно ќе налеташ на некоја фина и друштвена личност, само да знаеш машко за друштво да си најдеш е подобра опција....АКО НИШТО ДРУГО, ТУКА СМЕ НИЕ ФЕМИНКИТЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ........ПОЗЗ :)
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. invisiable

    invisiable Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    8
    Еве уште една во оваа група...значи сосем се пронаоѓам овде...ем сингл ем без друштво...што понатака???...дали има спас и за нас(каква рима излезе :D )Од мојот град имам 2 другарки со кои си одиме на кафе,муабетчиња за било какви теми..но и двете се со дечковци и тоа по 24/7..Понекогаш излегувам со братучетками,која не е од мојот град,и со нејзино друштво,но филинго не е тој...се чувствувам како 13то прасе...Единствен спас гледам во запишувањето на факс од септември и запознавање на нови луѓе и влегување во ново друштво..а летото ќе протуркам некако(ај хоуп соо..ако не западнам во некоја депресија)...
     
  20. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Нема зошто да западнеш у никаква депресија. Доволно е само да бидеш доволно силна и да веруваш во себе. Да веруваш дека ќе успееш да дојдеш до тоа што сакаш и така и ќе бидне. Мораш да бидеш трпелива. И пред све биди своја. Ете издржи летово, па имаш надеш од Септември :)
    Таман доволно време да размислиш, и се одмориш. А од Септември ти кажав биди своја, разгиварај, бутај се у друштво. Биди весела, насмеана и избегнувај оговарање и преплетки пошо сегде ги има. Со среќа!