1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ерика Јонг - лик и дело

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Magnolija, 12 октомври 2011.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Пошо гледам нешто слабо литературата овде :( решив малце да ја збогатам со некои теми кои се надевам дека ќе развијат дискусија.

    Значи срамота, женски форум, а немаме тема за спектакуларната Ерика Јонг!
    [​IMG]

    Благодарение на тато, дома имам две книги од неа- Страв од Летање и Како да го спасиш сопствениот живот. И двете се на српско-хрватски, но не ми смета. Првата ја прочитав со голема сласт и многу и се радував, не сакав никогаш да ја завршам. Втората сеуште срамежливо стои спроти мене на бирото и ме чека.

    Ја имам прочитано нејзината автобиографија- Во постела со демонот. Женската се шлапнува и шамари. Смешно ми беше тоа со Марта Стујарт :lol: Многу лесно и без никакви проблеми си раскажува за нејзиниот живот.Во оваа книга се гледа дека е фасцинирана од Силвија Плат
    прочитајте го нејзиниот единствен роман „Стаклено ѕвоно“. Од се срце ви го препорачувам!
    и ни остава свои искрени размислувања за многу познати личности.

    Една од моите омилени писателки, која пишува отворено за светот околу неа, слободно и без пардон. Никаква цензура, никакви ограничувања. Ме потсеќа на секс и хаотична жена изгубена во времето во кое живее.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Браво, ова е баш за на женски форум ;)

    Мене тетка ми при крај на средно ми ја даде Страв од летање и тоа исто на српски, и што да кажам, книгава mind-blowing :D Уште си ја имам, си ја читам и препрочитувам, жената е без влакна на јазикот, реална, искрена и мислам дека треба да биде задолжителна за сите средношколки :D

    Пробав да најдам нешто друго од Ерика Јонг, ама неуспешно. Што би препорачала и кај може да се најде?

    Фала :*
     
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Јас ја прочитав „Страв од летање“ и најискрено Јонг ме воодушеви. Каде можам да ја најдам „Како да се спаси сопствениот живот“ ?
     
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас ја прочитав Страв од летање,а еве сега ја читам Во постела со демонот...многу ми се допаѓаат ставовите и размислувањата на авторката,за некои работи исти ставови имаме :D
    И јас сакам да прочитам Како да се спаси сопствениот живот,и други дела од Ерика,само незнам каде би можела да ги најдам.

    И многу ме заинтересира за Силвија Плат,бидејќи често ја спомнува,па планирам да ја прочитам Стакленото ѕвоно ,која е како полуавтобиографска книга. :)
     
  5. ele-na

    ele-na Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас ја прочитав страв од летање на српско хрватски, сега ја барам на македонски. дали знае некој каде можам да ја најдам?
     
  6. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Сигурно ги има во Матица, затоа што вчера ја купив Во постела со демонот...Планирам да почнам да ја читам деновиве...Досега не сум читала ништо од Ерика Јонг, коментариве ме воодушевија, така да сигурно ќе ја барам и Страв од летање...