1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Есен

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 2 септември 2015.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Разгледував низ темите и не најдов некоја за есен, најчесто за лето и за зима. Епа сега се ближи есента, зошто ја сакате или зошто не ја сакате?
    Јас многу си ја сакам, есенската гардероба ми е најдрага, природата тогаш ми е најубава, тој период некако прави позитивно да се чувствувам.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На EvAngelos, parksey, Jenniffer и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Па што знам ја сакам есента затоа што можам да уживам во долгите прошетки додека лисјата ми шушкаат под нозете, или да водам љубов додека надвор истура дожд..

    Знам, знам многу филмови гледам :lol:
     
    На parksey и crazylady им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Ја сакам есента заради обврските кои ги носи . Некако има некоја доза сериозност во неа . Не е како пролетта и летото лежечки се да се прави , а не е ни како зимата ништо кога не се прави :D
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Моето омилено. Некако самите месеци (септември, октомври, ноември) ми носат убави сеќавања. Тие месеци ми се онака, секогаш исполнети и најубави.
    Ги обожавам оние прошетки и крцкањето под нозе, затоа и секогаш закаснувам каде и да одам, секогаш сум со главата нагоре и уживам во глетката. Сакам кога после школо ќе си одам дома, ќе се замотам со омиленото ќебе, ќе си направам топло чајче и со музика и книга ќе си ја поминам вечерта.

    Некако многу спокој има во есента, ме смирува и исполнува. Оние жолто/портокалови бои насекаде околу мене, абе милина. Едвај чекам да дојде, ајде уште малку ни остана од летото.

     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.521
    Во принцип, ми се допаѓа само првата половина на оваа сезона. Кога се заладува и можеш да одмориш од летните жештини и кога таман ти е со тенка јакна; кога природата менува бои; кога топлите напитоци ти се повкусни отколку студените. И кога омилените серии ти се враќаат со нови сезони. [​IMG]
    Но, кога дрвјата целосно ќе соголат, природата ќе исчезне; кога небото ќе посиви и магла ќе падне и ќе почне да не гуши; кога температурите ќе спаднат до многу ниски нивоа, каде што веќе свежото време не е привлечно; е тогаш есента повеќе не ми е убава.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Најлошото годишно време, без сомнение. Јас треба да заминувам на југ, со птиците-преселници. :inlove:
     
  7. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Есен ми е едно од најомилените год.времиња,лето не сакам толку колку есен.
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Есента ме асоцира на училишен состав, реализирање на стари планови и седенки во домашен амбиент.
    Не ми е омилено годишно време, ама ја сакам поради богатата колоритност на прородата.
     
  9. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Есента некако е едно од најсмирувачките годишни времиња. Онака те релаксира, надвор врне, ти дома во топла облека и со чаша чај во рака. До некаде дури и романтично доколку се има и партнер до себе. Надвор се е обоено со жолто-кафеава боја, сите ги гледаш во топла обелека, со чадори во рака, оти на времето не му се знае. Час дожд, час сонце, знаеш променливо како луѓето, па се прилагодуваме заедно.
     
    На TheGirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Есен ми е најомилено годишно време.
    Кожна јакна и старки :inlove:
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Секогаш се разболувам во есен
     
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Ништо помеланхолично од есен, премин од безгришно лето, плажа и сонце, кон сивило. Го чувствуваш ветерот шепотејќи тивко ко да ја најавува студената зима
     
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.711
    Пол:
    Женски
    Вака сега...Тумбе кафе ќе беше прејако ако ги оставеа дрвјата значи...вака есента е како 90% лоадинг...мислам ало,со кој пат ги сековте?
    Еве како изгледа дел:
    20171015_175346.jpg
    А еве како би било ако не се сечеа:
    (Ова слика долу ја сликав ко бегав од тумбе кафе накај паркот...е ова е веќе есен)
    20171015_175539.jpg
    Фотографиите се фотографирани во Битола за тие што не знаете каде е Тумбе кафе...
    Ете тоа ти е...
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.944
    Допаѓања:
    50.025
    Пол:
    Женски
    Есен :inlove: ја обожавам едно од моите омилени годишни времиња.
     
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Есента има посебно место во моето срце.:l:
    Родена сум наесен.
    Ја запознав љубовта наесен.
    И воопшто, како сите прекрасни работи во животов да ми се случиле наесен. На пример, есента 2016 засекогаш ќе ја паметам како вистински пресврт во животов, како промена на подобро, како одново да се родив.

    Есента носи со себе атмосфера каква што не носи ниедно друго годишно време. Секое од нив си е посебно, ама есента е уште попосебна. :D Прекрасни бои, свеж воздух, идеално за да се помине во природа цел ден кога е топличко, а кога врне, одличен изговор за да го поминеме цел ден со кафенце и книга во кревет. Во исто време, носи со себе меланхолија што мене лично, ме инспирира да пишувам, да сонувам и да создавам. Би сакала вечна есен.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На TheGirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.292
    Допаѓања:
    20.751
    Пол:
    Женски
    Најубавото годишно време за мене, а и најубавите месеци со тоа. Обожавам кога надвор времето е ладничко и можеш комотно да се облечеш, нити да се потиш нити да се тресеш. Мирисот на "рана зима", мирисот на ајвар, паркот и сите улички со листовите пожолтени и поцрвенети, пиење на кафе или топло чоколадо со драга личност стуткани во столче, филмчиња со добро мезе и парно. Љубов ми е.
     
    На TheGirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Обожавам. :inlove:
    Љубовта ни започна во есен.:l:
    Магична е, романтична...
    Ги сакам есенските прошетки, жолто-златните нијанси по улиците, мирисот на дожд.
    Посебни се ноќите со партнерот, стуткани под меко ќебенце, испреплетени тела,шише црвено вино... :$
    Најубавите модни комбинации ми се баш во есен. Ни премногу разголено, ни премногу натрупано, идеално.
    download.jpg
    Во домашна атмосвера книга, топло чајче и домашни колачи, убавини.:coffee: Може и топло чоколадо со многу шлаг. :D
    87fd1a37add2f7fd4a064cb5442f0d25--autumn-fall-autumn-leaves.jpg
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.