Форумџика на годината 2020

Естетска корекција на забите

Дискусија во 'Лице' започната од mona-li, 10 мај 2011.

  1. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    8
    Имам многу нерамномерни заби... само двата горе напред ми се екстра големи а другите мали, па многу ми штрчат големиве, ко зајко сум :D Феминка дали имате слушнато каде во Скопје би можела да ги корегирам, на кој начин се врши третманот, колку чини отприлика?
    многу ви благодарам
     
  2. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    197
    хм веројатно мислиш на стругање на забите така?
     
  3. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    66
    Најдобро е да ставиш протеза и така да ги исправиш.Тогаш ќе имаат рамномерна и правилна големина,и природна естетика.
    Со т.н естетска корекција односно стругање има голема веројатност да не го добиеш природниот изглед,и со стружењето ќе ги направиш помали но со текот на годините со природното трошење тие ќе ти станат уште помали a тогаш ќе сакаш поголеми заби.
    Види линк ќе ти стане појасно за што зборувам,овај третман е дефинитивно најдобар:http://damonbraces.com/
     
  4. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    8
    да да мислев на стругање на забите, оти имам 23 години и малку стара сум да носам протеза, срам ми е... :) дали знаете некоја добра стоматолошка ординација што прави вакви работи и колку чини? се надевам не премногу... :)
     
  5. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    66
    Не си стара воопшто...каков срам...носев на поголема возраст од тебе....сега ортодонтските третмани се од 7 до 77...плус тоа сега се многу пократки третманите особено тој што ти го пишав,мислам ќе најдеш доктор што знае да го работи кај нас...ова од искуство ...а и том круз носеше на 40 и кусур год.. а инаку има и едни други кои се скроз прозирни http://www.invisalign.com/ но не знам дали во мкд можеш да најдеш доктор што знае да ги работи...а за естетска корекција можеш само проблеми да си направиш...и да си отвориш после други работи со расипување и после умртвување на забот па лечење па ставање коронки итн итн...
     
  6. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    8
    значи задоволна си од протезиве? а колку време отприлика треба да ја носам за да имам резултати?
    фала :)
     
  7. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    66
    Да ама овие не се како тие старите.Не знаат сите доктори да ги работат зошто е многу нова техника..
    Должината на носење зависи од тоа колкави се неправилностите за секој случај е индивидуално...инаку во просек времето на носење е скратено за половина во однос на времето на носење на други фиксни протези...
     
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.093
    А отприлика колку чинат?
     
  9. Lady.Luck

    Lady.Luck Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    јас неодамна ги сменив двата предни заби бидејќи мораше да ми бидат умртвени, па почнаа да потемнуваат... катастрофа.. :tmi: коронките се движат од 150 до 200 евра од заб (па може и повеќе) во зависност од тоа во која забна ординација се прават.

    Јас прво отидов во фенси ординација каде што после консултација решија дека не сакаат само двата предни да ми ги прават туку сакаа да ми сменат 4 предни |( .. демек немало естетски да изгледа убаво ако само двата предни ги сменам... се за поише пари да ми земат... па, си отидов во маалската забна ординација, исто приватна, ставив коронки на двата предни заби и можам да кажам дека ми направија холивудска насмевка, се ме чинеше 300 евра... ама вреди секој денар...

    така да каде и да се обратиш биди претпазлива бидејќи многу забараи ќе ти најдат 300 (демек) проблеми со забите само за повеќе ари да ти земат... :swear:
     
  10. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    86
    Искрено... дали се познаваат дека се коронки? Јас сум видела многу коронки на предни заби и сите од километри се познаваат, кој по материјалот, кој по формата, кој по непцето над самата коронка. Не знам дали е до забарот или до тоа дека можеби нема материјал што идентично ќе го замени природното.. кај тебе како е? Израдувај ме и кажи ми дека напреднале работите во последно време и дека има 100% природен изглед...
     
  11. AudreyHepburn

    AudreyHepburn Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    15
    za koronki i mene me interesira... jas nosev proteza samo poradi eden zab, dvojkata mi bese navnatre. I stvarno posle protezata zabite mi bea top, megutoa za 3 meseci pocna da mi se vraka dvojkata vo prvobitnata sostojba i da boli mnogu poise otkako koga nosev proteza:) Megutoa toa e kaj sekoj razlicno vo zavisnost dali ti e pomeki zabnite koreni i slicno..
    Jas sakav da prasam ako nekoj ima iskustvo so koronki, dali tie od 50 evra oksidiraat i go bojat nepceto sivo? Planirav da si ja napaam dvojkata koronka:)

    [mod-kirilica:1gl0rew5][/mod-kirilica:1gl0rew5]
     
  12. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    ниедна коронка не го бои сино непцето ако е добро ставена. Односно, непцето не се бои туку умира доколку коронката е насилно ставена и притиска, само така гингивата станува сино/сиво и тој процес е неповратен. Во однос на коронки, многу е важно како забарот ќе ти ги истружи забите, треба да има добра рака и да остави/отстрани доволен дел од забот, зашто од тоа зависи да ли ќе добиеш коњски заб или минијатурен и неприроден заб. Истото се однесува и за мостови. Моите мостови и коронки не се забележуваат дека се вештачки, дури и друг забар што ги видел не му се верувало колку не двојат од природните. Најважно е: да имаш добар забар, да слушаш што ти збори забарот, да не бараш најбела боја (оти може да добиеш сиви заби) и секако забарот да соработува со добар техничар.
     
  13. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    193
    Јас имам порцелани на 4 заби единиците и двојките горе , преубави ми се воопшто не се познаваат дека се вештачки и имаат убава природна бела боја непцата си се најнормални. Со забите ми се врати самодовербата и цело време сум насмеана. Како мала со дубак паднав по слалите и предните заби не ми беа рамни и едната единица ја извадив (непосредно пред правењето на порцеланите) затоа што ме болеше. Да знаев дека ќе се ослободам од моите заби вака брзо и лесно ,многу порано ќе го направев тоа.
     
  14. sanja.16616

    sanja.16616 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Знае некој колку чини Invisalign кај нас во Ск?
     
  15. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Jas nosev proteza samo poradi dvojkata mi bese ispaknata nanadvor. Od koga ja izvadiv godina nosev pozicioner. Sega veke ne go nosam i zabot malku mi e pomesten nanapred. Neznam sto da pravam
     
  16. Marti96th

    Marti96th Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да ве прашам двата кеца горе се многу големи и широки во долниот дел не се правоаголни тоа мн некако неубаво изгледа. Дали забарот ако ми ги стругне малку за да бидат рамни ќе ми штети на моите заби, во иднина да ми паднат да ми станат слаби или нема врска ?