Форумџика на годината

Етички кодекс на однесување на професорите во високото образование

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mazegin, 26 февруари 2025.

  1. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    Иако малку се збори за ова, но речиси половина од студентите доживеале непочитување, булинг, исмевање од страна на професор.

    Ние на хемиски институт пред неколку години имавме ваков господа. Нарцисоиден, а сега кога ќе размислам сигурно и некое психичко пореметување. Сигурна сум сум дека сеуште е таму. Дури кога зборуваше имаше и доза цинизам, агресивност и забораваше што е неговата работа на тоа работно место, а тоа е да си го презентира предавањето, да закаже термин за колоквиум/испит, и да стави оценка во индекс. Останатите работи му ги извршуваше асистентката.
    Многу пати знаеше да каже цитирам “ако не ви се учи, останете глупи и одете како оние на економски или земјоделски.” Услов беше да земеш негова оригинал пишана книга читај (инфо собрано од нет) за да поминеш кај него на испит. Не смеевме да купуваме од завршени студенти ниту пак да ја фотокопираме. Притоа еден по еден одевме да ни се потпишува на неговата книга, и бележеше кај него во тефтер кој има купено од неговата книга. Книга која беше премногу скапа за да си ја дозволи еден студент. Иако на 90% од останатите предмети фотокопиравме скрипти за 200/300 денари. Термин за испит чекаш да стави на огласната табла, тој го става терминот ден пред испит. Објаснувавме дека сме студенти вон Скопје, и дека ни треба време да се приготвиме за испит па дури и да најдеме превоз за утредента да присуствуваме на испитот. Ни се закануваше дека нема да видиме оцени од испит. И да сме чекале резултати на мејл. Ова саркастично. Резултати ден денес нема на мејл. Се возевме до Скопје само да видиме резултати на огласна табла или ќе чекавме колега од Скопје да ни слика.

    Да не должам многу, имаше сигурно многу случки, но поминаа години и не се сеќавам на мноу работи.

    Што предизвикува вакво однесување на професорите. Зошто едно предавање или испит да не биде хармонично? Сепак сме биле возрасни личности кои сме одлучиле да се надоградуваме на поле кое го сакаме. Зошто да чувствуваме страв да одиме на консултација кај професор?
    Дали професорите се чувствуваат несигурно бидејќи се плашат да не’ случајно има подобар студент од нив? Дали си го мразат работното место? Дали мислат дека се наоѓаат на позиција на супериорност каде што иднината на некој друг зависи од нив?

    Дали има некој професор да сподели мислење од негова перспектива, дали има некој кој бил сведок на колега професор кој што не се однесувал соодветно спрема студент?
    Бивши студенти/студенти пишете и вие ваше искуство. Сигурна сум дека има вакви професори барем по двајца или тројца на секој факултет.
     
    На tambelina, elenaklasik, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.000
    Пол:
    Женски
    Јас дипломирав одамна на психологија на УКИМ и ги поминав истите овие изживувања што ги пиша овде. Од тоа книгата да е купена, потпишана од тебе до тоа јавно, пред полн амфитеатар некого да исмеваат и омаловажуваат. Еден професор наместо труд за потпис ни бараше превод од англиски на македонски јазик на некои извадоци од книга и тоа бараше не писмено туку електронски, на флопи диск му го предававме преводот (тоа беше рани 2000-ти и се беше писмено). Не разбиравме што е поентата на задачата, не бевме преведувачи и филолози и текстот не беше поврзан со материјата што ја учевме. После си "напиша" и објави книга од тие преводи па ни се разјасни.
    Не беше еден професор таков и беа од различни институти од универзитетот.

    Сега мојата ќерка е студент.
    Се запиша на ПМФ и се разочара во првата година. Почна да учи, нешто од испитите и колоквиумите и ги положи ама рече на крај на првата година -не сакам на државен факултет повеќе да студирам и не сакам оваа струка. Ја убедувавме ако веќе менува правец да е барем на државен факултет заради трошоците. Ама не сакаше да чуе.
    Според нејзините зборови системот не можеше да го поднесе. Тоа изживување не можеше да го издржи.
    Мм и зборуваше дека тоа малтретирање сите сме го поминале како студенти на државен факултет и тоа не направило истрајни, упорни и не научило да се бориме за своите цели, без разлика на препораките од самиот систем или од самите професори.
    Демек ако професорот те бутка 10 пати, ако квадрираш, конечно ти ќе научиш така да не се откажуваш , ти ќе си упорен и ќе завршиш.
    Значи со ова се изнервирав ептен.
    Не викам дека не е вистина до некаде и тоа, ама не е исто како прво - ние немавме друг избор освен државни студии. Тогаш постоеше само штуловиот универзитет кој се уште не беше признат како државен, приватните факултети се формираа подоцна.
    Како второ и за мене она што најмногу ме изиритира е баш тоа романтизирање на тој однос и на тој систем. Како е булинг добра лекција?
    Можеби нас не зајакнало, ама некој што е психички полабилен или веќе има анксиозност или некој проблем таквиот однос само ќе го докусури. Многумина не завршуваат и заради тоа, не зошто не учеле и не се труделе. Искрено, побитно ми е да ми е детето ментално здраво отколку истрауматизирано на крајот на студиите.
    Второ, зошто треба да ми одземе студирањето дополнителни години од животот? Поентата на високото образование е да те подготви за повисок и поефикасен старт во твојот продуктивен период од животот, т.е за побрзо да се осамостоиш и да заработуваш повеќе.
    Ако наместо за 4 години тоа се постигнува за 6 години како е тоа корисно за студентите, како е добро за универзитетот? Не е добро за било кого. Резултатот од тоа е поспоро продуцирање високо квалификувана работна сила за земјата, а за студентите одложено осамостојување.
    Поентата е да се биде ефикасен. Поентата е да почне побрзо младиот човек да работи и да се тргне од грбот на родителите. Поентата е порано да билда работно искуство и да гради порано кариера а не на 30 години да почнува со прво работно искуство и да зема плата за почетник. На оваа возраст треба да си финансиски способен да одржуваш семејство а не допрва да бараш сериозна работа...

    Назад се многу, многу.
    Како бе во 21ви век мора да се поднесе некоја информација писмено, на студентски прашања и не прифаќа факултетот електронско поднесување (читај мејл)?
    Еве конкретно ПМФ немаат книжарница. Значи купуваш хартиен образец од книжара од друг факултет па го качуваш брдото да го однесеш на студентски кој работи само од толку до толку. Тоа се може да реши и од дома со компјутер.

    Јас ја поддржав ќерката да се отпише и да се запише на приватен факултет минатата година. Не ги жалам парите, верувајте.
    Со песна оди на часови. И на овој факултет си полага се по ред, се на време и е положено ама не ја гледам да се нервира зашто некој се изживува со нив. Нема стрес освен оној нормално пред испит, за тоа како ќе се покаже.
    Студентите имаат задача само да се посветат на учењето и да се редовни. Друго се и е решено, се е поедноставено и електронски. Книгите ги добиваат во оригинал вклучени се во школарина, сите трошоци за пријави им се исто вклучени. Сите испити им се фактички однапред пријавени , тие треба само да отидат и да полагаат. Секој има ментор кој може да го побара било кога, за секаков проблем. Професорите се достапни и можат да ги контактираат лично и телефонски.
    Еве прошлата недела деканот ги прашал сите после часови како им иде и со што имаат проблем...
    Искрено ме изненади, јас на УКИМ деканот го видов само говор кога држеше на доделувањето на дипломите...

    Еве само земете ги приватните во земјава за пример како може да биде, не мора подалеку да се гледа.
     
    На tambelina, LiquidLuna, Antebellum и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    @Cosmic Girl во право си за ова со приватните факултети. Нај не логично нешто на државен факултет беше тоа што ако не положиш условен предмет, не можеш да земеш година, или у најлош случај паѓаш у приватна квота. Сето тоа кошта.
    Кога ќе ја направиш математиката, приватна квота кошта плус 100 евра, секое презапишување на предмет се плаќа плус, психички те малтретираат професори, па боље би било приватен. Барем како човек ќе те третираат.

    ПМФ денес е најголемото дно. Ова го зборат и генерации кои учеле пред 20 години таму у споредба со денес.
    Јас кога бев студент, имав колешки кои не ги знаеа елементите на периодниот систем, а на резултати од колоквиум имаа најмногу бодови. Сега веќе дипломирани. И ќе ми зборат дека државен бил подобар од приватен, ма немој.

    На испит исто така не смеевме со периоден систем да полагаме, само со дигитрони. Кога одевме на полагање во амфитеатар имаше огромни периодни системи, сите беа покриени со бели чаршави. Ни ги земаше од раце. Изгледавме како експериментални глувци.
     
    На tambelina, SummerGirl и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    3.184
    @Mazegin кој професор? И јас завршив на хемиски, баш ме заинтригира. Јас не се сеќавам на таков екстрем, ама па и не дека сите ми предаваа нели, зависи од смерот.

    Немав некое особено лошо искуство со професорите додека студирав, само на еден се сеќавам мањачки настроен. Ми беше драго што не му паднав во очи. Ама си поштоваше големи гради и знаеше да е handsy со одредени колешки.

    Имавме уште еден кај кого исто имав среќа од прва да положам, ама колегите што ги имаше на пик многу тешко поминаа. А не беа ни прости, ниту пак мрзливи. Можно е да е тој што го опиша во првиот коментар, само тогаш немаше негова книга. Баш на хемиски сите книги ги фотокопиравме, на времето. Само една книга морав да ја купам, и тоа на институт за биологија. Ужасна беше, склопена од материјали на англиски преведувани од студенти. Знам, дека и ние преведуваме кај истата професорка.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Да воедно си го мразат и раб. место. Тоа се тој тип на личности кои до поладне мразат се, а после пладне и самите себеси.
    Имам вакви непријатни искуства, мило ми е што одамна се зад мене, само штетите што ги направиле врз мене се тешко оправливи. Кое бедно чувство е некој да ти се изживува вака.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.725
    Ова ми забоде очи.
    Значи ова е многу лош начин да "мотивираш" некого.
    Ете сум паднала испит зошто не сум се спремила, ама знам што ми фалело, следен пат сум научила и сум положила, и тоа со висока оцена. И сум успеала и сум се потрудила зашто е до мене проблемот, зашто знам што треба да сменам.
    Ама кога проблемот не е до мене, што да бидам упорна? Каде и за што да се трудам кога од мене е направено сѐ што треба? Тука не зависи од мене, зошто ЈАС да сум упорна и да се трудам? Да губам скапоцено време, да кубам коси, да не спијам, да уништам здравје, за што? За некој што води инат и се изживува. Ама јас да сум упорна, не ме јеби.

    Јас сум немала олку екстремни примери, и тие што беа малце налудничави, се тераше како така кај нив. Ама знам од други факултети што се откажале ради несаглам професори.
    Сите ги знаеме скандалите на Економски па дали студентките што биле вознемирувани исто така требало да бидат упорни?
     
    На tambelina, Cosmic Girl и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    5.915
    На кој факултет се запишавте? Јас моментално разгледувам за приватните
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.000
    Пол:
    Женски
    На ФОН се запиша.
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.895
    Допаѓања:
    171.486
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да разберам професор да се однесува вака како шо опишвате. Се шо гледам е нивна лична фрустрација и е тажно да се види возрасен со толку неразрешени проблеми. Пошто тргам од себе. Ако јас се однесувам така во нивна позиција - значи не сум среќна со кај сум или не сум среќна со како стигнав таму.

    И вервам дека вакво однесување влијае на мотивацијата на студентот да учи. Која е пораката ако ме паѓаш 101 пат за да сум научела да не се откажвам? Не треба да паѓам 101 пат ако научив. Треба да сум чиста пред себе. Доволно да сум свесна дека двата претходни пати не знаев доволно и паднав. И тука да не се откажам туку да седнам да научам. И сега се поправам, потам газ соодветно - пораката треба да е дека чим седнав и научив значи положив. Со вакво однесување дури и пораките кои треба професор да ги пренеси се грешни.

    Јас кога студирав, приватно, односот со професорите беше многу фер. Се сеќавам имав проблем со еден предмет и никако не можев да го разберам. Професорката лично ме викна да зборниме шо е проблемот и како можи да ми асистира за да разберам то шо не разбирам и евентуално положам. Секогаш биле отворени после час да објаснат нешто уште 101 пат дур не речиме "а-ха готово, разбрав". И ваков однос мотивира. Ама вистина мотивира. Пошто ако дома не можам сама да сфатам знам дека не мора да го набубам колку да положам туку можам да одам кај професор и тој да ми објасни дупката во знаењето шо ја имам. Исто после факултет шо продолжив со терапевтски правец е едно од најубајте искуства шо ги имам со предавачи и ментори. Се осеќам стварно благословено дека имав пасија за одредена тема и решив да ја учам и цел процес ме поддржваше и мотивираше да учам и истражувам.

    Годинава планирам втор факултет да запишам, на државно. Па ќе видам споредба. :D Додуша не мислам дека, на тогаш 29, ќе можи професор да ми напрај shakedown. Пошто на 18/19 ко почнував факултет однос како онај горе ментално би ме тиштел и веројатно колку и да сакав нешто ќе имав одбивност да учам. На 28/29 не мислам дека можи толку да ми влијај не фер однос околу мотивацијата да учам. Ама, ќе видиме. Stay tuned. :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.