1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ефект на случаен минувач (Bystander ефект)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tan4ence, 9 ноември 2017.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Bystander effect или ефектот на случаен минувач е социјален психолошки феномен во кој помали се шансите луѓето како индивидуи да помогнат некому ако се присутни повеќе луѓе наоколу. Колку е поголем бројот на присутни случајни минувачи во ситуацијата, толку е помала веројатноста дека жртвата ќе добие помош.
    Некои фактори кои придонесуваат до ваквото однесување на индивидуите се двосмисленоста, чувство на неодговорност, страв од вмешување во ситуацијата, или врската меѓу минувачот и жртвата.
    [​IMG]

    За жал, оваа појава е присутна во нашето секојдневие, и самите оние кои што биле сведоци на ситуација со жртви во истата биле на еден начин "bystanders" кои само сметале на присуството на другите луѓе, дека некој од нив ќе помогне. Односно, секој помислува - Да не се мешам, ќе помогне некој друг. Но, кога секој би го мислел истото, резултатот би бил таков што никој не би пружал помош на жртвата.

    Какво е вашето толкување на оваа појава? Дали сте се нашле во ваква ситуација кога некому му требало помош, но од одредени причини не сте помогнале, или дури никој не помогнал на жртата и покрај тоа што биле присутни повеќе луѓе? Или пак можеби сте биле личноста на која и' треба помош?
    Дали би помогнале ако наидете на непознат кому му треба било каква помош без разлика колкав број луѓе се присутни?
     
    Последна измена: 9 ноември 2017
    На NoirSerpentine, ♣ Alba Viduam ♣, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence навистина одлична тема.

    Мислам дека за овој ефект имам објаснувано и во мојата тема Апатија која набрзо ја отворив бидејќи има одредена поврзаност меѓу нив.

    Имено, лицето кое има недостаток на емоции или е апатчна личност, во овие ситуации може да биде дефинирано како bystander, односно лице кое само стои на страна и чија апатија се изразува во моментот кога постои итен случај каде одредено лице е нападнато, повредено, малтретирано или во било која итна ситуација, а bystander-от само стои и не прави ништо друго освен што набљудува што се случува пред него.
    Понекогаш ова може да биде предизвикано од еден bystander набљудувач кој перципира други bystander лица и го имитира нивното однесување. Ако други луѓе не реагираат на нашин кој ја прави ситуацијата да изгледа како итен случај кому му е потребно внимание, често и други bystander лица ќе реагираат на истиот начин. Припаѓањето на одговорноста исто така може да биде виновна за bystander апатијата. Што повеќе луѓе се присутни за време на имтниот случај, поверојатно е дека поединците ќе помислат дека секогаш некој друг ќе му помогне на лицето во опасност да тие да не мораат да го направат тоа.
     
    На theowndemon и Tan4ence им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Ми текна на кампањата на Бургер Кинг, кај што снимаат како некои деца малтретираат врсник.
    Само 12% од присутните реагирале на насилтвото.
    Милион пати сум била во слични ситуации. Секогаш сите стојат на страна, чекаат на другиот. И да, колку повеќе присутни - толку е помала веројатноста дека некој ќе регира.
     
    На theowndemon, Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Секогаш. Посилно е од мене.:$
    Можеби некогаш ќе почекам неколку секунди за да видам дали ќе реагира некој постручен или посилен, ако не тогаш настапувам со сите расположливи ресурси. :muscle:
    Со пијани луѓе не се замарам.
    Калкулации отпосле што би било кога би било.
     
    Последна измена: 15 ноември 2017
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Страв да се биде поразличен од мнозинството, плашливост што би можело да се случи... Не е само „многу не има, некој друг ќе помогне“, туку и „луд/а ли сум јас да помагам, штом никој не го прави тоа“. И уште еден показател колку е човекот себичен по природа, тогаш кога никој не го гледа, и никому не мора да се правда. Треба често да се разговара на вакви теми и луѓето да се едуцираат за да постапуваат правилно во разни ситуации.
     
    На Briar Rose, theowndemon и Tan4ence им се допаѓа ова.
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Скоро другарка ми кажа како била сведок на претепување на девојка од страна на други две девојки и била оставена да лежи на тротоар во 3 саат сабајле 15 минути и никој не помогнал. Ниту возачи на коли, ниту сеирџии од зградата. Јас се зачудив и ја прашав, па добро не можеше да се јавиш у полиција и да пријавиш? Таа баш рече: неќам да се мешам, од кај знаеш што може мене да ми се случи ако пријавам.

    Па лесно е да судиме сè додека не се најдеме во таква ситуација. Искрено, сите некако се плашат и не рагираат и не е тоа во ред...
     
    На Mamli му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Ако станува збор за повреда или влошување на здравјето мислам дека поголем дел од граѓаните ќе притрчаат веднаш да помогнат. Проблемот е потоа кога сите ќе се натпреваруваат и докажуваат кој повеќе знае и може да помогне. Ефектот на се знам. Кога се во прашање пијани луѓе или тепачки повеќето луѓе се дистанцираат од причина истите да не влезат во непотребни проблеми.
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.710
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Сум била во такви ситуации и сум помагала секогаш и на пријатели и на било кој.А дали мене некој ќе ми помогне или не не знам.Самата можам до негдека да си помогнам
     
  9. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    1.841
    Пол:
    Женски
    Не ни знаев дека ова има име, ама во вакви ситуации си мислам дека не само што чекаат од друг туку и мислат дека некој веќе помогнал.
    Според виденото од општествените и социјални експерименти ова е најнаивната претпоставка бидејќи луѓето се многу површни и реагираат исклучиво во одредени моменти.
    Или им е страв од полиција ако се работи за некоја незгода, па треба да заглават по судови и можеби е тоа тоа што ги плаши.