1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ејми ја нема (Џилијан Флин)

Дискусија во 'Книги' започната од JoxyTheFreak, 17 мај 2013.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Бракот може да биде вистински убиец...
    Едно топло летно утро во Мисури, Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак. Се замотуваат подароци, се прават резервации во ресторани, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство...
    Кога сите почнуваат да ја бараат неговата прекрасна, брилијантна и духовита жена - неверојатната Ејми - Ник не изгледа толку загрижено колку што би требало да изгледа еден маж чија сакана сопруга е киднапирана, можеби и мртва. Кога полицајците почнуваат да копаат подлабоко, сфаќаат дека Ник не изгледа толку наивно како што мислеле на почетокот, напротив, тој дури можеби и има мотив да ја убие. Читателот на оваа приказна, паралелно има можност да го чита дневникот на Ејми и самиот си крои слика за неверојатната Ејми. Ник, сопруг на годината, не изгледа воопшто загрижено и исплашено за исчезнувањето на неговата сакана жена, но добро, секој што ќе го прочита нејзиниот дневник ќе открие дека алфа девојката перфекциониста би можела да извади од кожа секого. Додека целиот град ја жали и оплакува прекрасната исчезната девојка, нејзиниот сопруг презентира несоодветно однесување и бескрајна низа лаги и измами.
    Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? Дали е Ејми толку прекрасна како што мислат сите околу неа или навистина му дала причина да ја нападне на некој начин?
    Оваа книга е навистина конфузна и сплеткана. Со интересни расплети и заплети низ 450 страници, ќе дојдете до прилично уникатен финален расплет и крај. Нешто што дефинитивно не сте го очекувале. Нешто што некому ќе му се допадне, некому не.


    Книгава е одбрана за најдобар трилер за 2012 и многу прашина се кренало за неа.
    Јас ја земав и ќе ја почнам најверојатно утре.
    Некој што ја прочитал? :wasntme:
     
    На Daisy.E му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Еве јас што имам напишано за книгава во Последна прочитана книга.
    Дефинитивно вреди да се прочита, еден страшно добар трилер.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга! А кога ќе релам прекрасна значи дека ми оставила голем впечаток.
    Ми се допадна се, и ја прочитав речиси во еден здив. И за да не звучи како клише претходното ќе кажам дека авторот така добро испланирал се, така добро ја склопил приказната што те тера прво да се чувствуваш неизвесно, нагаѓаш што може да се случи следно за на крај ниедна претпоставка да не излезе како точна. (барем така беше во мојот случај) крајот ме изненади иако очекував малку поинаков.
    Вреди да се прочита крими-психолошко книгиче, море книгиште од над 200 страни. ;)
     
  4. Majte8

    Majte8 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Книгата е предобра, откако ја прочитав ја препорачував на се живо и диво. :D Она што ја прави ремек дело, не е самата приказна колку што е брилијантниот начин на раскажување на писателката. Двата главни лика се толку длабоко опишани, што имаш чуство дека се опишани два реални брачни партнери, нивната силна љубов на почетокот, па се до оној момент кога бајката ќе ја снема и ќе се соочиш со тешкотиите на животот. кои најчесто ја уништуваат љубовта.

    Поентата на самата книгата воопшто не се доловува во самиот филм, така да искрено ви препорачувам да го прочитате овој ненонармално добар психолошки трилер и да не губите два ипол часа на филм, кој лесно ќе го споредите со друг со слична приказна.

    Крајот на многу луѓе не им се допадна, меѓутоа секој друг крај би бил веќе видено и без него книгата не би била тоа што е :)
     
    На crazylady и Elena69221 им се допаѓа ова.
  5. busavobebe

    busavobebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    833
    Пол:
    Женски
    подобра книга немам прочитано, ми беше препорачана од најдобра другарка веднаш ја зедов и што се вели ја прочитав во еден здив, значи книга ме остави со подотворена уста и нема на кого не ја препорачувам книгата.. УНИКАТНА Е
     
  6. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Каков психолошки трилер. СекојаКрими книга после оваа ќе ми биде мех.. Таков заплет.. толку уникатен расплет. Какви ликови. Особено главниот лик.
    која психа е Ејми бе никогаш нема да прочитам по заебан лик од овој
     
  7. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Машки
    ќе ја читам обавезно (y)