Во денешно време, на факултетите се повеќе со појавува е-учењето. Како ви оди тоа, кои му се предности и мани? Дали ви се допаѓа ваквиот начин,дали можеби нешто недостига?Општо ваши коментари...
Не мора да учиш само од дома, може од било каде кај што има услови за учење и пристап до електронските материјали Најмногу треба да имаш самодисциплина за да учиш во вистинска смисла на зборот без да бидеш секојдневно оптоварен да се појавиш на предавање. Со тоа можеш да си го намалиш трошокот за превоз на пример Или пак да живееш во Париз, а да учиш во Лондон електронски Згодно е и за вработени и за некој што од здравствени причини е спречен да следи редовно школување, вака може во било кое време да учи и да си ги заврши задачите. Се разбира за да на крај се добие диплома за регуларно завршено образование, тестирањата на знаењето се спроведуваат во испитни центри. Како и да е е-учење има во различни форми, негде се нуди целосно е-учење, негде само делумно. Кај нас, бидејќи Сноу спомна дека се појавува на факултетите, претпоставувам дека е делумно. Не сум слушнала за кај нас негде целосно да се спроведува образовен процес преку е-учење, кој е признат и затоа и прашав дали можеби сепак негде има нешто такво тука и на кој начин се применува.
Има е-учење на УГД за нас студентите. Треба да се логираме само. Таму има книги по предметите, во секој момент можеме да стапеме во контакт со професорите, си го следеме индексот, односно оценките, поените итн. Немам уште направено профил, треба да го дознаам бројот на индексот. Ова што ни го кажува асистентот, не пишувам од искуство.
Не сум баш упатена, но најверојатно како осовременување на стариот начин на учење кое подразбира одење во школо/факултет, слушање предавања, испрашување/тестирање, сигурно веќе некаде има онлајн споделување на е-литература,е-задачи,е-предавања, електронско самотестирање на знаењата, електронска комуникација помеѓу професорите и учениците/студентите и некои други елементи кои ги опфаќа е-учењето. Всушност треба се да има што е присутно вообичаено за време на школувањето само во електронска форма. Само не верувам дека негде кај нас има целосно е-учење, во смисла на тоа на пр. некој да се запише во школо или на факултет кој нуди целосно да се студира електронски-на далечина (освен полагањето). Инаку во странство постојат сериозни образовни институции кои нудат таков начин на учење.
Да, на тој начин би требало да биде, само што мислам дека нема да биде целосно, оти ова е прва година. А, и мислам дека нема да функционира така како што е замислено.
Тоа е ок, онака имаш побрз пристап до информации, материјали, задачи.. и плус можеш во секое време кога сакаш преку интернет да дојдеш до нив. Е сега колку и како функционираат работите кај нас е секогаш дискутабилно. Во секој случај кај нас сеуште останува обврската да се оди и да се присуствува физички на факултет или во училиште. Тоа што го има е само делумно е-учење кое сепак е добро затоа што може да го помогне и олесни основниот процес на образование, се разбира ако се применува правилно. Може некој и самоиницијативно да си учи електронски во денешно време затоа што постојат еден куп онлајн курсеви, туторијали кои се дури и бесплатни со тоа што нормално за тоа нема никој да добие диплома ама ќе се снабди со некакво знаење. Само YouTube содржи еден куп видеа од кои може нешто од било која област да се научи. Тоа не е официјално е-образование (или учење) ама пак ако некој има желба може да научи на нешто корисно на тој начин што ќе му биде потребно. Интернет и се е можно