Читачот на е-книги (наречен и е-читач) е електронски уред предвиден за читање на дигитални е-книги и е-списанија, користејќи ја технологијата наречена „е-мастило“ (англ. e-ink) за приказ на содржината. Главните предности на овие уреди е преносливоста, читливоста на екраните при сончеви услови и долготрајност на батериите. Секое лично дигитално помагало (ЛДП или PDA) што може да прикажува текст на екран може воедно да биде и читач на е-книги, но без предностите што ги овозможува посебниот е-мастилен екран. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0% ... 0%B3%D0%B8 Имате ли е-читач и ако да, каков? Кои се предностите, кои се маните? Која марка е подобра и во што?
Јас немам, а некако и не ме привлекува. Мислам... ако ми подари некој Киндл, ќе го користам без проблем за да читам книги што не можам да ги најдам, но не би го запоставила за ништо на светот шетањето по книжарниците и тезгите на препродавачи на книги за да најдам книга која „ќе ме повика“. Има некоја магија во старите книги и пожолтените страници што се губи со модерната технологија. Да ја имам истата книга во класична верзија со тврди корици и во електронска верзија - би ја одбрала првата без никакво размислување. Инаку, овие специјализирани направи што се наменети исклучиво за читање имаат предност во однос на iPad и сличните таблети (хммм tablets - како е изразот на македонски не знам) поради тоа што не зрачат и не ги замараат очите повеќе од обична книга. Не може да се читаат во темница, и тоа е добро. Како што реков, немам е-читач но веројатно Киндлот не си ја заслужил репутацијата најдобар за џабе, па кога би добила желба да набавам би се одлучила за Киндл, но сосема обичен, од најефтиниот затоа што тој што е во боја (Kindle Fire) е претерано одење во крајност. Убаво што цената на новото сиво мало моделче е попристапна од првиот Киндл што излезе, па просечен човек може да си го дозволи. И така, јас продолжувам да се држам до старите добри тешки томови. Но би размислила за е-читач доколку повторно би требало да поминам низ периодот на влечење по автобуси што ми траеше до пред неколку години. Се’ додека читам дома и имам пристап до добри книги (колку се - толку се, засега доста се), останувам на класичниот начин на читање што има нешто што не може да биде надминато, а тоа е - душа.
И мене секогаш печатените ми биле на прво место. Се дискутирало за тоа и низ другите теми. Ама сепак, мојата љубов кон читањето е поголема. Веќе немам избор, нема ништо ново во библиотека, немам доволно средства да купувам нон-стоп книги... Така што еден ваков читач и те како ќе ми заврши работи. Предноста е голема, сите книги ти се достапни, се што сакаш, башка не мораш да си кинеш нерви со македонски превод. Секогаш и секаде можеш да си имаш книга при рака. Kindle и мене најмногу ми се свиѓа. За оние што само сакаат да читаат нема подобро.
Реинбоу може ли да читаш пиратски даунлоди на Киндлот? Нема ли некако да ги детектира, затоа што знам дека производителот има пристап до твојата библиотека, неодамна имаше и некаков скандал со тоа што им избришал книги од Џорџ Орвел од библиотеките на сите што ги купиле затоа што немале авторски права... па се замислив, да не има некои казнувања ако користиш плагијати?
Јас си земав KOBO на распродажба околу божикните празници. Иста работа врши како и Киндл ама нели името не му е тоа па поевтино беше. Не можам да читам од таблета, исто е како од лаптоп да читаш на нив, а и ако не се тенки како Ајпад, тогаш се значително потешки, плус батеријата на таблетите не трае доволно долго како батеријата на Е-читачот, па и колку повеќе материјал на нив толку побавни се. Сепак, преферирам книги во старомодната хартиена форма. Предноста на кобо читачот е кога ќе одам на двонедлен одмор дека ќе го наполнам со книги и нема воопшто да ми зафати простор при пакување. Затоа и го земав, со таа идеја. Но, за секој ден, дома/на воз си сакам книга, да свиткам лист каде што сум застанала, да ја погледнам уште колку има останато, да се мислам дали го решив убиството веќе или има друг заплет оти дебелината на останатото вели дека има уште нешто, го немам тоа со Е-читачот, а јас сум изгледа многу визуално зависно суштество. Сакам кога ќе ја дочитам книгата да ја дадам на некој друг, или да ја дадам во овие втора рака на продажба книжари кои средствата ги даваат за добри цели. Цената на симнување на електронските книги им е иста како и да ја купам како книга од книжара, а и јас знам да појдам во втора рака книжара и всушност ако не е некоја ептен ново излезена книга, да ја купам таму поевтино во хартиена форма отколку од Кобо(не симнувам онака копии од било каде, не страв од закони, туку и да се може со читачов тоа да се прави, јас едноставно не сакам така). И што да им правам на книгиве електронски еднаш кога веќе ги прочитам? Delete? Од друга страна го имам маж ми, и доколку прочитам некоја книга на одмор кога сме, а не е чик флик, и му речам оваа мора нареден пат да ја читаш, па ако му го дадам нему Кобо-то, јас не можам наредната да ја почнам додека тој не ја дочита оваа. Така да најверојатно и на одмор со читачот ќе оди уште некоја во форма на хартија, ама нема да се 6-8 туку можеби само 2-3. Ќе заклучам дека вршат добра работа со тоа колку волумен на страници можеш да собереш во една коцка направа, ама сепак имаат и негативни страни. Или пак јас сеуште водам инат и не можам да и се предадам целосно на модернава технологија.
Колку тажно ми изгледа сликава немате претстава... Се надевам дека развојот на технологијата нема да доведе до ова еден ден, иако на Амазон веќе одамна продажбата на е-книги ги надмина класичните, а и многу огромни книжари во Америка се затвараат...
^Мислам дека по некое време ова е неизбежно. За жал. Кај нас се уште не е толку застапено, уште електронските читачи не ни се толку достапни, ама ќе станат по некое време. Во светот веќе поголем е бројот на луѓето што читаат електронски книги. Тоа е тоа.
А каде може да се купи, само на интернет? И колку му е цената од прилика, најефтината? Јас не сум во тек со ова, а интересно ми изгледа
Јас кај нас не знам баш кај има и како им се движат цените. Еве на амазон можеш да погледнеш какви има и по која цена. http://www.amazon.com/gp/product/B0051Q ... v_kstore_0 Eве и за nook. http://www.barnesandnoble.com/u/nook/379003208/ И нешто ново. http://mashable.com/2012/03/29/lg-e-paper/ http://tocka.com.mk/5/63353/naskoro-fle ... i-e-citaci
имам NOOK Simple Touch,и ipad3,Nook е по практичен,батеријата трае по долго,можи и надвор да читаш,екранот не свети и е исто како да читаш од книга,по мал е и по лесен за носејне,не ми се бендисува што неможиш да читаш во темница,оти не свети екранот ама пак и тоа им е целта да се чувствуваш како да читаш од книга,и друго што ептен ме нервира за да симниш free книга пак треда да внесиш број од кредит карта,и исто и со и gift карта не можиш да купуваш мора да е кредит затоа и скоро ич го немам користено а го имам скоро 2 год.а ipad-от ептен си го сакам го имам околу 3 месеци и не сум тргната од него,дури и лаптопот го уклучувам еднаш месечно.имам сметнато Kindle апликација( и за разлика од (barnes & noble)kaj што се симнуваат книги за Nook,) и од Амазон до сега си имам сметнато преку 80 книги и сите без пари е сега не ми се бендисува тоа што батеријата се троши по брзо и ич не ездрав за очите
Бидејќи мајка ми е во Лондон, и реков кога ќе се враќа да ми земе Киндл. Иако сум повеќе за печатениве книги, овој ќе го искористам за оние книги коишто тука би ми биле недостапни, бидејќи книгите на ппример, на Николас Спаркс на англиски се над 500 денари, а вака би ги имала бесплатно сите. Тоа е предноста, иако го обожавам чувството кога ги прелистувам страниците.
еве линк за free kindle апликакија за на компијутер http://www.amazon.com/gp/feature.html?i ... 97entshf_b исто има free app и за android,ipad, вака со апликацијава се заштедуваат пари и ќе си имаш Е-читач без пари
Ане белла, фала многу за линков. Дефинитивно ќе заврши работа.. Само, дали може да се симнуваат книги бесплатно??
ќе одиш во amazon.com и ќе треба да се регистрираш,ќе видиш таму десно во горниот ќош,и после е лесно пиши во search:free kindle books,и ти излегуваат сите книги што не се плаќаат,или за по лесно ќе пишиш што преферираш да читаш, на пример(free kindle books for teens) и сите тие книги ти излегуваат.а верувам по интернетов има многу од каде да се најдат да се сметнат безплатно. P.S. ако нкој знае некоја страна за сметнуванје книги нека пиши
Фала. Инаку да ти се пофалам, можам преку амазон директно да си симнувам бесплатни книги за оваа апликација што ни даде линк Сега имам 2 нови, кога ќе ги прочитам, ќе ставам уште, да не трупам многу.. Леле колку сум среќнааа posting.php?mode=reply&f=45&t=11390#
Баш ми е мило што ти помогнав,само да ти кажам ако имаш книги што ги сакаш сметни си ги сега дури ти се бесплатни,оти понатаму истите тие ќе треба да ги купиш,оти ги менуваат можи другата недела истите што се сега free ке бидат со пари,искористи шанса дури можиш.плус книгите не земаат многу в компијутер
Јас не знам што работа врши таа киндл апликација. Сигурно не ти симнува е-инк екран за да читаш поубаво на компјутер. Компјутер се знае дека не е за читање, боли глава, затоа се специфични овие е-читачи, да можеш на раат и без главоболка се да си читаш.
^ не екранот си е нормален,ама и не сите Е-читачи имаат е-инк екран.уствари сите таблетс се и е-читачи,исто и андроид или ај фон,значи оваа киндле апликација ти е,ако не сакаш да лупниш $200 за киндле фајар или $100 за обичен киндле е-читач со е-инк екран,ја сметнуваш оваа апликација на компијутер или телефон и си имаш киндле читач без пари
апликацијава ја имам на мојот таблет и не се лажете дека ќе ви го претвори таблетот или компјутерот во е-читач. Тоа е само апликација за да можете да си набавувате книги електтронски од амазон. Инаку Kindle е тоа што се заради типот на екранот кој го има, а не заради некоја апликација. Така да или Kindle или книга обична за да не ве боли после глава и да развивате диоптер.