1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената-дома, а мажот на шетање...

Дискусија во 'Брак' започната од girl.23, 25 јануари 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Гледам многу вакви случаи околу мене...
    Дали тоа го прави беспарицата, немањето работа...
    Дали се работи за менталитетот или за карактерот на човекот...
    Каде е почитта спрема сопругата...

    Да земам пример на едно семејство: Двајцата родители се вработени, само прва смена одат. После работа мажот оди по кафичи со машки и женски пријатели, навечер често по кафани, на фудбал со пријателите, а жената цело време е дома чисти, ги чува децата и им помогнува околу домашните задачи од училиште.
    Мажот секој викенд излегува по дискотеки, се прибира дома наутро.
    Жената и децата како да не постојат за него.
    Жената цело време молчи, бидејќи тој е главен и има страв од него.

    Дали сте биле во ваква ситуација?
    Ако би се нашле како ќе реагирате?
    Дали го осудувате ова или е нормално за вас?
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Од една страна до карактерот си е.
    За некои мажи е понижување да седат дома со жената и децата. Па што ќе речат после неженетите другари? Дека се папучари? Ти се молам. Затоа забораваат дека дома имаат жена, дете, дека веќе не се сингл, семејство основале. Едноставно на таквите им е помило другите од страна да се позадоволни, отколку најблиските.
    Од друга страна и до менталитетот е. Незнам зошто толку се занемарува улогата на таткото во едно семејство. Па тој игра важна улога во одгледувањето на детето исто колку и мајката. Мажот кој не се потпира на ова, не се грижи дали детето треба да се пресоблече, да му се смени пелена итн. Ама битно тој е МАЖ, секоја вечер е пијан со другарите.

    Сепак не треба да се оди од крајност во крајност. Да, и мажот и жената основале семејство, ама не треба да ги заборават пријателите. Понекогаш треба едно добро издувување со нив.

    Мажот на сестрата на дечко ми многу се смени откако им се роди синче. Секогаш е тука за него. Помага, го чува, пресоблекува... Кога ќе го погледнам како го гледа детето се топам :$ .Ама тоа не значи дека си ги заборави другарите. Се гледа и со нив, секако во граници на нормалата.
     
    На roberta-rubi, srcekrsacka и girl.23 им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    Во мојот случај не е така!
    Најчесто времето го поминуваме заедно . Исто како и пред бракот , не ни се смени нешто ситуацијата.
    Од кога останав бремена искачањата во диско ми се намалија , не ни можам да одам во диско , а на сопругот не му бранам ако сака да искочи со другарите . нека зашто да не , Но повеке сме заедно некаде пример идеме во кино , или некаде на вечера ....
    Ама сепак мислам и до карактерот, воспитувањето и др. :!: :!:
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Тоа го прави самата жена и никој друг :) И искрено не осеќам жал за таквите, ниту пак ги осудувам мажите, од проста причина што секоја гледа со каков се мажи нели-затоа некое време си во врска, се запознавате, гледаш каков е, а ако некоја гледа дека нешто не оди, па верува во бајките дека тоа ќе се смени, бракот ја враќа во реалноста :) Па после евентуален развод, нека земе пак таков.

    Каков жената ќе си одбере, како ќе се постави, таков и ќе и биде бракот и тешко да ме убедите во спротивното. Ако карактерот му бил таков, не морало за маж да го зимам нели :wasntme:
     
    На simonagj, marceperce, srcekrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Па такви случаеви не се само за во бракот ги има милиони и во врска девојката си седи дома никаде не излегува, а по по градот лумува, се гледаат само или кај него или кај нејзе и тие девојки што очекуваат како ќе и е во бракот?

    Според мене точно мажот и жената треба да си излегуваат заедно, но сепак не треба како црево секаде заедно да се влечат, треба да си постои и малку слобода. Мене лично не би ми сметало ако еден ден маж ми чат пат излегува сам на пиво со другарите зошто и јас би сакала да си одам на кафе со женско друштво. Ни денес кога сме во врска не ми пречи кога дечко ми излегува со другарите, но во тој случај и јас не седам дома туку сум излезена некаде со другарки, но прикрајот на вечерта ќе се најдеме и заедно ќе отидеме во диско или ќе си отидеме дома. Знам многу е поразлично во врска и во брак, но сметам дека жената си е сама виновна што така мажот си се понаша со неа, па таа самта така си се поставила. И кој и е крив кога не знае да му сржи?
     
    На marceperce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Истото и јас се прашувам, како жените само молчат??? Или им е сеедно каде е и со кого е мажот им? :x
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Малку е до менталитетот, да не речам балканштината и македонштината која се' уште цвета кај нас, а другото е до карактерот и домашното воспитување.

    Децата неретко се огледало на родителите - ако го гледал татко му како после работа крева нозе во вис, клапнува пред тв со пиво во раката и дреме едно 4-5 часа, додека жената продолжува да мие садови, суредува, чисти и да мисли што за вечера, момчето така ќе мисли дека е нормално и пожелно.

    Или скита и лумпува како некој неизживеан младич, додека жената верно и мирно го чека дома, небаре му е робинка и слугинка.

    Затоа ширум отворени очи кога бирате брачен партнер.
    Анализирајте го, испитувајте му ги навиките, карактерните особини, запознајте го и знајте со каков човек си имате работа.

    Не треба да се оди ниту во екстреми, некои жени не им дозволуваат на мажите ниту да мрднат со пријатели, ниту на баскет и обично излегување, честење по некој повод или вечер со колеги од работа.
    И тоа е претерано и лошо.

    Во секој случај многу ми е невкусно тоа скитање и излегување на мажот без мера.
    Ко некое куче пуштено од синџир, ко некој недоквакан тинејџер кој не може да се нарадува на пијанки и бесна музика.
    Искрено, не знам ниту како таквите завршуваат во брак.
    Кој ги зема за мажи?
     
    На simoncelicius, srcekrsacka, Hipica и 9 други им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    во брак ако мажот седи дома, помага во домакинството или со детето (менување пелени, бањање, пресоблекување) според другарите кои се неженети веке не е маж, му се губи надимакот МАЧО нема веке(или не толку често) излегување, пиење, шетање со нив или е нарекуван ПАПУЧАР во друштвото,за срека не се сите такви секоја чест на исклучоци :)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Зависи како уште од старт ќе си ги поставите работите. И тој и таа може да шета колку сака ако нема осет дека има обврски по дома. Најлесно е да се остават децата кај баба, дедо, сестри, вујни....и да се трча во првиот кафиќ, кафана и сл.
    Секој има потреба од свое друштво без партнерот и тоа треба да се почитува ама да се има осет колку може и до каде може. Секој има своја слобода и не е врзан за куќата ама ако не ти е пријатно со партнерот по дома и трчаш веднаш во првиот кафиќ, значи нешто не штима во таа врска.
    Ако јас правам генералка по дома, ок нека излезе и нека го земе детето со себе за да го прошета отколку да ми се шунка по дома (ако немам потреба од негова помош, т.е физички напор,а неможам да го терам да ми брише прозори).
    Треба да се почитува слободата ама не и да се злоупотребува. На таков начин се губи и доверба во партнерот. Тоа не значи дека мора да биде врзан за мене ама мора да постои граница.

    Тоа е доволен сигнал дека не им баш функционира бракот или врската (според мене). Немора да значи дека е неверство или има друга ама доволно е што не си својот партнер - значи не ти е убаво со него. Ако не делиш моменти со него тогаш со кого со комшивката на кафе на бош муабети и оговарање на свекрвата или некој друг :$
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Има мажи т.е. дечковци кои откако ќе се оженат некако нагло созреваат и пораснуваат и си ја сфаќаат сериозноста на брачната врска, а има и такви кои цел живот остануваат дечковци. Тука спаѓаат оние кои никого, а најмалку сопругата, не ја почитуваат, нејзиното мислење за нив не значи ама баш ништо и се ожениле ради реда, да има кој да им го продолжи семејното стебло и нормално да им биде замена за мамица. Тој прави што сака, а таа само молчи и клима со главата.
    Јас ги обвинувам жените, кај гледале пред да се омажат :^) , не го запознале доволно или тој се сменил....ако се сменил и глумел лудило во целата врска, тогаш имаат избор-чао, пријатно, довиЏења...а не тие самите избираат да продолжот да живеат во еден таков брак и се мизерни и очајни.

    Јас уште пред да стапиме во брак јасно му кажав на мм (тогаш ми беше дечко) дека никогаш нема да бидам домачица која седи дома, врши домашни обврски (му ги пере гаќите-баш со овие зборови) и му чува деца, а тој оди по кафани, дискотеки итн.....јасно му ставив да си знае дека јас не сум и никогаш нема да бидам таков тип на сопруга, дека без мене може да оди само на работа и Боже прости ми два метра под земја. Ако сака таква сопруга нека си бара друга ама одма, без да си го губи времето со мене, а и мене да му го губи. Му реков дека ако некогаш во животот почне да се однесува како раскалашен маж, како куче без ланец и ако почне да не ме ферма, дека ќе си се спакувам, ќе си ги земам децата и ќе го оставам без око да ми трепне.
    Дали ми смета скитање и прибарење во ниедно врема?-ДА, и тоа го знае, отсекогаш го знаел.
    Дали може да излегува без мене?-Да, ама зависи каде и со кого и кога ќе се прибере.
    Дали јас излегувам без него?-Да, ама дневно излегување, а не и навечер по дискотеки. Кој сака нека ме осуди ама мајка која си ги заспива децата и оди по дискотеки без разлика со кого, го остава мажот дома да ги чува децата, не е е мајка...ај разбирам да се има повод на пр. девојачка вечер, новогодишни, осмомартовски и сл. прослави ама онака од чист ќеиф да излегувам...Не, не сакам и не одам.

    Затоа отворени карти, а Бога ми и очи. :!:
     
    На LunaGrey, Unfaithful18, BurstBerry и 10 други им се допаѓа ова.
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Има многу вакви случаи, не само во брак туку и во врска. Познавам неколку такви врски и бракови.
    Жената по цел ден е дома, преокупирана со домашните обврски и децата, а мажот на работа , па кога ќе се врати од работа на кафе ваму таму по кафани....
    Јас прво би ги обвинила жените бидејќи го дозволиле тоа, но од една страна тие веќе се навикнале на таквото темпо, штом на време не изреагирале за нив е тоа веќе нормално, (сум имала прилика да видам ваков однос во еден брак)
    Од друга страна ги обвинувам и мажите. Какви се тие мажи? Зарем малку не се запрашале и не размислиле дека и нивната сопруга или девојка има свој живот, дека и нејзе како и нему и е требно малку време за себе, да излезе со пријателите, да се издува што се вели сл. а не само да изигрува супер домаќинка (робинка).
    Има и такви периоди и денови кога жената и да сака да излезе едноставно не може, зафатена е со работа и сл. но тоа треба да се само периоди.
    Некои си имаат и застарени сфакања од типот јас сум маж па се ми е дозволено, мажот може да излегува а жената си е за дома, да ја гледа куќата и децата |(
    Јас и партерот немаме пороблеми окулу излегувањето, најчесто гледаме слободното време да го поминеме заедно, да излеземе негде, но секако потребна е и малку слобода и тој си наоѓа време да излезе на кафе и да прошета со другарите а исто и јас. Тоа би требало да е најнормална работа во секоја врска и во секој брак. :)
     
    На srcekrsacka, dimoska и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. Legioner

    Legioner Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    па и жената треба да е дома кој ќе ги гледа децата
    нормално прво со треба секој маж да направи од кога ќе дојде од работа е да си ја љуби прво жената ручекот па малку да се излезе опционо (ако има швалерка и со нејзе една партија )
    нема ништо лошо во тоа малку да се зачини бракот :)
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    Кај нас не е така. Кога излегуваме навечер , излегуваме заедно , без разлика дали се мои или негови пријатели , одиме малку да се оттргнеме од дома ( ќерка ни ја оставаме кај неговите да ја чуваат)

    Значи ќе кажам дека и двајцата прават по некоја грешка. Прво жената греши што се `помирила`со тоа што го прави мажот , како тоа сега он ке се забавува а јас да дремам дома со детето?! :o
    А мажот што си мисли , ајде направил дете и сега жената нека си седи дома нека го чува а тој нека си шетка лево десно. А сигурно не е само со другари.. :wasntme: :x
    Значи повеке жената си е крива овде што ќути и си трпи :^)
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Искрено, јас немам вакви примери во моја околина.
    А за тие што постојат, сами си се криви. Секој си го заслужува местото што го има. Човек привремено може да се најде некаде каде што не му е место, ама не трајно.
    Тоа што сум го научила во животов, и тоа теоретски божем го знаев, ама искрено го чувствувам последниве година-две, е дека ако нешто за мене е ненормално, лошо или неприфатливо, за некој може да е сосема ок. Па и нема друго образложение, ако не се решава да излезе од врска или брак без ни грам почит.

    Повремено излегување со друштво не ми пречи, таман работа. Излегува и тој, излегувам и јас. И преку ден, и навечер, и до сабајле, ама повремено. Никогаш не сум мислела дека треба да бидеме секогаш и секаде заедно. Секој има потреба за време за себе, и работи кои не мора да се прават со партнерот. Ама да излегува секоја вечер, нема зошто да бидам со него. Ако не сака времето да го помине со мене, не ми треба. Не ми треба форма, сакам содржина.
     
    На srcekrsacka, girl.23, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    ааа мало сутра за тоа веќе...порано така беше,ама сега ако искочи он не се мислам два пати,искачам и јас ;) зарем само тој сака да се забавува :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Познавам многу примери и уште не можам да си објаснам зошто е така. Поминало тоа време кога жената треба да седи дома, да пере, да готви, да чисти и да го чека мажот да си дојде од излегување. Ќе го заболи с**** тој да шета а јас да го чекам дома за да му кажам добро утро. Фала богу се погоди домашар ( мислам тражилисте гледајте), се познава секој од врската каков е, дури од дома не можам да го извадам. Нормално не е врзан за мене па каде тој таму и јас, разбирам има вечери каде со собираат да гледат некаде фудбал, сигурно јас нема да одам или пак со некој деловен партнер, но да ми шета до 4-5 наутро по дискотеки-невер ин мај лајф.
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски

    Е од вакви "фраерски муабети" значи, ми се :puke: ... обично со ваквите, обратно им се случува, не е за џабе кажано: "куче што лае, не каса"
     
    На simonagj му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Е, почнав да пишувам за ,,мачово,, голем, ама ми го зема зборот од уста :)
    Ах, ги жалам ваквите исфрустрирани,неисполнети типови кои мирисаат на нафталин од што времето ги прегазило!Бљак!
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    А ако оди малку жената да го замени мажот со некој младич дур мажот ги чува дечињата?
    Чисто колку да се зачини бракот :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blair228

    blair228 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Денешниве машки се "wanna be" мачо,а уствари сите се мамини синчиња. Зависи како ќе се поставиш од почеток. На секого му треба малку време за себе, и зошто да нема секој малку свој живот.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.