Во очи на празникот. Живееме во време кога формално имаме права, но реалноста покажува поинаква слика. Бројот на случаи на семејно и родово базирано насилство расте. Родилките се соочуваат со деградирачки услови, недоволна институционална грижа и дискриминација на работното место. Жената често е економски зависна, преоптоварена со неплатена грижа и под постојан притисок да биде „доволно добра“ , како мајка, партнерка, професионалeц. Па затоа прашањето не е дали жената е способна. Прашањето е: дали општеството создава услови таа да биде слободна? 1. Економска независност Економската независност на жената не зависи само од нејзината амбиција или способност. Таа зависи од системот што или ѝ отвора врати, или ѝ ги затвора. Да, има жени во политиката. Но клучното прашање е: Дали нивното присуство носи суштински промени? Колку закони за еднаква плата се иницирани? Колку амандмани за заштита на бремени работнички се предложени? Колку пати јавно и гласно се реагира кога институциите потфрлаат во случаи на насилство? Потребна е храброст да се излезе од партиската дисциплина кога се работи за основни права. Дали жените во политиката имаат вистинска автономија или се дел од структура што ги замолчува? 2. НАСИЛСТВОТО: СИСТЕМСКИ ПРОБЛЕМ, НЕ „ПРИВАТНА РАБОТА“ Секој случај што ќе излезе во јавност отвора исто прашање: Дали државата реагира превентивно или само по трагедија? Постојат закони. Постојат протоколи. Постојат стратегии. Но: Колку брзо полицијата реагира? Колку судските постапки траат со години? Колку жртви се откажуваат поради административни лавиринти? Колку службени лица се обучени за работа со жртви? Проблемот не е само во законите, туку во нивната примена. 3. МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ И ОПШТЕСТВЕН ПРИТИСОК Модерната жена се очекува да биде успешна, убава, посветена мајка, емотивно стабилна и професионално амбициозна, сѐ истовремено. Колку од тие очекувања се реални, а колку наметнати? Дали независноста е пред сѐ економска или и психолошка? Кои конкретни законски измени ни се најитно потребни? Дали мајчинството е општествено вреднувано или романтизирано без реална поддршка? Каква улога имаат мажите во борбата за родова еднаквост? Дали феминизмот денес е движење за еднаквост или етикета што се злоупотребува? Што лично секој од нас може да направи за да создаде побезбедна средина? Сакам да ги спомнам и ФЕМИНИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ДВИЖЕЊА, да ги има овдека, ако имате некој друг ресурс за помош пишете да го биде достапен за секој што ќе ја отвори темата. Поголема јавна достапност на истите, повеќе кампањи за финансиска писменост, претприемништво и заштита. Ова се некои што ги најдов онлајн. Во Македонија: Хелсиншки комитет за човекови права Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Реактор – истражување во акција ESE Организација на жени на Македонија Коалиција Маргини Меѓународно: UN Women Amnesty International European Women’s Lobby Equality Now Women for Women International