Модераторката ме замоли да не пишувам за ова на општата тема "Сакам да кажам", туку на соодветна тема. Па бидејќи нема ваква тема на форумов, решив да отворам. Инспирација за темава ми беше веста за мажот што победи во светската трка во велосипедизам во женска категорија. Да убаво прочитавте, во женска категорија Поголема нефер измама во спортот не сум видел: Маж да се преправи во жена, па потоа да се натпреварува во женска категорија и да победи А најлегенда ми се жениве од џендер флуид идеологијава кои наместо да протестираат затоа што им се инфилтрирал маж у нивна категорија, они уште и му честитаат на маскираниов Што е следно? Тајсон да стави перика и силикони и да иде да боксува со жени? https://dailycaller.com/2018/10/14/biological-male-wins-womens-world-cycling-championship
Ако се забрани поделбата на мажи и жени во спортот, оти нели еднакви сме, па ги ставиме заедно во тимови, со природна селекција ќе се елиминираат жените и толку ќе биде од еднаквоста. Да немаат женски тимови тешко дека ќе имаат можност да се занимаваат професионално со спорт, бар не во толкав број како сега. Најголем дел истиснати ќе бидат од мажите, факт. Освен ако не се изборат за "Рамковен" па да мора да се вклучени процентуално, на штета на многу добри машки спортисти. Еден пример не прави многу разлика и ќе служи за препирки и сензација ама повлекува други работи. @EvAngelos Во насловот ти фали нешто поврзано со спорт, оти првичниот пост конкретно за спорт ти е или сакаш да се шири до бескрај?
Кога истава особа заврши 4та по ред немавте аргументи против или победата( игром случаја ) ви пара очи ? Зошто тогаш не завршила прва со оглед на 'предноста' од биолошка гледна точка ?
Не верувам да се шири до бескрај. Премногу тесен спектар би имала темата ако е само за спорт. Тогаш друг може да отвори слична тема на пример за „обезбедувачки“ од машки пол кои претресуваат жени и проблемите поврзани со тоа. Затоа мислам е убаво да има една тема за ваквите случаи.
Еве пародија и во боксот. Маж се маскирал како жена и учествувал во женска категорија во бокс. И нормално победувал и им кршел аркади на жени. Transgender ‘female’ MMA fighter gives female opponent concussion, broken eye socket Пазете што изјавил: I"ve never felt so overpowered before, and I am abnormally strong female. Превод: Никогаш не сум се чуствувала толку надмоќна порано. Јас сум наднормално силна жена
Патем ова го изјавила победената жена. Од бес не си прочитал убаво. Си размислувал ли да се обратиш на психолог/психијатар за контрола на бесот?
Арно што жена трансџендер не победила во машка категорија на некој спорт, тек дури тогаш кое плачење, повреди на его и теории на заговор ќе искочеа, ќе требаше алфите мажјаци да си ја докажуваат машкоста насекаде. Арно.
Ги замолувам ЛГБТ активистките да пишат нешто на темата наместо да пишуваат само ад хоминем и да бараат грешки у превод. Преводот го направив набрзинка од мобилен во Мекдоналдс у Ниш. И да погрешив. Извинете што не сум совршен. Сепак тоа не го менува фактот за нефер играта на боксерот кој се маскирал во жена за да боксува со жени.
Еј, ме потсети на Susan Polgar, американска шахистка со унгарско потекло која често и отворено зборува за сексизмот во шахот. FIDE и ја одзел првото место затоа што учествувала на турнири кај што немало други женски играчи. Демек така собрала повеќе поени и тоа не било фер спрема другите жени кои играле. Вика ко јас да сум крива што сакав да победувам машки. Зборуваме за шах, кај што пред 2 години еден од најдобрите англиски шахисти имаше изјавено дека жените не ги бива за шах затоа што се глупи. Ај скриншот од постот ако може да направам.
Ме интересира што мислат другите, дали е фер во спортот машко да се боксира со жени или мажите треба да си се боскираат во машка категорија, а жените во женска? Сепак шах и бокс не е исто. Искуството не научило у научно е докажано дека мажите се физички посилни од жените.
@EvAngelos Зошто не ги пријавиш горниве за тролање на темава? Ај да е салам тролање па да наликува на интелигентна дискусија, не да рушат тема со детски потсмевања и срања. Англискиот бе, ти се смеат за англискиот?
А кој да ти коментира бе златен? Како да ти коментира? Зошто отвораш тема ако нејќеш да слушнеш различно мислење од твоето? Иначе за се има решение, новитети во спортот се прават цело време, еве последно ВАР се воведе во фудбал. Одма може да се најде решение, да се категоризираат по мускулна маса и тежина, не се разбирам во бокс ама колку што знам има лесни и тешки категории, ќе се најде категорија што соодветствува на личноста. А и нова да се отвори, не гледам проблем. Решение има за се, секогаш. Ама не, тебе не те заболе за дискриминацијата на жените во бокс, тебе те боли што трансџендер човек успева во нешто, што е афирмиран некаде и не е негирано нејзиното постоење. Убаво ти викаат, ослободи се од бесот, еј во друга земја си и пак толку те трзнува вества за да дојдеш тука и да хејташ. Оди и шетај го Ниш, преубав е. И да, едно е критика, еве и мене не ми се свиѓа ситуацијава, ама кажувам на глас критика, која ако е поддржана може да биде усвоена. Твоето е хејт, те јаде одвнатре. @DAngel , камо само во спорт да е дискриминација. Пробај да сработиш нешто подобро од маж, да видиш како имаш одма трчање кај шефови и плачење дека жениве добиваме нешто оти ни попуштале да не ја разврзувам темава, до утре ќе треба да пишувам.