1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансродови лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 16 октомври 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не, не, замисли само "вистински" маж да биде натепан од транс маж. Одма ќе им падне чинот.
     
    На WildMk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Тoa би гo aплaудирaл, женa штo стaнaлa мaж дa пoбеди вo мaшки спoрт е гoлемo дoстигнувaње.
     
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Никој не му е крив што ги немал потребните „квалификации“ :rofl:
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Уште за спорт фалеше ваква тема да се објаснувате.(facepalm)
    Како не ви се здосади едно те исто да верглате и тоа се едните исти еве не знам стварно.
    Инаку смешни ви се споредбиве и тоа многу, ај само замислете се на терен а во спротивна екипа да ви е Стојанче.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Веројатно освен ракомет друг спорт нити си играл нити знаеш дека постои.
    Па квалификациони рунди секаде има. :)
    Веројатно ни олимпијада никогаш немаш гледано.
    Ова е единствениот одговор што ќе го добиеш од мене.
    Не се квалификуваш за моето внимание :rofl:
     
    На WildMk и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Што ли е тоа Олимпијада???

    Квалификациони рунди секаде имало аааааааааа. Хахаха. И како го замислуваш тоа? Екипите ќе одржуваат квалификации секое лето за да видат кои жени ќе ги примат во тимот? Или ќе се направи женски суперстар тим, па тој ќе проба да се квалификува во ЛШ?
     
  7. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Само за илустрација. Резултати машко финале, грбно 100 метри, Рио 2016.
    Screenshot_20181018-192709.png

    Резултатот на Катинка???
    58,45.
     
    Последна измена: 18 октомври 2018
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Супер, значи пак излегува по мое, дека нема причина на женско кое може да се квалификува во машкиот дел од дисциплината да не и се дозволи да се натпреварува.
    Со овие таблети само ја потврдуваш мојата изјава, ама глуп си па не сфаќаш :)
     
    На WildMk и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Целиов муабет ме потсетува на тие што викаат дека транс луѓе не смеат да влегуваат во посакуваните тоалети, не за друго, туку дека им се овозможувало на сексуалните предатори да се облечат како жени и да бараат жртви внатре. Кога сите жени рекоа дека такво нешто тешко да се случи, за разлика од, на пример, сексуално злоставување надвор од тоалети (по пат, на работа, на колеџ кампуси, од страна на адвокати во врховен суд итн. итн.), истиве луѓе се прават дека не слушнале.

    Е истава ситуација и овде, многу им е гајле на Евангелос и компанија дека жените би имале помали шанси со транс жена во конкуренција, проблемот е што се работи за ,,жена од машки пол".

    Јас имав поодамна читано за слична ситуација, ама на трка во средно школо ако не се лажам. На транс момче не му дале да се натпреварува со машки, па победил на женската трка. И пак сите се бунеле бидејќи примал тестостерон, па не било фер.

    Се согласувам дека не е фер, затоа време е да ги оставиме поделбите на машки/женски, па нека се натпреваруваат во категории според хормонскиот баланс, мускулна маса и сето тоа, за да можат транс луѓето да се натпреваруваат без некој да им мрчи од страна.
     
    На Ketchup, WildMk, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Па нормално дека не било фер. Анаболички стероиди, како што е тестостеронот, се забранети во натпреварувачките спортови. Тие ги засилуваат физичките перформанси и ја зголемуваат мускулатурата кај луѓето и секако дека е нефер и неспортско и нездраво таквото „спремање“ пред натпревар. Затоа и кај сите спортисти се прават крвни анализи пред и по натпревари за да видат дали мамеле.


    Поделбата на машки и женски е сосема нормална и природна поделба. Машките и женските се евидентно, објективно и научно различни и затоа нема потреба од игнорирање или релативизирање на разликите. Машките треба да си се натпреваруваат со машки, а женските со женски. Нема тука никаква дискриминација или понижување, туку само фер натпреварување.

    Тоа што некој маж се замислува или се „чувствува“ како жена или обратно, тоа може слободно да си го прави во својот личен живот, но кога ќе дојде на натпревар, таму поделбите се објективни, научни да речам.

    Иначе, некој слободно може да си замислува и дека е коњ, но тоа не значи дека ќе го пуштат да се натпреварува во трка со коњи :D бидејќи на трка со коњи учествуваат само коњи, а не коњи и луѓе што се замислуваат дека се коњи.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Транс мажите користат тестостерон баш за да го изедначат телото со биолошките мажи. Не е воопшто нефер транс маж со вештачки тестостерон да се натпреварува со мажи со природен тестостерон.

    Исто така нема ништо нефер транс жена со ниско ниво на тестостерон да се натпреварува со други жени.

    Целиов проблем со тркава не е транс жената, туку фактот што во трка пуштиле некој преквалификуван. Комплетно ист проблем би се јавил и ако во трка меѓу просечниве мажи од комшии некој го пушти Усеин Болт. Мажи со мажи нели. Таа поделба машки со машки, женски со женски е толку глупа и застарена, мех.
    Пред некоја година бев на натпревар во шах, освоив второ место бидејќи девојчето лом ме направи. :D Ама битно не и' дозволија да се натпреварува со машките бидејќи ете, сами заклучете.

    Зборот ми е, достигнувањата треба да бидат пропорционални на физичките карактеристики на натпреварувачот. Најпрост пример, јас не можам повеќе од 7 склекови да направам бидејќи сум 40 и кусур кила, а рацете ми се noodles. Ама guess what, ни Трајко од мој клас не може да направи бидејќи и тој е како мене ептен слаб и ептен не-фит. Ама за петка јас треба да направам 10, а тој треба 15. Тоа фер ли е? Затоа кажав, поделбата - според физички карактеристики, а тоа машко женско нека си остане во минатиот век.

    Не би имало никаков проблем ако транс жената победила ако притоа има слични физички параметри со другите жени. А може да има со хормонска терапија, не е квантна физика.
     
    На Ketchup, DAngel, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    1. Спортските натпревари не се натпревари на тестостерони па да ги категоризираме натпреварувачите според нивото на тестостерон.

    2. Нивото на тестостерон не е единствена разлика помеѓу мажите и жените. Дајте ви се молам да не повтараме биологија за основно одделение.

    3. Тоа што ти го нарекуваш „транс маж“ е всушност жена, биолошка жена, научна жена, жена со женска генетика, со женски XX-хромозоми во секоја клетка од нејзиното тело. И нормално дека е нефер да се натпреварува со мажи, во машка категорија.
    И обратно, тоа што го нарекуваш ти „транс жена“ е всушност маж што ставил перика, силикони и направил некои исекотини по телото за да изгледа како жена. Ама тој и понатаму си е маж, со машка генетика, со машки XY-хромозоми во секоја клетка од неговото тело и нормално дека е нефер да се натпреварува со жени, да боксира жени и да им крши вилици и аркади. Фер би било маж да се проба со маж, а жена со жена.

    4. Пред 30 години не ми се верувало дека после 30 години ќе дојде време кога ќе треба на некоја да и објаснувам вакви елементарни работи - дека мажите се мажи, а жените жени :)
     
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Ако би и се доволило, никогаш ама баш никогаш нема да биде на блиску до медал во индивидуален спорт и ќе почнат муабети за gender equality.

    Вака барем во атлетските дисциплини е чиста работата, норма за маратон мажи е 2саата и 20минути, за жени е 2:45. На сите маратони ако истрчат мажи под 2:10-2:05 и победат добиваат бонус пари, а жените под 2:30. У спротувно нема да е фер.
    Иако не е многу поврзано со темава али ајде :D
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Океј, што е разликата меѓу мене и Трајко за тој да прави 15 склекови а јас 10?
    Ниту со хромозомите, ниту со пенисот, ниту со тестостерон се прават склекови.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали ви текнува на разликата во наградите за првите три места на Охридскиот маратон кај мажите и жените на која лани реагираа феминистичките здруженија?
    http://fokus.mk/reaktsii-za-nagradn...on-poveke-pari-za-mazhite-oti-pobrgu-trchale/

    Да ве потсетам на проблематиката. Еве што изјави Пецо Неданов, дел од организацијата на маратонот:

    Ако ги погледнете резултатите од минатите години, ќе ви биде јасно зошто се наградите такви, какви што се, со таа разлика во сумите за мажи и жени. Но ништо не е дефинитивно и може да се смени. Веќе разговаравме за евентуално спонзорство, со цел да се надополни разликата. Лани на пример, второ место во женска конкуренција зеде награда, а во машка тоа би било според резултатот околу шеесетто место. Според тоа, излегува дека во тој случај, мажите се дискриминирани, односно тие мажи кои што на пример стигнале четврти или петти. Сепак, ќе направиме корекции и истите ќе бидат објавени на страницата на маратонот по празникот’’ – вели Неданов за ,,Фокус’’.

    Значи девојката што во 2016 година била 2-ро место во категорија жени, била 60-то место во категорија мажи. Одговорете ми @Lella , @DAngel и @lovestoneddd дали е фер таа девојка што била 60-та по ред на целта да земе награда, а тие мажи што истрчале побрзо од неа и биле 4-ти или 5-ти по ред да не земат?

    Според мене да тоа е фер, бидејќи мажите си се натпреваруваат во машка категорија, а жените во женска. Ама баш ме интересира вашето мислење, се разбира ако имате храброст да го пишете.
     
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Фер е секако. Затоа постојат категории. Толку ти е душата - во пониска категорија ќе си. Не значи дека не те бива, туку пропорционално на своите способности си заслужил. Нема тука ништо спорно, не знам дали приметуваш дека ти измислуваш проблеми таму кај што нема. Само, зарем не е попрактично место машка и женска категорија да има прва и втора категорија? Па ако некоја жена (дури и транс да е) според способностите им парира на мажите ќе се најде во првата категорија и никому ништо. Така ќе се одбегнат проблеми од типот на статијата што ја објави на почеток.
     
    На lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Таблетке една. Ако навистина си ги гледала трките на Катинка, госпоѓо „гледам Олимписки“, ќе знаеше дека девојчето исплива феноменално, ниедна не и беше ниту блиску до перформансот и гo воодушеви цел свет, вклучително и мене. Но, guess what? Не беше ни средно далеку, а не пак блиску до времињата на мажите. Еве, пошто тврдиш дека од 51,97 до 58,45 немало многу разлика, повели факти.

    100 метри грбно, Катинка во финале 58,45.
    Машките, твои толку сакани квалификации (пази, квалификации, не финале), најбрзо време 52,96, а најбавно време 1:07,47. Времето на Катинка за златен медал, во машките квалификации би и донело 37мо место од вкупно 40. Во полуфинале проаѓаат првите 16.

    400 метри мешано, Катинка во финале 4:26,36.
    Машките квалификации
    , најбрзо време 4:08,12, најбавно време 4:27,27. Времето на Катинка за златен медал и светски рекорд, во машките квалификации би и донело 26то место од вкупно 27. Проаѓаат 8.

    200 метри мешано, Катинка во финале 2:06,58.
    Машките квалификации, најбрзо време 1:57,38, најбавно време 2:04,95. Времето на Катинка за златен медал и олимписки рекорд, во машките квалификации би и донело 27мо и последно место. Проаѓаат 16.

    Слободно гуглај ги времињата, тие се тие.
     
    На Just.do.it и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Еве што се случува. И да, пукнала брука. Ама, повторно не е виновен мажот, ами жената, јер е убава. Кога да видиш, сме се вратиле на она старото, жената е виновна.

    Замислата ми е дека жена - аматер ке трчка цела сезона меѓу мажите.

    Цело време ги мешате темите. Овде се дискутира за слободата на избор, можноста да жена која смета дека може да им парира на мажите, да го направи тоа.

    П.С. Еве ако те баш интересира, сум фатила тројка топка за ракомет, и?
     
    На DAngel и WildMk им се допаѓа ова.
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    И, како? Ќе ти оди шутот со неа баррррр десетинка исто како на Лука, Никола, Столе? Или подобро ти е со двојка?

    Види, слобода на избор имаме сите. Се согласувам и те поддржувам. Но, јас еве можам да одлучам дека ќе одам пешки до месечина, мое право, така? Ама, што фајде од тоа? Ќе стигнам навистина? Ќе ме поддржиш или ќе речеш брејјј будала?
     
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не е попрактично. Покомплицирано, позбунувачко е и не е фер. На пример некоја жена, вежба, вежба, се труди, жртвува заради Охридскиот маратон и веќе е кондиционо спремна да биде прва меѓу жените и да освои прва награда. Арно ама продолжува да вежба и да напредува во кондиција и оп одеднаш преминува во првата т.е. претежно машка категорија и таму е 60-то место и не добива награда :( Има две опции:

    1. Женава јако се зафркнала што се пријавила во првата категорија (заради суетно докажување на машкиот свет дека она може физички да им парира)

    2. Доколку друг ги селектира според којзнае какви квази-феминистички предиспозиции, тогаш она јако се зафркнала затоа што продолжила да вежба и со тоа преминала во првата категорија каде што е 60-то место, а со помалку вежбање можела да биде 1-во место во другата категорија и да лапне награда.