Низ историјата дамите ги прекривале своите глави со најразлични шешири. Некогаш носењето на овој аксесоар било истакнување на високиот статус што некој го уживал во општеството. Во шеширите уживале богатите аристократи, па така носењето шешир и прекривањето на косата за дамите станало нешто задолжително. Едно е сигурно: шеширот секогаш бил симбол на елеганцијата и префинетоста. Феминки дали носите и дали би сакале да носите шешири, каде најчесто го носите, со што ги комбинирате ? Мене лично многу ми се допаѓаат шеширите како моден детал особено оние за на плажа, но никогаш не сум се осмелила да носам, кај нас менталитетот е таков, барем во мојот град ако ставиш шешир на глава сите ќе те гледаат како да си од марс.
Кога ги гледам сликите од мајками кога била млада дама , скоро на сите од нив си носи дамски шешир , и ги носела одреден период , до кога нели не почнале чудно да ја гледаат ко да и фали некоја даска имала дури и ситуација со тогашниот дечко не сакал да иде со неа по улица само заради шеширот Сеуште ги чува и сите се прекрасни и елегантни , ама ај кај нас и кај да ги носиш ? Освен на опера или симфониски концерт . Многу ги сакам , особено таа елеганција што ја даваат . Јас шешир имам носено од сламените само на плажа , а и на терен кога сум , ем не ми зоврива мозокот , ем рамениците и грбот до негде ми се заштитени не ми се печат , што за мене е гоооооолема предност , особено по јакото сонце цел ден на терен , кожата ми е преизгорена , па на некој начин колку толку успевам да се ззаштитам . Од мене еден гооооооолем плус за шеширите
Ги обожавам, но од пусти страм не ги носам бидејќи ако те видат со шешир те гледаат како од марс да си падната ... Тоа е. . додека во сите држави се носат кај нас веднаш коментари ти даваат
Минатото лето поминав без шешир.Разгледував,пробав,ама некако не бев одлучна дали да си купам.А премногу ми е потребен во жешките денови со оглед на фактот дека имам алергија на сонце,иако се изолирам во најтоплиот период од денот.Потребна ми е надворешна заштита. Ова лето не оставам на случајност.Пред почеток на сезоната ќе го надополнам плакарот со уште еден за мене неопходен моден додаток за да го дочекам летото не толку среќна,но опремена
Преку лето кои комбинации се најдобри да се носи шешир, а да биде тоа модерно, убаво, елегантно? Со фустан, панталони, фармерки?