Живеење во помал или во поголем простор?

Дискусија во 'Дом' започната од RainBow, 4 ноември 2021.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.388
    Пол:
    Женски
    Колкав простор за живеење ви е потребен за да се чувствувате удобно и среќно?
    Во колкав простор живеете сега, а во колкав би сакале да живеете?

    Јас живеам во мал простор, кога живеев дома беше поголема куќата, откако се отселив сите места на живеење ми биле помали. И помали мислам на две соби, пример. И така ми е најдобро, не сакам и не можам да живеам во голем простор, ме оптеретува некако. Сакам повеќе да има голем двор.

    Па, поголем или помал простор? Или можеби некоја средина?
     
    На dunika, Bella*, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.680
    Допаѓања:
    172.498
    Пол:
    Женски
    Сега живеам во 200 квадрати и мачно ми е..мачно за греење (берово е грч ладно зима), мачно ми е за чистење, мачно ми е да одам од соба во соба, горе долу..
    За двајца (пар) 40-50м2 ми се доволни. За со 1 дете 60тина м2, за со 2 деца 70тина м2... сакам секое дете да си има соба.
    И дневна трпезарија и кујна до 30м2 ...не повеќе
     
    На glosipgirl, mal.ecka, CareTee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    11.324
    Сакам голем простор.
    Ме гушат мали простори, ми изгледа хаотично, натрупано.

    Имам живеено и во голем простор и во мал.
    Стан од 50м2 е таман за двајца сами.
    Со едно дете минимум 60-65м2.
    Со две деца над 70м2.
    Ова е за нормално живеење и функционирање по стандарди, а не за скопски стандарди.

    Знам многу луѓе што живеат во 60м2 а се проширени семејства.

    Во мало станче секое ќоше е напикано со ствари во недостиг на места за складирање и ми прави нервоза.
     
    На Pea, Celltica, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    17.557
    Пол:
    Женски
    Живеев со родителите во куќа 300м2, 5 члено семејство. Парно има куќата, па секаде беше иста температура. Ама воопшто не ми се допаѓаше што собите се на различни спратови, како поделени да бевме сите. Исто за чистење имаше многу, еден ден во неделата најмалку за да се исчисти секаде ако се вклучени сите, а само еден да чисти, една недела дури да среди се.
    Сега живеам во стан 90 м2, 3 члено семејство. Таман ни е, просторот искористен целосно. Сите соби се блиску, се чисти брзо.
    Секогаш сум сакала помал простор. Сопругот сакаше голем стан, да одлучував само јас би живеела во 60м2 и доволно би ми било.
     
    На dunika, glosipgirl, nevermet18 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.751
    Допаѓања:
    52.717
    Пол:
    Женски
    И јас сакам голем простор..
    Кај моите пораснав во буквално две соби со браќа и сестра. Плус, немавме воздух оти чичко ми направи куќа лепенка до нас и сите прозори ни ги затвори :nod: Татко правеше кровни прозори, ау трауми од детство ми се.
    Среќа и моите веќе се одселија од таа џунгла и направија и нова куќа и двор и се..
    Ние живееме во куќа 120м2 заедно со двор 500м2. Едноспратна е.
    Само сме маж јас и две мали деца. И брат ми е веќе година дена кај мене:)
    Една од собиве не користиме. Спална со гардеробер, дневна, детска и работнана соба да. Со кујната имам и уште еден мал “салон “ каде што седиме ние.
    Широко е пространо, посебно дворот. Но никој од нас не го обожава, малиот има три месеци не е искочен ниту да се поигра со реквизитите…
    За чистење колку сакаш. Тука имам помош од сите :)
    Секако може и помала куќа само да е светла и да има воздух:sweat:
     
    На dunika, Snowflake97 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    И јас сум за живеење во поголем простор.Кај моите живеевме 4 члено семејство во 80 квадрати ама некако не ни беше доволно посебно кога веќе со сестра ми станавме тинејџерки.Секоја си имаше потреба од своја приватност а станот си е целиот простран.
    На таа квадратура комотно можеше да се преуреди и да се добие уште една соба.Татко ми беше против,уживаше во големи пространи соби,викаше јас во мали собчиња не можам.

    Е сега живееме 3ца во 90 квадрати,со двор од некои 700 квадрати и мислам дека во моментов ми е идеално.Не ми треба повеќе.Секој од нас си има свое катче без да пречи на другиот.
    За чистење немам проблем,кога може се чисти,роб на куќа не сум веќе,доволно ми е да ми е уредно,средено и чисто за мое око.
     
    На cresa-jagoda, CareTee и Dust им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.388
    Пол:
    Женски
    Скоро сите гледам за поголем простор сте.:wasntme:
    Да, изгледа така ако се имаат премногу работи. Мене и премногу работи ме нервираат, сакам мало и ненатрупано. Сега е покнап поради играчки на ќерка, а и тие не се многу, ама ете.
    Понатаму сакам само уште една соба плус, детска за нејзе и толку. А ко ќе сме пензионери со маж може и во приколка да живееме и д се развозуваме по светот. :D
     
    На dunika, Snowflake97, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.537
    Допаѓања:
    128.293
    Голем простор, голем двор, спратови, пространи соби.
    Како дете живеевме до три соби петмина, од кои едната беше кујна, една дневна и една спална. Ужасно тесно.
    Кога почнав да живеам со цимери, не сакав голем простор оти немав многу работи. Се мое во еден куфер беше. Доста ми беше кревет, во кој учев, спиев, јадев. Кога се вработив едно време живеев сама во 30 кв стан, со мало веце, убаво ми беше. Ама кога станавме тројца, сфативме дека ни треба простор и слобода.
    Дека ни треба двор за да седиме надвор на сонце и кафе. Дека на детето ми треба простор да трча, и дека ни треба куче :)
    Дека ни треба работна соба, дека ни треба кујната да е башка од дневната за да не мириса се на манџи, дека треба посебно веце за детето. И решивме да одиме на големо.
    Не сакав да имам алишта низ спална, па направивме посебен гардеробер. Сакав воздух, па на горниот спрат имаме три тераси за ако сакаш ноќеска да си седнеш надвор и да земеш воздух. Најпаника ми беше кога немав тераси.

    А не дека не би ме собрало и во кутивче. Ама ако сум сама. За семејство треба секој да има свој простор. Посебно ако се две деца, секое да има своја соба. И двор. За да не мора за малце сонце да се дотеруваш за надвор :)
     
    На glosipgirl, JoyJoy, hello-kitty.90 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.077
    Допаѓања:
    50.263
    Пол:
    Женски
    Голема ни е куќата, на два спрата е.
    Горниот е поголем спрат, имаме вц, 2 детски, спална, дневна, кујна, шпајз, 2 тераси големи.
    Доле има само две соби прилично големи.
    Голем двор од сите страни, кога би имале дете има кај да трча и да си игра. Така да ми се допаѓа голем простор иако има доста за работа ама по убаво е, не се гушиш, имаш простот колку сакаш.
    Кај мажот ми пример немаат воопшто место, куќа поделена, двор имаат само да се завртиш само.
    Поседовме еден месец таму во една соба и не е тоа тоа, не можам во толку мало место да седам.
    Вака е поубаво, по комотно за живеење.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам преголем простор од практични причини - и тоа треба некој да го чисти, средува, одржува. Не ми се губи време во средување.

    Моментално сум во помал простор и за двајца ни е сосем доволно - не е воопшто тесно, не се осеќам ко да се гушам, прелесно е за одржување, имам доволно место за складирање работи и фино ми е за работа од дома. Си има место и за дете, но во иднина би барале нешто со соба плус зашто сакаме детето да си има своја соба.

    Како и да е, јас и огромните простори не се сакаме баш. Не баш, туку ич. Кога живеев со моите некако ништо не ми менуваше фактот што имало двор или квадратурата била поголема. Баш напротив, стално има нешто за средување, таман си средил нешто се направиле лом скали или нешто друго и ете доволно беше за да ми одмили да живеам во некој таков голем простор. Едноставно не се пронаоѓам во таков тип на живеалиште, повеќе ми одговара нешто помало, попрактично. И ептен сум среќна вака како што е, скроз ни одговара од секој аспект.
     
    На dunika, nevermet18, molikaMk и 6 други им се допаѓа ова.
  11. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    11.324
    Социјалистичките згради имаат многу подобар распоред на станови, имало стандарди за површина на собите на пр. спална соба да не биде помала од 16м2, детска 11м2 итн.
    Сега спалните ги прават 9-10м2 а во нив нема место за голем гардеробер, нема место за маса за разубавување, детско креветче. Само кревет и тоа 160ка, плакар едвај 160 и тоа е тоа.

    Исто ме нервира кога ќе се собереме на гости, а дневната тесна, нема кај да седнеме сите, па еден да сака да стане треба да ги прерипнува нозете на сите.
    Океј сам човек и во 30м2 може да егзистира, ама за нормално живеење во кое ти доаѓа фамилија на гости, другари на седенка или кафе, дечиња, потребно е поголем - ,,нормална" големина на просторот.
     
    На Billy Idol, dunika, Bebce1 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.897
    Допаѓања:
    45.878
    Пол:
    Женски
    Ние живеевме во куќа на два спрата (по 100м2 спрат).Али само на еден спрат бевме, имавме парно, клима, греалки.Парното за украс беше ставено, порано само се греевме на него.Куќата не може да се догрее, климата грее 3 простории, мојата соба и спалната на моите се греат со греалки, пари низ прозор да фрлаш.Дур се грее е бара, после 20 минути од кога ќе се изгаси, паѓа температурата за 2-3 степена сигурно.
    Сеа сме у 86 квадрати, централно парно, дома не се дише, седам по прерамки, пријатно е.И ваму и таму ми е таман просторот.Овде advantage ми е што имам свое wc и можам да се средувам колку сакам без да им сметам на моите, таму пак терасата ми е поголема и имам убав поглед со кој си одмарам очи.
    Собите и ваму и таму ми се таман, имам доволно простор, у принцип не се жалам.Некој нема покрив на глава, греота е ја да се жалам.
    *п.с понатака би сакал да живеам во куќа до макс 150-200 квадрати, ми треба простор само за алишта и сакам пространа кујна и дневна да имам.Инаку за чистење се знае дека помал простор е пдообро и пофункционално.Ние овде ако сме ви помал простор за чистење има колку сакаш, секој ден прашина бришење, на два-три дена џогирање и така..
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    34.528
    Пол:
    Женски
    Живееме во 58м2, тројца. Од досегашново искуство тука (5 години) ми фали уште една соба 10м2, за да имам посебна работна соба, бидејќи сега трпезаријата ми е преградена. И евентуално шпајз/утилити. Толку. Не ми треба повеќе.
    Спалните не се големи, ама доволни ни се, дневната е стандард како и кај повеќето новоградби.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.413
    Искрено не ми смета и мал простор, сѐ додека работната маса во кујна е доволно голема, за да не се стресирам дека нешто ќе ми се преврти додека правам хаос. Тоа ми е единствена замисла сега за идното живеалиште.
     
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.225
    Не ми пречи помал простор, само под услов да не е пренатрупано. Минималистичкиот стил ми се допаѓа. Колку помалку предмети и колку поедноставен дизајн, толку помирно се чувствувам.
    Ако просторот е поголем, сакам да биде светол и повторно со едноставен мебел.
    Во секој случај, не сакам ништо екстремно, ни премал ни преголем простор.
     
    На nevermet18, S.W.A.G, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.916
    Допаѓања:
    48.053
    Пол:
    Женски
    Во куќа сме четиричлено семејство, не знам колку точно е во квадратура на два спрата е но едниот спрат е нешто налик подрум и искрено спас е кога имаш мало дете, има простор буквално за сите детски реквизити, дубак, количка, автомобил на акумулатор, точаче, нишалки, лизгалки… не знам во стан како сите тие работи би се сместиле, па и по скали тоа би било стварно мачење. Не би сакала голема куќа па и уште на спратови по никоја цена чисто ради одржување на хигиена. Единствено кај нас не ми се допаѓа што имаме огромен двор и стварно е мачно косењето кое трае сигурно три часа.

    Така да стално сум за мал простор, функционален, но секако да има доволно место за секој член од семејството кога сака да се изолира и да одмори
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.300
    Пол:
    Женски
    Па 4 члено семејство сме во трособен стан и ми е океј.
    За во иднина исто би сакала во стан да живеам, некои 80-90 квадрати би ми биле таман. Сакам минималистички да го уредам, малку би изменила за разлика од сега што ни е дома за повеќе простор да направам.
    Инаку не сакам куќи и преголем простор, навикната сум вака на стан, доволно ми личи. :)
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.182
    Допаѓања:
    4.197
    Поголем простор значи и повеќе време за чистење и одржување. Помал простор полесно се одржува чист и среден. Но дека секој треба да има свој простор, треба. И по можност секој свој тоалет, да не се чека ред за нужди.
     
    На Dust, Snowflake97 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    mene seedno mi e kolku kv ke e ,kukata ili stanot, se dodeka mojata soba e golema,segasnata mi e 5x4 ,plus golema terasa i taman mi e
    ne sum ljubitel na minimalisticki stil epten mi e sterilno i prazno ,vo mojata soba ima svasta ke mu dojde ko mal stan bez kujna :)
     
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Живеам во стан од 150 квадрати (четворица) супер ми е и комотно. Проблемот е само што тешко е за одржување.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.