1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење под постојан стрес (пролонгиран, хроничен стрес)

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 12 март 2022.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.133
    Допаѓања:
    174.819
    Пол:
    Женски
    Ова тема сакам да збораме за хроничен или оддолжен, пролонгиран стрес. Како ви е полесно, така наречете го. :D Во текстот за психосоматика имав пишано, дека некогаш имаме бурна реакција за нешто, па ни поминва. Некогаш сме под постојан стрес и место наеднаш, секој ден носиме еден ист товар и тој товар постепено расти и расти. Не не турка долу наеднаш, туку тлеј и евентуално кога ќе не турни е ептен болно. И то е ефектот на пролонгираниот, хроничен стрес. Сам по себе, во даден момент не е доволно голем за да сметаме дека треба да го решиме, се прилагодуваме на него и живееме со него, а тој во позадина си тлеј и си расти и ни штети. 8-| Доста поетично му влегов, сега ќе се вратам кон посериозно. :rofl: Ако сте под постојан стрес тоа можи да се одрази на физичко и ментално здравје. Кога си под стрес си во исчекување нешто да се случи, спремен си за борба и носење брзи одлуки кои нема да ти го загрозат здравјето. И ако ништо не се случи или ако оваа состојба трај предолго и нема непосредна опасност се одразува негативно на нас и на нашето здравје.

    Знаци на хроничен стрес се:
    • анксиозност,
    • проблеми со концентрација,
    • неорганизираност,
    • јадење или не јадење ( она баш шо го викаме дека на база на стрес некој јади, некој не можи залак в уста да стави, индивидуално а ама необично одење во еден екстрем е индикатор),
    • замор,
    • чувство дека не можиш поќе физички да издржиш,
    • чести физички болки,
    • проблеми со гастроинтестинален тракт,
    • главоболки,
    • поматеност,
    • главоболки,
    • иритантност,
    • промени во расположението,
    • намалено либидо и слични.

    И има голем број ситуации кои може да ве донесат до хроничен стрес, и обично доколку би оделе на терапија се работи на тоа да се тргни стресорот или да се научи да се живее со него ( нормално, зависи од ситуација до ситуација). До хроничен стрес можи да не донеси одредена врска, дали била романтична или внатре во семејството, работното место, одредена болест во фамилија и слично. Најактуелно сега што можи да се прокоментира е каков ефект има пандемијата врз нас или живеење за време на војна. Но, тоа не се единствени долги, стресни ситуации кои ги доживуваме. Најчесто ситуација од која не можи да избегаме, туку мора да ја соџвакаме и да живееме со неа е - болест во семејство. Или токсична околина на работно место. Или врска која негативно се одразува на нас.

    Од таму, пошто веќе спомнав психосоматика, кога реков дека има физички и метални последици од тоа да се биди под постојан стрес, одраз на ментални проблеми врз физичкото тело е психосоматика. Но, можи да има и други болести кои ќе ги донеси хроничен стрес: анксиозно растројство, депресија, ( проблеми со менталното здравје) како и автоимуни болести, дијабет, висок притисок, проблеми со срце, гастроинтестинални проблеми ( проблеми со физичкото здравје).

    Од тука ме интересира:

    Дали некогаш сте биле под хроничен стрес?
    Како сфативте дека сте под хроничен стрес?
    Што направивте за тоа?
    Како се справувате со стресни ситуации кои траат предолго?
    Доколку имате избор да се оддалечите од ситуација дали се оддалечувате или се доближувате повеќе и се обидувате да ја решите?
    Дали имате посетувано терапија за хроничен стрес?
    Како тоа се одрази на вас?

    Моето мислење ќе го напишам во нов пост пошто мислам дека ко ќе видите толку текст паника ќе ве фати. :rofl:
     
    На Angie1432, senjorita-v, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.133
    Допаѓања:
    174.819
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство, јас сум под хроничен стрес шо мислам дека е причината за покасно дијагноза за анксиозност, меѓудругото. Сфатив дека сум под постојан стрес пошто бев иритирана и во исчекување п о с т о ј а н о. Буквално on the edge of the seat. Ако нешто непријатно за мене се случеше околу мене мозокот ми работи со 300 на сат. Како одбранбен механизам мене ми е бегање. Ако јас можам да избегам од ситуација - бегам. Колку шо е добро, толку е и лошо то. Пример токсично работно место - ако можам да го сменам или максимално да ги игнорирам тие кои ми сметаат - you bet I'd do that. И то е уствари кај шо мислам дека грешно пристапувам и сметам дека потребата да избегам за да растеретам стрес прај во вакви ситуации некогаш да се погазам. Онака, you win some you lose some. Од друга страна, во врски со пријатели, роднини и романтични, како и болест во семејство - не багам туку прам колку шо можам да ги решам ЈАС пошто ми дава чувство на контрола и така го растеретвам стресот. Си се убедвам дека сега оти јас вака пристапив готово, решено е. Не е решено. Ама во глата кај мене е решено и барем кратко се растеретвам пред повторно да сфатам дека не е решено па пак да се преинволиврам за да растеретам стрес.

    Ќе дам и пример, имам болест во фамилија, шо трај еве летово и година ќе напрај. Од старт пошто јас не можам да избегам, морам да се соочам и да влезам ЦЕЛА во ситуацијата. Значи барање доктори, барање лекови, барање болници, барање прогнози, постојано патување кај шо е потребно никој друг да не се мачи пошто не знам како ќе биди друг да оди ама јас ко ќе видам ми олеснува. И во мој случај прогнозата е добра и од таму јас се смирив и сега иако баба ми е на хемо, јас сум смирена. Веќе не го гледам како проблем пошто прогнозата е доста позитивна и јас како таква ја „врзав во крпче“.

    Пролонгиран стрес и анксиозност кај мене предизвикаа и психосоматски проблеми кои ми се чини цел живот ќе ги носам. Пошто уште од дете никој не ми кажал како да менаџирам стрес ( and ya girl was stress од ко беше основец) и не менаџирам стрес и лесно „паѓам“ во долги периоди стрес и некогаш прекасно се сеќавам. Имам проблеми со желудник, црева и главоболки. И се благодарени е на :*: стрес :*:, нарачајте си денес :*: стрес :*: и ќе ги добиете овие три работи за без пари! :D А со доплата со 0.99 можеби ќе добиете и премиум пакет. :D Џоукс асајд ... :lol:

    Мислам дека ми останаја прашања уште шо напрајв за то и како се одрази на мене. Еден од одбранбени механизми е хумор за то шо ме мачи. :D И мислам дека како личност привлеквам одредени личности со слични маки, дали за тешење, дали за крепење. И искрено ми прија. Страдам, ама не страдам сама. :D
    И покрај то шо користам за да се опрам надвор од терапија ( бегањето или целосно, максимално инволвирање, без средина, без chill), јас сум на еден вид „групна“ терапија ради то шо учам. И полека веќе година учам како да се опрам себеси од поќе аспекти, не само за овај. Конкретно само за ова немам побарано помош. Мислам имам побарано за анксиозност и докторот само апој ми даде шо одбивам да ги пијам редовно ама ап и терапија не е исто. Евентуално планирам и на 1 на 1 терапија за конкретно ова.

    И зато ме интересира како сте другите и како се справувате. Како не знам, прибежиште? Реков, привлеквам луѓе слични на мене оти ми прија. :rofl: :lol: :makeup:
     
    На Kasiopaja221, senjorita-v, Waverly Raven и 8 други им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Под хроничен стрес бев цело детство и адолесценција, со родител насилник и алкохоличар. Не знам кога сфатив, претпоставувам со тек на време после одредена возраст. Не можев ништо да направам со оглед дека се работи за родител, целата ситуација беше надвор од мои раце. Единствена релаксација ми беше кога бев на училиште а не дома. Од стресот добив депресија, психосоматски гастритис кој трае и ден денес иако повеќе не живеам со родителите. Како реакција сеуште имам птсд кога има на тв сцени со насилство врз жени, не можам да толерирам надвикување иако нема врска со мене.
    Психијатар за депресијата почнав да посетувам подоцна иако веќе не бев во таа средина ама депресијата си остана.
    Тогаш не можев да направам ништо како дете, подоцна иако веќе го немаше агресорот и навидум психички немав стрес во комбинација со лошо работно место депресијата дојде до најголемиот замав.
    Тогаш мал мир наоѓав во училиштето, подоцна во слушањето музика, активности надвор од домот. Али сум интроверт па и тоа не ми идеше добро.
     
    На Herrera, Cosmic Girl, Izaabella и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.535
    Допаѓања:
    13.867
    Не се нервирајте за секоја глупост. Стресот предизвикува многу болести. Јас сум паничар по природа, таква сум затоа што сакам сите работи да ми се испланирани до детали, се да е под конец, ништо да не ми бега од контрола и од раце. Психијатар или психолог не сум посетувала никогаш. Сега функционирам со мал круг на луѓе, не се отворам пред секој и тоа ми е рецепт за мир. Многу познаници, а малку пријатели. Така е најдобро.
     
    На Ninikom, Алек***, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Стресот е секојдневие за скоро сите нас. Јас верувам дека тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен, така што според мене не е проблем стресот, колку што е стресот после долг период на живеење во комфорна зона. Пример, луѓето во Украина во моментов, некој кој бил залежан и живеел удобно, многу потешко ќе се справи со ситуацијата, отколку некој кој цело време води некоја борба.

    Од лично искуство, стресот ми влијаеше на здравје, изглед, однесување, ама со тек на време се научив да не придавам значење на сѐ и да пуштам некои работи да бидат какви што се, без разлика кој што мисли. Не дека сега сум зен, ама далеку подобра од претходно.
     
    На Осе, Cosmic Girl, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    187.654
    Под константен стрес сум цел возрасен живот. Животот во Мкд е стрес сам по себе, животот со дете исто така. Е добро, не родив дете во Мкд, па се балансира некако.:D
    Ништо од дијагнозите немам, штознам зошто, можеби оти не јадам благо:wasntme:. Немам социјални мрежи, не си правам непотребни комплицирани ситуации, преферирам тишина:!: ( мислам дека е ова некако битно) и се обидувам секој ден, да си најдам време и простор да бидам сама со себе и да мислам на ништо ( можеби ова е некоја медитација:?:)
    Ваљда опфатив се, ако е кратко и нејасно -нот мај проблем:D
    Е, да, се трудам да се смеам. Ако не сте забележале, затоа сум на форумов, воглавно.:hai:
     
    На senjorita-v, Kasiopaja221, Осе и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Ја од 17-18 иам стрес, најсеризно.И секој ден ми се дешава нешто.Некогаш по 2 дена ништо не се дешава.Затоа си забегувам на моменти.
    Не ми кажувајте само, ,,шо ти се дешавало тебе на 17, домашна си заборавила да напишеш” и тој тип муабети.Јас си знам :D

    а од симтомите горе иам:
    Проблеми со концентрација, промени во расположение, промени во расположение, јадење прекумерено, и би додала скренување така повремено нервни сломчиња
     
    На Cosmic Girl, Dust, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    16.901
    Пол:
    Женски
    Како ме погоди, на темава можам реферат да напишам. Сепак ќе одговорам само на прашањата, кратко.
    Дали некогаш сте биле под хроничен стрес?
    Да, особено акцентот ќе го станавам на последните 7-8 години сум под континуиран, хроничен стрес. Иако и претходно како мала, бидејќи сум осетлива и емотивна личност, секаква ситуација ме допирала и ми предизвикувала стрес, а неретко бев изложена на такви ситуации.
    Како сфативте дека сте под хроничен стрес?
    Да, знаев дека сум под хроничен стрес, но не знаев како да си помогнам, иако ме уништуваше и психички и физички.
    Што направивте за тоа?
    Последниве неколку години се борам со стресот колку можам да го сведам на минимум. Го реканализирам преку спортување, тоа ми е еден издувен вентил, слушање музика, прошетки во природа, избегнување на стресни ситуации, барем тие што можам. Претходно иако бев свесна дека ми штети, затоа што почна со ненадејни палпитации, тресење на рацете како да имам Паркинсон, бодежи во нозете како со иглички тие ми беа почетните симптоми и знаев дека сум под стрес, но не знаев како да излезам од таа состојба. Сега сум со низа хронични состојби поради стрес Долготрајното акумулирање на стресот, дури и кога се ми е во ред, кога сум смирена опуштена јас имам симптоми, затоа што телото памти и реагира и на најмала дразба.
    Како се справувате со стресни ситуации кои траат предолго?
    Во минатото не знаев како да се справам, сега се што ми предизвикува стрес ако можам да го заобиколам, избегнам, го заобиколувам без око да ми трепне.
    Доколку имате избор да се оддалечите од ситуација дали се оддалечувате или се доближувате повеќе и се обидувате да ја решите?
    Да доколку имам избор се оддалечувам, ама сепак зависи за што се работи.
    Дали имате посетувано терапија за хроничен стрес?
    Не, но добро ќе било да сум посетувала кога требало.
    Како тоа се одрази на вас?

    Ништо не може повеќе да те уништи како хроночниот стрес, секоја ден малку по малку, ама сигурно те јаде, се додека еден ден не земе голем замав како кај мене. Се надевам само дека еден ден ќе успеам да си ги "зацелам раните".
    Има луѓе што мува не ги лази за ништо, јас сум од тие другите, што целиот товар секогаш си го товари на грб.
     
    На Ugly Duckling, Izaabella, Lavender4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Според мене не е хроничен стрес се изнервирав денес на работа, се скарав дома. Ниту војната во Украина не е хроничен, ако трае со години тогаш да. Според мене хроничен стрес е секојдневно да ти се случуваат такви ситуации, на пример булинг на училиште, мобинг на работа, болен член во семејството, насилство во семејството, живеење во тешка сиромаштија. Не ми е хроничен стрес денес ме изнервира колешка на работа или се скарав со маж ми. Исто ситуација во Македонија е лоша ама не верувам дека толку ни влијае освен нели ако немаш леб да ставиш на масата.
    Многу често се употребува зборот стрес иако се работи за нешто моментално што по 2 дена ќе го заборавиш.
     
    На Skorpija12, JoyJoy, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.133
    Допаѓања:
    174.819
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, ама многу често имаме поќе од еден извор на стрес и самата долготрајна изложеност на стрес створа да си под хроничен стрес иако не е иста хронична ситуација туку се низа "помали" ситуации. Иако можи изворот да е и една ситуација. За да има хроничен стрес треба да има стрес кој се "задомил" и трај. Дали то е така ради низа стресни ситуации или е ради една подолга ситуација, стрес шо трај и тлеј е то - стрес шо трај и тлеј.
     
    На Angie1432, senjorita-v, DarkStormm и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.626
    Пол:
    Женски
    Јас кога имам некој проблем, особено некоја ситуација која не зависи од мене, не се смирувам додека не се разреши или не најдам решение и го видам како протекува во реалноста. Кога ќе кажам не се смирувам, мислам на баш неспособност да функционирам, цело време сум анксиозна и плачам, плачење додека одам на улица или било што правам што значи не можам ништо да правам. Ме обзема тоа чувство на неизвесност и не можам да се сконцентрирам на ништо друго.

    Ова го правам за било кој проблем, а некогаш и обврска. На пример, последен пат кога го осеќав ова беше кога имав за правење голем проект, за кој имав неколку месеци, ама мојот мозок не го сфаќа тоа дека може малце по малце да се створи нешто големо, туку мислеше дека ако немам се организирано и решено за 3 дена, дека воопшто нема решение. И анксиозноста ми отиде на најјако, се парализирав.

    Кога почнав да учам факултет, јас секој ден, со месеци, без преовеличување плачев и се мислев што ќе правам после факултет. Па дури почнав да отварам КНИГИ што се МАГИСТАР (а јас почнав додипломски студии) и преразмислував дали ќе можам јас да научам ова што е за МАГИСТАР и кога не гледав решение истото, breakdown. Ова траеше се додека не оставив факултет.

    Ова е мојот проблем/тригер за хроничен стрес. Пошто секогаш во животот се наоѓаме во некаква си ситуација, а јас сакам некоја состојба на постојан мир која е нереалистична ако сакам да постојам и да правам активности. Всушност, реалистична е ама јас не сфаќам дека тие проблеми со време се решаваат а не еднаш.
     
    На senjorita-v, Adidas888, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Дали некогаш сте биле под хроничен стрес?
    Да, повеќе пати во животов, ама ќе зборам за последниот пат пред неколку години кога ја работев работата што ме натера да се мразам и себе си и животот.
    Како сфативте дека сте под хроничен стрес?
    Ми се повраќаше секој пат кога морав да идам на работа, ама најмногу сфатив по тоа што со месеци се' што сонував беше работата, односно ја сонував смената. Одвратно нешто, да не можеш да се отарасиш ни кога спиеш. Друг знак - постојана нервоза, пеперутки во стомакот, трема, кога се соочував со луѓе. Трет знак - неколку пати во текот на годината ми се случи од спиење да ме разбуди напад на паника/анкциозност - меѓу погадните работи што ми се десиле здраствено.
    Што направивте за тоа?
    Дадов отказ, па почнав да се лечам со разни методи. Почнав да медитирам, почнав да пишувам во дневник (да се соочувам со мисли и чувства, да рефлектирам, да барам решенија), почнав да се интересирам за стоицизам, се фокусирав на квалитетна исхрана, почнав многу да возам точак, почнав да вежбам дома, си создадов вечерна рутина (есенцијално масло од лаванда + книга + боса нова џез + чај од маточина). Се фокусирав на тогашното хоби - фотографија. Почнав да учам илустратор и фотошоп, си купив и таблет за цртање, цртнував по нешто, си креирав дела. И не работев одреден период.
    Како се справувате со стресни ситуации кои траат предолго?
    Барам чаре, планирам барем нешто што можам да превземам околу решавање на проблемот, ако е надвор од моја контрола тогаш работам на случајот да го прифатам тоа. Продолжувам со медитација, пишување во дневник, некаква физичка активност, реласирање со книги и филмчиња, правам разни ситници што ме радуваат.
    Доколку имате избор да се оддалечите од ситуација дали се оддалечувате или се доближувате повеќе и се обидувате да ја решите?
    Зависи, ама би рекла дека ако можам да се оддалечам, се оддалечувам. Кога решението би било толку едноставно, супер! Не глумам супер херој, сакам да си заштедам време од животот, сакам да си го поминувам најчил што можам.
    Дали имате посетувано терапија за хроничен стрес?
    Не, исклучиво поради пари немам посетувано, иначе би посетувала.
    Како тоа се одрази на вас?
    Да не се случуваше тоа што се случуваше немаше да се откријам себе си, немаше да ги научам сите нешта што ги научив, а ми помагаат буквално секој ден од тогаш наваму. Го мразам тој период и кога и да помислам кринџувам, се ежам, ми се гади. Ама пак благодарејќи на сето тоа буквално се препородив.
     
    Последна измена: 13 март 2022
    На Ouravanture, Cosmic Girl, Beemo и 7 други им се допаѓа ова.
  13. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Скоро сите знаци сум ги имала. Животот е онаков каков што ќе му дадеме смисла. Стресот повеќе доаѓа од внатрешни конфликти со себеси, отколку со другите.
     
    На Ouravanture, Tanjamm, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  14. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Најпаметна работа! сум била во слична ситуација и криво ми е што порано не дадов отказ.
     
    На GirlLove, Tanjamm, MissChievous и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте биле под хроничен стрес?

    Ми се чини цел живот...
    Сиромаштија во текот на детството ,не покажување љубов од родителите во текот на детството, мал град значи булинг поради сиромаштијата. Дерењето на мајка за секоја ситница... како дете значи многу.
    Прерана смрт на луѓе кои ми значеа се...
    Па ја запознав ,,љубовта на мојот живот" покрај него некако се беше поинаку ,посмирено паничните напади ги снема... и тогаш ќерка ми беше во инкубатор и се се врати... момент кој беше и е искористен од многу луѓе околу мене за да ме направат уште послаба.

    Како сфативте дека сте под хроничен стрес?
    Ми се појавија панични напади и беа многу чести ,прво ми велеа дека страдам од низок притисок но со тек на време ги препознав.
    И тресење на цело тело кога некој се дере , дури иако јас со тоа немам врска. Пример комшиите се караат и случајно ги слушам јас се тресам.

    Што направивте за тоа?
    Бегав и бегам. Ама како беше она тоа што си си го носиш со себе макар и на крај свет!

    Како се справувате со стресни ситуации кои траат предолго?
    Ако е до мене се обидувам да го решам ,ако е до други и иако сум пробала да решам не успевам се обидувам да го прифатам . Но , за некои работи тешко оди пример смртта..

    Доколку имате избор да се оддалечите од ситуација дали се оддалечувате или се доближувате повеќе и се обидувате да ја решите?
    Зависи за што и со кого има луѓе со кои сум се обидела да решам ама не оди... а ако е неважно тогаш и оставам така...

    Дали имате посетувано терапија за хроничен стрес?
    Почнав но поради недостиг на пари и време не продолжив.

    Како тоа се одрази на вас?
    Па сеуште се борам...некогаш дури и се сомневам дека ќе успеам... но живот panta rhei
     
    На Tanjamm, prashinka и violetblue им се допаѓа ова.
  16. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.286
    Пол:
    Женски
    Шо се подразбира под хронични состојби поради стрес? :)
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    16.901
    Пол:
    Женски
    Најмногу ми влијае на стомакот, хроничен гастритис веќе неколку години, дијареа имав еден период па тоа престана. После тоа фибромијалгија, тоа се болки по телото како ревматски кои ми траеа со месеци, а сега се појавуваат некогаш кога сум под стрес. Внатрешни вибрации на телото, сензации ги има па ги нема. Тие се вака постојано што ги имам on/off. А мислам дека нема симптом што не ми се манифестирал на телово од стрес Дури и кога не сум по стрес, сум многу по раздразлива на секакви ситуации и телото одма реагира ;(.
     
    На Skorpija12, Осе и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  18. Medicalover

    Medicalover Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    34
    Разрушена психа и пиење седативи во 20тите. Кај мене до тоа доведе. Имам и тресење на нозе кога седам, самите нерви ми играат просто кажано, не е во моја контрола. Често и повраќам, при најмал стрес.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Кај мене гастритис.
     
    На Ugly Duckling и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.133
    Допаѓања:
    174.819
    Пол:
    Женски
    +1 плус главоболки и проблеми со црева. Сега цел живот околу тие физички проблеми ми е ориентиран дури и кога сум во „мирен“ период пошто доволно долго бев под ментален притисок шо „останаа“ не само шо се појавија.. @Ugly Duckling
     
    На senjorita-v и Ugly Duckling им се допаѓа ова.