Животна шлаканица

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 8 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме дека животот е суров, дека има многу неправдини. Некогаш си велиме дека тоа е судбина, или сплетот на околности довеле тоа да се случи, а на крај велиме
    -ТАКА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ
    -ШТО И ДА Е ЌЕ ПОМИНЕ
    -ВРЕМЕТО ЛЕЧИ СЕ....
    Но некои работи, кои биле планирани, сплетот на околности наведувал кон тоа, многу работи,факти укажувале на тоа, дека ќе се оствари, дека ќе биде. Реалната страна на животот наведува и наговестува дека тоа ќе се случи........но одеднаш од ведро небо, во животот добива пресврт,во кој вие го добивате длабокиот удар-животниот шамар.
    Некои од нас се силни, и веднаш се враќаат во претходната состојба на својот живот, но некои....тоа го прифаќаат депресивно,трагично....и тешко се справуваат со тоа.

    Дали вие,некогаш во животот сте добиле таков животен шамар и како сте се справиле со него, и во колкав временски период?



    Јас сум доста млада, за да имам големо искуство од таквите животни шамари, но Октомври 2010, на спортски план, по прв пат го осетив тој животен шамар. Каде што добив вест, која ни на сон не би ми паднала на памет, дека таков пресврт може да се случи, и дека одеднаш се полека почнува да тоне-целиот труд,и секоја капка пот вложена во тоа. Добри два месеца ми требаа да се опоравам, бев под стрес,плачев се нервирав, готова бев да се откажам од спортската кариера. Но еден ден, благодарејќи му на дечко ми и тренерот, застанав на нозе, и си реков себеси дека нема да плачам-зошто со тоа ништо нема да решам, со тоа плачење ништо нема да се измени. А уште поголема мотивација си бев јас самата на себе, верувам сама во себе дека ако сум успеала ова досега да го направам,ако 300 камења и сопки сум поминала, ќе ја поминам и оваа карпа. Ќе докажам, на кого каде му е местото, и нема да се откажам, како многуте спортисти што се откажале-од истата причина-бидејќи им се случило истото како и на мене. Да донесат некој друг, на твое име и на твој успех да гради негова кариера.
    Сега моментално-паралелно, си се надоградувам во спортот (кон повисоки резултати), а истовремено со тоа и ја побивам и докажувам колку всушност вредат луѓето кои градат авторитет, на моите постигнати успеси.
    Искрено се надевам и верувам во себе дека ќе успеам во тоа. А и сметам дека потсвеста на секој човек е најдобрата помош да се постигне нешто во животот, бидејќи ако си веруваш самиот на себе, дека можам + знам + умеам = УСПЕВАМ........ тогаш и ќе успееш
     
    На okcenzi, Elenuskaa и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.614
    :clap: Браво за тебе. Кога се сака, се се може. Не смееме да дозволиме ништо да ни застане на патот, ако сме сигурни за нашата цел. Ако тоа што сакаме да го постигнеме, го посакуваме со силна желба, секако ќе успееме во тоа. Се што треба е да сакаме и да сме трпеливи, да издржиме се што ќе ни застане на патот. Јас уште од мала имав желба да танцувам балет. Па почнав и танцував се до пред неколку месеци. Се откажав од мојата животна желба, не знам која беше причината, но едноставно не можев повеќе да се трудам да бидам најдобра кога имаше и подобри од мене. И така го оставив балетот.. :( Многу кукавички, но што да правам ете тоа е животот. Инаку браво за тебе уште еднаш. Сигурна сум дека и понатаму во животот ќе продолжиш да се бориш на исти начин и се надевам ќе успееш во се. :*
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    845
    Баш таква шлаканица добив јас сега, т.е. не шлаканица, туку ме претепа животот, ми ги искрши сите коски :( Толку месеци поминати во грижа, како ќе биде, што ќе биде, дали ќе се среди се, за во последниот месец работите конечно да добијат малку подобар тек. Веќе почнавме да се опуштаме после толку грижи, си велев, еве го, се гледа крајот, кога животот ТРАААС! Ме трати од 12 -катница :( Не знам како ќе продолжам после ова што се случи, не можам да се соземам сеуште, полошо нешто во животот од ова нема...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.386
    Ниту јас не сум подобра,колкупати животот ми удрил шлаканица,но ете успевам да продолжам напред.Најмногу ме лути кога се ќе си помислам дека е средено како некој сето тоа крадешкум да го слуша и ете како замислата да била кула од карти и со кеив ми ја руши,но природата ми е таква што никогаш не се откажувам,нормално чуствувам болка,но секогаш се борам да ја постигнам целта.Еве и сега имам поставена цел и верувај се стварно се плашам каков ќе биде исходот,многу ретко го изговарам овој збор но некако веќе сум уморна,навистина ми треба одмор од глупостиве што ми се случуваат. :worried:hock:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    67.958
    Пол:
    Женски
    Животна шлаканица? Тоа што го преживеав и се уште го преживувам не е шлаканица, туку се боксови кои ме нокаутираат постојано :(
    Се’ почна пред 3 години кога останав без работа и во тој момент мислев дека тоа е најлошото што може да ми се случи, се додека пред 2 години не го доживеав најлошото! Тоа ми ги отвори очите, ме истреска од земја јако и ме освести! Помина и тоа и мислев дека конечно работите ќе почнат да се подобруваат.
    Но, како по некое непишано правило, life strikes again :@ Секој ден ти носи само нови и нови разочарувања, сфаќаш дека се’ што си вложувал, што си правел и постигнал во животот е џабе! Сфаќаш дека колку повеќе посакуваш и се стремиш кон нешто, толку повеќе ти бега истото... Сфаќаш дека луѓето околу тебе кои се трудат да ти „помогнат“ се всушност олицетворенија на лицемерие, безобзирност, индиферентност... и колку повеќе се трудиш, толку помалку ти се цени трудот.
    После се’ што преживеав, се чувствувам како да имам 40 години... Толку многу пропатив, толку многу разочарувања и понижувања претрпев, се разочарав и во единствениот човек на кој се огледував цел мој живот...
    Собирам сила да продолжам понатаму, но веќе и силата ми е при крај...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Сум имала 2 животни шлаканици, едната за време на раѓање(не би опшишрно за ова) другата при загуба на ептен блиски личности да напоменам уште не знаеја што е живот, а ги изгубив.
    И уште еден најнов шамар што можеби и не може да се смета за шамар е моето покачување на килата.
    Абе толку се опседнав со тоа што го сметам дури и за ненормално, а тоа се приметува што почнав и во темиве за психологија и за тоа да пишувам, па ме дозна цел форум :drunk:
    Инаку, сметам дека ми е шамар, зошто многу се трудев(да не ја пишувам цела сторија) за на крај да ми се врати на многу неубав начин со 7 кила плус. Така да, живото е суров и задава ударим, ама затоа сега кога знам дека во секое време може да ми закачи по некој шамар станувам попретпазлива на многу работи, посебно за овој последниов шамар, како сум изреволтирана, па треба да му направам вратка. 8)
     
  7. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    Шлаканици сум имала,али ова поледново тотално ме тресна од земја.Конечно си помислив се ке се среди,животот ке почне да ми има смисла.И ете,доволна беше една реченица,што беше како гром од ведро небо за повторно да паднам во депресија. :headbang:
     
  8. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Најголема шлаканица ни удира животот.Некога по наша грешка,а некогаш и заради друѓи личности.Но така требало да биде...
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.363
    После таква шлаканица треба да се случат дупло поубави работи за се тоа да се избрише. Јас понекогаш сакам да не сум емотивна, да немам емоции спрема луѓето. Кога ќе ме повреди некој после се изолирам одреден период плашејќи се од лоши искуства.
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    7.643
    Пол:
    Женски
    Не сум имала,ама незнам што би направила некој да ме шлакне!
     
  11. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    145
    Кога животот ќе ти удри шамар, заврти се и удри му бокс! :punch:
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Во животот неопходни ни се тие шлаканици :) за да не вратат на земја, да не се дигнеме премногу и да не се вообразиме, за да научиме да го цениме доброто бидејќи за жал се се цени откако ќе се изгуби. Да не беше ноќта немаше да го цениме денот, да не беше студот немаше да ја цениме топлината, да не беа болестите немаше да го цениме здравјето, да не беше гладот немаше да ја цениме ситоста. Затоа, јас на животните шлаканици се радувам, ме прават приземна и скромна. :)
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.138
    Пол:
    Женски
    Најголемата животна шлаканица ја доживеав кога починаа мајка ми и тетин ми. И двајцата си заминаа во рок од еден месец. Тоа беше шок за девојче од 12 години. Сфатив дека така требало да биде и дека треба да се помирам со тоа.
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Мене пет години веќе животот ми удира шлаканица. Јас во овие пет години мислам дека пораснав како за десет.
    Се соочив во неуспех. Никогаш не сум била научена да бидам неуспешна и нешто да не оди како што јас ќе испланирам.
    Сфатив што значи да изгубиш некој што те пораснал. Изгубив една од најважните личности во мојот живот.
    Открив дека нема секој сериозни намери, како што имате вие. Не можете да знаете што намери има некој со вас, ако не му го знаете карактерот. Не се залетувајте и не започнувајте врски само затоа што сте се разочарале од старата љубов. Новата може да донесе само поголемо разочарување.
    Сфатив дека сум многу таинствена и не сакам да споделувам информации за мојот љубовен живот со мојата фамилија.
    Сакам да се зближам со брат ми повеќе. Затоа решив да му кажам што ме мачи. Ми даде добар совет.
    Нека има само подобри денови :)
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    Животот е турбулентен... Кога мислиш е све во ред тргнува све надолу .... Факт е тоа дека Животната шлаканица Дефинитивно го менува човекот , од тоа станува и фрустрацијата кај човекот....тоа е траума ...Секогаш надевајте се на најдоброто ,но бидете спремни за најлошото ..
     
  16. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    18.486
    Пол:
    Женски
    Zivotna slakanica, vo 2001 god. Imav 12 godini koga bese krizata vo tetovsko.
    Ostanavme na ulica, samo so alistata na nas, jas, sestra mi i roditelite.
    Neznaevme dali imame dom, dli e rusena kukjata, dali e izgorena i dali nekogas ke se vratime.
    Doziveav kidnapiranje na dvjca mazi pred moi oci, doziveav vooruzeni, maskirani vo crno da lupaat na vrata dodeka jas i moeto semejstvo se krieme vo podrum...
    Tatko mi odese na punkt da go brani seloto, neznaev dali ke se vrati ziv...
    Doziveav da ranat covek pred moi oci, da mi pomine kursum na 5cm od glava, tatko mi ne butna zaeno so sestra mi za da ne spasi...
    Bas kao na film, no jas go dozivev seto toa, ostavi traen beleg na mene, retko zboruvam na ovaa tema, bev dete za nekoi raboti ne bev svesna togas, no sega znam sto mozese da se sluci.
    Sestra mi imase 10 god, od traumi lezese 10 dena na detsko edvaj se povrati.
    No, uspeav da izrasnam vo normalna osoba, da se obrazuvam, da stanam majka itn...
    Kukjata ostana zdrava, se vrativme posle edna godin, ziveev tamu se dodeka ne se omaziv.
    Uste mnogu raboti se slucija togas, no vo druga prilika ke zboruvam za toa..
    Stom toa go prebrodiv, sekoj druga slakanica e pobezbolna za mene!
     
    На Rama, evangelina.ina и ilina-m им се допаѓа ова.
  17. Jenny22

    Jenny22 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Najgolemata zivotna slakanica ja doziveav koga go izgubiv tatko mi koga imav samo 16 god. Otogad zivotot skroz mi se promeni nisto veke ne e isto kako porano, pominaa godini mislev se oporaviv malce so povremena nasmevka no ne e taka toa mesto seuste stoi prazno i temno vo mene. Vtorata slakanica ja osetiv (i ja osekam seustr)pred 4god koga stapiv vo brak. Zivotot sekogas mi nosese losi iznenaduvanja, od sekogas se plasev da bidam srekna i da se sneam na glas. Zasto po sekoe moe smeenje obavezno sleduvase silno placenje.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. real-man

    real-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Машки
    од ваква шлаканица не се бега, големината на човекот се гледа во тоа како ги пребродува шлаканиците, и треба како што минуваат годините да добива се помалку инаку значи греши некаде..
    инаку најмногу болат ако ги добиете таму каде што најмногу се трудите , на пример на работа,во врската (бракот) или во однос со пријателите...
     
    На Dadusicka, fallenangel и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.126
    Шлаканици сум добивала и сеуште добивам ама да не беа тие никогаш немаше да се изградам како личност и немаше да научам да се изборам за своето место под ѕвездите.:!:
    Некои работи се судбински, некои се сплет на околности но се додека се трудам да го управувам кормилото и во невреме на добар пат сум, благодарна на Бога што разумот ми е сеуште на место :!:од лоши настани, злобни личности...:x
     
    На Rama и NOVAVON им се допаѓа ова.