1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот денес и порано?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од babaDara, 22 март 2011.

  1. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Што мислите за животот порано? Луѓето биле ограничени во своите можности, без технологија, со мал напредок. Но сепак биле среќни. Како се додворувале?! Едвај го чекале моментот да се видат? Едноставно биле задоволни со тоа што го имале и не барале повеќе. А ние денес имаме се. Но внатрешно сме празни. Живееме без морал, без пријатели, и се плашиме од иднината. Немаме духовно богатство, немаме развиени етички и морални норми? Што мислите за ова? Споделете мислење!!!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Мајка ми кога ми раскажува како она живеела на мои години и малку постара кога била и завидувам искрено. Немало фејзбук, мобилен, мсн, скајп, ма немало воопшто компјутери! По цели денови заедно со другарките биле, се зезале, уживале буквално! Можеби немале толку извори на информации колку што имаме ние, али колку нас технологијата ни помага толку и ни одмага.
    Си се допишувала со дечкото од одмор преку писма, па едваи чекала да и стигне писмото, а ние по меил по фејзбук се за 2 минути се завршува :!:
    Додворувањето нормално било МНООГУ по различно. Нема да те боцне на фб за да ти покаже дека му се свиѓаш, или да ти ја лајкне сликата... Па татко ми 2 месеци ја бркал мајка ми низ град да ја види и на кафе ја викал и дома и вртел демек слика некоја од свадба да и даде.
    Едваи чекале некоја емисија или некој филм да им пуштат. Собиранки си правеле по дома, нова година заедно славеле по дома кај некој цело друштво. Па кога ќе отидеш во грчка или негде на друго место да си купиш нешто никој што нема најголема женска ќе бидеш :) Па екскурзии по југославија ееее...
    Со малку се задоволувале многу, со мали работи сакам да кажам. Едни патики ќе купиш абе со години ќе ги изнаносиш. А сега искрено ретко кој се радува на мали работи и кој се задоволува со нив...
     
    На stilas7, i.am.me, Srculence--91 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    порано нештата беа поедноставни, животот не беше толку комплициран, и имав време за се, а сега... :Down:
     
  4. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Животот порано (во времето на моите родители ) бил по добар лугето повече се дружеле ,смеи,оставени сами на себе,со авантуристички духови нема кој што е од тие генерации а да нема луди незаборавни спомени .А ние по цели денови на компјутери и се уништуваме на некој начин.И порано парата повеке вредела со 500 денари лугето се изнакупувале а денес за едно кило компири и праз еве 100 денари а платите мале :!: :)
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Животот порано имал свои позитивни и негативни страни така и денес живото има многу позитвни и многу негативни страни или,,се тече се се менува,, . За некои живото бил поубав порано, за некои денес се е идивидуални од своите сопствени размислувања и гледања на нештата.
     
    На i.am.me и A-j-a им се допаѓа ова.
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Баш така се сложувам со тебе. Порано кога бевме мали еднаш во месоцот можевме да си дозволиме хамбургер да јадеме, а додека денес хамбургерот и кока колата се секојдневен оброк на децата. Ама па затоа тогаш многу други работи биле поевтини од денес и со неспоредлив квалиетет. И ден денес имаме облека дома што мајака ми ја купила кога била девојка, што истата таа облека и после 30 и кусур години изгледа како нова.
    Навистина денес технологијата каде каде е отидена понапред за разлика од пред 10 години и колку е тоа убаво толку е и неубаво. Отколку да искочиме надвор со друштво и да уживаме во убавот ден, нас ние поинтересно да си седиме цел ден дома и да бидеме робови на компјутерот. А најтрагично е тоа што сме свесни дека е тоа така ама упорно си продолжуваме. И кога ќе видиш нас младоста ни поминува пред компјутерот наместо да искачаме да се социјализираме, да се смее, да уживаме во животот. Нема да биде за чудење утре кога ќе остариме и кога внуците ќе не прашаат да им кажеме некоја интересна случка, некој убав спомен од младоста, ние тогаш ќе треба да им раскажуваме за затворот наречен феисбук. :worried:
    Али како и да е и денес и порано како се живеело си има свои убави и неубави работи.
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Еххх, бар за еден ден да имам живот како во времето на мама и тато. Ма рај било бе луѓе...
    Немале фејцбук, мсн и скајп, нема виртуелна фарма, ниту тексас холдем покер, ама играле били, криенкја, брканица. Рани на колената од криење по дрва, скинати блузи од менување за да не ги видат, седење до доцна на тротоари, крадење сливи и јаболка. А што имаме ние денес?? Наместо кошарка или фудбал на игрлиште или на улица ние се чатаме на фб, наместо да береме цвеќиња за венче ние копаме виртуелни ниви, наместо прстите да ни посинат од играње Магарец, ние „се коцкаме“ на покер...
    Знам дека му се свиѓам ако ме боцне, а тогаш по цели маали шетале за да се видат. Ако се запознаам на одмор со некого уште утредента добивам френд рекуист, а тогаш писма пишувале...
    Платите не биле којзнае колкави ама сите убаво жевееле, за сите имало работа, образованието повеќе се ценело... А денес, најголемите секирации се парите и безработицата....

    Се на се, животот тогаш бил многу подобар од овој сега, ама ете тоа е, што да правиме. Времето назад не се враќа...
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Еех, животот порано и животот сега се толку многу различни.Спомнато е горе:немало фејсбук, немало мсн, немало скајп, немало компјутери и мобилни.Се ценела дружбата, се поминувало цел ден надвор, па се собирале навечер, се бркале, трчале, ги живееле детството и младоста.

    Чекале да излезат за да можат да си го видат саканиот/саканата, не сега чекаш на фб да се уклучи па да можеш да зборуваш со него/неа.Па се собирале за родендени и самите си правеле торти и колачи, се фотографиле неколку пати годишно и тоа само за свечени пригоди па краделе бостани, дињи.

    Купувале облека само за празници и не им било важо дали е од марка или не е.Не дремеле секој ден по кафиња и ги озборувале сите кои поминуваат.

    Се на се си живееле прекрасно во тоа време.
     
  9. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Животот денес е многу страшен за живеење...Мајка ми вели дека порано било 100пати помирно од денес. Абе ќе те киднапираат од пред врата, ќе ти ги извадат органите и ќе ти ги фрлат само коските некаде и око нема да им трепне..Да ти е страв и во двор да излезеш а не по улица да одиш..Друго не знам какви ти не болести нема, здрав човек неможе да видиш ....За никаде стана ова време :(
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сте запнале дека тогаш било се толку поубаво. Не ја кривете технологијата, постои начин да се откажете од неа, само посакајте. Место дремење на форумов, skype, facebook, слободно излезете надвор со пријателите, не ви го попречуваат патот вам роботи.
    Немаме духовно богатство, етички и морални норми? - I don't think so.
    Нема везе со ова технологијата и интернетот, сосема различни точки се тие.
    Моето мислење за животот порано е дека биле ограничени. Вие сега имате повеќе можности, не ви брани никој да одржувате пријателство и врска на начин како и порано, само сте го прифатиле овој сајбер начинот.

    Толку ми се здосадени тие приказни Ех на времето....Времето поминало, сега е ново време и иде уште поново. Ова не е повеќе Југославија, има нов режим, нов начин на живот, нови можности.
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    porano beshe poubo ://
     
    На niina16 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Животот денес во споредба со оној порано, два различни поими во секоја смисла. Најголемото т.н. зло во ова време денес е тоа што се изгубија сите морални вредности, за разлика од порано. Денес прво ја нема љубовта, безрезервната помош, топлината на вистинското пријателство, вистинската смисла на зборот, едноставноста... Се буквално се сведува на она спротивното. Оладеност на сите чувства, омраза, љубомора, кавги и напади, убивства без да се има ни најмала грижа на совест дека е направено најлошото... До овде стигнавме ;( .
    Можеби ќе бидам нападната, но мислам дека тоа ни го овозможи најмногу напредокот на технологијата.
    Заради некој искривен ум што направил и режирал негативен филм, тоа на сите им претсавува нешто кое така треба да биде. Полека и несвесно сите стануваме роботи и во своите чувства. Се помалку се оние убави работи, поуките да се биде добар, да се сака секој, да се помогне... се тоа денес стана само фантазија.

    Да навистина тука се и позитивностите на технологијата, пристапот до се она што порано беше невозможно, но сепак тоа во сите нас прерасна во опсесија. Опседнати сме од се, што неможеме да си го замислиме животот. Непобиен факт е и дека се се темели на технологијата, но искрено некогаш можеби треба и малку да оладиме од се тоа.

    Не знам колку имате искусено еден ден без она што го имаме сите денес. Еден ден без струја, без компјутер, телевизор, дури и без вода.
    Искрено, не знаете кое задоволство и испонетост на душата е тоа. Да помислиш дека со свој труд си го направил тоа, па мозокот го ставаш во постојана работа да размислува за како нештото да го изведеш полесно, па на крај ќе направиш и некој новитет, за само да си ја олеснеме работата. Кој мир е тоа! Но, најважно е тоа што времето не заминува за еден миг. Стои во место и со душа се очекува секој изминат момент. Денот изгледа голем и најмногу исполнет со се. Не ви е важено ништо друго.
    Тоа е вистинската едноставност на се што луѓето порано го имале, а ние денес го немаме (секоја чест на исклучоците).

    Вистината е дека:
    Фантазијата од минатото стана реалност, а реалноста од минатото денес станува фантазија. Нажалост!
     
    На Tanjamm и Fearless им се допаѓа ова.
  13. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364

    Животот денес станува досаден бидејки имаме сервирано се пред очи, па затоа и луѓево се помрзеливи од порано.
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Банално е да се прават споредби како било и како е сега...
    Ние што го почувствувавме тоа време, како што кажа Серафима останува да фантазираме дека некогаш повторно ќе се врати правото детство, да можеш слободно да излезеш на улица, цел ден да си играш, да ја фрлаш топката од едниот до другиот крај на улицата(оти нели таа се игра “четка“) без да се плашиш од коли, кога ќе ти се пријаде да отидеш дома, каде те чека лебче премачккано со маргарин и вегета, а потоа повторно да го слушнеш гласот на другарите како го извикува твоето име(без да заѕвони ниту еден телефон)...
    Станавме робови на технологијата, станавме зависници од брза храна, живот, сите морални вредности се заборавени, вистинската убавина на животот е во самите нас, само се поретко некој успева тоа да го види... Светот и животот добиваат некоја сосема друга димензија.
    Уште пожално е тоа што новите генерации никогаш нема да ја почувствуваат вистинската убавина, магија, опуштеност, на правото детство.
     
  15. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Ауу, можам да зборам (пишувам) до утре. Посебно за приказните кои баба ми ми ги кажувала, како се додворувале, како се забавувале, како учеле, како се справувале со тешкиот живот, без вода (немало во секој дом, туку на селска чешма), без струја (телевизор, компјутер никако.. :^) ) Животот тогаш, во споредба со животот денес, катастрофа. Меѓутоа, иако го немало сето ова што ние сега го имаме, сметам дека животот им бил поубав, поинтересен и исполнет со многу нешта, кои ние сега ги немаме. Не се замарале со сенешто, ко ние сега. Толку сме разгалени и се тоа, што незнаеме што да правиме више.
    Иако технологијата е се понапредна, имаме компјутер, телевизор, мобилен и многуууу други нешта, што тие ги немале, животот ни е многу полош од нивниот. Излегувале на сред село и си играле разни игри, ора, се забавувале на тој начин.. А не како ние сега, скапавме пред компјутер, очите си ги расипавме, цел ден пред тв.. Се додворувале кога излегувале на чешма, каде што имало машки кои ги гледале како полнат вода, а ние што? ајде на чет, инбокс. :puke: Расипано е се, стварно! Многу сакам да го живеам тој живот, иако има работи кои воопшто не се добри. Барем се знаело што е игра, што е работа, што е седење, одмарање. Работеле во поле, колку за нив. А ние да ни речат иди до продавница не мрзи. Тогаш работеле и деца и стари и млади.. Исто така се било по мирно, по слободно.. Денес на секој саат се убива некој, се коле, се пука.. многу страшно, многу! :!:
    Браво за луѓето тогаш :clap:, а за овие сега... :x
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Секое време си носи свои предности и мани, лошо ќе биде ако се заглавиме во минатото, или ако премногу живееме со фантазија за подобра иднина.

    Единствено нешто за кое ми е криво за денешниве генерации е тоа што, дознаваат преку фб дека паднал снег, или што чуваат маче на фб,а садат дрвца на фарма.
    За разлика од нас кои верувавме дека со семка од јаболко,и чаша вода ќе никне дрво во тревникот, кои бркавме мали мачиња и ги чувавме во картонски кутии, и чекавме дома седнати на санка гледајќи надвор дали ќе заврне снег.
     
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Цц никаков не е животот сега
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    животот порано бил подобар него сега сега имаме и модерна технологија и се и пак не е добро
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.123
    Допаѓања:
    76.423
    Пол:
    Женски
    Од моите сознанија, потешко се живеело, но луѓето биле посреќни. Повеќе би сакала да се родев и живеев во некое далечно минато време отколку сега со оваа технологија која повеќе ни штети од што ни користи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.246
    Го прашал внукот дедото - Кога ти беше поубаво, на времето, или сега?
    Старецот рекол - ееее... на времето.
    Внукот прашал, како може да ти било убаво тогаш, немало вода, немало струја, си чекал леб да се направи, си одел во војната, ти го урнале домот...
    Старецот рекол, Внучко, тогаш бев млад. Сега се ми е џабе, кога сум стар.


    Јас не знам како било порано, сум ги слушала бабите и дедовците, сум ги слушала родителите, ама нивното е субјективно и селективно зборување. Не сум живеела во тоа време за да споредам. Неверодостојна е споредбата на тоа време со денешното кога никогаш не си го живеел тоа време, не си имал ништо со тогаш. Освен што си слушал, исто како и за време турско. Мислам дека младоста е најубавиот период, и жално е кога млад човек е носталгичен за времеињата пред 50 години, а неговиот живот не му е убав, оти имало ФБ. Ако не ти е убаво, исклучи го, фати гулаб и пишуј му на дечко ти. Така ќе ти е поубав животот. А на твоите нормално дека тој период им е поубав, немале деца за да се грижат, не морале да се мачат за нив. Едноставно живееле како што сакале. Немале обврски. И вас по 40 години кога ќе ве прашаат, ќе кажете дека младоста ви била најубава.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.