Животот и здравјето по прележување на вирусот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ketchup, 15 октомври 2020.

  1. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    37.328
    Дали и какво влијание има прележувањето на Covid-19 во понатамошното секојдневие? Прашање кое го поставувам за оние кои го прележаа, или имаат близок кој го прележа вирусот. Дали заразените и по оздравувањето се соочуваат со одредени проблеми на здравствено, кариерно, или социјално поле? Изминатиов период се изнаслушав секакви искуства од луѓето кои го прележаа вирусот и темава ја отворам со цел вие да го споделите вашето.
     
    На Роберт 7, supersandy и edna_malecka им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    11.959
    Пол:
    Женски
    Како човек кој ја преброди оваа болест можам да кажам дека во моментите кога ја имав повеќе бев психички падната. Самата паника и самите бројки ќе направат кој и да е со оваа болест да осети страв. После тоа не се осеќав ко одбегната пошто мал број знаеа, а и со мал број се дружам во глобала. Среќа немам во мојот круг луѓе кои не веруваат во Корона, па може тоа е олеснителна околност. Но, скоро бев сведок, каде луѓе ме убедуваа дека тоа што сум го имала не било Корона, било грип. Сум била грипосана и настината многу пати претходно и едноставно, ова не беше нешто исто.
    Сметам дека не здравствено не ми афектираше на понатамошниот живот, но се заморувам многу после прележувањето. Не знам дали да препишам на Короната или на долгото седење дома.
    Карантинот, т.е самоизолацијата ми беше тешко психички од причина што се осеќав ко во затвор. Човек сам со своите мисли 14 дена не е баш нешто сјајно.
    Од друга страна не сум лежерна и не седам на тоа уво дека ако еднаш сум прележала дека пак нема да ме фати. Можам да кажам дека сум и повнимателна сега и со новото покачување на бројките.
     
    На Роберт 7, Ava.84, JuLleE и 15 други им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    29.237
    Пол:
    Женски
    Зависи многу и со каква клиничка слика ќе се прележи вирусот. Имавме случај, близок млад човек, ама со потешка клиничка слика, две недели на инфективна беше, еве два месеца поминаа, уште се опоравува и не може да ги доведе параметрите во ред. Д димери, замастен црн дроб, заморување.
    Другар дома прележа, со благи симптоми, сега праеше детални испитувања, се во ред, единствена последица од Ковидот воспаление на срцевата обвивка, која наводно не е страшна состојба и може да се јави после било која прележана вирусна инфекција. Уште неколку што знам што прележаа и после правеа испитувања, немаат никакви последици.
     
    На Ava.84, cresa-jagoda, supersandy и 8 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.130
    Допаѓања:
    173.604
    Јас лично немав ни премногу симптоми, за после тоа да се чувствувам премногу оздравено.

    Земи во предвид дека јас сум човек што 6 пати годишно се разболува, цел живот сум болежлива, од дете.

    Симптомите кои јас ги имав (болка во хранопровод при голтање, ако се допрев ме болеше како да сум повредена, краткотрајна покачена тт од 37.4, краткотрајна грозница, но силни мускулни болки и страшен замор) се симптоми на кои во друго време нема ни да обрнам внимание, ќе се напијам парацетамол и ќе терам со животот.

    Конкретно болките ми траеа 3 дена, а заморот и поспаноста постепено се намалуваа во рок од 7-10 дена. Другите симптоми ги имав само два дена.

    После излегување од карантин, најтешко ми беше да се вратам во "нормала", во смисла слобода да се движам, прво имав чувство како да сум криминалец избеган од затвор (затоа што 1-2 пати дневно ми доаѓаше полиција за сите 30 дена) и искрено тогаш како да ме стигна шокот и првата недела пост карантин ми беше претешка психички.
    Имав неколку дена во кои не бев во карантин, но бев на боледување, пред да почнам на работа, и некако дури не ни сакав да излезам од дома.

    Потоа... сепак беше релативно рано. Имав и шшшшш не кажувај, имав и херој си што збориш јавно (facepalm) , имав и буцкала, и оговарачи, и луѓе што за цел месец искрено беа тука за мене, а и после тоа.
    Имав и сеирџии, ма сВе што сакаш :)

    Во однос на физичко здравје, крвна слика немам направено, д димери немам испитано, лично решив да не се замарам и да не се оптеретувам, да реагирам само ако почувствувам нешто.

    Се' уште не ми испитале плазма, па и да имав антитела, можно е да ги немам повеќе, а се пријавив веднаш. Може треба да ги потсетам. Се' уште не ми дозволуваат крв да дарувам генерално, ми рекоа да почекам 6 месеци :^)

    Мои блиски, зборувам за мое најблиско семејство, никој не бил до сега заразен, само јас. Колку што ме болеше што претходно држев дистанца од најблиските, после си викав среќа, жива ќе се изедев некого да заразев.
     
    На Kaetana, koritsaki, Роберт 7 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. supersandy

    supersandy Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    И јас ја прележав короната, фала му на Бога со минимални симптоми.
    Воопшто не кашлав, околу 2-3 дена имав покачена температура и го изгубив осетот за мирис.
    Домашните се во години, не се баш млади како мене, па многу по тешко ја прележаа. За нив ми беше најмногу жал, цело време се чувствував виновна дека јас сум им пренела. Иако тоа никој не може да го потврди, пуста совест ме јаде уште.
     
    На Ava.84, JuLleE, sierra и 3 други им се допаѓа ова.
  6. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Јас бев болна пред една недела, но не од корона туку штом се расипе времето стане по ладно веднаш и јас сум болна и сега сум добра,но немам мерис.Знаеш ли како да се поврати мерисот ти користеше нешто или сам си се поврати?
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.584
    Допаѓања:
    27.930
    Пол:
    Женски
    A како знаеш дека не е корона? Се тестираше? Немање мирис е типичен симтом на корона, јас сите болни што ги знам изгубија мирис покрај сите други симптоми слични на грип.
     
    На BoaVista и WildMk им се допаѓа ова.
  8. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    4.548
    Пол:
    Машки
    Демек кога сте јако настинати пред 5 години, со јако затнат нос, осеќавте мирис . . .
     
  9. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    37.328
    Едно е затнат нос, друго е да имаш нормално дишење и да не осеќаш мирис.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    4.548
    Пол:
    Машки
    Јака дрога
     
  11. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.067
    Допаѓања:
    31.051
    Пол:
    Женски
    Ама не се работи за затнат нос.
    Само за губење осет за мирис.
    Носот ни затнат ни тече
     
    На supersandy, BoaVista, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.015
    Допаѓања:
    135.079
    Пол:
    Женски
    Не е типичен симптом за корона. И вирусите на инфлуенца (грип) предизвикуваат губење на сетилото за мирис и вкус. Со сите кои беа болни од корона во моја околина и контакти, и немаа осет за мирис и вкус, носот им бил затнат, сите истото ми го кажаа. Многу респираторни инфекции се придружени со губиток на сетилото за мирис и вкус, вклучително и воспаление на синуси може (не мора) да биде придружено со истиов симптом.
     
    На mal.ecka, Роберт 7, marlonbrando69 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.584
    Допаѓања:
    27.930
    Пол:
    Женски
    Антах, напротив на мајка ми, брат ми и баба ми носот не им беше затнат, баш тоа и го коментираше мајка ми, си дишам вика нормално, не ми тече нос, не ми е затнат, а ништо не осеќам. Не знам веќе д не знае човек на што е, се испаѓа симптом дек е не можеш да знаеш. Другарка ми е болна сеа со маж и и исто изгубиле осет за мирис само ради тоа се тестирале онака се супер, никсков друг симтом немаат.
     
    На mal.ecka и Ketchup им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    37.328
    Откако дома ни дијагностицираа член со корона и ни рекоа да се изолираме, мене ми се изгуби сетилото за вкус 100%, а за мирис 90%. Значи омекнувач за алишта што мириса преинтезивно одвај го осеќав. А ниту затнат носот, ниту било каков друг симптом на настинка.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    128.039
    Боа, да те прашам, ехо на срце ли правеше, па утврдија дека има воспаление?

    Јас поминав со релативно лесни симптоми, ама со релативно многу муабети.
    Топ тема бев во градот, меѓу првите заразена, ме пишеа по групи, се и сешто имаше муабети.
    Кога излегов ме гледаа чудно, некои се плашеа, ама генерално не беше страшно.
    Ме правеа луда, живи срамови сум била, сум го засрамила семејството, итн итн. Ова може да претпоставувавте кој го зборуваше:D.
    Психички е многу пострашно?
    Последици од она што испитав, комплет кс со д димери беше во ред.
    Ама јас еден месец потоа не се осеќав како порано, на два пати пак имав покачена блага температура. Потоа исто ко ништо да не ми било.
    Јас имав симптоми за стомачен вирус, слични на Каме, дијареа, болки во препони, напони за пораѓање, во хранепроводот, киселини, а имав и гребење на грло. Плус 3 дена температура до 37 со 4 и немав апетит 12 дена. Имав и болки во нозете.

    Имаше и мене и се уште има кои ме убедуваа дека корона нема. Лажен ми бил тестот.
     
    На mal.ecka и BoaVista им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    29.237
    Пол:
    Женски
    Прво кажуваше дека осеќа стегање во градите, ама сите препишуваа на стрес. Па отиде на ЕКГ и таму забележале некои промени и му кажаа да си направи ехо на срце. Кај Жан Митрев правеше испитувања, што точно незнам. Ако сакаш ќе прашам и ќе ти пишам. Воглавно се си беше во ред, само ете тоа воспаление на обвивката, за кое кај Жан Митрев му препишаа терапија и сега е скроз ок.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    128.039
    Сепак имал симптоми. Стегање во гради. Јас имав кај желудник и губев воздух, бев кај матичниот и ми помина со средување на исхрана и аципан. Мене вусшност и таму ме удри короната.
    Фала Боа, јас се мислев да правам ехо, не осеќав нешто посебно, ама ете тоа ми остана.
    И од кај Жан имаше некоја статија дека после 2 месеци или три, требало ехо на срце да се прави.
     
    На mal.ecka и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    При секој синузит до сега сум имала намалено чувство за мирис или вкус или тотално снемување.
    Дај не се трескајте.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. supersandy

    supersandy Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Ти предлагам да се тестираш.
    До сега настината сум била милион пати, но ова ми е прв пат со мирисов. Како што напишала @Mantub точно така е.
    Инаку сумамед (или азитромицин) примав една доза, многу витамини како од таблети, така и од храна и со тек на време ми се поврати.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.619
    Допаѓања:
    49.892
    Тоа снемување на мирис и вкус заради намалена осетливос се разликува од она од Ковид затоа што едното ти е во носот, другото е невролошко (во мозокот).
    Знам луѓе што кажуваат дека лук и кромид биле способни да гризат и да не познаат што јадат.
     
    На Celltica, marlonbrando69, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.