Денес имав еден разговор со една пријателка што смета дека мора секој ден по два пати да оди на кафе и не смее да помине викенд без да е излезена па ме натера да пишувам и сакав да го споделам некаде,се надевам дека ќе ме сфатите Среда е...го пијам утринското кафе во омиленото кафуле заедно со другарките и си ги кажуваме најновите случувања во градот,се пазариме колку часа да седиме на училиште и каде да го пиеме следното кафе ,ааа што ќе облечеме викендот кој доаѓа е тоа е најболната тема, тоа е најстрашниот дел,кога секоја девојка која има полн гардеробер со фустани,кошули,маички,штикли нема што да облече...Убав е средношколскиот живот,барем така викаат многумина но јас,јас го доживувам како еден неизбежен дел од животот кој го живееме во излузија во едно шаренило позади кое се крие голема темнина и лага.За средношлколците секој ден е петок,излегување,дружење,озборување,кој што купил,кој колку има,кој колку испил или планира да испие,народски кажано бош муабети,искрено не ми е многу забавно да бидам учесник во овој филм ноо...Се би било супер доколку овој начин на живот се смени после завршувањето на средното училиште но за жал не е така ,во нашата земја најголем изговор за да не работиш и да ги трошиш парите на мама и тато е запишувањето на факултет ,половина од студентите на прашањето поради која причина се запиша на тој факултет одговараат :…,,Хммм,па не знам,знаеш другарите ми се таму па шо има врска колку да се има факултет” . Епа дечки со вакво мислење нема просперитет,се изгуби смислата на живеењето,каде исчезнаа сите реалисти кои се свесни дека светот не е розов и дека не се состои во пиење кафе и озборување..Да не ги заборавам и оние на кои државата им е крива што немаат работа ,што сметаат дека надвор од земјава цветаат рози .Не,не цветаат рози само што луѓето таму некаде не гледаат на животот како нас,си имаат поставено јасни цели и се стремат да ги остварат тие цели ,можеби затоа и се успешни ...
Абе пијте кафе, дружете се, ама има и други убави работи. Шетај во природа, спортувај, отиди во театар, кино, прочитај некоја книга, посетувај некој курс. Едноставно квалитетно исполни си го времето.
Животот требада ти е за тоа што тебе те прави среќна. Ако кафеи журки прават некого среќен, не го гледам проблемот.
Таман работа животот да беше само кафе и журка. Нормално дека не е само тоа туку има милион поинтересни работи за правење во животот. Ама сепак ќе кажам дека секој треба да си го живее животот како што сака. Некој пример, има 45 години ама ужива да излегува по кафани, по кафиња, да шета едноставно тоа го исполнува и тоа нека го прави, а од друга страна некој има 25 години ама повеќе ужива да оди во природа отколку на кафе, или да чита книга откалку да оди на забава, или да има интимна и романитчна вечера со саканиот/саканата отколку да биде во гужви..... Добро би било да се најде компромис, да се проба и тоа и тоа во животот ама сепак на крај краева правете тоа што ве исполнува и не се замарајте што ќе рече трајко, петко....имајте свое јас. Јас тоа и тоа сакам да правам и гајле ми е што мислат другите.
Не постои конкретно пишано правило како да го живееме животот, секој има право да го избрере патот по кој ќе оди, може да се каже дека во традиционалните земји на некој начин автоматски се одзема правото на живот каков што посакуваме, наметнати правила и традиции кои генерално повеќето ги прифаќаат и не се противат да живеат по даден терк додека пак има и исклучоци кои се спротиставуваат на правилата и си живеат по свои. За да ги задоволиме своите желби и да постигнеме лична сатисфакција треба да целиме кон она што ни претставува амбиција, само кога би ги постигнале сопствените цели само тогаш може да произлезе успех во вистинска смисла, пред се за самите себеси а тоа задоволство и самодоверба несомнено се рефлектира и во опшеството додека пак традицијата ги потиснува нашите сопствени пориви со наметнување на други и со тоа ги нарушува нашите очекувања а резултатот е ПРОСЕК, таквите земји генерално се просечни безмалку во секое поле баш поради таквото традиционално манипулирање. Живот по свои правила не подразбира себичност или пронаоѓање на сопственото алтер его туку стремење кон поздрав и поквалитетен живот, се додека тоа нешто кое нас ни претставува начин на живот не повредува морално нечии чувства, тогаш не знам зошто би било погрешно.
Секој си има право како да го живее својот живот.Некој си го живее со кафиња и журки некој со прошетки во природа и книги.Некој сака забава и е ''по бесен'' додека некој е ''по смирен'' и не се пијанчи во дискотеки па не може дома да си појде.Не секој мисли што ќе облече или кај ќе го пие кафето или пак не секој одбира факултет заради друштво.Секој со своето.Секој со својот стил, секој со своето воспитување и карактер. Ама за болдираново не се согласувам, денеска без партиска книшка не си работиш по струка, едино можеш да работиш касиерка или слично за 8000-10000 денари.Ова го знам од мои братучеди кои за жал се и со факултети па ене ги неможат работа како келнер да најдат, а не па по струка .А за надвор од земјава не знам ама сигурно не е како тука
Животот е се она што не прави среќни и исполенети. Секој за себе си знае што го прави среќен и кон што цели.Некому тоа е оформувањето семејство,некому образованието и надоградувањето,некому напредокот во работата,некому шетање по светот,некому шетање низ кафичи и дискотеки... Сум поминала многу фази од наведениве и едно нешто сфатив а тоа е дека времето не се врака назад.Како старееме се повеке и повеке сме со обврски а се помалце со енергија и слободно време. Кога бев средно сакав да бидам на факултет зошто мислев дека студентскиот живот е најубав,кога бев на факултет сакав што побрзо да го завршам зошто сакав да дојде ден кога ке станам од спиење и кажам -Е денес немам за учење раат сум,кога го завршив факултетот сакав да најдам работа и да имам свои пари во џеб за да ги трошам како сакам а кога најдов работа и се вработив сфатив дека сакам повеке слободно време за да ги трошам заработените пари...Има денови кога ми фали енергија и сакам да ги поминам дома со книга во рака или пред телевизор како што има денови кога сакам да ја облечам сета нова облека која сум ја купила да се исподотерам и да излезам во град ко да нема утре.Има денови кога вечерта сакам да ја поминам со топол чај во рака или салеп но има денови кога сакам да излезам и да испијам малце повеке џин-тоници па макар утредента ми се распадне главата од алкохолот. Има денови кога сакам да излезам во диско со другарките и да заглавам до раните утрински часови но има денови т.е ноќи кои сакам да ги поминам покрај љубениот не правејки апсолутно ништо. Има денови кога сакам да седнам преку ден на кафе на сонце со наочарите на глава како и секој позер и има денови кога место кафич сакам да прошетам во парк со најблиските....
Ја нема многу многу да филозофирам на оваа тема, едноставно сакам кратко и јасно изразување и тоа си го практукувам секогаш, повелете едно клипче кое ќе ве натера да размислите за суштината на животот и уште нешто
Овде не станува збор за тоа кој како си го исполнува слободното време.Кафињата и журките на некого му се единствена цел во животот.Да,точно е дека младината преферира бош муабети,озборување и бесцелно исполнување на времето.Размислуваме на краток рок.Што ќе облечам,каде ќе искочам,кој ќе ме види.Сите се мрзеливи и незадоволни.Никој не се обидува да промени нешто кај себе,да научи нешто ново, да се надогради себеси како личност.
Секој период си носи свои достигнувања и обврски, своја зрелост и рекла. На сите во еден период другарувањата ни биле на прво место, абе дечковци, девојки, учење сме баталувале за другарување, кафе муабети и ноќни журки. Ама со текот на годините се менуваат приоритетите и очекувањата. Така и кафето со билп кој го замнуваш со кафе сам во мир или со навистина близок. Журките од секоја вечер ги сведуваш на еднаш неделни дружба со блиските да се видиш, зашто немаш време од обрски.
Па не го проаѓам цел ден пред PC, плус тоа е дискутабилно, можеби читам паметни работи дур седам пред PC или си читкам книга некоја добра наместо да слушам „рекла - казала“ муабети, што најчесто ги праиме на кафе, иако факт е дека треба и дружење и идење на кафе, искачање у диско, али се во умерени дози
Секако дека треба искачање, дружење, пиење кафе, одење по дискотеки...ама мислам дека со тек на време..се тоа поминува..се презаситуваш..барем јас така се чувствувам..мислам дека тоа е затоа што од многу мал излегувам, шетам, по разни градови и такви ствари..едноставно има денови кога ништо не ми се прави..и си сакам релакс у домашна атмосфера...ако пред година две немав време за да се приберам дома..и шетав..сега е обратно..ретко кога излегувам..домашна атмосфера ми прави повеќе ќеиф...
Добро некој напиша погоре дека баланс му е мајката,не е целта на животот исполнета ако се дреме 24 часа на интернет или ако си излезен 24 часа од дома , да луташ по журки и кафиња, и од тоа еден ден му се здосадува на човек , и тогаш си посакува да одмори од се. Јас од секогаш добро се организирав ,и додека некогаш приоритет ми било да сум дома само да јадам и да преспијам некој саат ,сега е обратно не дека не излегувам ,далеку од тоа , ама некако ми е поубаво со семејството , со внук ми , тој ми дава енергија и љубов , го обожавам овај период преферирам денско дружење со пријателите, да направиме опуштен муабет со кафенце или ручек, фала Богу лето доаѓа , не дека нема да лудувам по дискотеки ама ете периодов е таков... И плус , колку и да се лудува или се седи дома ,треба да го сватиме сериозно животот и да се позанимаваме со самите себе , ако се сака се наоѓа време за се , никој не може да ме разубеди, безцелно е да би лудувале до доцна наутро , ако лутаме насекаде без цел, без организираност, и не треба никогаш да се однесуваме целосно предадени кон приоритетите што ги имаме на 20 или 30 години , треба да се размисли што понатаму , бидејќи лесно на врата ке дојдат 40 или 50 + години , јес дека важни се и спомените од младоста , ама важна е и кариерата , важно е искуството стекнато со тек на годините , од спомени нема да јадеме во старите денови туку од нашата пот и работа, и за крај завршувам со поуката за балансот , и плус ова го пишувам со чашка јогурт Баланс во рака -made in Bitola
Животот не е само кафе и журка? Што е живот ? Има некој доволно муда да каже што е? Ќе се обидам да допринесам со моиве кохонез у боксерици нешто за боље ден. Прво, лош знак / кафе - журка ( не иде во прилог кафе како журка ) ; го тргаме кафето на страна. Второ, журка = кул! Обожавам журка!!! Кафето обично го пијам сабалечки да ме расони со супстанцата кофеин што 6-% од човечкиов род е зависен од таа легална дрога. За да бидам КУЛ и ја се навлеков пред неколку години ( многу ! ) Небитно. Журка .... што е тоа? Дефиниција: Одредена Состојба на Умот. Што во превод би значело , со поткрепа на пријателот АјнАј(Штајн)н: Теоријата на релативност.... , Можеш дома да слушаш Бетовен и да читаш книга и да се радуваш како дете на сладолед , или како машко на омилена порно звезда. Нешто слично е... тоа евентуално би го сфатиле оние кој ја сфаќаат теоријата на релативност, но тоа е физика ...како и сексот, додека Љубовта е чиста Хемија. Ако си збунет - така треба! Продолжи понатаму.... Во Животецот треба да најдеш Живот, и тоа е најбитното.. а сите филозофии алудираат на тоа дека синонимот Љубов е тесно поврзан со Животот , што суштински е една иста работа. Принципот е следен и е рецепт за сугестијата за тоа дека '' Животот не е само кафе и журка ". Прави го тоа што сакаш да го правиш. Обиди се да бидеш добар човек. Не пиј многу кафе. Журкај се МНОГУ !!!! Мисли и делувај (за) СЕГА! ... И пронајди го еб34т БАЛАНС! Пиј си БАЛАНС+ некое време, дигестивниот систем е многу битен. : Зашто... Животот е ЖУРКА! но , не заборавај на контекстот: Журката е состојба на умот! Можеш да се журкаш на бесконечно многу начини, еве ова на мене ми е журка. ...... ''Кафето е ИЗГОВОР за СПОJ помеѓу машко и женско на округла маса со фаза на муабет и телесно споување на индивидуидите " , и физички , тоа е пијалок со лесна дрога .... кое што го пиеме секое утро за да полесно се расониме. п.с: Последно време преферирам да пијам повеќе чај, а кога ќе искочам со некој на '' КАФЕ '' 70% од излегувањата не пијам кафе.
Сегa сте вo тие гoдини, нa пoвеќетo среднoшкoлци тoa им е интереснo. Кaкo сoзревaaт си нaoѓaaт и други интереси. Нa некoј му е убaвo нa кaфе, нa некoј нa зaбaвa, нa некoј вo прирoдa, нaјвaжнo е секoј дa прaви тoa штo му е убaвo. Акo некoј не е зaдoвoлен oд свoјoт нaчин нa живoт, мoже дa гo смени, дa прoбa нештo нoвo, бaрем дoдекa си млaд мoжеш .
Па нормално дека на 17 години ќе одам на кафе и журки и нема да се приберам дома, ако ми се чита некоја книга или филм ќе си го направам меракот, ама 24/7 од дома да не излезам, што да правам да се учам да плетам ли
Сè додека си го живееш својот живот, на добар пат си. Како? Твој избор, твој начин на функционирање, твоја исполнетост... Ниту кафичот ќе те направи несериозен и забушант, ниту книгата интелектуалец.