1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот со депресивен партнер

Дискусија во 'Психологија' започната од Maci -Kaci, 29 октомври 2024.

  1. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Почитувани членови , сигурно ќе се најде барем еден како мојата судбина.Како се справувате со депресивен анксиозен и опсесивен партнер?Под терапија е конечно најдовме психијатар кој ќе му ја погоди терапијата,се надевам ќе го решиме еден дел од проблемот иако сака магичен лек. При крај со сили сум и јас а имаме и деца за гледање,почнува да внесува и мене во тој зачаран круг,да не ми се излегува да не ми прави ништо,се плашам дека и јас ќе паднам ако и веќе не сум падната во депресија.
     
    На Шатци-, GirlLove и Cka им се допаѓа ова.
  2. anjathesaint

    anjathesaint Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    110
    Јас сум со дијагноза анксиозно растројство и депресија, имам и партнер и две деца. Најпрво, најважно е да човекот да си признае дека има проблем и да согледа дека во тој негов круг ги бутка и другите. Јас не знаев дека имам депресија додека не отидов на психијатар, за анскзиозноста знам, си ја носам од адолесценција, ама кога јас првиот момент осетрив дека не сум добра прво сама за себе а после и за фамилијата и околината си побарав помош. Она што мене ми помогна е големо разбирање од мојот партнер, не дека не сме имале расправии итн. ама секогаш не спасува љубовта. Мораш да најдеш разбирање дека он не го гледа светот како тебе и/или сите останати, ама и да не се злоупотребува твоето разбирање.
    Прво сам себе треба да си помогне, после заедно да го надминете тоа. Магичен лек на папир нема, само многу спорт, пешачење, кофеин на минимум, алкохол никако и разговор.
    И јас сакав магичен лек, ама не постои. Ме спасува пешачењето, теретана, и моабет со најблиските и со партнерот.
     
    На Шатци-, Cosmic Girl, Neptun's fog и 6 други им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.603
    Допаѓања:
    14.897
    Пол:
    Женски
    Ќе бидеш најголема поддршка, ама со здрава граница кон себе. Чим користи терапија и работи со психијатар е добро. Ти посети си психолог, чисто превентивно да си ,,проветриш" некои мисли. Не мора да значи дека и ти имаш под дифолт депресија. Доволно е да бидеш слушната.
     
    На Шатци-, Maci -Kaci, Cosmic Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Има живот со депресивен партнер и преживување или живуркање со депресивен партнер.
    Во првиот случај партнеров е свесен и соработува, сака да си ја подобри состојбата, да се носи со обврските во бракот и да се носи со привилегиите и одговорностите што му произлегуваат од привилегиите што ги има покрај партнер полн со разбирање и толеранција за состојбата во која е.
    Во вториот случај кажува се и самиот опис, преживување или живуркање.
    Во случајов што си го опишала ми делува дека станува збор за живот со депресивен партнер кој е свесен за состојбата во која се наоѓа и има воља да соработува и се подобрува, дури и желбата за наоѓање на магичен лек (што сепак не постои) ми укажува дека има стремеж да најде чаре и да се подобри.
    Сепак и животот, особено живуркањето со ваков партнер е огромен предизвик и ако осеќаш дека потклекнуваш под притисокот на тој предизвик за тебе најдобро е да се консултираш или со психолог или со психијатарот на партнерот. Сепак тој е најупатен во состојбата на партнерот и ќе може и тебе @Maci -Kaci да те посоветува или пренасочи каде да се обратиш за добивање на соодветни совети.
     
    На Шатци-, anjathesaint и Maci -Kaci им се допаѓа ова.
  5. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    7.407
    Dobro e sto go priznal problemot I zema terapija. Najteshko e da zivees so partner koj ne saka da se lechi iako znae deka ima problem.Koga decata se Mali mozes da gi zastistis.No koga se adolescentni doagja do situacija koga mu vikaat ajde veke obesise, pa da zavrshi ova maltretiranje.
    Se dodeka prima terapija I saka da se lechi podobro e. Tochno ke ima momenti koga re povlekuva I te fakaat depresivni krizi no moj sovet togash da se odalechis psihichki od nego I da si imas aktivnosti nadvor od domot,druzi se, raboti, shetaj deca na vikend zasto taa energija depresivna ne mozes da ja anuliras.
     
    На Шатци- и Maci -Kaci им се допаѓа ова.
  6. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за прекрасните одговори и одвоеното време ,во моментов но и секогаш сум најголемо поддршка но нема граница тоа е лошо за мене и затоа сум во состојба во која сум.А јас во комбинација со двете како што пишавте и вие @Dalene но повеќе е она кон она што вие викате преживување зш иако е свесен за состојбата сепак не вовлекува во тој негов зачаран круг..Еднаш веќе бев кај неговиот поранешен и за жал покоен психијстар и навистина ја согледаме ситуацијата па тоа добро влијаеше и за неговата терапија и психотерапија кога одеше ,но сега сакам пак и кај новиот психијатар да одам но имам и јас една доза на страв да не советува да си терам свој живот зш овде во мојов не се работи само за депресивност туку и посесивност и малку тврд карактер од страна на партнерот,затоа се плашам ако и даде тие насоки јас ако почнам да се однесувам така дека дома ќе избие конфликт од една страна и тој ќе.си се вовлече во неговиот зачаран круг,а од друга страна ако правам сега како што праамва и ноностоп до него и тој веќе ми станува токсичен како партнер и како родител јас и децата тонеме ,не знам кој крај да го фатам .Ви благодарам на сите ...
     
    На Шатци- му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Да, имавме и такви епизоди кога не признаваше дека има проблем додека не доби панични напади па свати дека е време дека треба да се лечи ,децата се адолесценти и најтешко ми е за нив ,но ако почнам да се оддалечувам шетам иако без желба ,се дружам без него неговата депресивна епизода се покачува со тотални затварање во соба ,и се тоа што сум излегла ,дружела низ нос ми излегува овдека не се работи само за депресивност туку и за карактер.А за анулирање на таа депресивна енергија никогаш не ни можам во целост да ја постигнам.Ви благодарам
     
    На Шатци- и mira.mira им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.553
    Допаѓања:
    139.861
    Јас имав депресија и анксиозност. Мене маж ми ме извади, ме донесе и мене и целото семејство на прав пат.

    Да беше друг партнер место он, јас досега ќе бев у страшна состојба. Или разведена, со дете со стресови, без работа... Сопругот ме виде у каква ситуација сум, он ме однесе на психијатар, на еден па ан друг, беше до мене у сите паники и стравови, ме држеше кога паѓав, разговараше со психијатарот како да ми помогне. Јас бев функционална и идев и на работа и чував дете и не беше страшно, но на долг рок ќе станеше за цело семејство лошо. На време ме среди. Две години лекови, и еве веќе 6 сум без мака. Ама само заради него.
    Факт е дека и него го внесував у фителот, дека и него го паничев, дека имаше обврски непотребни ради мене... Ама издржа и он и јас.

    Со него положив правосуден и две магистерски, со него отидов на нова работа, со него направивме куќа, со него имаме среќно умно дете, само оти он не се откажа од мене кога беше тешко. Ни еден момент не се осеќав сама и кога мислев дека нема каде ми отвораше очи.

    Кога го враќам филмот, него му беше потешко отколку мене, ама ако го прашаш сега, ќе каже вредеше маката.
    Не се откажувај, он ти е другар, семејство, татко на твоето дете, и наоѓај начини да му помогнеш. Свесна си дека те фаќа и тебе у вителот, и или да се вадиш. И на лековите им требаат месеци да почнат. Полека.
     
    На pianogirl, Puellapulchra, Шатци- и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на одговорот ,во се ова се пронајдов не го оставив ниту еден момент ,но оваа ситуација трае веќе 5години и верувајте уморна сум психички физички, соработка има но чека на магичниот лек да помогне ,убаво му кажа неговиот психијстар,,јас таблета за Карактер немам,,сеуште нема измислено таква кај нас во ситуацијава има повеќе фактори не е само депресија анксиозност има и посесивност што премногу ме боли а јас толку многу се вложувам а не добив не бакнеж за возврат епа верувајте болиии....Е сега, се надевам во новиов психијстар дека му ја погоди терапијата и дека можеби повеќе ќе.соработува со него иако не верувам ,зш многу лутавме или не беше погодена терапија или како што вика последниов психијстар не било количински доволна .Јас во никој случај нема да се откажам од него ,ниту да растурам семејство.Ви Благодарам уште еднаш
     
    На Cosmic Girl и Neptun's fog им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.560
    Допаѓања:
    121.385
    Пол:
    Женски
    Побарај и ти кај истиот психијатар да одиш за да ти каже како да се однесуваш и како да спречиш и ти да паднеш. Може и заедно да одите на една сеанса.
     
    На Maci -Kaci и ani23 им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    @Maci -Kaci од тоа што го сподели, имаш поголем проблем со сопругот од само депресија и анксиозност, поради посесивноста и начинот на кој те третира. Звучи скоро како да сака да патиш заедно со него. Он се затварал во соба, зошто ти си излегувала. Секако треба да си му поддршка кога му е тешко, да имаш разбирање низ што поминува, но, исто така и он треба да возврати. Добиваш ли од него разбирање и поддршка или само противење?
    Ти велиш карактер е во прашање, што звучи како депресијата да му е оправдување за да те манипулира, да те ограничува, да влегува во конфликт. Ако нему му е тешко, треба и тебе да ти биде?
    5 години не се малце, мора да соработува и он. Не може да очекува дека твојот живот ќе стагнира додека он не го најде неговиот магичен лек и не му стане подобро.
    Според мене, почни и ти редовно да посетуваш психолог, звучиш како да ти е потребен. Верувам дека и ќе те советува добро како да постапуваш со него.
    Друго, многу многу разговор. Редовно разговарај како се осеќа, зошто одредено постапува, зошто му смета да излезеш (се фатив за тој пример, знам), што очекува од тебе, итн. Многу многу комуникација.
    Исто така, доколку сака може да смислите заеднички активности. Не знам која возраст сте и какви ви се интересите, договорете се нешто што ќе уживате заедно, ќе ве спои, ќе ве отргне од драмата, исполнете го времето заедно.
    Меѓутоа на двајцата да ви е јасно дека секому му е потребно и време кога сам ќе прави нешта, сам ќе излезе со пријатели, или на прошетка, или на шопинг, или едноставно за соло мирување. Да нема љутиш и расправии тогаш.
     
    На Maci -Kaci, Neptun's fog, NoirSerpentine и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Иако секој ден одлагам но морам да одам ,а заедно со него и дека сите маки ,проблеми ќе си ги кажеме тешко цела година одеше кај психијатарот секој месец на сеанси и сам и со мене и во ниту еден момент не се отвори ,кога отидов посебно на мое барање да не речам ама психијстарот се крстеше ,вика една година иде не сака за цел куп работи да ми се отвори и кога отидовме на заедничката сеанса кога го праша работи за кои ние сами предходно разговаравме почна да негира ,и тогаш свативме дека повеќе е карактер.Ви благодарам најмногу на сите за одвоеното време.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на одвоеното време ,не да звучам дека ми потребно препотребно ми е,можеби веќе сум стасана и до психијатар не до психолог.Од него скоро никогаш не добивам разбирање ,ни поддршка ни кога ми е најтешко и кога ќе.му ре чам дека и јас веќе паѓам ми вика не смееш ,,ти столбот си столбот на семејството,, а инаку тој е што сака да се да контролира јас сум со слаб карактер и попуштам со еден збор немам свое јас,кое го изгубив при една голема кавга исто предизвикана од него, и на тоа јас поклекнав само за да не се распадне семејството го искористи тој момент ме праша дали ќе ме слушаш ,и правиш како јас ќе.речам а имавме голем повод крштевање на детето и за да не пропадне сеттоа јас реков,, Даа,,и сега ме има во раце .
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.603
    Допаѓања:
    14.897
    Пол:
    Женски
    @Maci -Kaci а тој што е ако ти си столбот? Столбови во брак се и мажот и жената, а не да се натовараат куп грижи само на едната страна. И слабиот карактер се ојачува.
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Имаш работа со манипулатор.
    Те манипулира на разни начини, тргни од тоа што ем тврди/те убедува дека ти си столбот, но истовремено те врзува него да го слушаш.
    Во превод, сака да те контролира, ем да играш како што он ќе свири, ем да се осетиш виновна ако цело семејство се распаѓа, пошто нели, ти си столбот, а ако ти се скршиш, ти си виновна за сето распаѓање зошто си дозволила да се скршиш.
    Не се плаши да споделиш повеќе, затоа што сè појасно станува дека главниот проблем не е неговата депресија и анксиозност.

    Било што било, не очајувај дека имаш дозволено да те изманипулира. Си попуштила во одреден момент, океј е. Но повеќе нема "имам слаб карактер", добро?
    Јасни ти се многу нешта. Јасно ти е дека е повеќе од депресија/анксиозност. Јасно ти е дека те има погазено и дека се труди да те контролира. Меѓутоа не дозволувај преку неговите постапки и неговиот "силен карактер" да мислиш дека ти имаш слаб карактер.
    Можеби се осеќаш слабо.
    Но можеш да си ја вратиш цврстината.
    Обавезно почни да одиш на психолог, ќе те насочи ако ти е потребен психијатар.
    Не викам да влегуваш во конфликти или да ратураш брак. Не. Меѓутоа викам да се фокусираш малце повеќе на себе, во подобрување на самодовербата и моменталната ментална состојба.
    Немој да те убеди дека си себична.
    Ако сака, има избор да ти се придружи. Заедно да си ја подобрите менталната состојба.
    Но звучи како да не сака. Звучи како да оди на психијатар исклучиво за апчињата. Година дена не споделувал ништо, значи избегава да работи на себе, а тоа е најбитното.
    Не постои магично апче и тоа мора да го разбере. Мора многу да работи на себе, да се бори да смени многу нешта, да биде фокусиран на себе, а не на тебе, и на тоа што ти правиш.
    Ама ако не сака и не работи, тешко дека ќе се смени нешто.
     
    Последна измена: 1 ноември 2024
    На Neptun's fog, NoirSerpentine, INNERBEAUTY и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам најмногу,точно е од збор до збор се ова , премногу ми значат овие ваши цитати одговорите многу ми помогнаа да ги отворам мали повеќе очите,јас свесна сум за се ова но немам храброст да почнам од некаде од една страна а од друга гледам дека се распаѓам.Во еден разговор на оваа тема блиска лично убаво ми кажа да изберам,Дали ќе бидам папуча што ќе ме влече или да бидам храбра да си одам ,, одбрав јас првото но нема. Сила веќе .Ви благодарам уште еднаш на соте
     
  17. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Да ,само нема сила од кај да почнам премногу му допушти и мислам дека ја губам битката 20 години сме во брак .
     
  18. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Колку квалитет има во тој квантитет од 20 години си размислила некогаш?

    Јас те прочитав кадешто си ме означила и го прочитав тоа што си го дообјаснила и да во право си станува збор за живуркање или преживување со депресивен партнер.
    Доби прекрасни совети од неколку членки на темава, примени ги, лека полека.
    Најбитно е прво да расчистиш со самата себеси што сакаш, до каде би одела во остварувањето на тоа, ако планираш да го вклучиш и него кои чекори би ги преземала, но за сето ова ти е неопходно раководење од искусен психолог, особено оние што се фокусирани на семејна терапија, семејни терапевти. Таквите се најсоодветно едуцирани и тебе да те водат низ целиот процес, а ако решите и него да го вклучите и него соодветно би го воделе и насочувале, само под еден услов да сака да соработува.
     
    На Шатци- и Maci -Kaci им се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.603
    Допаѓања:
    14.897
    Пол:
    Женски
    @Maci -Kaci ти најдобро го знаеш каков е, ама ако веќе преминува секакви граници и те цеди психички можеби и доаѓа предвид да размислуваш за (потенцијален) развод. Реченицата ,,после 20 години" и не мора да звучи катастрофално. Доволно е да те натера да размислуваш дали сакаш да потрошиш уште додатни 20 години обидувајќи се да помогнеш некому.
     
    На Шатци-, Dalene, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.553
    Допаѓања:
    139.861
    На пример и ако ги изгуби двете нозе, да се разведе.
    Ако е секој ден по болници и мора со него, да се разведе.
    Нели, уште 20 години така да се мачи?

    Болест е болест. Кога си у брак помагаш, не си одиш.

    Претпоставувам не си мажена и не ја сфаќаш врската помеѓу двајца. Он не прави ништо намерно. Има потреба од лекови. Се труди, пие, оди на доктори. Треба трпение.
     
    На Dashing:), Neptun's fog, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.