Дали некогаш сте помислиле дека може да биде направен филм во кој што ќе глуми само еден (1) лик ? Одговорот е ДА Епа дами и господа ете и тоа се случи,се сними филм во кој што глуми само еден и единствен лик,Ryan Reynolds. Ryan Reynolds си ја одигра перфектно улогата Тоа е филмот „Жив закопан„ (Buried). Едно е јасно,овој филм или ќе ви го привлече целото внимание или пак нема да ви остави никаков впечаток. Е сега ќе си речете,што по ѓаволите што ќе има интересно со само еден лик во цел филм. Но филмов не е воопшто досаден,многу е тензичен и цело време ќе ве држи во исчекување. Како и што е насловот на филмот „Жив закопан„ тоа и се работи во филмот. Еден човек е жив закопан а во ковчегот има оставено мобилен телефон,свеќа,запалка и уште некои предмети. Но дали човекот со помош на мобилниот телефон ќе успее да се спаси или пак ќе умре жив закопан - дознајте сами. За овој филм треба да има предупредување дека не е наменет за луѓе со клаустрофобија (страв од тесно) бидејќи целото дејство на филмот се одвива во ковчег. Филмов е клаустрофобичен до даска Мислам дека никогаш не бил направен подобар трејлер за некој филм. Трејлеров одлично го доловува филмот. http://www.youtube.com/watch?v=zCce1JvD2vk
Ммм ме заинтересира филмот.. Јас си имам проблем со клаустрофобијата али мислам дека ќе можам да го гледам..Или не? . И да,интересно е тоа што досега не е направен ваков филм,барем јас лично не сум гледала ваков. Ако можи торент (само да не е некоја кино снимка ) и некое делче од содржината...
Јас сум премногу клаустрофобична.Уште од мала... Сега собрав храброст да го погледнам трејлерот и рацете ми се тресат од само една минутка...Никогаш нема да го гледам филмов. Срцето ми лупа како лудо,како не знам што да погледнав...
- viki44e , еве како што побара ќе поставам уште поинтересен и повозбудлив трејлер со многу сцени од филмот. Трејлерот е лудница,одлично склопен. Инаку да,досега мислам дека не е направен филм во кој што глуми само 1 глумец. - baguf4e , ти штом од првиот трејлер се потресе,воопшто не ти препорачувам да го гледаш вториов трејлер што сега ќе го поставам. Бидејќи ти штом од првиот трејлер се стресе,од овој голема е веројатноста да добиеш инфаркт (озбилно зборам). http://www.youtube.com/watch?v=j1Yyhxq56Xg Од мене имате голема препорака за филмов,кој не се плаши од тесно нека го гледа,филмов според мене е одличен
Јас мислам дека на крајот умира бидејки само тој глуми во филмот... Штом нема други личности никој не го спасува... Инаку немам намера да го гледам не сум по такви филмови....
Од треилеров ме полазаа морници. Само ќе кажам - филмов морам да го гледам!! Едит: Сега си го симнувам!
Штотуку го гледав филмот Тензија до максимум,нон стоп си некако на штрек,во исчекување што ќе се деси следно... Мене ми се допадна премногу и стварно се потресов со филмот. Неизвесност до самиот крај..Бреј до последната минута... Секоја чест и за глумата на Рајан Рејнолдс..одлично.. Би сакала уште нешто да искоментирам,али нема да не случајно откријам нешто и да има упропастам уживање на оние кои планираат да го гледаат. Доберман фала за препораката на филмот!(Доколку имаш уште некоја препорака за ваков добар филм,ќе те молам ЛП )
Го гледав филмов пред некоја недела, и некако не ме воодушеви. Сакам подинамични филмови, акцијаа! п.с Спојлер што батерија ќе имаше типов на мобилниот ?
Jас сношти го изгледав филмов,навистина одличен,ме стави во размислување,ко избунета сум денеска Спојлер Како што се наближуваше крајот се понапната бев,место не ме држеше крајот според мене заврши како што и треба ,затоа и се вика жив закопан.
Matrix 1 дел Малку е постар филмов од 1999, али навистина е фантастичен филм со одлична скриена порака.
Ги гледав двата трејлера па завршив со лексилиум и чаша вода во рака Буквално Премногу стум клаустрофобична и мислам ако го гледам филмот ќе умрам на лице место ... А звучи многу интересен.. Јас обожавам напрнати и тензични филмови
Се заинтересирав за филмов, ги гледав и двата трејлера, и би требало да е добар. Си имам проблеми со клаустрофобијата, ама морам да го гледам, и потсвесно знам дека ќе ме воодушеви.
Клаустрофобична сум, ама има да го изгледам филмов па што сака нека биде. Малку по малку ќе го цепкам, ден по ден...
Филмов го гледав пред некој месец и ме остави без здив: напнатост и тензија цело време и и покрај тоа што претпоставував како ќе заврши филмот, дланките и нозете ми беа жива вода
И јас сум клаустофобична, но филмов мора да го гледам. Баш сега ќе побарам торент за да го сметнам. Па импресии ќе пренесам подоцна.
Го изгледав и бев многу скептична околу филмот ама ме изненади. Многу сцени ме погодија. Многу се соживив со филмот, на крајот се чуствував многу грозно, преполна бев со емоции .
Останав без зборови. Добро сработен филм според мене. Имаше сцени кои ме погодија онака па дури и солза пуштив..на пример кога разговараше со мајка му и сопругата, кога го снимаше последното видео. Останав запрепастена на крајот .. Вреди да се гледа
Не очекував многу од филмов, но кога го изгледав сфатив дека згрешив. И покрај тоа што целиот се одвива само на едно место, доста е напнато и до последен момент не знаеш што да очекуваш. Рајан Рејнолдс беше дополнителна причина поради која морав да го изгледам. Навистина добро изработен.