1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Житни снегулки, мусли, корнфлејкс

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од rossonerka, 28 февруари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.275
    Дали јадете житарки, мусли или корнфлејкс?
    Си се разликуваат едните се само житарести, другите се мешавини со други зрна, третите најчесто се чоколадни, некои содржат и овошје ситно или суво овошје итн.

    [​IMG]

    Кои ви се омилени?
    Дали ги конзумирате како оброк, да речеме доручек, вечера или како ужина?
    Со јогурт или со благо млеко ги конзумирате? Евентуално некои знам со сок ги јадат :)
    А ако не ги јадете зошто? Што не ви се допаѓа?
    Ах да, дали ве најадуваат? :P

    Како и да е тоа е богат оброк со витамини, диетален, брзо се подготвува и многу здрав.
    И од која фирма најчесто купувате?

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]


    И за крај мојот хит Muesli Exotic, се давам во нив! :)
    Исклучиво со благо млеко ги конзумирам, а како оброк и тоа секогаш доручек. А ме заситуваат задоволително, со исклучок кога имам ПМС, тогаш лесковачка не ме заситува а не па мусли :D
    Како и да е многу сакам порано јадев корнфлејкс, сеа мусливе ги ставам пред нив, а и поздрави ми се чинат, има неколку видови убави од Виталија кои ги јадам, но овие егзотичниве имаати убави зрнца, суво овошје во нив, зашеќерено тропско овошје, ленено семе, алое вера... перфекција :mm:
    [​IMG]
     
    На Twinkles и mamma им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.456
    Допаѓања:
    122.753
    Секојдневие. Гранола на виталија ми е омилени,а и на нестле ми се супер,а зимаме и оние,јас шо ги викам,нјуд снегулки,малце грдички на вкус,ама со цимет,мед супер се. Тие ги комбинирам, но во последно време,си варам овес за цела недела,го делам во пластични,по 50 грама и го замрзнувам. Од вечер си го оставам да ми се одмрзне,сабајле само го ставам во врела вода или му додавам врело млеко, му додавам мед,цимет,оревчиња или пак овошје. Некако повеќе ме заситува,повкусно е,а и дојамот дека се хранам здраво ми е поголем.
    Ама како и да е,супер се снегулкиве,било кои.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Ммммм корнфлекс обожавам.Особено црниот,но го јадам со сласт и жолтиот.
    Јадам скоро секој ден што би се рекло,за појадок или вечера,обично со ладно млеко,така ми е најубаво.
    За да ми биде уште послатко одозгора наросувам какао. :lol:
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.178
    Пол:
    Женски
    Јадам житарки, само со јогурт, а како што сакам јогурт, мислам се давам во него :D таман ми е :D најчесто како доручек или вечера, зависи, а секако ме најадуваат.Сега си јадам мешавина од ленено семе, семе од тиква, семки од сончоглед и сусам, со јогурт исто си јадам и ме најадуваат :)
     
  5. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Овие, секојдневно со јогурт и ленено масло. :)
     
    На Optimistic му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.503
    Допаѓања:
    9.379
    Ги сакам сите на Виталија, особено оние Егзотик и оние со малина како омилено овошје :) И банана и чоколадо во пмс ми се фејворит :D
    Нив ги јадам со млеко, обично за доручек или навечер после теретана.

    А најомилени ми се Nestle Fitness, ги обожавам. Совршенство. Нив ги јадам по цел ден, онака без ништо, кога и да ми се грицка нешто, кога и да треба да ме засити нешто. За вечера со млеко.
    Најдобро е што чипсот и мрсните пуканки додека гледам филм ги заменив со овие. Ем си грицам за занимација, ем не е нездраво
    [​IMG]

    Него јас се чудам како тоа со јогур. А секаде читам ги јаделе со јогурт....ваљда на тој овошниот мислите, не овој нашиот јогурт за со бурек :D Зашто нели овие благи....какви дилеми ми се створија во глава :D
     
  7. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    221
    Јадам житни снегулки и мусли единствено за доручек, најчесто од Виталиа. Ме заситуваат.Последен пат купивме едни мусли од Кам германски се,содржат и кикирики,лешници,лено семе,сончоглед,бадеми,суво гројзе и некако убави ми се за промена :lol:
     
  8. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    498
    Откако решив здраво да се хранам и пред се' да појадувам (претходно редовно појадокот го прескокнував :x ) секое утро на мени имам житарки и тоа исклучиво со јогурт. Дури и ако по некоја случајност се благи, јас пак ги јадам со јогурт. Со млеко ич не ми се вкусни.

    Обожавам корнфлејкс од Нестле (во црвено пакување) и мусли класик (само житарки и снелгулки без чоколадо и овошја), а во последно време си правам мешавина од овесни снегулки, ленено семе и некоја друга некоја житарка, сончиглед или семки од тиква. Овесните снегулки сами по себе ми е без вкус.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.999
    Утрово доручкав. И редовно си имам на мени за доручек. Обичниот корнфлекс од Нестле моментално со млеко и додавам чоколадо. Муслите не ги можам ... Убав ми е и корнфлексот со брусница. Добро е да се зема за доручек житарки така се одржува и линијата. Затоа кој сака да има секси половинче и тнко тело за доручек житарици. :wasntme: :P
    А кога ќе ми текне како не можев да ги смислам?! Му се чудев на брат ми како ги јаде ... Сега не можам ако не ми почне денот со нив.
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    [​IMG]
    Meне овие ми се најубави, сабајле си мезев малку.
    Ги јадам со млеко најчесто, иако овие и суви се превкусни.
    Не јадам многу често, но убав оброк ми се, рака на срце, одлична замена за појадок или вечера.
     
  11. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.622
    ммммммм...обожавам житарки...најмногу ги сакам тие со мед од nestle
     
  12. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    И јас ги конзумирам,дај кажи некоја идеја за приготвување,јас ги јадам со млеко и ги варам па потоа им ставам цимет,мед и понекој мелен јаткаст плод. :) Фала однапред поззз :*
     
  13. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    А зошто да ги вариш? Нема потреба воопшто, овие се конзумираат како и останатите видови готови жита, такашто доволно е да отстојат 15тина минути во млеко, јогурт или чај и потоа по желба им додаваш мед, цимет, суво овошје, јаткасти плодови, можеш и некои семки... голем е изборот :)
    Поздрааав :*
     
  14. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Ммммммммммммммммммммм... многу сакам житарки посебно оние што се со пајче на амбалажата :rofl: не ми текнува како се викаат ама се превкусни тие се чоколадни и ги приготвувам со топло млеко :) А иначе ги јадам и овесните снегулки :)
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.999
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.971
    Пол:
    Женски
    Јас си земав мусли, пред едно 10 дена, и еве уште ми е тешко кога ги јадам....незнам зошто :?:
    Но решив и морам, само црно лепче(од жито лукс)1-3 кришки на ден, за вечера само овошје, и толку...
     
  17. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    порано ги јадев сега не ... :D
     
  18. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.252
    Пол:
    Женски
    Го јадеме и двете со сестра ми а особено оние на Нестле (чоколадните) :)
    Секоја вечер ги јадевме, тоа како ритуал ни беше :D, секоја вечер јадевме :smirk:
     

    Прикачени фајлови:

  19. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    628
    Чоколадните мусли на Виталија,во топло млеко ми се одличен појадок.
    [​IMG]
     
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Корнфлекс јадам некогаш за доручек,а некогаш за вечера.Исклучиво со јогурт или кисело млеко,благо млеко неможам да пијам/јадам :puke:
    Не ги јадам секое утро,или секоја вечер затоа штоа така се презаситувам од нив.Вкусни се,леснии здрави,се чувствувам полесно во стомакот,а заситена сум.