ЗАМП

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 19 мај 2011.

  1. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    114
    Девојки, имате ли информација за ЗАМП, каде, колку, кога се плаќа?!? Слушам дека стигале тужби до тие што не платиле ЗАМП а правеле свадба!?!
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    566
    Мене ми е тоа малце глупо....Јас барем како размислувам. Свадба се..се свират многу песни, ралични автори?? Како сето тоа ќе се изведе??? Како ќе се наплати? Кој ги зима тие пари? Мене ми личи на перење пари..Не знам може и глупо размислувам.
     
    На kalinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    176
    нема шанси вакво нешто тоа е за авторски дела свадбата си е приватна забава се пеат песни не значи дека се краде нешто тогаш и по дома ако пеам некоа песна да платам за авторски дела.
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    566
    Па изгледа и за тоа ќе треба да платиме, а и кога пуштаме на јутуб...а и радио кога ќе слушаме, а читам и по други форуми им стигале сметки за чудово?? Свашта!
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.684
    Допаѓања:
    103.063
    Се плаќа фиксна сума ЗАМП,не плаќаш на секого поединечно.
     
  6. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    176
    ама за што е таа фиксна сума ? некакво образложение ако си запозната?
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.684
    Допаѓања:
    103.063
    За авторски права за песните кои ќе бидат свирени,независно кои и колку.Се плаќа една сума каде што треба,не знам каде и тоа е тоа.Не ќе го бркаш ти секој автор на песна.Така слушнав,дека е фиксна.
     
  8. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    176
    глупости уште што нема да измислат
     
  9. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    298
    И да се плаќа , тоа треба да го плати бендот. Бидејќи тој ги користи тие песни и со нив заработува.
    Нема смисла тие што прават свадба да плаќаат.
     
    На Divinebutterfly и ana-banana им се допаѓа ова.
  10. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    176
    исто ти е за тебе свират ако го плати бендот ќе ти ја покачи цената за таа сума.
     
  11. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    114
    А колку треба да се плати?! Слушнав цифри околу 100-200еур, во зависност од бројот на гости :roll:
     
  12. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    од вас првпат слушам за ваква работа, навистина глупости....
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    100.223
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато за ова, но искрено не знам баш нешто многу. Знам само дека како што си уплаќаш за ресторанот, треба и со списокот од музиката и на овие да им платиш бидејќи ќе се свират песните на авторите од МК на твојата свадба... но не знам по колку како што.
     
  14. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    128
    Господе Боже свашта имало..... :worried:ilent:
     
  15. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    Мене во ресторанот каде што прашувавме за да се одржи прославата ни напоменаа за оваа работа и баш тие нагласија дека тоа треба да си го регулира музиката што свири што и мене ми е логично зашто па и не зимаат ни тие малце пари...100 евра за секој музичар...браво!!! Инаку исто така ми спомнаа нешто дека тоа се наплаќало во зависност од бројот на гостите и цената на порцијата, однсно изнесува 4% од порција! Незнам колку е точна информацијава ама ако е така тоа е премногу.
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.154
    Допаѓања:
    4.923
    кој ги интересира замп имаат страна прочитајте. сепак тарифата не им ја знам колку зимаат но се плаќа мислам дека зависно од бројот на гостите. кој ќе си прави свадба некаси се распраша подетално во ресторанот ке му објаснат мислам дека може би идеше во зависно од бројот на гостите, па со некој ресторани знам дека можеш да се договориш дека си имал како демек помалку гости. Сепак најубаво прашајте си во рестораните а дека се плаќа се плаќа демек препејувањето на песните и НЕ го плаќаат музичарите и ЗАМП не е вклучен во цената на музиката.
     
  17. jasmina29

    jasmina29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Еве извадок од тарифата на ЗАМП.
    Инаку 1 бод = 4,00 ден.
    Само не ми е јасно кој треба да плати, музиката или тие што ја прават свадбата? Цело време се споменува корисник, по се изгледа тие што прават свадба треба да платат, па за мојата свадба од околу 350 гости мене ми излегува 18000 ден!!!! Значи музиката ќе ме чини дополнителни 300 евра! Страшно!

    "d) na svadbi, kr{tevki, sunet i sli~ni priredbi so `iva ili mehani~ka muzika za javno soop{tuvawe na muzi~ki dela nadomestot za edna priredba iznesuva:
    - do 150 lica 1.000 boda
    - od 151-250 lica 2.000 boda
    - od 251-350 lica 3.000 boda
    - nad 351 lice 4.000 boda;

    |) za priredbi od to~ka d) koi se odr`uvaat vo eksluzivni restorani, no}ni klubovi i barovi, disko-klubovi i sli~ni prostorii nadomestot se zgolemuva za 50%;
    e) za priredbi od to~ka d) koi se odr`uvaat vo prostorii vo koi inaku ne se nudi ugostitelska dejnost (op{testveni domovi, saemi, muzei i sl.) nadomestot se namaluva za 50%."
     
  18. jasmina29

    jasmina29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Еве и од прашања и одговори од страницата на ЗАМП

    11.Zo{to koga organiziram svadba moram da platam na ZAMP koga ve}e sum im platil na muzi~arite?

    Na muzi~arite ste im platile honorar za izveduva~kite prava . Pesnite koi gi ispolnuvaat muzi~arite se ne~ie avtorsko delo, za koe e predvideno pla}awe avtorski nadomest soglasno na Pravilnikot so Tarifa za koristewe na avtorski muzi~ki dela.
     
  19. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    626
    Мене ми изгледа малку глупо ова.
    Незнам од кога функционира и дали сите го плаќаат ама некако ми нема смисла.Ако е така секој музичар што пее за викенд по дискотеки и кафичи има репертоар на песни кои не се само негови.И тоа ли го плаќаат?
    Или додека се тушираш ако пееш песни и тоа да не треба да им го платиш? |(
     
  20. 42195

    42195 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Ако ЗАМП е Здружение за заштита на авторски музички права, значи дека е здружение на граѓани, како секој спортски клуб, политичка партија, невладина организација....
    Од каде тогаш да имаат право да собираат пари по свадби и за што ги трошат парите?
    Дали им исплатуваат авторски права на авторите на песните?
    Има некој од УЈП што прави свадба, да ги провери,
    пошто мене ми изгледа глупо на некои каубојци (сум слушнал дека така се понашаат)
    да им се плаќа по 100 до 150 евра на секоја свадба!
     
    На SunnyGirl2 и Espadrila им се допаѓа ова.