Форумџика на годината

Забрана за емитување на македонска музика во Македонија

Дискусија во 'Музика' започната од theunforgiven, 20 септември 2016.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845
    Ова сето со големи букви , оти мене уште не ми се верува дека воопшто се случува!

    Денеска, сите пејачи и композитори на facebook реагираа, по повод тоа што од ЗАМП одлучиле од вечерва (полноќ спрема 20.09.2016) да не се емитува јавно македонска музика во МАКЕДОНИЈА.

    Јас сум тотално вчудоневиден, запрепастен и... Немам коментар. Ова е мнооогу, ама многу никаков потег. Не ми се верува што се случува и не гледам причина зошто да биде така.

    Малку ли ни се сите српски телевизиски емисии, па сега и овој удар?

    Кое е вашето мислење на оваа тема?

    Еве линк до официјалното соопштение од ЗАМП: http://www.zamp.com.mk/odluka_za_zabrana.pdf
     
    На Јаневски, cresa-jagoda, simonna.a и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    I Makedonija pocna veke da se sTramit od samata sebe :lol:
     
    На cresa-jagoda, Мариаа., Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ова значи дека воопшто нема да се пушта македонска музика на радио и на тв?! :| Мене овде ништо не ми е логично.
     
    На cresa-jagoda и elimkd им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.890
    Пол:
    Женски
    која музика? :?::?:
     
    На Antebellum, Victorian, Dabria и 8 други им се допаѓа ова.
  5. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Уште еден од многуте ,, блескави моменти,, во нашата земја, ние и онака немавме музика у задњиве 6 год. нарочито али потегов е дно дна, и послем ни се криви други па погледнете луѓе србите си имаат продукции си праат промоција по цел регион шо се они криви шо луѓето од фелата да кажам не праат ништо тука, има ли тука продукција? овде мора да се иземат нали оние шо земаа субвенции за песни за повраќање, тоа се тие песни коа ти се лоши коа си на пат да ти помогнат на природна база да не се труеш со апчиња. Сите имаат солидни продукции, бугарите исто, хелените па во поново време и албанците развија некоја продукција само ние продукција у стечај. овде не се знае кој пие кој плаќа, ќе почнат и дишење да забрануваат, нели ,,за наше добро де,, сигурен сум дека оваа одлука е во таа насока за наше добро. :)
     
    На PaLaVa, Мариаа., celineparis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Не знам каде е проблемот.

    Ова е протест против одлуките на Владата, во врска со авторските права, без притоа да ги извести, а камо ли да ги сослуша авторите и изведувачите.
    Убаво си пишува дека повеќе пати се обиделе да се состанат со надлежните, али овие рецка не им удриле.

    Можеби на нас не ни игра никаква улога, оти не слушаме македонска музика, ама на Владата нема да и легнуваат пари на сметка.
    Јас лично ги поддржувам.
     
    На annii, sofijanoka, blueberry93 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Па кај нас нема логика, кога имало,логиката одамна сфатила дека нема што да бара тука и најверојатно си заминала, евентуално ако е у подрум и тоа е могуче :Dние сме држава со највеќе апсурди во светот, оваа одлука кај и дае ќе ја укинат и послем ќе свикаат една помпезна пресконференција и ќе го објават ,, најголемото достигнување,, во Македонија а тоа е да може слободно јавно да се емитува македонска музика, па инаку како тоа здружение шо лие ќе го оправда своето постоење а вака ете нешто и ,,сработиле ,, за парите шо ги зимаат па макар да е тоа и многу глупо.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Јас вака го разбрав ова.
    - Значи државата има поставено закон секој радиодифузер да има одреден процент у денот исполнет со македонска музика.
    - ЗАМП бара музиката шо они ја имаат брендирано радиодифузерите да им плаќаат за емитување на истата.
    Значи радиодифузерите ќе плаќаат двојни аршини.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Во врска со квалитетот на нашата музика, криминал. Дали не ги бива композиториве, дали не гледаат заработка, или пак продаваат на странски пазар, еве не знам.

    Лозановски вади една песна годишно, која останува хит низ годините, и толку.
    Каролина ќе извади албум на 5 години, па 5 години штама.
    Во меѓувреме, Тамара, ДНК, Тајзи и некој рандом бенд ќе извадат некое сезонско хитче.
    За фестивалските и субвенционираните песни, да не почнам...

    Од друга страна, ги имате србите со некој нов балкански поп, и албанците и бугарите со поп музика подобра од американците, со милионски прегледи и вртење пари.
     
    На PaLaVa, Antebellum, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Мислиш, бараат медиумиве двојно да плаќат за една иста песна?!
     
  11. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Не него медиумите мораат да пуштат македонска музика по закон.
    ЗАМП го искористува тој закон и бара од медиумите шо они ги имаат брендирано песните да им плаќаат.
    Дека секоја песна си има авторски права.
    Една песна за да ја брендираш ти требаат околу 10 илјади евра за да можеш да кажеш дека е твоја.
    ЗАМП ем зема од уметниците, ем зема од медиумите со оваа одлука.
    Медиумите ем плаќаат на државата данок за да работат, ем на ЗАМП за авторски права.
    Незнам колку ова ќе ги уништи малите радиостаници.
     
    Последна измена: 20 септември 2016
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Па не знам каде е проблемот тогаш.

    Во цел свет се плаќа тоа. Од што да живеат авторите? И како тоа до сега не се плаќало?
    Ако имаат пари за серии, Ѕвезде гранда и целата програма на Пинк, што да не плаќаат за музика што ќе ја користат? Па и со закон да ги тераш да пуштаат барем 5 песни дневно, до толку ли се подмукли.. Имаме ние и квалитетна музика, него на нив не им се плаќа.
    Ете затоа имаме глупа музика, оти и да се слуша, не заработуваат од неа луѓето.

    Страшно... Во право се луѓето.
     
    На PaLaVa, Victorian, sofijanoka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Жално е за луѓето шо ја ствараат музиката, жално е и за медиумите.
    Полека полека само богат уметник може да е уметник.
    Само богат медиум може да е медиум.
     
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845
    Кој и да е во право, ова не ми се свиѓа. Од проста причина што станува збор за МУЗИКА, луѓе, за му-зи-ка! Не знам јас кој слуша кој не слуша македонска музика. Еве, јас слушам, на пример. Имам обичај ноќе да си пуштам радио додека работам на компјутер, па потоа и да си заспијам така. Ме релаксира, пуштаат убави македонски хитови па и од постаро време и ме враќаат години наназад. Синоќа тоа го немаше.

    На крајот на краиштата, во Македонија се` е наопаку, па можеби и не треба да ме чуди тоа што сега се случува со забравана... Кај нас ништо не е чудно, кај нас ништо не е невозможно. Ова го нема никаде, само тоа знам. Уникатни сме.
     
    На cresa-jagoda, PaLaVa, simonna.a и 6 други им се допаѓа ова.
  15. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    абе ѕвезде гранда и пинкове ѕвездиии нека ги банирааат...аир не видовме од тие српски срања се потрувме веќе ....све све све ама ѕвезд гранда сељачки песни не
     
    На iloveyou29, xGrapefruitx, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Што да праиме?!
     
  17. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Оваа моја чудесна земја. :makeup:
     
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Дали се нормални???
    @theunforgiven и јас како тебе сум изнервирана и запрепастена, во неверување сум уште. Како прво нема логика ( мислам, зошто би го направиле тоа, мора да има причина?:^)). Како второ ова ми личи на А1 телевизијата кога ја затворија. Ненормални бе, лудаци:fubar:Што се нема да им истекне?:D(сарказам)
    Ова во нормално општество не би требало да биде вака а богами и во ненормално:drunk: што е многу многу е:whew:Претеризам без граници, пу јазик до музката ви дошло демек се друго е океј(n)
    Гонете се:!:
     
    На simonna.a, Victorian, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Го чекам денот кога ќе забранат да дишеме тука.... Скоро 2 години живеам во МК, што не се изнагледав....Дрвени кукли да бевте ќе почневте да се противите и да си изберете власт како што треба. Незнам што не во ред со цел Балкан не само со Македонија.... :)
     
    На simonna.a, theunforgiven и ceca-1 им се допаѓа ова.
  20. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Македонија нема нормални музичари и нормална музика. Убаво што ја забранија, не може и не смее да се слуша тоа срање кое го нарекуваат музика. Канго ретардот ќе лапа пари за да "пее" срања и да се тресе ко наркоман, ДНК ќе "рапуваат" и ќе пеат на собир на УМС и ќе си лапаат пари, тоа да слушам? Тоа не е музика тоа е срање, големо срање.
    ДНК, Некст Тајм, Сара Мејс, и останати цицачи на пари од буџетот кој НИЕ граѓаните го полниме треба да им се забрани да пеат и да не им се пуштаат спотови по телевизиите. Мрш лудаци, "музичари" низаедни.
     
    На sjdgo, sofijanoka и daylight им се допаѓа ова.