Ме интересира, кои се условите кои треба да се исполнат за да се забрани некому пристап до твојот дом? Дали морам да имам некои физички докази? Бидејќи ги немам, се работи за психичко малтретирање и закани. Иначе за тие што ме читаа во други теми, се решив да си заминам веднаш после средно откако ќе си најдам работа и знам кај кого дефинитивно можам да седам. Меѓутоа, по претрпени закани од типот „ке те убијам ако избегаш“ страв ми е да не ми дојде на врата.
Дали го реши проблемов? Сега ја гледам темава. Инаку, се оди во полиција, се пријавува, се посочува која личност ти се заканува, што, како, кога и сите прашања се одговараат пред инспектор(и). Тие на крајот прашуваат на каков начин би сакала да постапиш понатака, дали со жалба или приватна тужба (може има и трета опција). Јас пријавував пред неколку месеци, меѓутоа со жалбата знам дека ми кажаа дека не ми е гарантирана безбедноста, а додека пак со приватна тужба, можеби и ќе може (таков ни е системот за жал), само ќе треба да се вклучи адвокат по потреба бидејќи сепак е тужба.