ЗАВЕТ-Сител Телевизиja Да турска серија е и оваа Синопсис Една заклетва дадена на братот го сменила животот на Мендерес врзувајќи го во брак со жена која не ја сака. Тој му ветил на својот брат Кетал, кој бил на умирање, дека ќе се ожени со Асуман која била бремена од Кетал само за да ја зачува неговата чест. Мендерес ја исполнил заклетвата дадена на братот и се оженил со Асуман, која понатаму забременила и од Мендерес. Но, Мендерес не можел да го прифати таквиот живот иако неговото семејство било среќно поради таа венчавка. Поради тоа решил малку да се оттргне, отишол во Истанбул да студира каде ја запознал убавата и богата Лејла. Лејла и Мендерес вистински се вљубиле еден во друг, иако тој не сакал да и го открие неговиот вистински идентитет и минато. Поминуваат неколку години. Мендерес живее двоен живот, одејќи и во куќата на Асуман и децата, а живеејќи и во куќата со Лејла. За сите животот ќе се смени откако ќе се дознае тајната на Мендерес. Тогаш Лејла дознава дека е бремена од Мендерес и во голем очај и разочарување, ќе се омажи со Чихан, посвоениот син на нејзиниот татко со кого ќе започнат и нејзините страдања. Улоги: Serhan Yavaş, Tuba Ünsal, Zeyno Ustinisik, Yucel Erten, Bans Yalcin, Zeynep Irgat...
Аман бе глупости. Сега ова ке дојде како многуаголник. Овој Сонер ја сака Газел, Газел го сака Џихат Џихат ја сака Лејла, оваа со Мендерес а овој пак друго семејство... Абе ајде.
Ејј само 90, нема да трае долго значи. А баш ме заинтересира, уште од одма се откри се жал м ие за Асуман. Иначе ова со честа ко Саваж и Чичек, нели? Дури помислувам стварно да не е тоа традиција во Турција, жими се. Ај баш да видиме што ќе се случува. Мендерес е ѓубре
Јас мислам дека не е мртов..Серијава многу ме подсеќа на Љубов и Казна со Саваш и Јасемин..Ама не е мртов 100%
ааајј некои сликички од глумците иначе на овој филм од првата епизода до сега на сите епизоди плачам за чудо..... Спојлер Спојлер
Ја се заљубив во Мендерес Совршен ми е Иначе серијава не ја пропуштам,многу ми е интересна и добро е што настаните брзо се одвиваат,не да влечкаат со месеци да се дознае нешто
Иако реков дека нема да гледам турски серии оваа ја загледав. Еве ја песната од серијата. http://www.youtube.com/watch?v=enpHDhK6s4w Не можев да кажам Те сакав во моите соништа, не можев да ка кажам Тивко го бакнував твојот здив, не можев да кажам. Пишував поеми и стихови за тебе, подигав лета и пролет за тебе, криев тајни за тебе, не можев да кажам. Напишав песни за тебе, не можев да ги пеам кога беше со мене, не можев да те допрам. Пишував песни и стихови за тебе, го подигав летото и пролетта за тебе, криев тајни за тебе, не можев да кажам.
Лелееее,секогаш,абе СЕКОГАШ пред некој да направи сообраќајка,ќе качи некој во колата,и наместо тој да се утепа,ќе се утепа тој што го качил во колата!СЕКОГАШ!!