Загрижувачки резултати – Ниту половина од децата во второ одделение имаат основни вештини за читање

Дискусија во 'Образование' започната од Bratot, 14 февруари 2022.

  1. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.614
    Пол:
    Машки
    istrazuvanje-citanje-i-broevi-deca.jpg


    Загрижувачки резултати од Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика податоци за учењето во раните одделенија и учество на родителите.

    Според резултатите од истражувањето кое се спроведувало во 2018 и 2019 година, едвај 45 проценти од децата во второ одделение имаат основни вештини за читање, односно можат правилно да прочитаат 90 проценти од зборовите во расказот, да одговорат на три прашања за буквални значења и две прашања за изведени значења.

    Истовремено, 68 проценти од децата на оваа возраст успеале правилно да ги прочитаат зборовите, но само половина од нив точно одговориле на прашањата за изведени значења.

    Уште позагрижувачка е состојбаат со математичките проблеми.

    Само 26 проценти од децата во второ и трето одделение имаат основни вештини со броеви – читање и разликување броеви, собирање, и препознавање и дополнување на шеми.

    68 проценти успешно разликуваат броеви, но само 41 процент успеале во задачите за собирање и препознавање и дополнување на шеми.

    Околу 60 проценти од децата на возраст меѓу 7 и 14 години имаат три или повеќе книги за читање дома, со значителни разлики помеѓу децата од најбогатите и најсиромашните квинтили – 96 проценти во споредба со 18 проценти.