1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заедно (Џоди Пико)

Дискусија во 'Книги' започната од Beauty161, 23 август 2014.

  1. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Семејствата Хард и Голд живеат едно до друго веќе осумнаесет години, делејќи сѐ, од малата сипаница до возењето на децата на училиште. И децата, како родителите, се најдобри пријатели, така што никој не е изненаден кога, во средно училиште, пријателството помеѓу Крис и Емили прераснува во нешто повеќе. Тие се сродни души уште од раѓањето.

    На полноќ. кога почнуваат да пристигаат телефонски јавувања од болницата, сите се изненадени во ужасното сознание: Емили е мртва во својата седумнаесетта година од последиците од ранување во главата, при спогодбено самоубиство. Во цевката на пиштолот останал уште еден куршум, за кој Крис тврди пред полицијата дека го наменил за себе, но локалниот инспектор се сомнева во неговата изјава. Во еден застражувачки момент, Хартови и Голдови мораат да се соочат со најголемиот страв на секој родител: колку го познаваме своето дете?
    Препреубава книга којашто ја прочитав во еден здив, страниците буквално сами се вртеа една по друга. Топло препорачувам да влезе во колекцијата на вашата домашна библиотека :)
     
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    61.227
    Прекрасна книга!!! Дефинитивно ќе влезе во мојата листа - Прочитај по втор пат!!!
    Многу убаво напишана книга, со содржина која што ќе Ве остави во исчекување до самиот крај.

    Големата љубов меѓу двајца тинејџери - Емили и Крис завршува трагично со смртта на Емили и со судењето на Крис за нејзино убиство... Нивните родители кои што се соседи и нераздвојни пријатели се зачудени од постапките на своите деца. Тие мислеле дека го познаваат секој нивни чекор!!! Но, не е баш така!!!

    Прочитајте, сигурно ке Ви се допадне!!! :)
     
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Jеееј браво за темава :D
    Jас ја прочитав пред една година и е една од моите поомилени книги на која се сеќавам на секој детаљ.Oд мерак ја читав значи сакам такви книги кои до самиот крај те држат до некоја неизвесност напнатост како ке биде што се внесуваш во самата книга ко главен лик да си :D
    фамозно и препорачувам да се прочита :inlove:
     
  4. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    342
    Предобра! Воопшто не е мој тип на книга, јас си сакам драми ама ај една другарка ме убеди да ја пробам... и се воодушевив.
     
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Сите препораки и од мене. Книга со која на некој начин се соживував. Сцените како да оживуваа кога ја читав. Сознанието како е да си немоќен нешто да сториш, да не можеш да го кажеш тоа што ти тежи затоа што немаш комуникација со родителите, а потоа не гледаш друг излез. Оваа книга треба да ја прочитаат сите родители, да сфатат калку е чуствителен периодот на адолесценција и дека треба потребите на децата да ги стават пред своите. Од некомуникација со децата се случуваат исплашени, несигурни деца. Проклето боли фактот кога детето не може да каже на родителите тоа што му а мачи душата затоа што тие од него очекуваат перфекционизам. Колку е голем очајот тогаш, но и силата. Во иднина сакам да си ја имам во мојата домашна библиотека, би била многу корисна книга.