Заедно на летен одмор

Дискусија во 'Врски' започната од LaChiquita, 12 јули 2010.

  1. LaChiquita

    LaChiquita Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    350
    Девојки, ајде да започнеме со муабети за летните одмори...и така е период за одмори...
    Ајде споделете некое искуство, дали сте биле заедно на одмор, овде или во странство? Сами или можеби со друштво?
    Како сте поминале...и некои совети ;)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    ако добро сфатив,темата е за дали сте биле со дечко на одмор,значи не е баш слична на другите.јас летово ќе одам првпат и искрено ми е малку така страв како се ќе испадне,па ако пише некој што бил,баш ќе ми помогне :)
     
  3. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Јас еве веќе трета година одам со мојот дечко на одмор. Не е ништо страшно. И јас првиот пат се плашев како ќе биде, но баш за тој летен одмор кога си 24/7 заедно со него ќе дознаеш многу повеќе за неговиот карактер, однесување и многу други работи. Не се плаши само биди самоуверена и се ќе биде океј. Се најубаво па чекам да се пофалите како си поминавте. :)
    И како и да е - не му дозволувај да гледа во други девојки. Направи да бидеш единствена во неговите очи па макар и покрај него да поминува Анџелина Џоли ;) :* :*
     
  4. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    199
    me 2 :D цело време сум у мисла како ќе биде што ќе биде... ахххххххххххххххххх 8)
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    4.297
    заедно на летен одмор.... оф ме присетивте на убавите моменти... 24/7 заедно гушкање капење......... никој неможе ништо да ви каже заедно сте посветени еден на друг. си правите планови што каде како си готвите и уживате ...... не се замарајте за ништо, знајте дека треба да попуштате и да правите компромис. и некој погоре спомна
    немојте да се замарате за вакви работи препуштете се еден на друг па што и ако загледа некоја девојка или вие некој дечко па очи се за гледање не дозволувајте таква баналност да ви го расипе одморот. секогаш и секаде постојат девојки и момци кој што се склони да поровоцираат и да бидат центар на внимание на цела плажа. зар вие на би здогледале топ дечко.... така да само уживајте и не се замарајте за ништо сами сте далеку од сите
     
    На Anja98 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LaChiquita

    LaChiquita Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    350
    Нас ова лето ќе ни биде четврто по ред од кога одиме заедно на одмори. Е вака сега, имаме одено само ние двајца, а имаме одено и со друштво...ама верувајте нема поубаво од тоа да сте сами и целото внимание да биде посветено само на вас двајцата. Иако и со друштво е интересно, сепак знаете како е, секој сака на различна страна,и се трудиме да не дојде до караница, а вака си го слушате само вашето мислење и ќе си идете кај вие сакате без да се чувствувате обврзани да се правдате зошто не ви се излегува таа вечер...
    Ви гарантирам дека без разлика каде ќе одите, сами двајца- и одморот ќе биде незаборавен! :inlove:
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.406
    Да,ископај му ги!Глупости,само одморот ќе си го упропастите,може да се испокарате.
    Сме биле заедно и било одлично,но не се ни сомневав,ниту се прашував како ќе биде.Не дознав нешто повеќе за него,зошто и онака многу добро го познавам.
    Не сум тип на девојка која паѓа во несвест ако гледа по други,напротив,заедно гледаме и коментираме!Глупаво ми е и незрело,само одмор можеш да си упропастиш од правење сцени,а тој ако сака да гледа ќе улови момент за да гледа.
     
    На cvetce93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. claudi

    claudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    prekrasno e koga si zaedno so toj sto ti znaci ... veruvaj deka ke si pominis preubavo ... jas koga prv pat bev zaedno so mojot decko si pominav prekrasno i nezaboravno... veruvaj deka prekrasno e custvoto koga si pokraj toj sto ti znacii ...
     
  9. tanje.love

    tanje.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    7
    Леле многу е убаво :inlove: :inlove: :inlove:
    оваа година ке но биде втор пат и едвај чекам... а и тој е многу среќен и друштво батали и се... а пак колку ќе ти докажува дека те сака и се да ти погодува... :inlove: :inlove: :inlove:
     
  10. perdija

    perdija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Лани бев со дечко на одмор... можам да кажам дека тоа беше првиот и мислам дека ќе остане единствен вистински одмор. Значи одевме на плажа од кога ќе се изнаспиевме, ако не ни се одеше не одевме. Шетавме каде сакаме, колку сакаме.. Заедно се бањавме, јадење си правевме, по цел ден си се гушкавме.... Не велам дека се беше розово, значи за тие 10дена знаевме и да се скараме, ама најчесто за банални и глупи работи(мораше да се разбие монотонија, да не биде се убаво :lol: ). Јас воопшто не бев исплашена како ќе биде, како ќе поминеме, зошто и предходно бевме постојано заедно(дење-ноќе). Сепак беше вистинска уживанција.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    619
    три години како одам со дечко ми на одмор и си уживам само традиција ни стана последната вечер пред да си одиме едно убаво да се испокараме :lol:
     
  12. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.149
    Минатата година бев со дечко ми на одмор и си поминав незаборавно...мислам дека за една врска доколку сакате подобро да се запознаете одлична можност ќе ви биде доколку отидете сами на одмор...верувајте дека ќе си поминете преубаво, не се замарајте со тоа што, како ќе биде...едноставно опуштете се и уживајте во моментите поминати со вашиот најмил!
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.319
    Допаѓања:
    14.796
    Пол:
    Женски
    Оваа година требаше да одиме со дечко ми заедно на одмор за прв пат, ама излезе нешто непредвидено и нема да одиме. Криво ми е, ама тоа е. Можеби ќе отидеме некаде за викенд.
     
  14. LaChiquita

    LaChiquita Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    350
    Не сте единствени :D
    ама после караница сме си уште помили :lol:
     
  15. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    435
    јас еве втора година ќе одам со дечко ми на одмор и со негов другар со девојка му. и лани и оваа година јас се организирав датум смештај превоз се е во мои раце :D лани си поминавм убаво се испокаравме 2 3 пати ама се беше ок за некој саат два ;) така да уживајте бидете свои , опуштени и задоволни и насмеани пред сите
     
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Исто и ние ..Можеби ќе има некој викенд така , можеби не ..
     
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    435
    ќе биде се во ред,има време за одмор уште послатко ќе биде ако ви излезе нешто ненадејно викенд или 3 4 дена
     
  18. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    609
    ovaa godina ke ni bide cetvrti pat! dosega sme bile tripati i sekogas ubavo si pominuvame, ne se somnevam ni za ovoj leten odmor! sekogas odime so drustvo i toa e najcesto uste eden par so koi druzime i so koj imame zaednicki jazik pa se razbirame i pominuvame super!
    e sega moram da go spomnam prviot odmor pominat so decko mi bidejki imase edna rabota sto mnogu me nervirase! ostavase se na mene, a toj se odnesuvase ko da si ja zemal majka mu od doma a ne devojka mu! ni oblekata ne si ja mesete, se rasfrlase duri cekase i samponot pred da se bajni da mu go nosam u kupatilo! :@ :@ :@ uzasno me nervirase toa...pa neli i jas sum pojdena na odmor, i jas sakam posle plaza da odmoram a ne da zbiram po nego se sto ostavil na balkon, vo sobata na drugarite,vo kupatilo! za sreka se razbravme nekako deka treba negovite licni raboti da si gi mesti a ne da ceka jas po nego da krevam se sto ostavil kaj stignal! od togas navamu go nemame toj problem pa site odmori pominati zaedno gi minuvame prekrasno! mmmm edvaj cekam da pojdeme i ovaa leto...guskanje, setkanje, plaza, voda, sex...prekrasno! :inlove:
     
  19. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    492
    Јас и дечко ми ке одиме со уште 1 пар. И претходните летувања имавме друштво. Мислам дека така е позабавно, отколку сами двајца.
    Немаше некои проблеми, освен ситни караници што ги има кај секого и проблемот со хрчењето за кој изгледа нема лек |-) |-) |-)
     
  20. prof

    prof Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Temava ima naslov sto asocira na mojot problem ama ne e bas isto.Decko mi i jas sme skoro edna i pol god zaedno ama sega toj resi da odi sam na odmor so drugar za da si iskuliral sam a mene mi vika deka koa ke si dojde ke pravime veke zaednicki planovi za idnina... oti moze ne sme zaedno dolgo vreme ama sepak sme vo vreme koga treba da se misli na toa.I sega ja ne mozam da razberam kako saka da odi sam na odmor a posle odmorot da pravime planovi za vo idnina koga jas mu rekov deka ako odi sam veke nema da bidam so nego :(