Закон за млади

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Marilyn-Monroe, 23 август 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.874
    ... од воведот на предлог-законот:
    II. ЦЕЛИТЕ, НАЧЕЛАТА И ОСНОВНИТЕ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ

    Основни цели на Предлог Законот за млади се креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа преку повеќе секторски пристап поаѓајќи од потребите и интересите на младите, поддршка и унапредување на младинското организирање, утврдување на мерки и препораки поврзани со младите и младинските активности, зајакнување и учество во јавниот живот на младите и нивно информирање на сите нивоа, зајакнување на волонтерството, младинските активности и младинските работи, недискриминација, солидарност и етика во сите активности кои се однесуваат на младите, и други работи.
    Во решенијата кои се предлагаат со Предлог законот, е предвидено младите доброволно да се здружуваат во младински организации. За подобро истакнување на нивните потреби и барања младинските организаци можат да се здружуваат во национални младински организации. Национална младинска организација може да ја формираат најмалку десет младински организации и како таква ги застапува интересите на членовите на младинските организации кои ја осноаат. Исто така со законот се предлага формирање на совет на млади, ваквиот совет на млади го формира советот на општината и секоја општина во Република Македонија потребно е да формира ваков совет, членовите на советот на
    млади својата работа ќе ја вршат доброволно. Целта на формирањето на ваквите совети на млади е да се унапреди дејствувањето на младите пред се на локално ниво. Како чадор организација над сите млади во Република Македонија која ќе биде формирана од страна на Собранието на Република Македонија е Државниот совет за млади кој ќе ги застапува интересите на младите на ниво на цела Република.
    http://www.sobranie.mk/ext/materialdeta ... ec2ad847fd

    [​IMG]

    Претставници на 35 младински и граѓански организации предводени од МОФ, до сите пратеници, градоначалници и претседатели на совети на општините доставија реакција на Предлог-законот за млади кој е во собраниска процедура.
    Од овие организации истакнуваат дека актуелната верзија на Предлог-законот за млади значително заостанува зад европските стандарди во оваа област.

    Забелешките се однесуваат на нетранспарентноста во неговата изработка, немањето соодветни буџетски импликации и непредвидувањето на ефикасни механизми за остварување на целите на Предлог-законот. Исто така, забелешките имаат и за, како што велат, низата недоречености во регулирањето и дефинирањето на младинските организации и немањето гаранции за учество на младите во одлучувањето на локално и државно ниво.

    http://www.24press.mk/story/makedonija/35-organizacii-reagiraat-na-predlog-zakonot-za-mladi

    Колку предлог-законот изгледа дискриминирачки, односно поволен за младата популација?
    Дали ви изгледа дека навистина е во насока на унапредување на младите или пак за наше ограничување?
    Мислите ли дека навистина би им се дала шанса на младите за учество во креирањето на актот или е веќе решена работа?
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    Знаеме кој може да успее да влезе во младински организации итн...
    Законов ми е дискриминирачки, недодефиниран, нецелосен и несфатлив.... :^)