1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за привлекување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од xnotyourbabex, 9 јуни 2018.

?

Дали верувате во законот за привлекување?

  1. Да

    119 глас(а)
    70,8%
  2. Не

    49 глас(а)
    29,2%
  1. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Ме интересира вашето мислење, дали верувате во законот за привлекување (ако не зошто не) ? Имено тој закон е природен закон како и законот за гравитација. Се зборува дека се што ќе замислите во вашата глава може да го остварите доколку го побарате од Универзумот, верувате дека ќе го добиете и на крај ќе го примите.
    *Не сум видела ваква тема до сега, но доколку постои слободно нека биде избришана.
     
    На bb8, elimkd, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.447
    Допаѓања:
    78.163
    Пол:
    Женски
    Моето досегашно искуство вели да. Кон што сме насочени со своите мисли и своето срце, тоа и го добиваме. Ако знаеме да бидеме борбени и трпеливи, се разбира.
     
    На Таа Сум, bb8, SeaMermaid и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    „Закон за привлекување“ ти е исто како да веруваш во онаа изрек што е мое ќе си дојде.
    Не постои ништо што ти е дадено на тацна па ни љубовта, за се во животот треба да се бориш и сам да си го земеш она што мислиш дека ти припага.
     
    На VictoriaSan, realGirl, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.558
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано книгата „Моќта на потсвеста“ и верувам дека ако нешто ние искрено и од срце посакуваме и тоа си го повторуваме дека ќе се оствари. Нема да функционира законот на привлекување ако сме скептични и ради реда нешто си повторуваме без да веруваме дека тоа што го посакуваме дека ќе ни се оствари. Значи треба силна верба и трпение. :)
     
    На Biljarkata, Milobebence, bb8 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.093
    Пол:
    Машки
    Шипки варени е природен закон, па уште и како гравитацијата :)
    Гравитацијата е научно докажана сила. Не само што е докажана дека постои, туку измерена е и гравитационата константа и до најмала децимала може да се пресмета ако се знае масата и растојанието на телата што се привлекуваат.
    А оваа глупост дека ако позитивно мислиш на парите дека тие сами ќе си дојдат се базира на пуста желба за лесна пара и лесни достигнувања во животот. Ене ги ромите во Шутка што цело време мислат на пари, па Универзумот не им дава пари. А и гладните во Африка сонуваат храна, па Универзумот не им носи храна. Милион примери има вакви. Се разбира дека ќе постојат и примери на некој што мислел нешто и му се остварило. Слуачјноста си важи сегде, па и таму. Не може 1000 души да пишат ливче у кладилница и никој да не добие. Веројатно 100 ќе добијат и тие гласно ќе пишуваат дека Универзумот ми го дал тоа и луѓе ќе си прават религија од тоа.

    Мислите и вољата може да имаат само удел во мотивацијата вољата и упорноста да постигнете нешто. Но тие немаат моќ, како што вели ова Њу Ејџ движење, да емитираат мозочни бранови до г-динот Универзум и тој/таа да ги исполнува желбите на луѓето. Приказни за мали и големи деца.
     
    На kikkki, minne992, Anah и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Па нема што да се верува во ова, се знае дека не функционира мистично. Мислите насочени кон нешто може само да те мотивираат, така што со твое дејствување да стигнеш до нештото, а не тоа да дојде кај тебе.

    Да сумирам у една реченица, Law of attraction is basically law of action :D




    RUN
     
    На Anah, Regina.Phalange, blackwave и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Мислам дека постои ваква слична тема, или барем јас мислам дека Vortex е слична тематика со ова... :?:
    Како и да е, лично не верувам. Позитивните мисли, силната волја и мотивацијата се важен фактор во остварување на секоја цел - но не и доволни сами по себе без да се преземе акција, понекогаш и без да се поклопат поволни околности. Не верувам во мистичниот дел дека „универзумот заговара да ни ги исполни желбите“, за жал против тоа сведочат многу тажни услови и случувања на многу луѓе низ светот...

    Сепак, кој во што сака нека си верува, сè додека истото му влева надеж и го предизвикува да шири љубов и позитивна енергија према оние околу себе - а познавам токму такви луѓенца кои поштуваат ваква литература и верување. Искрено, впечатокот ми е дека у глобала ова попозитивно делува на народ отколку (традиционална) религија (од којашто, патем, не е ништо повеќе нелогично) :D
     
    Последна измена: 9 јуни 2018
    На blackwave, Matotheja, JollyGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Постои закон за привлекување и се исполнува тогаш кога индивидуата ќе постигне синхронизација на фреквенцијата на своите мисли/посакување со фреквенцијата на она што е несвесно/неспознано за нас малите човечиња за правилата на постоењето и кои се предодредени лично за нас. Не би рекла судбина,туку некоја матрица по која јас како индувидуа сум предодредена да постојам. Кога моите мисли ќе постигнат фреквенција и степен на чистота да синхронизираат со фреквенцијата на тоа општо колективно за мене несвесно,но предодредено лично за мене тоа е тој остварувачки миг и ефект,ама ај оди постигни го.
     
    На Kolumbo, SeaMermaid, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.093
    Пол:
    Машки
    @CaraMia дали би сакала да ни објасниш:

    1. Колкава е јачината, а со тоа и опсегот на мозочните бранови? Мислам дека е премала и се мери во сантиметри и тоа со сензитивни сензори. Ако беше јака, тогаш ќе шуштеа звучниците кога со главата ќе поминевме покрај нив, како што шуштат кога активен мобилен ќе доближиш до звучник.

    2. Дури и да се потрефи да нашата мозочна активност емитира електромагнетни бранови со иста фрекфенција како и одреден емитен на ЕМ бранови. На кој начин брановите ќе го привлечат? Ако беше така, тогаш колите што имаат радија ќе беа привлечено кон предавателите на Македонска радио телевизија, бидејќи тие се моќни бранови и се на иста фрекфенција со неа (затоа и ја слушаме музиката)

    3. Дома имам моќни токи-вокиа купени од Америка. Нивниот опсег е до 40км на отворено. Комуникацијата се одвива и мора да се одвива на иста (резонантна) фрекфенција. Сепак тие не се привлекуваат дури и ако ги уклучам на растојание од 1 сантиметар. Зошто? Ако важеше овој закон, како што важи гравитацијата, зарем не требаше да се привлекуваат?
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Kога ќе ги имам точните одговори прво ќе ги поднесам во научната заедница по што се надевам Нобел Прајз не ми бега,а потоа специјално тебе ќе ти разјаснам се до детали :D
    Вербата во Бога со што се мери и како се докажува е? Еве како ќе одредиш дека мојата верба е поинтензивна од твојата и јас сум поголем верник од тебе во Бога а? Ај да не се глупираме,лично парво на секој е да верува во што сака.
    Инаку на времето кога некој научник објаснувал за електролитна дисоцијација сите му се смееле,до тогаш само молекулите биле познати и молекуларната теорија. Потоа Коперник знаеш каде заврши за споделување сознанија на кои денес сите ни се секојдневно поимливи. Додуше не на сите уште има заговорници дека земјана е рамна даска:rofl:
    п.с.има некои нешта кои нашата свест се уште не ги разбира но не значи дека не постојат и функиционираат најнормално во Уноверзумот.
    Ние сме зрнце прашинка во тој круг,а моево и твоево полемизирање 0.00000000000000000000000000000000000001дел и помалце од сето ова.
     
    На Kolumbo и PrettyDramaQueen им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.093
    Пол:
    Машки
    Ахам, значи затоа што некој научник во далечната историја тврдел нешто што тогаш научното мнозинство не го прифаќал, тоа значи дека денес секој може сешто да тврди и да го кити со научни небулози и тоа треба да помине како „научно“ и не смее да биде прашувано и дискутирано, туку само да се базира на вера? Но чекај, самите пропагатори на оваа теорија ја фураат како „научна“, дури и во спрега со гравитацијата. Епа ако е така, зошто да не отвориме научна дискусија за истата?

    Еве јас наведов експеримент со токи-воки што секој може да го направи и да види дека иако тие се со иста резонантна фрекфенција и синхронизирано зрачење, сепак тие не се привлекуваат.
    Можеш ли ти да наведеш некој експеримент каде што може да се тестира овој закон? Значи овде не збориме за хипотеза или теорија, туку за закон, нешто што е над теориите, нешто неприкосновено точно во науката, како закон за гравитација или Омов закон.
    Еве не мора да разбираме како и зошто функционира овој закон, можеби идните генерации ќе дознаат зошто, ама ако тој закон постои, тогаш мора да може да се тестира некако со некаков експеримент така?
     
    На Anah, Bender Rodriguez, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  12. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Jас лично не го порамнив со Законот за гравитација не ми ги превртувај зборовите.
    Ако отвори си каква сакаш тема. Ако сакам ќе учествувам во таа ако не сакам нема да учествувам.
    Инаку ако ти пречи зборот ЗАКОН,ок јас повеќе се придржувам кон претпоставка дека има привлекување помеѓу фотонска емисија на нешта со иста фреквенција во мигот кога постигнуваат синхронизација. Знаеш она метафизичкото ако доволно силно посакуваш(јас би додала и делуваш на тоа поле)целиот Универзум ќе направи завера да ти потпомогне во остварувањето на твојата замисла. Е тоа не се шипки или како ги нашиша,според мене,ти уште така нарекувај ги,слободно никој ни ти брани ни ти пререкува.
    И друже остај привлечност кај токи-вокија проучувај ИНТЕРФЕРЕНЦИЈА кај нив.
    И ако токи воки и човечко битие ги порамнуваш свака част:bow: инаф џоукс, инаф фор тудеј.
    Лец агри то дисагри анд хев а најс деј:hai:
     
    Последна измена: 9 јуни 2018
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Најпрво да се изјаснам по прашањето - да, верувам.
    Просто и кратко да наведам само, дека за жал на повеќето кои бараат научни математички формулирани докази за делувањето на овој закон - такво нешто нема нити ќе најдат, кај овој домен на психологијата е слично како и со религиските верувања - гледа оној што сака да види!
    Погледнете ги луѓето околу вас, едни се среќни, задоволни, успешни, други се тажни, негативни, се им се распаѓа. Оние кои од поблиску ги познавате може да ги категоризирате притоа имајќи ги во предвид нивните карактери, како реагираат во одредени животни ситуации, дали се од оние кои се задоволни и со малку и се успеваат во секоја ситница да видат позитивност или пак од другите кои имаат навидум совршен живот но се' нешто не им чини, само кукаат и се жалат.
    Зошто некои добиваат се' што ќе посакаат а други просто пропаѓаат?
    Ништо не е случајно: Самите ги привлекувате луѓето и настаните во вашиот живот, а еве и како го правите тоа...

    Постојат три вечни универзални закони кои треба јасно да се разберат за да можеме промислено, делотворно и задоволувачки да ги применуваме во својот физички израз на животот.

    Законот на привлекување е првиот закон – ако не го разбирате и не сте во состојба делотворно да го применувате, тогаш не можете да го применувате вториот закон – вештината на промисленото создавање, ниту пак третиот – умешноста на дозволувањето. За да можете да го разберете и применувате вториот закон, морате прво да го разберете и да го применувате првиот закон. А морате да го разберете и применувате вториот закон, како би можеле да го разберете и применувате третиот закон.


    Првиот закон, законот на привлекување е следниот:

    Сличностите се привлекуваат

    Иако ова можеби звучи едноставно, оваа изјава го дефинира најмоќниот закон во универзумот – закон кој влијае на сите, во секој момент. Не постои ништо што не е под влијание на овој моќен закон.

    Вториот закон, вештината на промисленото создавање гласи вака:

    Вистина е се она за што размислувам, во коешто верувам или коешто го очекувам

    Накратко, го добивате се она за кое размислувате, го сакале тоа или не. Промислената примена на размислуваето е всушност јадрото на вештината на промисленото создавање, затоа што ако не ги разбирате овие закони и не ги применувате промислено, сосема е можно да ги создавате во автоматизам.

    Третиот закон, умешноста на дозволувањето гласи:

    Јас сум она што сум и подготвен сум да им дозволам на другите да бидат тоа што се

    Кога сте подготвени да им дозволите на другите да бидат онакви какви што се, дури и кога тие не ви го дозволуваат тоа, тогаш може да се каже дека вие сте тие кои дозволуваат, но тешко дека ќе стигнете до оваа фаза доколку прво не разберете како го добивате тоа што го добивате.

    Дури кога ќе разберете дека другите не можат да бидат дел од вашето искуство доколку преку своето размислување не ги повикате во него, како и дека околностите не можат да бидат дел од вашето искуство, доколку преку своето размислување не ги поканите во него, дури тогаш ќе бидете оние кои дозволуваат, онакви какви што сте и какви сакате да бидете тогаш кога сте дошле во овој животен израз.

    Разбирањето на овие три моќни универзални закони и нивната промислена примена ќе ве донесе до радосната слобода која е резултат на фактот дека сте во состојба да го создавате сопственото животно искуство, баш онакво какво што го сакате.

    Во моментот кога ќе сфатите вие самите ги повикувате луѓето, околностите и настаните во вашето искуство и тоа преку своето размислување, ќе почнете да живеете живот каков што секогаш сте сакале да живеете.

    И така, разбирањето на моќниот Закон на привлекување, заедно со намерата промислено да го создавате своето животно искуство ќе доведе до неспоредлива слобода, онаа која може да се создаде само од потполно разбирање и примена на умешноста на дозволувањето.
    Кога мислиме, енергијата се става во движење и врши комуникација, односно, интеракција со другиот создаден свет на специфичен начин, така што мисловната енергија како голем магнет, кон себе привлекува слична енергија од околниот свет во форма на луѓе, нешта, настани или состојби кои се складни со нашата енергија. Врз основа на она што ќе привлечеме во нашиот живот, ние повторно создаваме мисли и уверување, а светот околу нас повторно нѝ одговара со привлекување на она што соодветствува на нашата енергија, и така во недоглед. Тоа е Законот на Привлекување!

    Тој дејствува секогаш кога ќе се придвижат нашите групи на мисли кои се фокусирани и носат одреден емотивен набој. Тогаш тие дејствуваат како магнет. Законот на привлекување е еден од природните закони кои владеат во овој живот. Тоа е активност на човековата мисла, па затоа е особено тешко да се одвојат од мислите и да се анализираат. Верувале ние во Законот на привлечноста или не, го забележувале во нашиот живот или не, тој постои и нѝ ги привлекува сите оние луѓе, нештата и настаните кои одговараат на нашата енергија и на нашите верувања. Врз основа на она што ќе го привлечеме во животот, ние повторно создаваме нови ставови или групи на мисли кои се со специфичен емоционален набој, и колку набојот е поголем, толку побрзо ќе го привлечеме она во што веруваме, односно она за што ние размислуваме.

    Законот на привлекување е многу послушен и непогрешливо ист за сите. Кога често размислуваш за она што не го сакаш и не сакаш да ти се случи, кога во исто време произведуваш силни чувства на непријателство кон она што не ти се допаѓа, со таков чин го привлекуваш токму она што не го сакаш во своето постоење. Затоа, нашиот народ често вели дека ќе се сретнеш во животот токму со она што не го сакаш, но луѓето така велат немајќи правилно разбирање. Вистинското објаснување е дека просечниот човек често размислува за она што не го сака, произведува силни чувства на одбојност додека мисли и раскажува за тоа што не сака, а можеби дури и верува во поговорката дека во животот ќе се сретне токму со она што не му се допаѓа, и ете целосно зло. Но, и она што сте го креирале сами со своите верувања и мисли. Во тоа нема ниту причина ниту судбина, сѐе јасно и рационално.

    Со своите мисли во животот сте привлекле што не ви се допаѓа. Она што сега го размислувате, ја креира Вашата иднина. Она за што најчесто размислувате, она на што најмногу се фокусирате ќе се појави како дел од вашиот живот. Енергијата ја привлекува енергија. Ако се гледате себе си како живеете избалансиран и пријатен живот и верувате дека така ќе биде, со Божја помош, тоа ќе го и привлечете. Затоа, постои една стара народна поговорка – За злото не зборувај ниту во планина, која би требало да биде надополнета со, дури и не размислувај за злото, а камоли да зборуваш за него. Законот на привлекување непогрешливо ги манифестира во твојот живот, нештата, ситуациите и луѓето за кои размислуваш.

    Овој закон секогаш и непогрешливо функционира. Доколку заземеме позитивен начин на размислување со позитивни емоции, ние ќе ги привлечеме позитивните луѓе, позитивните настани и околности. Ако сме многу лути и негативни во својот став ќе привлечеме уште повеќе негативни, лути, незадоволни луѓе и негативни околности кои ќе произведат уште повеќе негативно во нас и уште повеќе ќе нѐутврдат во негативниот став. Ќе мислиме дека сме во право кога мислиме дека сѐе негативно, бидејќи има докази насекаде околу нас. Не разбираме дека сѐ самите сме привлекле, дека животот не е таков, туку нашите мисли вовеле во секојдневниот живот она што сме го посеале во него. Ако добро ги отворите очите и погледнете околу себе ќе го видите законот на привлечноста на дело насекаде околу вас. Она за што размислувате, тоа и го внесувате во својот живот, преку луѓето, ситуациите и околностите. Вашиот живот е физичка манифестација на Вашите мисли. Ако сето ова не го разбирате, не значи дека треба да го отфрлите. Ние не разбираме многу од настаните во нашиот живот, а сепак ги користиме за лична корист. Закон на привлекување може да се објасни со три зборови: мислите стануваат реалност. Ако сакате да станете свесни за своите мисли и да ги изберете внимателно, посакајте тоа да ви биде забавно, затоа што сте ремек- дело на вашиот живот. Вие сте Микеланџело на својот живот. Давид кој ќе го креирате вие самите. Со умот ќе завладеете кога ќе го смирите. Секој учител споменат во книгата Тајна, секој ден медитира. Медитацијата го смирува вашиот ум, помага во совладувањето со сопствените мисли и го обновува телото. Одлично е тоа дека за медитацијата не мора да одвоите неколку часа на ден. Започне со 3-10 минути на ден, што може да биде многу ефикасно за стекнување на контрола над сопствените мисли. За да станете свесни за своите мисли, можете да објавите: “Јас сум господар на сопствените мисли.” Често изговарајте ја таа фраза, медитирајте за неа, и додека размислувате за таа изјава законот на привлекување ви овозможува да се оствари токму тоа. Сега добивате сознание кое ќе ви овозможи создавање на најубавите верзии за самиот Себе. Можноста на таа верзија веќе постои на фреквенцијата “најубавите верзии на себе си.” Одлучите што сакате да биде, ќе сакате да правите и да имате, размислувајте за тоа, пренесувајте ја таа фреквенција и вашата визија ќе биде претворена во реалност. Законот на привлекување е возвишена Тајна на животот. Законот на привлекување, вели дека, сличностите се привлекуваат, па кога ќе размислувате за нешто истовремено привлекувате слични мисли. Мисли се магнети и имаат фреквенција. Додека си размислувате, мислите ги испраќате во Вселената, и тие како магнет ги привлекуваат сите слични работи кои се на иста фреквенција. Сè што сте испратиле се враќа кон својот извор, кон вас. Вие сте како телевизиски преносител. Со своите мисли пренесувате фреквенција. Дали сакате да промените нешто во својот живот, променете ја фреквенцијата со промена на своите мисли. Тековните мисли го обликуваат идниот живот. Она за што најмногу размислувате и она на што сте најмногу фокусирани, ќе се појави во вашиот живот. Мислите ви се преобразуваат во реалност.

    Извор: книгата “Променете ги мислите, ќе го промениш и животот"

    Ќе додадам уште и дека ја кпристам апликацијата "visual board" и најтопло ви ја препорачувам :)

    За крај, моето мото - Внимавај што посакуваш - може да ти се оствари!


     
    На Antoninaaa, riba79, Milobebence и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Функционира 100%. Нема секој добра антена да фаќа некои фрекфенции а тие што си ги штимаат жичките, многу добро знаат за што станува збор, иако не ни имаат потреба во ниеден случај логички да го објаснат тоа. (пример тука ) Во прв план се работи за знаење, не за верување, "верувањето" ќе се експандира во бесконечна дискусија ( тука / таму , ваму ) која што рѓосаните трансмитери ќе ви прават ниско фрекфентивни пречки во вашата трансмиција којашто ќе ве носи во - ( минус ) во однос на вашиот супер импулс. (highfive) НО! , ;)
     
    Последна измена: 9 јуни 2018
    На CaraMia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    19.352
    Пол:
    Женски
    Булшит:smoke:
     
    На Anah, EvAngelos, Читател и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Те молам напиши нешто повеќе за visual board :)

     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.238
    New-age mambo-jumbo.
     
    На kikkki, Anah, Briar Rose и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    12.367
    Пол:
    Машки
    Не верувам.
     
    На Anah, Briar Rose, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Кои ви се овие Шарма-Коељо срања бе? :o

    Еве јас 10 години посакувам 2-3 милиончиња од клаџа, па не ми паднале. А, не е баш слабо посакувањето/повикувањето/ сонувањето/ватевр од моја страна:rofl:
     
    На Anah, Bender Rodriguez, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Тоа во основа ти е хамер/корк табла/табла од морска пена/тефтер... каде си ставаш слики од твоите желби и си пишуваш текст
    пр. ставаш слика од Малдиви и запишуваш #локацијата на мојот летен одмор / слика од колата која ја посакуваш #мојата кола / слика од веридба/свадба/бебе/ куќа/пари.... Се' што посакуваш, баш се' !
    Пример, ако имаш екс-партнер со кој си била несреќна но сеуште го сакаш и ставаш слика негова и порака да се смирите и сл...знај дека ќе го вратиш но нема да биде поинаков, значи не може да се смени карактерот на личноста, туку можеш ( а и пожелно е ) да ставиш неодредена машка сулиета и да наведеш #мојот иден партнер кој е прекрасен со мене, ме опсипува со љубов, внимание, имаме заеднички интереси итн...

    Пример
    кога јас и мојот сопруг се разделивме на мојата табла поставив фамилијарна слика со желба да се спои повторно нашето семејство. за нецел месец истото се оствари. Но проблемите сеуште постоеја. Кога почна нашиот развод беше тоа ужасно бојно пиле меѓу нас. На мојата табла закачив слика од брачен пар кој се ракува на маса пред адвокат и посакав мирен, пријателски развод. Три дена пред рочиштето се случи пресврт и дури го отповикав адвокатот па на судење бевме сами ние двајца, баш филмски, прво на кафе, па потпишавме , па со децата на прошетка.

    Читам коментари на темава како било булшит и не верувале и сл.Тоа е ваш став дечки :) А факт е дека се што ви се случува низ животот е само и само ваше дело односно дело на моќта на привлекување кои вашите мисли ја имаат.

    Повеќе за ова прочитај https://blog.mindvalley.com/vision-board/

    И спушти си ја на playstore - visual board и биди сведок на чуда :)
     
    На riba79, Biljarkata, Tam4yy и 6 други им се допаѓа ова.